Никола Жежов Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-zezov/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 21:09:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Жежов Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-zezov/ 32 32 Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) https://republika.mk/kolumni/makedontsite-i-graganskata-vojna-vo-grtsija-1946-1949/ Fri, 15 Nov 2024 18:39:56 +0000 https://republika.mk/?p=838284

Никола Жежов

Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или подалечната историја на Македонија. Оваа година се навршија годишнини од повеќе значајни настани за историјата на Македонија и македонскиот народ на кои нашата држава им посвети достојно внимание во нивното одбележување и празнување. Но, соодветните државни институции како да подзаборавија на еден трагичен настан од пред 75 години, настан кој ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион, а неговите последици траат и до денешен ден. Споменот на тој трагичен настан остана да биде зачуван и одбележуван само од поединечните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (за жал разделени помеѓу себе) за што треба да им се изрази посебна почит! Иако поделени и на посебни настани само овие здруженија во 2024 година ја одбележаа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, настан што остави трагични последици за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Несомнено, една од причините за невбројувањето на овој настан во календарот на значајни датуми од македонската историја за оваа година, се и трагичните одредби од фамозниот Преспански договор, чиишто негативни последици допрва ќе ги чувствува нашата држава Република Македонија. Македонската јавност веќе знае дека договорот во себе содржи и таков парадоксален дел според кој Република Македонија и признава на Република Грција дека сѐ што е јужно од денешната македонско- грчка граница, припаѓа на т.н. хеленска историја. Согласно тој дел од договорот, Граѓанската војна во Грција (1946- 1949) е дел од хеленската историја и нема никаква врска со историјата на македонскиот народ! Теза- неодржлива, ненаучна и антицивилизациска!

Но, да одиме постепено, со аргументи, факти и неспорни историски докази кои ќе ја срушат оваа беспредметна теза. Официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција се случил во 1946 година, а за тоа постоеле повеќе причини. Најважната причина за почетокот на војната било формирањето на десничарската грчка влада, со доминантен број на министерски места и голема надворешна помош и покрај фактот што ЕЛАС (Грчката национално ослободителна војска) составена претежно од борци, членови на КПГ- на свои плеќи го извојува ослободувањето на Грција за време на Втората светска војна. Во редовите на ЕЛАС се бореле и голем број на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со заминувањето на германската војска од Грција во есента 1944 година, најголем дел од територијата на државата се наоѓал под контрола на ЕЛАС, се до моментот на истоварувањето на англиска војска во Солун и Атина. Единиците на ЕЛАС неколку недели давале отпор на англиската војска. Во февруари 1945 година бил склучен договорот во Варкиза, предградие на Атина, договор со кој единиците на ЕЛАС се обврзале да го предадат оружјето на грчките владини сили и англиската војска. Тоа било повод да се разгорат непријателствата во државата и да се создадат услови за нова, овој пат граѓанска војна во Грција. Ако за грчките политички фактори, претстојната војна имала таков карактер на граѓанска, за Македонците во Егејска Македонија, тоа била борба за живот или смрт. Уште една година пред официјалниот почеток на војната, во 1945 година, македонските воено- политички фактори во Егејска Македонија веќе имале формирано самостојни партизански одреди во Костурско, Леринско и Воденско кои го бранеле македонскиот народ од нападите на разни грчки паравоени формации на ПАО, ЕДЕС и ЕККА. Македонците во Егејска Македонија во април 1945 година формирале и политичка организација НОФ (Народно ослободителен фронт) која ги формулирала барањата за рамноправност на македонскиот народ и негова национална афирмација. Во рамките на НОФ и во македонските партизански одреди кои дејствувале во Егејскиот дел на Македонија се истакнале повеќе раволуционери и дејци: Паскал Митровски, Михаил Керамитчиев, Атанас Коровешов, Џоџо Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев, Стерјана Вангелова, Евдокија Фотева- Вера и други. Во 1946 година во борбата со грчките владини сили била заробена и егзекутирана македонската партизанка Мирка Гинова, случај и трагичен настан што меѓу првите ја открил голготата и борбата на Македонците во Егејска Македонија за човекови права и опстој на нивните родни огништа. И додека Македонците војувале за да не бидат физички уништени или истерани од нивните домови во Егејска Македонија, грчките комунисти сеуште тактизирале со нивните ставови и се двоумеле дали отворено со оружје да се борат против грчката влада и странските интервенционисти или да ја продолжат политичката дејност во услови на диктатура. Тоа покажува дека македонските воено- политички дејци во Егејска Македонија, една година порано успеале да увидат дека кризата во земјата води кон војна, која за Македонците имала одбрамбен, а не идеолошки карактер, иако меѓу нив имало и комунистички партиски членови во КПГ.

Со официјалниот почеток на војната во март 1946 година и со формирањето на Демократската армија на Грција (ДАГ), Македонците во Егејска Македонија, масовно се вклучувале во редовите на оваа воена формација. Грчките комунисти веднаш влегле во преговори со НОФ, при што бил склучен договор за заедничко дејствување со ветување дека КПГ и раководството на ДАГ ќе ги признаат Македонците како рамноправен партнер во борбата против владините сили и англиската војска која се вмешала во внатрешните работи во Грција. Дека војната во Грција имала и многу македонски национални обележја покажува и фактот што најголем дел од борбените операции се воделе токму во Егејскиот дел на Македонија. Селата во Егејска Македонија биле најголемата организациона база на ДАГ, а Македонците како народ, главната поддршка на грчката левичарска армија. Бројката на војници на ДАГ се движела од околу 15 000 во 1946 година, до околу 45 000 во 1948 година кога таа го достигнала најголемиот раст. Од вкупната бројка во активниот состав на ДАГ, една третина биле Македонци по националност и тоа го докажуваат сите документи од архивата на КПГ и на оваа армија. Ваквата огромна поддршка на ДАГ помеѓу Македонците се должела на две работи: прво, Македонците во нивната борба за рамноправност немале други сојузници и второ, раководството на ДАГ и КПГ имале делумно правилен став кон македонското прашање во Егејска Македонија кој се движел од признавање за отцепување на Егејска Македонија и присоединување кон идната независна обединета македонска држава- до македонски малцински права во рамките на грчката држава. Во однос на националноста на Македонците, грчките комунисти ја употребувале формулацијата „Словеномакедонци“ или „Славомакедонци“, со што и тие како и грчките десничарски партии, сакале да направат разлика и дистинкција на терминот „Македонци“ во тогашните услови со античките Македонци кои и тогаш ги сметале за дел од грчката хеленска историја. И ваквите ставови претставувале еден вид тактизирање со Македонците во Егејска Македонија, единствените сојузници на грчките комунисти во нивната граѓанска војна со десничарските политички партии. За таа цел, кога била формирана и левичарската Привремена демократска влада на Грција, Македонците од Егејска Македонија добиле едно министерско место што повеќе имало формално отколку суштинско значење, иако таквата влада имала ингеренции само на слободните територии на ДАГ, претежно на планинските масиви во Егејскиот дел на Македонија: Воденско, Костурско, Леринско. Единствената принципиелна привилегија и право што Македонците го добиле од оваа левичарска влада било образованието на македонски јазик на слободните територии во Егејска Македонија каде во учебната 1947/48 година се описмениле околу 10 000 македонски дечиња. Тоа претставувал максимумот, кулминација на човековите права на Македонците во Грција за време на Граѓанската војна.

Во 1947 година војната се наоѓала на пресвртница која имала погубни, трагични последици за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Таа година, согласно т.н. Труманова доктрина, во војната во Грција се вмешале САД, најмоќната светска воена сила која застанала на страната на грчката влада и регуларните воени сили. Дури и американски генерали застанале за чело на борбените операции на владините трупи на Грција во решавачките големи битки во Граѓанската војна. Пролетта 1948 година се случил првиот трагичен, во исто време и хуман настан кој најмногу ги засегнал Егејските Македонци. Согласно одлуката на ДАГ, КПГ и Привремената демократска влада биле евакуирани децата од семејствата кои живееле во близина на местата каде требало да се случат најжестоките борби во војната. Околу 20 000 македонски дечиња биле евакуирани и преселени во земјите од поранешниот источен комунистички блок и поранешна Југославија, со што, овие деца физички се спасиле од сигурна смрт, но во исто време се разделиле со нивните родители, а голготата на овие македонски деца- бегалци траела со децении во неможноста на некои од нив, никогаш повеќе да не се сретнат и видат со своите мајки и татковци, со своите браќа и сестри- со своите семејства. Напоредно со ова, раководствата на ДАГ и КПГ ја направиле најголемата стратегиска грешка во војната- започнале отворена фронтална борба со далеку помоќниот непријател и од војничка и од техничка гледна точка. Се случиле големите битки на Кајмакчалан, Грамос и Вичо во текот на 1948 и 1949 година, во кои силите на ДАГ претрпеле тешки војнички порази. Во овие борби загинале или биле ранети и голем број на Македонци, борци на ДАГ. Згора на тоа, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис ги влошил односите на партијата и ДАГ со единствениот сојузник до тогаш- Југославија, застанувајќи на страната на резолуцијата на Информбирото. По ова, Југославија ги затворила границите и не дозволувала повеќе од нејзина територија да доаѓа воена и материјална помош, како и помош за ранетите и изнемоштени борци на ДАГ што дотогаш ја укажувала.

Поразот на ДАГ во војната бил неизбежен. По битката на Грамос во летото 1949 година, единиците на ДАГ се повлекле на територијата на Албанија, а војната завршила со победа на владините сили потпомогнати од САД и Велика Британија. Ако за КПГ и останатите левичарски политички партии, војната и поразот имале идеолошки последици, за Македонците во Егејскиот дел на Македонија, последиците имале национален карактер, а трагичноста се граничела со апокалиптични размери. Според документирани податоци, во Граѓанската војна во Грција за период од три години загинале 21 000 Македонци, биле иселени околу 100 000 Македонци, а согласно првиот попис во Грција по војната, исчезнале засекогаш 46 села во Егејска Македонија, целосно населени со Македонци по националност. Македонските воено- политички раководители од НОФ и борците Македонци во ДАГ, по повлекувањето во Албанија биле изложени на дополнителни притисоци и репресии: од страна на тамошните власти биле прогласени дека се „Титови шпиони“, „империјалистички слуги“, „соработници на странски служби“ и уште какви не монструозни обвиненија. Голем дел од нив биле уапсени и присилно депортирани во СССР и земјите од тогашниот источен комунистички блок. Голем дел од македонските бегалци кои биле цивили, заедно со своите семејства биле прифатени и згрижени во поранешна Југославија, односно НР Македонија, а околу 20 000 од нив заминале и биле згрижени во Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и СССР. Во текот на 70-тите и 80-тите години најголем дел од овие македонски бегалци од Егејска Македонија се вратија во поранешна Југославија односно во СР Македонија каде останаа да живеат до крајот на нивните животи. Во моментов, во Република Македонија живеат трета и четврта генерација на Македонци кои се потомци на првата генерација бегалци од Грција после Граѓанската војна. Според статистички податоци на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, денеска во Република Македонија живеат околу 300 000 Македонци по потекло од овој дел на Македонија.

По завршувањето на Граѓанската војна, започнал најтешкиот период за Македонците што останале како малцинство во Грција: политички прогон за тие што не побегнале надвор од земјата, судски процеси, притисоци, негирања и третман како непријателско настроено население кон грчкиот државно- уставен поредок. Дури во 70-тите години на 20 век, Република Грција ги ублажила мерките за населението кое во Граѓанската војна застанало на страната на ДАГ и со закон овозможила репатријација на политичките бегалци, но само под услов да се Грци по род. За Македонци по националност, ако се изјаснеле како такви, немало дозвола за враќање во Грција. Таквата грчка политика, со мали измени продолжила и во 90-тите години, по падот на комунизмот како систем во Европа, а со на поранешна Југославија и осамостојувањето на Република Македонија, грчките влади ја зацврстиле политиката на непризнавање на македонскиот национален идентитет, а на името „Македонија“ му припишувале само грчки историски и географски и регионален карактер. Тоа е една од директните последици од Граѓанската војна во Грција.

