Николче Бабовски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikolche-babovski/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Aug 2023 11:24:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Николче Бабовски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikolche-babovski/ 32 32 Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид https://republika.mk/vesti/makedonija/babovski-vo-tek-se-proverki-dali-na-nashiot-pazar-ima-od-srpskiot-chips-so-akrilamid/ Fri, 04 Aug 2023 11:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=668677

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.

Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.

На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

The post Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид appeared first on Република.

]]>

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен. Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет. -Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски. На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

The post Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид appeared first on Република.

]]>
Поднесени 12 жалби поради сомнеж за труење со храна https://republika.mk/vesti/ekonomija/podneseni-12-zhalbi-poradi-somnezh-za-truene-so-hrana/ Wed, 02 Aug 2023 14:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=667951

До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Како што информира за МИА директорот на АХВ ,Николче Бабовски, пет од претставките се во постапување, а од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани.

Според Бабовски, три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство.

Како што информира директорот, во тек е истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште, како и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста.

Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, вели Бабовски во разговор за МИА.

Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е веќе затворена и запечатена со лента, а издадено е и решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата.

Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, истакнува Бабовски.

The post Поднесени 12 жалби поради сомнеж за труење со храна appeared first on Република.

]]>

До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Како што информира за МИА директорот на АХВ ,Николче Бабовски, пет од претставките се во постапување, а од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани. Според Бабовски, три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство. Како што информира директорот, во тек е истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште, како и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста.
Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, вели Бабовски во разговор за МИА.
Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е веќе затворена и запечатена со лента, а издадено е и решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата.
Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, истакнува Бабовски.

The post Поднесени 12 жалби поради сомнеж за труење со храна appeared first on Република.

]]>
Бабовски избран за генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа https://republika.mk/vesti/ekonomija/babovski-izbran-za-generalen-sekretar-na-regionalnoto-pretstavnishtvo-na-svetskata-organizatsija-za-zdravstvena-zashtita-na-zhivotnite-za-evropa/ Thu, 25 May 2023 11:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=644568

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 Генерално Собрание на Делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави.

На изборот на Бабовски за оваа функција му претходеше едногласна поддршка од страна на сите делегати - членови во регионалното претставништво на WOAH за Европа, што претставува признание за долгогодишните заложби и посветеност на Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија, во насока на креирање ветеринарни политики и имплементација на истите.

Изборот на Бабовски на оваа функција претставува природен тек на настаните кој произлегува од неговото активно учество во Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), член на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните, Европската комисија за лигавка и шап, неговата вклученост во управувањето со имплементацијата на меѓународните стандарди на WOAH, но и националните стандарди кои се во согласност со Европската Унија.

Со изборот на Бабовски на оваа функција, Република Македонија преку Агенцијата за храна и ветеринарство обезбедува директно учество во процесот на креирање на политиките од областа на здравствената заштита на животните на светско ниво, но и за прв пат со оваа инволвираност, како институција и како држава, се обезбедува непосредно учество во управните тела на оваа светска организација, менувајќи го досегашниот статус на нашата држава и директно на Агенцијата за храна и ветеринарство, од улога на учесник, во улога на креатор на светските политики за заштита на здравјето на животните и координатор на меѓународната соработка во областа.

Членството во управувачките тела на WOAH за Агенцијата за храна и ветеринарство е мотив плус за јакнење на сопствените административни капацитети, согласно највисоките европски и светски стандарди, но претставува и поголема одговорност како институција одговорна за безбедноста на храната и за здравствена заштита на животните, кон сопствените граѓани, државата и кон меѓународната заедница.

Со овој чин, WOAH го препозна, потврдува и го валоризира досегашниот професионален ангажман и континуирана работа на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот Бабовски на полето на унапредување на здравствената заштита на животните во земјава, а со тоа и заштита на здравјето на луѓето приклучувајќи се кон глобалниот концепт за „Едно здравје”.

The post Бабовски избран за генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 Генерално Собрание на Делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави. На изборот на Бабовски за оваа функција му претходеше едногласна поддршка од страна на сите делегати - членови во регионалното претставништво на WOAH за Европа, што претставува признание за долгогодишните заложби и посветеност на Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија, во насока на креирање ветеринарни политики и имплементација на истите. Изборот на Бабовски на оваа функција претставува природен тек на настаните кој произлегува од неговото активно учество во Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), член на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните, Европската комисија за лигавка и шап, неговата вклученост во управувањето со имплементацијата на меѓународните стандарди на WOAH, но и националните стандарди кои се во согласност со Европската Унија. Со изборот на Бабовски на оваа функција, Република Македонија преку Агенцијата за храна и ветеринарство обезбедува директно учество во процесот на креирање на политиките од областа на здравствената заштита на животните на светско ниво, но и за прв пат со оваа инволвираност, како институција и како држава, се обезбедува непосредно учество во управните тела на оваа светска организација, менувајќи го досегашниот статус на нашата држава и директно на Агенцијата за храна и ветеринарство, од улога на учесник, во улога на креатор на светските политики за заштита на здравјето на животните и координатор на меѓународната соработка во областа. Членството во управувачките тела на WOAH за Агенцијата за храна и ветеринарство е мотив плус за јакнење на сопствените административни капацитети, согласно највисоките европски и светски стандарди, но претставува и поголема одговорност како институција одговорна за безбедноста на храната и за здравствена заштита на животните, кон сопствените граѓани, државата и кон меѓународната заедница. Со овој чин, WOAH го препозна, потврдува и го валоризира досегашниот професионален ангажман и континуирана работа на Агенцијата за храна и ветеринарство и директорот Бабовски на полето на унапредување на здравствената заштита на животните во земјава, а со тоа и заштита на здравјето на луѓето приклучувајќи се кон глобалниот концепт за „Едно здравје”.

The post Бабовски избран за генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа appeared first on Република.

]]>