Ова се историските факти поврзани со Граѓанската војна во Грција кои можат лесно да се проверат, кои се објавени, а најголем дел од нив ја потврдуваат трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нашата држава Република Македонија не треба да ги изостави од вид овие неспорни историски факти кои се на наша страна, кои ја покажуваат објективната слика на овој настан од пред 75 години. Не можеме и не смееме да дозволиме некаков параграф од напишан договор на парче хартија да биде посилен од историските факти! Не смееме да дозволиме вештачки склопените клаузули од Преспа да бидат посилни и да ја погребаат македонската историска вистина за 1949 година! Овој дел од Преспанскиот договор директно негира постоење на македонско национално малцинство на грчка државна територија, а во согласност со тоа го негира и постоењето на околу 300 000 Македонци кои денеска живеат во Република Македонија, а се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, која сега е област на територијата на Северна Грција. Дали ќе дозволиме некој од надвор, со наша дозвола и согласност повторно да ја прекројува македонската историја по негова мерка и да не натера да заборавиме дека на Грамос, Вичо и Кајмакчалан е пролеана и македонска крв за правдините на Македонците во Егејска Македонија?! НЕ! Од друга страна, со историските факти и документи за овие настани од пред 75 години, не треба да бараме ниту одмазда, а не смееме да шириме ниту омраза, напротив, да понудиме рака од наша страна и да ја покажеме македонската големина кон нашиот сосед Грција! Било некогаш, да не се повтори никогаш повеќе! Во интерес на едно сеопшто историско помирување за настаните од Граѓанската војна во Грција и грчката држава е потребно да направи гест од нејзина страна, гест со кој ќе се извини за неправдите кон Македонците од пред 75 години! Тоа ќе биде огромен исчекор кон трајно помирување на двата соседни народи! Ваквата политика е високо над сите одредби на договорот во Преспа, кој не реши ниту едно отворено прашање, а напротив ја продлабочи недовербата помеѓу Македонците и Грците. Крајот на Граѓанската војна во 1949 година може да биде нов почеток помеѓу Република Македонија и Република Грција!

Ние Македонците знаеме да простуваме, но никогаш нема да заборавиме! Во името на тоа, нека им е вечна славата на сите загинати Македонци од Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција! Нека е живо сеќавањето за сите раселени Македонци од Егејска Македонија! Нашите мисли нека бидат со сите Егејски Македонци ширум светот!

The post Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или подалечната историја на Македонија. Оваа година се навршија годишнини од повеќе значајни настани за историјата на Македонија и македонскиот народ на кои нашата држава им посвети достојно внимание во нивното одбележување и празнување. Но, соодветните државни институции како да подзаборавија на еден трагичен настан од пред 75 години, настан кој ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион, а неговите последици траат и до денешен ден. Споменот на тој трагичен настан остана да биде зачуван и одбележуван само од поединечните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија (за жал разделени помеѓу себе) за што треба да им се изрази посебна почит! Иако поделени и на посебни настани само овие здруженија во 2024 година ја одбележаа 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, настан што остави трагични последици за Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Несомнено, една од причините за невбројувањето на овој настан во календарот на значајни датуми од македонската историја за оваа година, се и трагичните одредби од фамозниот Преспански договор, чиишто негативни последици допрва ќе ги чувствува нашата држава Република Македонија. Македонската јавност веќе знае дека договорот во себе содржи и таков парадоксален дел според кој Република Македонија и признава на Република Грција дека сѐ што е јужно од денешната македонско- грчка граница, припаѓа на т.н. хеленска историја. Согласно тој дел од договорот, Граѓанската војна во Грција (1946- 1949) е дел од хеленската историја и нема никаква врска со историјата на македонскиот народ! Теза- неодржлива, ненаучна и антицивилизациска! Но, да одиме постепено, со аргументи, факти и неспорни историски докази кои ќе ја срушат оваа беспредметна теза. Официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција се случил во 1946 година, а за тоа постоеле повеќе причини. Најважната причина за почетокот на војната било формирањето на десничарската грчка влада, со доминантен број на министерски места и голема надворешна помош и покрај фактот што ЕЛАС (Грчката национално ослободителна војска) составена претежно од борци, членови на КПГ- на свои плеќи го извојува ослободувањето на Грција за време на Втората светска војна. Во редовите на ЕЛАС се бореле и голем број на Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Со заминувањето на германската војска од Грција во есента 1944 година, најголем дел од територијата на државата се наоѓал под контрола на ЕЛАС, се до моментот на истоварувањето на англиска војска во Солун и Атина. Единиците на ЕЛАС неколку недели давале отпор на англиската војска. Во февруари 1945 година бил склучен договорот во Варкиза, предградие на Атина, договор со кој единиците на ЕЛАС се обврзале да го предадат оружјето на грчките владини сили и англиската војска. Тоа било повод да се разгорат непријателствата во државата и да се создадат услови за нова, овој пат граѓанска војна во Грција. Ако за грчките политички фактори, претстојната војна имала таков карактер на граѓанска, за Македонците во Егејска Македонија, тоа била борба за живот или смрт. Уште една година пред официјалниот почеток на војната, во 1945 година, македонските воено- политички фактори во Егејска Македонија веќе имале формирано самостојни партизански одреди во Костурско, Леринско и Воденско кои го бранеле македонскиот народ од нападите на разни грчки паравоени формации на ПАО, ЕДЕС и ЕККА. Македонците во Егејска Македонија во април 1945 година формирале и политичка организација НОФ (Народно ослободителен фронт) која ги формулирала барањата за рамноправност на македонскиот народ и негова национална афирмација. Во рамките на НОФ и во македонските партизански одреди кои дејствувале во Егејскиот дел на Македонија се истакнале повеќе раволуционери и дејци: Паскал Митровски, Михаил Керамитчиев, Атанас Коровешов, Џоџо Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев, Стерјана Вангелова, Евдокија Фотева- Вера и други. Во 1946 година во борбата со грчките владини сили била заробена и егзекутирана македонската партизанка Мирка Гинова, случај и трагичен настан што меѓу првите ја открил голготата и борбата на Македонците во Егејска Македонија за човекови права и опстој на нивните родни огништа. И додека Македонците војувале за да не бидат физички уништени или истерани од нивните домови во Егејска Македонија, грчките комунисти сеуште тактизирале со нивните ставови и се двоумеле дали отворено со оружје да се борат против грчката влада и странските интервенционисти или да ја продолжат политичката дејност во услови на диктатура. Тоа покажува дека македонските воено- политички дејци во Егејска Македонија, една година порано успеале да увидат дека кризата во земјата води кон војна, која за Македонците имала одбрамбен, а не идеолошки карактер, иако меѓу нив имало и комунистички партиски членови во КПГ. Со официјалниот почеток на војната во март 1946 година и со формирањето на Демократската армија на Грција (ДАГ), Македонците во Егејска Македонија, масовно се вклучувале во редовите на оваа воена формација. Грчките комунисти веднаш влегле во преговори со НОФ, при што бил склучен договор за заедничко дејствување со ветување дека КПГ и раководството на ДАГ ќе ги признаат Македонците како рамноправен партнер во борбата против владините сили и англиската војска која се вмешала во внатрешните работи во Грција. Дека војната во Грција имала и многу македонски национални обележја покажува и фактот што најголем дел од борбените операции се воделе токму во Егејскиот дел на Македонија. Селата во Егејска Македонија биле најголемата организациона база на ДАГ, а Македонците како народ, главната поддршка на грчката левичарска армија. Бројката на војници на ДАГ се движела од околу 15 000 во 1946 година, до околу 45 000 во 1948 година кога таа го достигнала најголемиот раст. Од вкупната бројка во активниот состав на ДАГ, една третина биле Македонци по националност и тоа го докажуваат сите документи од архивата на КПГ и на оваа армија. Ваквата огромна поддршка на ДАГ помеѓу Македонците се должела на две работи: прво, Македонците во нивната борба за рамноправност немале други сојузници и второ, раководството на ДАГ и КПГ имале делумно правилен став кон македонското прашање во Егејска Македонија кој се движел од признавање за отцепување на Егејска Македонија и присоединување кон идната независна обединета македонска држава- до македонски малцински права во рамките на грчката држава. Во однос на националноста на Македонците, грчките комунисти ја употребувале формулацијата „Словеномакедонци“ или „Славомакедонци“, со што и тие како и грчките десничарски партии, сакале да направат разлика и дистинкција на терминот „Македонци“ во тогашните услови со античките Македонци кои и тогаш ги сметале за дел од грчката хеленска историја. И ваквите ставови претставувале еден вид тактизирање со Македонците во Егејска Македонија, единствените сојузници на грчките комунисти во нивната граѓанска војна со десничарските политички партии. За таа цел, кога била формирана и левичарската Привремена демократска влада на Грција, Македонците од Егејска Македонија добиле едно министерско место што повеќе имало формално отколку суштинско значење, иако таквата влада имала ингеренции само на слободните територии на ДАГ, претежно на планинските масиви во Егејскиот дел на Македонија: Воденско, Костурско, Леринско. Единствената принципиелна привилегија и право што Македонците го добиле од оваа левичарска влада било образованието на македонски јазик на слободните територии во Егејска Македонија каде во учебната 1947/48 година се описмениле околу 10 000 македонски дечиња. Тоа претставувал максимумот, кулминација на човековите права на Македонците во Грција за време на Граѓанската војна. Во 1947 година војната се наоѓала на пресвртница која имала погубни, трагични последици за Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Таа година, согласно т.н. Труманова доктрина, во војната во Грција се вмешале САД, најмоќната светска воена сила која застанала на страната на грчката влада и регуларните воени сили. Дури и американски генерали застанале за чело на борбените операции на владините трупи на Грција во решавачките големи битки во Граѓанската војна. Пролетта 1948 година се случил првиот трагичен, во исто време и хуман настан кој најмногу ги засегнал Егејските Македонци. Согласно одлуката на ДАГ, КПГ и Привремената демократска влада биле евакуирани децата од семејствата кои живееле во близина на местата каде требало да се случат најжестоките борби во војната. Околу 20 000 македонски дечиња биле евакуирани и преселени во земјите од поранешниот источен комунистички блок и поранешна Југославија, со што, овие деца физички се спасиле од сигурна смрт, но во исто време се разделиле со нивните родители, а голготата на овие македонски деца- бегалци траела со децении во неможноста на некои од нив, никогаш повеќе да не се сретнат и видат со своите мајки и татковци, со своите браќа и сестри- со своите семејства. Напоредно со ова, раководствата на ДАГ и КПГ ја направиле најголемата стратегиска грешка во војната- започнале отворена фронтална борба со далеку помоќниот непријател и од војничка и од техничка гледна точка. Се случиле големите битки на Кајмакчалан, Грамос и Вичо во текот на 1948 и 1949 година, во кои силите на ДАГ претрпеле тешки војнички порази. Во овие борби загинале или биле ранети и голем број на Македонци, борци на ДАГ. Згора на тоа, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис ги влошил односите на партијата и ДАГ со единствениот сојузник до тогаш- Југославија, застанувајќи на страната на резолуцијата на Информбирото. По ова, Југославија ги затворила границите и не дозволувала повеќе од нејзина територија да доаѓа воена и материјална помош, како и помош за ранетите и изнемоштени борци на ДАГ што дотогаш ја укажувала. Поразот на ДАГ во војната бил неизбежен. По битката на Грамос во летото 1949 година, единиците на ДАГ се повлекле на територијата на Албанија, а војната завршила со победа на владините сили потпомогнати од САД и Велика Британија. Ако за КПГ и останатите левичарски политички партии, војната и поразот имале идеолошки последици, за Македонците во Егејскиот дел на Македонија, последиците имале национален карактер, а трагичноста се граничела со апокалиптични размери. Според документирани податоци, во Граѓанската војна во Грција за период од три години загинале 21 000 Македонци, биле иселени околу 100 000 Македонци, а согласно првиот попис во Грција по војната, исчезнале засекогаш 46 села во Егејска Македонија, целосно населени со Македонци по националност. Македонските воено- политички раководители од НОФ и борците Македонци во ДАГ, по повлекувањето во Албанија биле изложени на дополнителни притисоци и репресии: од страна на тамошните власти биле прогласени дека се „Титови шпиони“, „империјалистички слуги“, „соработници на странски служби“ и уште какви не монструозни обвиненија. Голем дел од нив биле уапсени и присилно депортирани во СССР и земјите од тогашниот источен комунистички блок. Голем дел од македонските бегалци кои биле цивили, заедно со своите семејства биле прифатени и згрижени во поранешна Југославија, односно НР Македонија, а околу 20 000 од нив заминале и биле згрижени во Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и СССР. Во текот на 70-тите и 80-тите години најголем дел од овие македонски бегалци од Егејска Македонија се вратија во поранешна Југославија односно во СР Македонија каде останаа да живеат до крајот на нивните животи. Во моментов, во Република Македонија живеат трета и четврта генерација на Македонци кои се потомци на првата генерација бегалци од Грција после Граѓанската војна. Според статистички податоци на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија, денеска во Република Македонија живеат околу 300 000 Македонци по потекло од овој дел на Македонија. По завршувањето на Граѓанската војна, започнал најтешкиот период за Македонците што останале како малцинство во Грција: политички прогон за тие што не побегнале надвор од земјата, судски процеси, притисоци, негирања и третман како непријателско настроено население кон грчкиот државно- уставен поредок. Дури во 70-тите години на 20 век, Република Грција ги ублажила мерките за населението кое во Граѓанската војна застанало на страната на ДАГ и со закон овозможила репатријација на политичките бегалци, но само под услов да се Грци по род. За Македонци по националност, ако се изјаснеле како такви, немало дозвола за враќање во Грција. Таквата грчка политика, со мали измени продолжила и во 90-тите години, по падот на комунизмот како систем во Европа, а со на поранешна Југославија и осамостојувањето на Република Македонија, грчките влади ја зацврстиле политиката на непризнавање на македонскиот национален идентитет, а на името „Македонија“ му припишувале само грчки историски и географски и регионален карактер. Тоа е една од директните последици од Граѓанската војна во Грција. Ова се историските факти поврзани со Граѓанската војна во Грција кои можат лесно да се проверат, кои се објавени, а најголем дел од нив ја потврдуваат трагичната судбина на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нашата држава Република Македонија не треба да ги изостави од вид овие неспорни историски факти кои се на наша страна, кои ја покажуваат објективната слика на овој настан од пред 75 години. Не можеме и не смееме да дозволиме некаков параграф од напишан договор на парче хартија да биде посилен од историските факти! Не смееме да дозволиме вештачки склопените клаузули од Преспа да бидат посилни и да ја погребаат македонската историска вистина за 1949 година! Овој дел од Преспанскиот договор директно негира постоење на македонско национално малцинство на грчка државна територија, а во согласност со тоа го негира и постоењето на околу 300 000 Македонци кои денеска живеат во Република Македонија, а се по потекло од Егејскиот дел на Македонија, која сега е област на територијата на Северна Грција. Дали ќе дозволиме некој од надвор, со наша дозвола и согласност повторно да ја прекројува македонската историја по негова мерка и да не натера да заборавиме дека на Грамос, Вичо и Кајмакчалан е пролеана и македонска крв за правдините на Македонците во Егејска Македонија?! НЕ! Од друга страна, со историските факти и документи за овие настани од пред 75 години, не треба да бараме ниту одмазда, а не смееме да шириме ниту омраза, напротив, да понудиме рака од наша страна и да ја покажеме македонската големина кон нашиот сосед Грција! Било некогаш, да не се повтори никогаш повеќе! Во интерес на едно сеопшто историско помирување за настаните од Граѓанската војна во Грција и грчката држава е потребно да направи гест од нејзина страна, гест со кој ќе се извини за неправдите кон Македонците од пред 75 години! Тоа ќе биде огромен исчекор кон трајно помирување на двата соседни народи! Ваквата политика е високо над сите одредби на договорот во Преспа, кој не реши ниту едно отворено прашање, а напротив ја продлабочи недовербата помеѓу Македонците и Грците. Крајот на Граѓанската војна во 1949 година може да биде нов почеток помеѓу Република Македонија и Република Грција! Ние Македонците знаеме да простуваме, но никогаш нема да заборавиме! Во името на тоа, нека им е вечна славата на сите загинати Македонци од Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција! Нека е живо сеќавањето за сите раселени Македонци од Егејска Македонија! Нашите мисли нека бидат со сите Егејски Македонци ширум светот!

The post Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949) appeared first on Република.

]]>
Со златни букви: 23 ОКТОМВРИ 1893 ГОДИНА https://republika.mk/kolumni/so-zlatni-bukvi-23-oktomvri-1893-godina/ Wed, 23 Oct 2024 09:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=829793

Никола Жежов

Календарот на празници поврзани со македонската државност и самостојност е краток и се сведува на 4 датуми во временски опсег од август до октомври. Тие 4 празници ја одредиле иднината на македонскиот народ и неговата државност која се движела од федеративен статус до независна држава. Македонските државни празници, четири на број, имаат хронолошко- тематска поврзаност и се надополнуваат помеѓу себе како во никоја друга национална или државна историја во Европа. Во хиерархијата на македонските празници, прв, по хронологија е празникот 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, празник кој последен е воведен во календарот на значајните датуми од македонската историја, иако по своето значење требаше да биде востановен како прв и најзначаен македонски празник поврзан со државноста и нашата независност. Со оваа моја констатација, можеби дел од македонската јавност нема да се согласи, посебно круговите и одредени поединци кои 23 октомври го политизираат и го поврзуваат со нашето современо македонско политичко секојдневие. Историјата е наука која единствено работи со факти и аргументи, а не со предрасуди и затоа да одиме по редоследот на неспорните и недвосмислени аргументи кои се овде, пред нас, иако некои не сакаат да ги видат или да слушнат за нив. Зошто 23 октомври е првиот во македонскиот календар на државни и национални празници? На 23 октомври 1893 година во Солун, во тоа време регионален центар на Отоманската империја во Македонија, од шестмина македонски интелектуалци била формирана Македонската Револуционерна Организација која во четири децениското постоење неколкупати го менувала своето име (МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО), но во колективната меморија на македонскиот народ останала запаметена под името Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Ова име на Организацијата не било случајно употребувано, затоа што голем дел од нејзините идеолози, раководители и основачи во своите спомени и во документацијата, неа ја нарекувале „Внатрешна“, а најмногу со цел да направат дистинкција од останатите македонски организации, најчесто формирани надвор од тогашните етнички, географски и економски граници на Македонија. Принципот на внатрешноста се втемелил во идеологијата на ВМРО и нејзините водечки личности со тоа недвосмислено му докажале на македонскиот народ дека Организацијата смета само на своите сили во борбата за ослободување на Македонија од отоманската власт, а не и на било каква надворешна помош. Основите на ВМРО, на тој историски 23 октомври 1893 година ги поставиле шестмината македонски интелектуалци кои биле и првите членови на ЦК: д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Иван Хаџи Николов. Организацијата во првите години од постоењето се ориентирала кон членство од редовите на македонското учителство и раководителите внимателно ја ширеле нејзината мрежа за да не биде откриена од турската власт во Македонија. Со текот на годините, организациската мрежа на ВМРО се проширила во сите делови на етногеографска Македонија, а во нејзините редови се вклучувале и селани, трговци и занаетчии и покрај Македонци, се зачленувале и луѓе од други националности, особено Власи. ВМРО како основна програмска цел во нејзините документи го поставила создавањето на автономна Македонија во нејзините етногеографски граници по пат на вооружена борба против турската власт. Зајакнувањето на Организацијата во годините до 1903 година било поврзано со вклучувањето и активноста на неколкумина македонски револуционери во нејзините редови: Гоце Делчев, одговорен за создавањето на комитски чети и каналите за снабдување со оружје, Ѓорче Петров, автор на поголем дел од нејзините програмски документи- Уставот и Правилникот, Христо Матов, теоретичар, идеолог и автор на програмските документи, Пере Тошев, неуморен теренски работник, одговорен за создавањето на бројни комитети на Организацијата, Даме Груев, еден од нејзините основачи и неспорен авторитет во ЦК, Јане Сандански, окружен раководител во Серско и борец против врховистичките чети. До Илинденското востание, ВМРО успеала да создаде силни Окружни, Околиски и Селски комитети кои за период од 10 години го подготвиле кревањето на востанието во повеќе делови на Македонија, посебно во Битолскиот револуционерен округ. Револуционерната дејност на ВМРО низ цела Македонија се поврзала со имињата на незаборавните војводи: Христо Узунов, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Методија Патчев, Питу Гули, Јордан Пиперката, Георги Сугарев. Без разлика на полемиките во македонската историографија за оправданоста или нѐ на Илинденското востание, факт е дека ВМРО е организацијата која го организирала и подготвила востанието од 2 август 1903 година, вториот по хронолошка поставеност настан и празник во календарот на македонските државни празници. Идеалот на Илинденското востание и покрај неговиот неуспешен и трагичен крај, по 41 година го запалил факелот на Вториот македонски Илинден, 2 август 1944 година кога на темелите на 2 август 1903 година биле поставени основите на федерална Македонија во рамките на југословенската федерација, а новата македонска генерација на борци се повикала на македонската револуционерна борба која претходно била организирана од македонската организација ВМРО. Значи 2 август 1944 година немаше да постои доколку не се случеше 2 август 1903 година, настан кој го организирала токму ВМРО, организацијата создадена на историскиот 23 октомври 1893 година. Ете ја историската врска и причинско- последичната поврзаност на македонските државни и национални празници со 23 октомври 1893 година! Сите настани се условени еден од друг: да не се создадеше ВМРО во 1893 година, ќе немаше Илинденско востание во 1903 година! ВМРО и Илинденското востание го донесоа 11 октомври 1941 година- почетокот на антифашистичкото и ослободително востание на македонскиот народ, го создадоа 2 август, Вториот Илинден 1944 година, АСНОМ и создавањето на федералната македонска држава во југословенската федерација и го трасираа патот до 8 септември 1991 година- денот на независноста на Република Македонија. Македонската историја има причинско- последична поврзаност на овие настани кои не можат еден без друг, кои се надополнуваат. Ако се избрише еден датум, ако се негира еден настан, ќе ги снема и другите датуми и настани. Така зборуваат законитостите на историјата како наука. Бришењето на еден настан, организација или датум ја пренасочува временската историска машина во друг правец кој го менува природниот тек на историјата. Затоа, 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не само што е прв во хронологијата на значајни датуми, туку е и македонски државен и национален празник кој ги создаде основите и го изгради патот кон денешната независност на Република Македонија.

Второто прашање околу легитимитетот и историската оправданост на 23 октомври е дали ВМРО како организација создадена на овој датум има континуитет и по Илинденското востание во 1903 година, дали Организацијата и дејуре и дефакто постоела и дејствувала по Рилскиот конгрес во 1905 година? Македонската историографија сеуште води полемики и дебати околу ова прашање и не постои единствен став за историскиот развој, постоењето и дејствувањето на ВМРО по 1905 година. Факт е дека на Рилскиот конгрес на ВМРО, започнал и се продлабочил голем раскол во редовите на Организацијата. Во годините до 1908 година се создале две струи, фракции во редовите на ВМРО кои целосно се раздвоиле, дејствувале и се бореле во различни правци: реформаторско- демократската струја околу приврзаниците на Јане Сандански и Димо Хаџи Димов во Серскиот револуционерен округ и конзервативната струја околу групата на Христо Матов и припадниците на Скопскиот револуционерен округ. Фактографски погледнато, во 1908 година приврзаниците на Сандански за време на Младотурската револуција се одделиле од ВМРО и создале легална политичка партија- Народна федеративна партија, додека приврзаниците на конзервативната струја околу Христо Матов, според документацијата- легитимно, одржале конгрес и прогласиле континуитет со старата ВМРО од предилинденскиот и илинденскиот период. Без разлика на различните мислења на македонските историчари- Уставот, Статутот и Правилниците на оваа организација речиси и да немале никакви измени и ги пресликале определбите и целите на ВМРО од периодот 1893- 1905 година. Македонската историографија, направила условна класификација на ВМРО и ја декларирала како десно ориентирана, а некои историчари ја нарекувале и проврховистичка или пробугарска. Документите на ВМРО ги негираат последните класификации и негираат врховистичка или пробугарска дејност. Без разлика на ваквите толкувања и различни мислења, факт е дека, на ваков начин организациски поставената ВМРО во периодот од 1908 до 1924 година станала најмоќна и највлијателна македонска организација во организираното македонско револуционерно движење. Тодор Александров се издигнал во најмоќна фигура во ЦК на ВМРО. Иако повеќе постари македонски револуционери со долгогодишен стаж во ВМРО му ја оспорувале неговата позиција и легитимитет, Александров успеал во период од 16 години да го одржи внатрешното единство и силата на Организацијата која преку вооружени комитски акции и атентати го актуелизирала македонското прашање и неговото решавање. Мајскиот манифест на ВМРО од 1924 година бил документ кој Организацијата ја поставил на македонски државни и национални позиции и ја дистанцирал од политиките на сите балкански држави по однос на Македонија. Овој документ декларирал дека ВМРО ќе се бори за создавање на независна македонска држава во нејзините етнички и географски граници, онака како што ги исцртувале нејзините програмски документи. Наместо обединување Мајскиот манифест предизвикал внатрешна криза која кулминирала со убиството на Тодор Александров. По неговата смрт, иако на конгресот во 1925 година ВМРО изјавила и преку документите декларирала дека ќе се бори за независност на Македонија, сепак раководството не успеало да ја спаси од нова криза, внатрешни поделби и почеток на крвави физички ликвидации познати како македонски братоубиства. Еден дел од членството, левичарски определено, врз основа на Мајскиот манифест формирало нова организација со името ВМРО (Обединета) која се прогласила за наследник на старата ВМРО и декларирала дека ќе ја продолжи борбата за создавање на независна македонска држава со помош на СССР и комунистичките движења. Во ВМРО на Александров, по неговата смрт раководно место зазел Ванчо Михајлов кој ги маргинализирал останатите членови на ЦК и се наметнал како единствен авторитет во оваа организација. До 1934 година и забраната за дејствување на ВМРО, оваа македонска организација поминувала низ поделби и бројни убиства на спротивставените фракции кои се оформиле и како посебни организации: ВМРО- михајловистичка и ВМРО- протогеровистичка. За сите овие настани и процеси во ВМРО, постојат различни мислења помеѓу македонските историчари, сеуште се водат полемики и дебати, се спротивставуваат различни аргументи, но меѓусебна согласност, барем за главните прашања околу историјатот на Организацијата, за жал не постои. Врз основа на ова кај дел од јавноста во Македонија се остава простор за ставови околу историјатот на ВМРО кои воглавно не се научни и се резултат на предрасуди и контекстуални објаснувања од кои поголем дел се обидуваат да ја негираат историската важност на 23 октомври.

Секако дека нема да се впуштам во дообјаснувања или полемики на вакви теми, а само ќе ги повикам сите Македонци и граѓаните од другите националности во Македонија, во пресрет на празникот 23 октомври, да го посетат Музејот на македонската борба за државност и самостојност- Музеј на ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим и низ прошетката на музејската поставка, да се обидат сами да си најдат одговори на овие прашања и дилеми, без да се водат од предрасуди. Впрочем, историјата како наука не се гради на тоа дали историчарот сака да пишува за некој настан, организација или личност и дали нешто му се допаѓа или не, туку да пишува врз основа на аргументи и факти и да ги објаснува историските процеси и настани, во светлината на историското време. На таков начин и по таков принцип и методологија е поставена музејската поставка во Музејот на македонската борба, каде посетителот ќе види и славни и трагични страници од историјатот на ВМРО, ќе дознае за херојски епопеи, но и за предавства, ќе добие сознанија за победи, но и за поразите на Организацијата, ќе дознае за сите епизоди на револуционерната дејност на ВМРО, без да се премолчуваат или прескокнуваат историските настани и личности. Преку тоа посетителот ќе научи дека историската ВМРО имала подеми и падови, поделби и кризи, обединувања и братоубиства, но никогаш не се откажала од нејзината света цел: создавање на автономна или независна држава Македонија. Историјатот на ВМРО ни покажува на каков тежок начин и со колку човечки загуби Македонија дојде до денешната независност и дека таа е скапо платена со херојските жртви на македонските комити и војводи!

Во името на тоа, 23 октомври треба да биде испишан со златни букви на страниците на македонските историски книги!

Нека е вековит и за многу години 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба!
Нека е вечна Македонија!

The post Со златни букви: 23 ОКТОМВРИ 1893 ГОДИНА appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Календарот на празници поврзани со македонската државност и самостојност е краток и се сведува на 4 датуми во временски опсег од август до октомври. Тие 4 празници ја одредиле иднината на македонскиот народ и неговата државност која се движела од федеративен статус до независна држава. Македонските државни празници, четири на број, имаат хронолошко- тематска поврзаност и се надополнуваат помеѓу себе како во никоја друга национална или државна историја во Европа. Во хиерархијата на македонските празници, прв, по хронологија е празникот 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, празник кој последен е воведен во календарот на значајните датуми од македонската историја, иако по своето значење требаше да биде востановен како прв и најзначаен македонски празник поврзан со државноста и нашата независност. Со оваа моја констатација, можеби дел од македонската јавност нема да се согласи, посебно круговите и одредени поединци кои 23 октомври го политизираат и го поврзуваат со нашето современо македонско политичко секојдневие. Историјата е наука која единствено работи со факти и аргументи, а не со предрасуди и затоа да одиме по редоследот на неспорните и недвосмислени аргументи кои се овде, пред нас, иако некои не сакаат да ги видат или да слушнат за нив. Зошто 23 октомври е првиот во македонскиот календар на државни и национални празници? На 23 октомври 1893 година во Солун, во тоа време регионален центар на Отоманската империја во Македонија, од шестмина македонски интелектуалци била формирана Македонската Револуционерна Организација која во четири децениското постоење неколкупати го менувала своето име (МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО), но во колективната меморија на македонскиот народ останала запаметена под името Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО). Ова име на Организацијата не било случајно употребувано, затоа што голем дел од нејзините идеолози, раководители и основачи во своите спомени и во документацијата, неа ја нарекувале „Внатрешна“, а најмногу со цел да направат дистинкција од останатите македонски организации, најчесто формирани надвор од тогашните етнички, географски и економски граници на Македонија. Принципот на внатрешноста се втемелил во идеологијата на ВМРО и нејзините водечки личности со тоа недвосмислено му докажале на македонскиот народ дека Организацијата смета само на своите сили во борбата за ослободување на Македонија од отоманската власт, а не и на било каква надворешна помош. Основите на ВМРО, на тој историски 23 октомври 1893 година ги поставиле шестмината македонски интелектуалци кои биле и првите членови на ЦК: д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Иван Хаџи Николов. Организацијата во првите години од постоењето се ориентирала кон членство од редовите на македонското учителство и раководителите внимателно ја ширеле нејзината мрежа за да не биде откриена од турската власт во Македонија. Со текот на годините, организациската мрежа на ВМРО се проширила во сите делови на етногеографска Македонија, а во нејзините редови се вклучувале и селани, трговци и занаетчии и покрај Македонци, се зачленувале и луѓе од други националности, особено Власи. ВМРО како основна програмска цел во нејзините документи го поставила создавањето на автономна Македонија во нејзините етногеографски граници по пат на вооружена борба против турската власт. Зајакнувањето на Организацијата во годините до 1903 година било поврзано со вклучувањето и активноста на неколкумина македонски револуционери во нејзините редови: Гоце Делчев, одговорен за создавањето на комитски чети и каналите за снабдување со оружје, Ѓорче Петров, автор на поголем дел од нејзините програмски документи- Уставот и Правилникот, Христо Матов, теоретичар, идеолог и автор на програмските документи, Пере Тошев, неуморен теренски работник, одговорен за создавањето на бројни комитети на Организацијата, Даме Груев, еден од нејзините основачи и неспорен авторитет во ЦК, Јане Сандански, окружен раководител во Серско и борец против врховистичките чети. До Илинденското востание, ВМРО успеала да создаде силни Окружни, Околиски и Селски комитети кои за период од 10 години го подготвиле кревањето на востанието во повеќе делови на Македонија, посебно во Битолскиот револуционерен округ. Револуционерната дејност на ВМРО низ цела Македонија се поврзала со имињата на незаборавните војводи: Христо Узунов, Васил Чакаларов, Лазар Поп Трајков, Методија Патчев, Питу Гули, Јордан Пиперката, Георги Сугарев. Без разлика на полемиките во македонската историографија за оправданоста или нѐ на Илинденското востание, факт е дека ВМРО е организацијата која го организирала и подготвила востанието од 2 август 1903 година, вториот по хронолошка поставеност настан и празник во календарот на македонските државни празници. Идеалот на Илинденското востание и покрај неговиот неуспешен и трагичен крај, по 41 година го запалил факелот на Вториот македонски Илинден, 2 август 1944 година кога на темелите на 2 август 1903 година биле поставени основите на федерална Македонија во рамките на југословенската федерација, а новата македонска генерација на борци се повикала на македонската револуционерна борба која претходно била организирана од македонската организација ВМРО. Значи 2 август 1944 година немаше да постои доколку не се случеше 2 август 1903 година, настан кој го организирала токму ВМРО, организацијата создадена на историскиот 23 октомври 1893 година. Ете ја историската врска и причинско- последичната поврзаност на македонските државни и национални празници со 23 октомври 1893 година! Сите настани се условени еден од друг: да не се создадеше ВМРО во 1893 година, ќе немаше Илинденско востание во 1903 година! ВМРО и Илинденското востание го донесоа 11 октомври 1941 година- почетокот на антифашистичкото и ослободително востание на македонскиот народ, го создадоа 2 август, Вториот Илинден 1944 година, АСНОМ и создавањето на федералната македонска држава во југословенската федерација и го трасираа патот до 8 септември 1991 година- денот на независноста на Република Македонија. Македонската историја има причинско- последична поврзаност на овие настани кои не можат еден без друг, кои се надополнуваат. Ако се избрише еден датум, ако се негира еден настан, ќе ги снема и другите датуми и настани. Така зборуваат законитостите на историјата како наука. Бришењето на еден настан, организација или датум ја пренасочува временската историска машина во друг правец кој го менува природниот тек на историјата. Затоа, 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, не само што е прв во хронологијата на значајни датуми, туку е и македонски државен и национален празник кој ги создаде основите и го изгради патот кон денешната независност на Република Македонија. Второто прашање околу легитимитетот и историската оправданост на 23 октомври е дали ВМРО како организација создадена на овој датум има континуитет и по Илинденското востание во 1903 година, дали Организацијата и дејуре и дефакто постоела и дејствувала по Рилскиот конгрес во 1905 година? Македонската историографија сеуште води полемики и дебати околу ова прашање и не постои единствен став за историскиот развој, постоењето и дејствувањето на ВМРО по 1905 година. Факт е дека на Рилскиот конгрес на ВМРО, започнал и се продлабочил голем раскол во редовите на Организацијата. Во годините до 1908 година се создале две струи, фракции во редовите на ВМРО кои целосно се раздвоиле, дејствувале и се бореле во различни правци: реформаторско- демократската струја околу приврзаниците на Јане Сандански и Димо Хаџи Димов во Серскиот револуционерен округ и конзервативната струја околу групата на Христо Матов и припадниците на Скопскиот револуционерен округ. Фактографски погледнато, во 1908 година приврзаниците на Сандански за време на Младотурската револуција се одделиле од ВМРО и создале легална политичка партија- Народна федеративна партија, додека приврзаниците на конзервативната струја околу Христо Матов, според документацијата- легитимно, одржале конгрес и прогласиле континуитет со старата ВМРО од предилинденскиот и илинденскиот период. Без разлика на различните мислења на македонските историчари- Уставот, Статутот и Правилниците на оваа организација речиси и да немале никакви измени и ги пресликале определбите и целите на ВМРО од периодот 1893- 1905 година. Македонската историографија, направила условна класификација на ВМРО и ја декларирала како десно ориентирана, а некои историчари ја нарекувале и проврховистичка или пробугарска. Документите на ВМРО ги негираат последните класификации и негираат врховистичка или пробугарска дејност. Без разлика на ваквите толкувања и различни мислења, факт е дека, на ваков начин организациски поставената ВМРО во периодот од 1908 до 1924 година станала најмоќна и највлијателна македонска организација во организираното македонско револуционерно движење. Тодор Александров се издигнал во најмоќна фигура во ЦК на ВМРО. Иако повеќе постари македонски револуционери со долгогодишен стаж во ВМРО му ја оспорувале неговата позиција и легитимитет, Александров успеал во период од 16 години да го одржи внатрешното единство и силата на Организацијата која преку вооружени комитски акции и атентати го актуелизирала македонското прашање и неговото решавање. Мајскиот манифест на ВМРО од 1924 година бил документ кој Организацијата ја поставил на македонски државни и национални позиции и ја дистанцирал од политиките на сите балкански држави по однос на Македонија. Овој документ декларирал дека ВМРО ќе се бори за создавање на независна македонска држава во нејзините етнички и географски граници, онака како што ги исцртувале нејзините програмски документи. Наместо обединување Мајскиот манифест предизвикал внатрешна криза која кулминирала со убиството на Тодор Александров. По неговата смрт, иако на конгресот во 1925 година ВМРО изјавила и преку документите декларирала дека ќе се бори за независност на Македонија, сепак раководството не успеало да ја спаси од нова криза, внатрешни поделби и почеток на крвави физички ликвидации познати како македонски братоубиства. Еден дел од членството, левичарски определено, врз основа на Мајскиот манифест формирало нова организација со името ВМРО (Обединета) која се прогласила за наследник на старата ВМРО и декларирала дека ќе ја продолжи борбата за создавање на независна македонска држава со помош на СССР и комунистичките движења. Во ВМРО на Александров, по неговата смрт раководно место зазел Ванчо Михајлов кој ги маргинализирал останатите членови на ЦК и се наметнал како единствен авторитет во оваа организација. До 1934 година и забраната за дејствување на ВМРО, оваа македонска организација поминувала низ поделби и бројни убиства на спротивставените фракции кои се оформиле и како посебни организации: ВМРО- михајловистичка и ВМРО- протогеровистичка. За сите овие настани и процеси во ВМРО, постојат различни мислења помеѓу македонските историчари, сеуште се водат полемики и дебати, се спротивставуваат различни аргументи, но меѓусебна согласност, барем за главните прашања околу историјатот на Организацијата, за жал не постои. Врз основа на ова кај дел од јавноста во Македонија се остава простор за ставови околу историјатот на ВМРО кои воглавно не се научни и се резултат на предрасуди и контекстуални објаснувања од кои поголем дел се обидуваат да ја негираат историската важност на 23 октомври. Секако дека нема да се впуштам во дообјаснувања или полемики на вакви теми, а само ќе ги повикам сите Македонци и граѓаните од другите националности во Македонија, во пресрет на празникот 23 октомври, да го посетат Музејот на македонската борба за државност и самостојност- Музеј на ВМРО и жртвите на комунистичкиот режим и низ прошетката на музејската поставка, да се обидат сами да си најдат одговори на овие прашања и дилеми, без да се водат од предрасуди. Впрочем, историјата како наука не се гради на тоа дали историчарот сака да пишува за некој настан, организација или личност и дали нешто му се допаѓа или не, туку да пишува врз основа на аргументи и факти и да ги објаснува историските процеси и настани, во светлината на историското време. На таков начин и по таков принцип и методологија е поставена музејската поставка во Музејот на македонската борба, каде посетителот ќе види и славни и трагични страници од историјатот на ВМРО, ќе дознае за херојски епопеи, но и за предавства, ќе добие сознанија за победи, но и за поразите на Организацијата, ќе дознае за сите епизоди на револуционерната дејност на ВМРО, без да се премолчуваат или прескокнуваат историските настани и личности. Преку тоа посетителот ќе научи дека историската ВМРО имала подеми и падови, поделби и кризи, обединувања и братоубиства, но никогаш не се откажала од нејзината света цел: создавање на автономна или независна држава Македонија. Историјатот на ВМРО ни покажува на каков тежок начин и со колку човечки загуби Македонија дојде до денешната независност и дека таа е скапо платена со херојските жртви на македонските комити и војводи! Во името на тоа, 23 октомври треба да биде испишан со златни букви на страниците на македонските историски книги! Нека е вековит и за многу години 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба! Нека е вечна Македонија!

The post Со златни букви: 23 ОКТОМВРИ 1893 ГОДИНА appeared first on Република.

]]>
100 години од убиството на Тодор Александров https://republika.mk/kolumni/100-godini-od-ubistvoto-na-todor-aleksandrov/ Sat, 31 Aug 2024 16:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=811834

Никола Жежов

Историјата на македонското револуционерно движење во XX век паметела многу заговори, нерасчистени ликвидации, атентати кои оставиле трајни белези врз судбината на Македонија. ВМРО како организација станала место на бројни физички ликвидации, арена на крвави судири и влијанија на некои од балканските држави. Организацијата која ги одбележала годините помеѓу двете светски војни била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувало фракционерски борби, прегрупирања што ја слабееле силата на ВМРО и ја правеле подложна на надворешни влијанија. Тодор Александров како водечка личност во ЦК на ВМРО во време од 13 години колку што бил во раководството на оваа македонска организација, успеал да создаде едно привидно единство, да ги сплоти различните теченија и струи и како резултат на неговото харизматично владеење да ја насочи борбата кон првобитната цел-автономна или независна македонска држава. Прагматичниот Александров успевал да ги држи настрана различните влијанија и надворешни интереси на странски фактори и релативно да ја зачува независноста на ВМРО. Во негово време, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење се издигнала како единствен репрезент на македонскиот народ во неговата борба за државност и независност. Тоа претставувало доволна причина, Тодор Александров да си создаде непријатели и во самата Организација, но и кај различни воено-политички фактори на Балканот и во Европа. Подемот на Александров претставувал аларм за негово отстранување од раководството на ВМРО. Кој се имаше мотив да го ликвидира харизматичниот вожд на ВМРО? Директните атентатори се познати, но нарачателите на неговото убиство и покрај бројните претпоставки, можно е сеуште да се добро скриени во сенката на историјата.

Планот за ликвидација на Тодор Александров веројатно бил подготвен повеќе месеци наназад од денот на самиот чин на убиството. Се чекал погодниот момент за неговото убиство. Тоа било во предвечерието на одржувањето на окружниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО кога Тодор Александров се обидувал да ги среди состојбите во Организацијата по бурните настани што следувале со потпишувањето на Мајскиот манифест и новата ориентација и цели на македонското револуционерно движење. Новата политика на Александров и поставувањето на ВМРО на македонски национални и државни позиции била еден од мотивите за неговото отстранување. Вториот мотив, којшто исто така бил пресуден да се активира изречената смртна пресуда врз Александров бил неговиот обид да ги отстрани финансиските аномалии што се јавиле во редовите на Организацијата и чии главни протагонисти биле одредени личности во самиот врв кои биле осомничени за проневера на милионски суми на организациони пари.

Според верзијата од архивата на ВМРО, базирана на искази на одделни нејзини членови, директната ликвидација на Тодор Александров ја предводел раководителот на Серскиот револуционерен округ на ВМРО, Алеко Василев-Пашата. Според исказот на Динчо Сугарски, заговорничката група се состоела од неколкумина четници и војводи на ВМРО кои ги координирал Алеко Пашата. Блиските соработници на Василев, најпрво се сретнале во селото Горна Сушица, каде во куќата на Гоце Манолев на групата и било соопштено дека треба да ги пречекаат Тодор Александров и Александар Протогеров. Војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров под заклетва им соопштиле на присутните дека по наредба на Алеко Василев треба да биде убиен водачот на ВМРО-Тодор Александров. Тоа претставувало гром од ведро небо за присутните, но и покрај тоа по извесно време сите се согласиле да го спроведуваат планот на Вретенаров и Влахов. Кон групата околу 11 часот се придружиле Александров, неговиот телохранител Панзо Зафиров и Александар Протогеров и сите заедно се упатиле кон селото Лопово. По пат Александров, без да ја претчувствува опасноста по неговиот живот бил весел и разговарал за различни теми со членовите на групата. Во близина на едно планинско изворче, групата застанала да се одмори и да каснат од храната што ја носеле со себе. По ручекот, Тодор Александров му ја дал својата пушка на Панзо Зафиров, но веднаш се придодал војводата Влахов кој побарал оружјето да го земе Динчо Сугарски за да не му биде на товар на личниот телохранител на Александров. Тоа всушност претставувало сигнал дека планот за ликвидација веќе започнал. Во близина на Сугарска река, Александров предложил да се застане за да се нахранат коњите. Тодор Александров и Александар Протогеров се тргнале настрана и започнале разговор, а по малку време легнале да отпочинат. Телохранителот Зафиров исто така задремал. Во тој момент, Сугарски ги тргнал коњите настрана, додека Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се доближиле до членовите на ЦК. Во исто време војводите стрелале кон Александров. Панзо Зафиров се разбудил и се обидел да дојде до својата пушка, но веднаш бил застрелан од од курирот Динчо Балкански. Александар Протогеров кој бил изненаден од молскавичната терористичка акција, се онесвестил. Штерју Влахов го утешувал генералот Протогеров дека на него ништо нема да му сторат и дека ќе го остават жив. Впрочем, при самиот чин на убиството на Александров според документите на Организацијата, Штерју Влахов извикал: „Место ти да ме убиеш, јас те убив. Ти толку невини души изеде, та и мене сакаше да ме изедеш“. Војводите Влахов и Вретенаров заедно со присутните набрзина ги сокриле труповите на убиените во блиската шума и се упатиле кон колибите во близина на селото Лопово каде што ги чекал Алеко Василев-Пашата. Подоцна, кога ВМРО спровела истрага за нарачателите на атентатот врз Тодор Александров, под силен притисок, од дел од македонските дејци пред се од Илинденската организација биле извлечени признанија дека зад ликвидацијата стоеле лично Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов, двајцата од раководството на Серскиот револуционерен округ на ВМРО.

На тој начин трагично завршил животот на Тодор Александров, еден од најхаризмаичните и најавторитетни водачи на ВМРО. Кој го испланирал атентатот врз Александров? Дали тоа навистина било спонатано убиство на неколку претенденти за неговото место во ЦК или неговата ликвидација имала многу подлабока позадина? Втората претпоставка е далеку поверојатна. Во прилог на тоа одат многу показатели кои не се воопшто случајни и имаат поврзаност помеѓу себе.

И покрај сите овие претпоставки, голема е веројатноста врз основа на документите и фактите, кругот на познати учесници во планот за ликвидација на Александров да застане кај Алеко Пашата и Георги Атанасов. Особено силен мотив за тоа биле најавите на водачот на ВМРО дека ќе се вложи во расчистувањето на сите матни финансиски зделки во кои биле вклучени последните двајца при што Петричко и околината ги претвориле во вистинско феудално владение или како што некои го нарекувале „пашалак“. Според сведенија од архивата на ВМРО на својата лична сметка, од трговијата со тутун и лихва од разни заеми, Алеко Василев-Пашата располагал со околу 7 милиони лева, додека Атанасов имал добивка од околу 2 милиони лева што претставувало вистинско богатство. Ваквата состојба во голем степен била неиздржлива и го подривала угледот на ВМРО во Пиринска Македонија, особено во Петричко. Тоа ги алармирало двајцата водечки личности на ВМРО во Серскиот револуционерен округ да започнат да подготвуваат планови за елиминирање на харизматичниот и авторитативен водач на ВМРО.

Постои и една верзија дека убиството на Тодор Александров било дело на комунистите - Комунистичката интернационала, БКП, СССР во соработка со македонските левичарски организации во Бугарија. Оваа претпоставка, која е помалку веројатна, се базира на фактот што Тодор Александров се откажал од потписот на Мајскиот манифест и тој чин го прогласил за мистификација на комунистите за чие потпишување голема заслуга имаат и Коминтерната и СССР. Како показател кој ја поткрепувал оваа теза послужил и фактот што Мајскиот манифест под влијание на Димитар Влахов бил објавен во весникот „Балканска федерација“ и покрај барањето на Александров да се почека уште извесно време додека да се подготви членството на ВМРО за тој радикален пресврт во политиката на Организацијата кон македонското прашање. Објавувањето на манифестот значела индиректна ликвидација на Александров и тоа со заслуга на комунистичкото движење. Покрај објавената брошура во издание на ВМРО под наслов „Заговорот против Тодор Александров“ каде се наведуваат аргументи за учество и на комунисти по убедување во убиството на Александров, други конкретни документи кои го наведуваат можното учество на комунистите во овој настан се и некои документи од архивата на Коминтерната каде индиректно од некои кругови се посочувало дека подобро било Тодор Алесандров да биде убиен и да го нема отколку тој да ги убие сите припадници на левичарските организации и комунистите во Бугарија. Сепак тоа не е доволен конкретен доказ дека во тој правец од страна на Коминтерната или БКП било и дејствувано или предложен некаков план.

Најверојатна теза за организатор на убиството на Тодор Александров е дека зад целиот план стоела бугарската влада на Александар Цанков. Во поткрепа на тоа има повеќе аргументи. Бугарската влада имала интерес да го отстрани Тодор Александров од челното место во ВМРО. Владата на Цанков, иако декларативно имала добри односи со Организацијата, во суштина се наоѓала во речиси непријателски односи со оваа македонска организација. Ваквата ситуација се создала од оној момент кога бугарската влада на Цанков се обидела да ги подобри своите односи со Кралството на СХС. Тоа било доволна причина раководството на ВМРО да упати остри критики до владата во Софија и да ја предупреди дека Кралството на СХС е најголемиот непријател на Организацијата и на правилното решавање на македонското прашање. Во 1924 година, Тодор Александров на неколку пати упатувал остри писма до бугарски министри во владата на Цанков во кои им се заканувал дека ВМРО ќе се пресмета и со нив како и со владата на Стамболиски доколку се посегне по нејзините интереси. Ваквите изјави на Александров секако дека не ја оставиле рамнодушна бугарската власт која се повеќе стравувала од моќта на ВМРО и влијателноста на водачот на ВМРО во бугарското општество. Се чекал погодниот момент и повод да се започне решителна акција против Александров и неговата улога во македонското револуционерно движење. Тоа било потпишувањето на Мајскиот манифест на ВМРО во кој, меѓу другото Организацијата се оградувала и од бугарската држава и политика по македонското прашање. Александар Цанков добил моќно оружје во своите раце за конечна пресметка со авторитетниот Тодор Александров. Започнале притисоците врз Тодор Александров кој се нашол во една незавидна позиција поради новиот правец на ВМРО во нејзината револуционерна дејност и борба за ослободување на Македонија. Прагматичниот Александров се наоѓал и порано во вакви ситуации, но успевал да се извлече од амбисот. Сега ситуацијата била далеку посложена за него. Тој започнал со подготовки за организирање на општ конгрес на ВМРО каде се подготвувал да ја објасни новата ситуација, но и да се пресмета со растечката опозиција против него во самата организација, но и во македонското револуционерно движење.

Уште во периодот додека во Бугарија се наоѓала на власт земјоделската партија на Стамболиски, Тодор Александров бил интензивно надгледуван од службите на државната безбедност, а информации за неговата активност до бугарските тајни служби биле испраќани од луѓе во врвот на ВМРО. За тоа сведочи писмото на началникот на штабот на бугарската армија Точков до генералот Александар Протогеров во кое го известувал дека во негова рака дошле писма од архивата на Тодор Александров кои му биле лично доставувани и на самиот бугарски премиер Стамболиски и тоа преку лице кое имало псевдоним и не се знае точно за која личност се работи. Во делот од писмото до Протогеров се истакнува и дека за согласноста за давање на писмата на Александров на увид на бугарскиот премиер давале премолчена согласност и некои други луѓе, веројатно од врвните структури на ВМРО, за кои бугарскиот генерал не сакал да даде податоци за нивниот идентитет. Ова сведочи дека околу Александров уште во време на земјоделската власт се плетела заговорничка мрежа во која биле вмешани и луѓе од раководството на Организацијата, но и лица од Воено-офицерската лига на Бугарија и најмногу луѓе од високите политички кругови на Бугарија.

Констатацијата на Воено-офицерските кругови во Бугарија била навистина реална, особено од стравот дека Тодор Александров, иако не директно, се потпишал врз еден документ кој на македонското прашање му давал и национален и државен карактер. Во една таква констелација кога постоело премолчано одобрување од бугарската власт, на воените кругови не им било тешко да ги придобијат на своја страна Алеко Пашата и Атанасов за спроведување на својот пеколен план. Ако на ова се додаде и признанието на бугарскиот премиер Александар Цанков кога ја слушнал веста за убиството на Тодор Александров: „ Слава му на Бога, се заврши и со него„ а пренесено во бугарската историографија уште во 90-тите години на 20 век, јасно се заокружува мозаикот на учесници во ликвидацијата на Тодор Александров, со тоа што на врвот на таа сложена пирамида застанала бугарската влада на Александар Цанков. Сликата за директното или индиректно учество на бугарската влада во ликвидацијата на Александров уште повеќе ја потполнуваат и спомените на македонски дејци-учесници во настаните кои колку во некои моменти и да се субјективни треба да се компарираат со веќе воочливите факти.

Сепак, и покрај сите претпоставки, тези, мислења од кои најголем дел се засновани на научни истражувања, историска аргументација и документи и понатаму со целосна сигурност не може да се утврди нарачателот на убиството на Тодор Александров. Кој и да го нарачал и испланирал отстранувањето на Александров од водечкото место во ВМРО, факт е дека постигнал добро смислена криза и раскол и во Организацијата и во македонското револуционерно движење што имаше далекусежни последици затоа што го смениле текот на македонската историја во сосема друг правец-туѓ за македонската кауза и за трајното решавање на горливото македонско прашање.

The post 100 години од убиството на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Историјата на македонското револуционерно движење во XX век паметела многу заговори, нерасчистени ликвидации, атентати кои оставиле трајни белези врз судбината на Македонија. ВМРО како организација станала место на бројни физички ликвидации, арена на крвави судири и влијанија на некои од балканските држави. Организацијата која ги одбележала годините помеѓу двете светски војни била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувало фракционерски борби, прегрупирања што ја слабееле силата на ВМРО и ја правеле подложна на надворешни влијанија. Тодор Александров како водечка личност во ЦК на ВМРО во време од 13 години колку што бил во раководството на оваа македонска организација, успеал да создаде едно привидно единство, да ги сплоти различните теченија и струи и како резултат на неговото харизматично владеење да ја насочи борбата кон првобитната цел-автономна или независна македонска држава. Прагматичниот Александров успевал да ги држи настрана различните влијанија и надворешни интереси на странски фактори и релативно да ја зачува независноста на ВМРО. Во негово време, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење се издигнала како единствен репрезент на македонскиот народ во неговата борба за државност и независност. Тоа претставувало доволна причина, Тодор Александров да си создаде непријатели и во самата Организација, но и кај различни воено-политички фактори на Балканот и во Европа. Подемот на Александров претставувал аларм за негово отстранување од раководството на ВМРО. Кој се имаше мотив да го ликвидира харизматичниот вожд на ВМРО? Директните атентатори се познати, но нарачателите на неговото убиство и покрај бројните претпоставки, можно е сеуште да се добро скриени во сенката на историјата. Планот за ликвидација на Тодор Александров веројатно бил подготвен повеќе месеци наназад од денот на самиот чин на убиството. Се чекал погодниот момент за неговото убиство. Тоа било во предвечерието на одржувањето на окружниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО кога Тодор Александров се обидувал да ги среди состојбите во Организацијата по бурните настани што следувале со потпишувањето на Мајскиот манифест и новата ориентација и цели на македонското револуционерно движење. Новата политика на Александров и поставувањето на ВМРО на македонски национални и државни позиции била еден од мотивите за неговото отстранување. Вториот мотив, којшто исто така бил пресуден да се активира изречената смртна пресуда врз Александров бил неговиот обид да ги отстрани финансиските аномалии што се јавиле во редовите на Организацијата и чии главни протагонисти биле одредени личности во самиот врв кои биле осомничени за проневера на милионски суми на организациони пари. Според верзијата од архивата на ВМРО, базирана на искази на одделни нејзини членови, директната ликвидација на Тодор Александров ја предводел раководителот на Серскиот револуционерен округ на ВМРО, Алеко Василев-Пашата. Според исказот на Динчо Сугарски, заговорничката група се состоела од неколкумина четници и војводи на ВМРО кои ги координирал Алеко Пашата. Блиските соработници на Василев, најпрво се сретнале во селото Горна Сушица, каде во куќата на Гоце Манолев на групата и било соопштено дека треба да ги пречекаат Тодор Александров и Александар Протогеров. Војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров под заклетва им соопштиле на присутните дека по наредба на Алеко Василев треба да биде убиен водачот на ВМРО-Тодор Александров. Тоа претставувало гром од ведро небо за присутните, но и покрај тоа по извесно време сите се согласиле да го спроведуваат планот на Вретенаров и Влахов. Кон групата околу 11 часот се придружиле Александров, неговиот телохранител Панзо Зафиров и Александар Протогеров и сите заедно се упатиле кон селото Лопово. По пат Александров, без да ја претчувствува опасноста по неговиот живот бил весел и разговарал за различни теми со членовите на групата. Во близина на едно планинско изворче, групата застанала да се одмори и да каснат од храната што ја носеле со себе. По ручекот, Тодор Александров му ја дал својата пушка на Панзо Зафиров, но веднаш се придодал војводата Влахов кој побарал оружјето да го земе Динчо Сугарски за да не му биде на товар на личниот телохранител на Александров. Тоа всушност претставувало сигнал дека планот за ликвидација веќе започнал. Во близина на Сугарска река, Александров предложил да се застане за да се нахранат коњите. Тодор Александров и Александар Протогеров се тргнале настрана и започнале разговор, а по малку време легнале да отпочинат. Телохранителот Зафиров исто така задремал. Во тој момент, Сугарски ги тргнал коњите настрана, додека Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се доближиле до членовите на ЦК. Во исто време војводите стрелале кон Александров. Панзо Зафиров се разбудил и се обидел да дојде до својата пушка, но веднаш бил застрелан од од курирот Динчо Балкански. Александар Протогеров кој бил изненаден од молскавичната терористичка акција, се онесвестил. Штерју Влахов го утешувал генералот Протогеров дека на него ништо нема да му сторат и дека ќе го остават жив. Впрочем, при самиот чин на убиството на Александров според документите на Организацијата, Штерју Влахов извикал: „Место ти да ме убиеш, јас те убив. Ти толку невини души изеде, та и мене сакаше да ме изедеш“. Војводите Влахов и Вретенаров заедно со присутните набрзина ги сокриле труповите на убиените во блиската шума и се упатиле кон колибите во близина на селото Лопово каде што ги чекал Алеко Василев-Пашата. Подоцна, кога ВМРО спровела истрага за нарачателите на атентатот врз Тодор Александров, под силен притисок, од дел од македонските дејци пред се од Илинденската организација биле извлечени признанија дека зад ликвидацијата стоеле лично Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов, двајцата од раководството на Серскиот револуционерен округ на ВМРО. На тој начин трагично завршил животот на Тодор Александров, еден од најхаризмаичните и најавторитетни водачи на ВМРО. Кој го испланирал атентатот врз Александров? Дали тоа навистина било спонатано убиство на неколку претенденти за неговото место во ЦК или неговата ликвидација имала многу подлабока позадина? Втората претпоставка е далеку поверојатна. Во прилог на тоа одат многу показатели кои не се воопшто случајни и имаат поврзаност помеѓу себе. И покрај сите овие претпоставки, голема е веројатноста врз основа на документите и фактите, кругот на познати учесници во планот за ликвидација на Александров да застане кај Алеко Пашата и Георги Атанасов. Особено силен мотив за тоа биле најавите на водачот на ВМРО дека ќе се вложи во расчистувањето на сите матни финансиски зделки во кои биле вклучени последните двајца при што Петричко и околината ги претвориле во вистинско феудално владение или како што некои го нарекувале „пашалак“. Според сведенија од архивата на ВМРО на својата лична сметка, од трговијата со тутун и лихва од разни заеми, Алеко Василев-Пашата располагал со околу 7 милиони лева, додека Атанасов имал добивка од околу 2 милиони лева што претставувало вистинско богатство. Ваквата состојба во голем степен била неиздржлива и го подривала угледот на ВМРО во Пиринска Македонија, особено во Петричко. Тоа ги алармирало двајцата водечки личности на ВМРО во Серскиот револуционерен округ да започнат да подготвуваат планови за елиминирање на харизматичниот и авторитативен водач на ВМРО. Постои и една верзија дека убиството на Тодор Александров било дело на комунистите - Комунистичката интернационала, БКП, СССР во соработка со македонските левичарски организации во Бугарија. Оваа претпоставка, која е помалку веројатна, се базира на фактот што Тодор Александров се откажал од потписот на Мајскиот манифест и тој чин го прогласил за мистификација на комунистите за чие потпишување голема заслуга имаат и Коминтерната и СССР. Како показател кој ја поткрепувал оваа теза послужил и фактот што Мајскиот манифест под влијание на Димитар Влахов бил објавен во весникот „Балканска федерација“ и покрај барањето на Александров да се почека уште извесно време додека да се подготви членството на ВМРО за тој радикален пресврт во политиката на Организацијата кон македонското прашање. Објавувањето на манифестот значела индиректна ликвидација на Александров и тоа со заслуга на комунистичкото движење. Покрај објавената брошура во издание на ВМРО под наслов „Заговорот против Тодор Александров“ каде се наведуваат аргументи за учество и на комунисти по убедување во убиството на Александров, други конкретни документи кои го наведуваат можното учество на комунистите во овој настан се и некои документи од архивата на Коминтерната каде индиректно од некои кругови се посочувало дека подобро било Тодор Алесандров да биде убиен и да го нема отколку тој да ги убие сите припадници на левичарските организации и комунистите во Бугарија. Сепак тоа не е доволен конкретен доказ дека во тој правец од страна на Коминтерната или БКП било и дејствувано или предложен некаков план. Најверојатна теза за организатор на убиството на Тодор Александров е дека зад целиот план стоела бугарската влада на Александар Цанков. Во поткрепа на тоа има повеќе аргументи. Бугарската влада имала интерес да го отстрани Тодор Александров од челното место во ВМРО. Владата на Цанков, иако декларативно имала добри односи со Организацијата, во суштина се наоѓала во речиси непријателски односи со оваа македонска организација. Ваквата ситуација се создала од оној момент кога бугарската влада на Цанков се обидела да ги подобри своите односи со Кралството на СХС. Тоа било доволна причина раководството на ВМРО да упати остри критики до владата во Софија и да ја предупреди дека Кралството на СХС е најголемиот непријател на Организацијата и на правилното решавање на македонското прашање. Во 1924 година, Тодор Александров на неколку пати упатувал остри писма до бугарски министри во владата на Цанков во кои им се заканувал дека ВМРО ќе се пресмета и со нив како и со владата на Стамболиски доколку се посегне по нејзините интереси. Ваквите изјави на Александров секако дека не ја оставиле рамнодушна бугарската власт која се повеќе стравувала од моќта на ВМРО и влијателноста на водачот на ВМРО во бугарското општество. Се чекал погодниот момент и повод да се започне решителна акција против Александров и неговата улога во македонското револуционерно движење. Тоа било потпишувањето на Мајскиот манифест на ВМРО во кој, меѓу другото Организацијата се оградувала и од бугарската држава и политика по македонското прашање. Александар Цанков добил моќно оружје во своите раце за конечна пресметка со авторитетниот Тодор Александров. Започнале притисоците врз Тодор Александров кој се нашол во една незавидна позиција поради новиот правец на ВМРО во нејзината револуционерна дејност и борба за ослободување на Македонија. Прагматичниот Александров се наоѓал и порано во вакви ситуации, но успевал да се извлече од амбисот. Сега ситуацијата била далеку посложена за него. Тој започнал со подготовки за организирање на општ конгрес на ВМРО каде се подготвувал да ја објасни новата ситуација, но и да се пресмета со растечката опозиција против него во самата организација, но и во македонското револуционерно движење. Уште во периодот додека во Бугарија се наоѓала на власт земјоделската партија на Стамболиски, Тодор Александров бил интензивно надгледуван од службите на државната безбедност, а информации за неговата активност до бугарските тајни служби биле испраќани од луѓе во врвот на ВМРО. За тоа сведочи писмото на началникот на штабот на бугарската армија Точков до генералот Александар Протогеров во кое го известувал дека во негова рака дошле писма од архивата на Тодор Александров кои му биле лично доставувани и на самиот бугарски премиер Стамболиски и тоа преку лице кое имало псевдоним и не се знае точно за која личност се работи. Во делот од писмото до Протогеров се истакнува и дека за согласноста за давање на писмата на Александров на увид на бугарскиот премиер давале премолчена согласност и некои други луѓе, веројатно од врвните структури на ВМРО, за кои бугарскиот генерал не сакал да даде податоци за нивниот идентитет. Ова сведочи дека околу Александров уште во време на земјоделската власт се плетела заговорничка мрежа во која биле вмешани и луѓе од раководството на Организацијата, но и лица од Воено-офицерската лига на Бугарија и најмногу луѓе од високите политички кругови на Бугарија. Констатацијата на Воено-офицерските кругови во Бугарија била навистина реална, особено од стравот дека Тодор Александров, иако не директно, се потпишал врз еден документ кој на македонското прашање му давал и национален и државен карактер. Во една таква констелација кога постоело премолчано одобрување од бугарската власт, на воените кругови не им било тешко да ги придобијат на своја страна Алеко Пашата и Атанасов за спроведување на својот пеколен план. Ако на ова се додаде и признанието на бугарскиот премиер Александар Цанков кога ја слушнал веста за убиството на Тодор Александров: „ Слава му на Бога, се заврши и со него„ а пренесено во бугарската историографија уште во 90-тите години на 20 век, јасно се заокружува мозаикот на учесници во ликвидацијата на Тодор Александров, со тоа што на врвот на таа сложена пирамида застанала бугарската влада на Александар Цанков. Сликата за директното или индиректно учество на бугарската влада во ликвидацијата на Александров уште повеќе ја потполнуваат и спомените на македонски дејци-учесници во настаните кои колку во некои моменти и да се субјективни треба да се компарираат со веќе воочливите факти. Сепак, и покрај сите претпоставки, тези, мислења од кои најголем дел се засновани на научни истражувања, историска аргументација и документи и понатаму со целосна сигурност не може да се утврди нарачателот на убиството на Тодор Александров. Кој и да го нарачал и испланирал отстранувањето на Александров од водечкото место во ВМРО, факт е дека постигнал добро смислена криза и раскол и во Организацијата и во македонското револуционерно движење што имаше далекусежни последици затоа што го смениле текот на македонската историја во сосема друг правец-туѓ за македонската кауза и за трајното решавање на горливото македонско прашање.

The post 100 години од убиството на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>
Историското значење на Првото заседание на АСНОМ https://republika.mk/kolumni/istoriskoto-znachene-na-prvoto-zasedanie-na-asnom/ Thu, 01 Aug 2024 11:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=802279

Проф. д-р Никола Жежов

Секој народ во современата човечка цивилизација ги бара своите корени во историјата. Македонскиот народ несомнено и неспорно има длабоки историски корени и своето постоење во семејството на народите го има оформено врз основа на сплет на општествено- политички процеси назад низ вековите. Децениските борби на македонскиот народ го достигнале својот врв преку втемелувањето на неговата државност на 2 август 1944 година, на Вториот македонски Илинден кој се случил како континуиитет на првата илинденска генерација на борци за слободата на Македонија и идеалите на Илинденското востание во 1903 година. Одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) било подготвувано околу една година, уште со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ на чело со Методија Андонов- Ченто, тело кое ги извршило сите неопходни организациски работи за чинот на конституирањето на современата македонска држава. АСНОМ својата активност ја засновувал на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од ноември 1943 година каде македонскиот народ бил признаен како посебен народ, а Македонија билаоформена како федеративна единица во рамките на новосоздадената југословенска федерација. Целиот овој историски процес не бил случаен или вештачки наметнат, туку се должел на учеството на македонскиот народ во Народно Ослободителната Војна (НОВ), со свои посебни воени единици, со македонски Главен Штаб кој формално се наоѓал под раководство на Врховниот Штаб на НОВЈ на чело со Јосип Броз Тито. И покрај формалното раководење од страна на НОВ на Југославија, македонското народно ослободително движење, самостојно ги водело борбите за ослободување на делот од Македонија што се конституирал како рамноправна република во рамките на авнојска Југославија. Напоредно со борбата на Македонците во федеративна Југославија, организирана антифашистичка и ослободителна војна воделе и Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија со конечна цел за присоединување кон федерална Македонија или создавање на обединета македонска држава во федерација на држави на балканските народи. Идејата за создавање на обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници, заради констелацијата на односите помеѓу големите сили по Втората светска војна, не успеала и македонскиот народ своја државност извојувал само како федеративен статус во рамките на Демократска Федерална Југославија и таквиот чин бил остварен согласно одлуките на Првото заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ започнало и било отворено на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров со емотивни зборови во кои го поздравувал создавањето на македонската држава, истакнувајќи ги границите на етногеографска Македонија, онака како што ги замислувале и се бореле македонските револуционери од илинденската генерацијаборци во македонското револуционерно движење. На заседанието биле поканети 116 делегати од сите делови на Македонија, а пристигнале и учествувале мнозинство од избраните членови на заседанието со што на настанот му бил даден целосен легитимитет. Одлуките што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги изгласале имале државотворен карактер и Македонија ја дефинирале како рамноправна република во рамките на новата југословенска држава. Македонија ги добила сите елементи на државност што како чин било прифатено со огромен ентузијазам како од делегатите, така и од присутниот насобран народ кој со радост ја поздравувал секоја одлука и решение на заседанието. Неколку донесени решенија, одлуки и документи ги поставиле основите на државноста на Македонија. Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно телона државната власт во Демократска Федерална Македонија бил еден од најважните асномски документи. Ова решение му префрлило такви ингеренции на АСНОМ кои соодветствувале со надлежности на влада се до датумот на формирањето на првата влада на федерална Македонија во април 1945 година. За потребите на функционирање како влада, решението на АСНОМ дефинирало создавање на Президиум со повеќе поверенства кои функционирале како министерства и ги опфаќале сите сфери на општествено- политичкото живеење во Демократска Федерална Македонија. За претседател на Президиумот на АСНОМ бил избран Методија Андонов- Ченто. Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската боржуаска револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пати правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со примеси на граѓанскополитичко уредување. Големо влијание за ова имал и Владимир Полежиновски, доктор по правни науки со западно образование кој бил еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на заседанието на АСНОМ. Решението за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава бил документ од историско значење за Македонија и македонскиот народ затоа што за прв пат се признавало постоењето на македонскиот јазик, за чиешто кодифицирање и целосно оформување со сите норми работела и посебна комисија избрана на заседанието. Решението за прогласување на 2 август, Илинден за државен празник на Македонија означувало континуитет на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава и го поврзувало АСНОМ со идеалите и целите на Илинденското востание од 1903 година, за што впрочем, во списокот на делегати на заседанието биле вклучени и македонски револуционери од предилинденскиот и илинденскиот период. Меѓу најзначајните документи на Првото заседание на АСНОМ бил и Манифестот упатен до сите Македонци, до националностите во Македонија во кој се објаснувале целите на АСНОМ и борбата на НОД и документ со кои се објавувало создавањето на Македонија како дел од преуредената југословенска федерација.

Сите овие изгласани и усвоени решенија и документи на Првото заседание на АСНОМ ги поставиле основите, темелот на новосоздадената македонска држава која во тој момент се определила за заеднички соживот со останатите народи и републики во федерална Југославија. Градењето на Македонија како федеративна република во рамките на Југославија, иако било прифатено со големо воодушевување од Македонците и националностите во Македонија, одело споро, тешко, како што впрочем е секаде во светот кога се создаваат нови држави. Во временскиот период од околу 5 децении кога Македонија била членка на југословенската федерација, неколку главни принципи и начела биле водечки за нејзиниот опстој и за нејзиното целосно подготвување за независност во почетокот на 90тите години на XX век. Прво, тогашната генерација на македонски борци, дејци и револуционери, се издигнала високо над самата себеси и идеалот за создавање на држава со името Македонија го ставила над нејзините идеолошки определби и личните интереси. Тоа се покажало како вистинско решение за создавањето и градењето на Македонија. Иако, пред Првото заседание на АСНОМ комунистите биле водечката политичка сила во борбата на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, тоа не им пречело да ги поканат и останатите македонски дејци и револуционери кои не биле комунисти, а со друга политичка идеологија- да се вклучат во АСНОМ и во градењето на темелите на државата. Ако на заседанието на АСНОМ како делегати биле избрани комунисти, членови на Комунистичката партија како: Љупчо Арсов, Лилјана Чаловска, Вера Ацева, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, за делегати биле избрани и личности од илинденската генерација на борци како: Панко Брашнаров и Димитар Влахов. За една иста цел, создавање на македонска држава, разговарале и биле делегати на АСНОМ и луѓе од различни професии и со различно образование: делегат бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки, но и Александар Петровски, кројач по професија; делегат на АСНОМ бил Иван Раднански, земјоделец, а член на заседанието бил и Венко Марковски, поет и писател. Меѓу делегатите имало студенти, земјоделци, банкари, адвокати, фабрички работници, професори, но сите нив ги обединувала една заедничка цел: создавање на држава со име Македонија. Решенијата на АСНОМ како делегати ги поддржале и изгласале и припадници на националностите во Македонија: Ќемал Аголи, Камбер Асан, Ќемал Сејфула, Исак Сион. И за нив било идеал создавањето на Македонија, иако тогаш како федеративна република во рамките на Југославија. Во работата на АСНОМ се вклучиле и биле избрани како делегати и Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија: Васил Василев, Васил Ивановски, Атанас Великов, Димитри Манџовски, Димитар Влахов. Првото заседание на АСНОМ претставувало едно сеопшто македонско собрание кое во своите редови ги обединувало луѓето за една заедничка цел, без разлика на националноста, верата и професијата.

Втората важна придобивка е што со АСНОМ, македонскиот народ и националностите во Македонија СЕ ИЗБОРИЈА, а не добија, држава со името Македонија, без разлика на различните идеолошки одредници кои стоеја во различни форми пред нејзиното име во текот на 46 годишното постоење на државата во таква форма. Решанијата и документите на АСНОМ го верификувале тоа што било скапо платено, со многу загинати и жртви во текот на Втората светска војна. Никој не и ја подарил слободата и државноста на Македонија во рамките на Југославија, туку тие придобивки биле извојувани со учество во НОВ, а доказ за тоа е фактот што последниот непријателски војник ја напуштил македонската територија со завршните борбени операции кои ги водела македонската војска на чело со нејзиниот воен командант Михајло Апостолски.

Третото важно обележје е антифашистичкиот карактер на борбата на македонскиот народ и националностите кои преку  народно ослободителното движење се бореле како рамноправни членови на Антихитлеровската коалиција предводена од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, а признание за тоа било учеството на членовите на американската и англиската воена мисија на Првото заседание на АСНОМ со што дефакто и дејуре се извршило меѓународно признавање на Македонија, иако во тоа време федерална единица на Југославија.

Затоа, на Првото заседание на АСНОМ треба да гледаме како на настан кој ја обликуваше денешната современа реалност на Македонија. АСНОМ ја оформил Македонија како држава, со сите нејзини институции од сите сегменти на општествено- политичкиот, економскиот и културниот живот и без разлика на бројните слабости и проблеми што се составен дел на новоформирани држави, ја подготвил и го обезбедил патот кон нејзиното осамостојување во 1991 година. 80 години државност, погледнато наназад и не е така мал период затоа што Македонија помина низ многу премрежија, тешки ситуации, кризи, економски потешкотии, негирања и обиди за нејзино редефинирање. И покрај сѐ, решенијата и одлуките на Првото заседание на АСНОМ, сеуште се темелот и на денешна Република Македонија. Во името на тоа, АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации. Македонската историја е исполнета со многу настани, трагични датуми, денови на хероизам и на истрајност, но и на мудрост. Првото заседание на АСНОМ е еден од историските примери на семакедонското национално единство и чин на наднационално обединување, заедништво и на Македонците со останатите националности во Македонија: Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци...АСНОМ е успешната македонска приказна која пред 80 години станала реалност затоа што тогашната генерација го почувствувала историскиот момент за тоа и создала македонска држава која денеска е основата за постоењето на Република Македонија. Да им го пренесеме Асномскиот пример на сегашните македонски генерации и да ги научиме како се гради, но и како се чува една држава која сме ја создале со многу жртви и страдања. Нека Илинден и АСНОМ бидат првите историски лекции за македонските ученици, за да тие создадат поуспешна и подобра иднина за Македонија.

 

Честит празник Илинден!

Нека е вечен споменот за двата македонски Илиндена!

Нека е вечна Македонија!

The post Историското значење на Првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Никола Жежов

Секој народ во современата човечка цивилизација ги бара своите корени во историјата. Македонскиот народ несомнено и неспорно има длабоки историски корени и своето постоење во семејството на народите го има оформено врз основа на сплет на општествено- политички процеси назад низ вековите. Децениските борби на македонскиот народ го достигнале својот врв преку втемелувањето на неговата државност на 2 август 1944 година, на Вториот македонски Илинден кој се случил како континуиитет на првата илинденска генерација на борци за слободата на Македонија и идеалите на Илинденското востание во 1903 година. Одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) било подготвувано околу една година, уште со формирањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ на чело со Методија Андонов- Ченто, тело кое ги извршило сите неопходни организациски работи за чинот на конституирањето на современата македонска држава. АСНОМ својата активност ја засновувал на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од ноември 1943 година каде македонскиот народ бил признаен како посебен народ, а Македонија билаоформена како федеративна единица во рамките на новосоздадената југословенска федерација. Целиот овој историски процес не бил случаен или вештачки наметнат, туку се должел на учеството на македонскиот народ во Народно Ослободителната Војна (НОВ), со свои посебни воени единици, со македонски Главен Штаб кој формално се наоѓал под раководство на Врховниот Штаб на НОВЈ на чело со Јосип Броз Тито. И покрај формалното раководење од страна на НОВ на Југославија, македонското народно ослободително движење, самостојно ги водело борбите за ослободување на делот од Македонија што се конституирал како рамноправна република во рамките на авнојска Југославија. Напоредно со борбата на Македонците во федеративна Југославија, организирана антифашистичка и ослободителна војна воделе и Македонците во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија со конечна цел за присоединување кон федерална Македонија или создавање на обединета македонска држава во федерација на држави на балканските народи. Идејата за создавање на обединета Македонија во нејзините етнички и географски граници, заради констелацијата на односите помеѓу големите сили по Втората светска војна, не успеала и македонскиот народ своја државност извојувал само како федеративен статус во рамките на Демократска Федерална Југославија и таквиот чин бил остварен согласно одлуките на Првото заседание на АСНОМ. Првото заседание на АСНОМ започнало и било отворено на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“ од страна на најстариот делегат Панко Брашнаров со емотивни зборови во кои го поздравувал создавањето на македонската држава, истакнувајќи ги границите на етногеографска Македонија, онака како што ги замислувале и се бореле македонските револуционери од илинденската генерацијаборци во македонското револуционерно движење. На заседанието биле поканети 116 делегати од сите делови на Македонија, а пристигнале и учествувале мнозинство од избраните членови на заседанието со што на настанот му бил даден целосен легитимитет. Одлуките што делегатите на Првото заседание на АСНОМ ги изгласале имале државотворен карактер и Македонија ја дефинирале како рамноправна република во рамките на новата југословенска држава. Македонија ги добила сите елементи на државност што како чин било прифатено со огромен ентузијазам како од делегатите, така и од присутниот насобран народ кој со радост ја поздравувал секоја одлука и решение на заседанието. Неколку донесени решенија, одлуки и документи ги поставиле основите на државноста на Македонија. Решението за прогласување на АСНОМ за врховно, законодавно и извршно телона државната власт во Демократска Федерална Македонија бил еден од најважните асномски документи. Ова решение му префрлило такви ингеренции на АСНОМ кои соодветствувале со надлежности на влада се до датумот на формирањето на првата влада на федерална Македонија во април 1945 година. За потребите на функционирање како влада, решението на АСНОМ дефинирало создавање на Президиум со повеќе поверенства кои функционирале како министерства и ги опфаќале сите сфери на општествено- политичкото живеење во Демократска Федерална Македонија. За претседател на Президиумот на АСНОМ бил избран Методија Андонов- Ченто. Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската боржуаска револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пати правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со примеси на граѓанскополитичко уредување. Големо влијание за ова имал и Владимир Полежиновски, доктор по правни науки со западно образование кој бил еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на заседанието на АСНОМ. Решението за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава бил документ од историско значење за Македонија и македонскиот народ затоа што за прв пат се признавало постоењето на македонскиот јазик, за чиешто кодифицирање и целосно оформување со сите норми работела и посебна комисија избрана на заседанието. Решението за прогласување на 2 август, Илинден за државен празник на Македонија означувало континуитет на борбата на македонскиот народ за создавање на сопствена национална држава и го поврзувало АСНОМ со идеалите и целите на Илинденското востание од 1903 година, за што впрочем, во списокот на делегати на заседанието биле вклучени и македонски револуционери од предилинденскиот и илинденскиот период. Меѓу најзначајните документи на Првото заседание на АСНОМ бил и Манифестот упатен до сите Македонци, до националностите во Македонија во кој се објаснувале целите на АСНОМ и борбата на НОД и документ со кои се објавувало создавањето на Македонија како дел од преуредената југословенска федерација. Сите овие изгласани и усвоени решенија и документи на Првото заседание на АСНОМ ги поставиле основите, темелот на новосоздадената македонска држава која во тој момент се определила за заеднички соживот со останатите народи и републики во федерална Југославија. Градењето на Македонија како федеративна република во рамките на Југославија, иако било прифатено со големо воодушевување од Македонците и националностите во Македонија, одело споро, тешко, како што впрочем е секаде во светот кога се создаваат нови држави. Во временскиот период од околу 5 децении кога Македонија била членка на југословенската федерација, неколку главни принципи и начела биле водечки за нејзиниот опстој и за нејзиното целосно подготвување за независност во почетокот на 90тите години на XX век. Прво, тогашната генерација на македонски борци, дејци и револуционери, се издигнала високо над самата себеси и идеалот за создавање на држава со името Македонија го ставила над нејзините идеолошки определби и личните интереси. Тоа се покажало како вистинско решение за создавањето и градењето на Македонија. Иако, пред Првото заседание на АСНОМ комунистите биле водечката политичка сила во борбата на македонскиот народ во текот на Втората светска војна, тоа не им пречело да ги поканат и останатите македонски дејци и револуционери кои не биле комунисти, а со друга политичка идеологија- да се вклучат во АСНОМ и во градењето на темелите на државата. Ако на заседанието на АСНОМ како делегати биле избрани комунисти, членови на Комунистичката партија како: Љупчо Арсов, Лилјана Чаловска, Вера Ацева, Страхил Гигов, Цветко Узуновски, за делегати биле избрани и личности од илинденската генерација на борци како: Панко Брашнаров и Димитар Влахов. За една иста цел, создавање на македонска држава, разговарале и биле делегати на АСНОМ и луѓе од различни професии и со различно образование: делегат бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки, но и Александар Петровски, кројач по професија; делегат на АСНОМ бил Иван Раднански, земјоделец, а член на заседанието бил и Венко Марковски, поет и писател. Меѓу делегатите имало студенти, земјоделци, банкари, адвокати, фабрички работници, професори, но сите нив ги обединувала една заедничка цел: создавање на држава со име Македонија. Решенијата на АСНОМ како делегати ги поддржале и изгласале и припадници на националностите во Македонија: Ќемал Аголи, Камбер Асан, Ќемал Сејфула, Исак Сион. И за нив било идеал создавањето на Македонија, иако тогаш како федеративна република во рамките на Југославија. Во работата на АСНОМ се вклучиле и биле избрани како делегати и Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија: Васил Василев, Васил Ивановски, Атанас Великов, Димитри Манџовски, Димитар Влахов. Првото заседание на АСНОМ претставувало едно сеопшто македонско собрание кое во своите редови ги обединувало луѓето за една заедничка цел, без разлика на националноста, верата и професијата. Втората важна придобивка е што со АСНОМ, македонскиот народ и националностите во Македонија СЕ ИЗБОРИЈА, а не добија, држава со името Македонија, без разлика на различните идеолошки одредници кои стоеја во различни форми пред нејзиното име во текот на 46 годишното постоење на државата во таква форма. Решанијата и документите на АСНОМ го верификувале тоа што било скапо платено, со многу загинати и жртви во текот на Втората светска војна. Никој не и ја подарил слободата и државноста на Македонија во рамките на Југославија, туку тие придобивки биле извојувани со учество во НОВ, а доказ за тоа е фактот што последниот непријателски војник ја напуштил македонската територија со завршните борбени операции кои ги водела македонската војска на чело со нејзиниот воен командант Михајло Апостолски. Третото важно обележје е антифашистичкиот карактер на борбата на македонскиот народ и националностите кои преку  народно ослободителното движење се бореле како рамноправни членови на Антихитлеровската коалиција предводена од САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз, а признание за тоа било учеството на членовите на американската и англиската воена мисија на Првото заседание на АСНОМ со што дефакто и дејуре се извршило меѓународно признавање на Македонија, иако во тоа време федерална единица на Југославија. Затоа, на Првото заседание на АСНОМ треба да гледаме како на настан кој ја обликуваше денешната современа реалност на Македонија. АСНОМ ја оформил Македонија како држава, со сите нејзини институции од сите сегменти на општествено- политичкиот, економскиот и културниот живот и без разлика на бројните слабости и проблеми што се составен дел на новоформирани држави, ја подготвил и го обезбедил патот кон нејзиното осамостојување во 1991 година. 80 години државност, погледнато наназад и не е така мал период затоа што Македонија помина низ многу премрежија, тешки ситуации, кризи, економски потешкотии, негирања и обиди за нејзино редефинирање. И покрај сѐ, решенијата и одлуките на Првото заседание на АСНОМ, сеуште се темелот и на денешна Република Македонија. Во името на тоа, АСНОМ треба да биде пример за понатамошниот развој на идните македонски генерации. Македонската историја е исполнета со многу настани, трагични датуми, денови на хероизам и на истрајност, но и на мудрост. Првото заседание на АСНОМ е еден од историските примери на семакедонското национално единство и чин на наднационално обединување, заедништво и на Македонците со останатите националности во Македонија: Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци...АСНОМ е успешната македонска приказна која пред 80 години станала реалност затоа што тогашната генерација го почувствувала историскиот момент за тоа и создала македонска држава која денеска е основата за постоењето на Република Македонија. Да им го пренесеме Асномскиот пример на сегашните македонски генерации и да ги научиме како се гради, но и како се чува една држава која сме ја создале со многу жртви и страдања. Нека Илинден и АСНОМ бидат првите историски лекции за македонските ученици, за да тие создадат поуспешна и подобра иднина за Македонија.   Честит празник Илинден! Нека е вечен споменот за двата македонски Илиндена! Нека е вечна Македонија!

The post Историското значење на Првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>
Жежов: Maкедонија и Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/zhezhov-makedonija-i-ilinden/ Tue, 01 Aug 2023 14:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=667690

На 2 август 1903 година, на големиот верски празник Илинден, со читање на објавите на востаничките штабови и со биењето на црковните камбани, македонскиот народ со големо воодушевување и ентузијазам се кренал на востание за ослободување на Македонија од отоманската власт и создавање на македонска држава, пишува професорот Никола Жежов.

Предводник и организатор на Илинденското востание била Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), основана 10 години порано во 1893 година од група на македонски интелектуалци, учители. Востанието било најдобро организирано во Битолскиот револуционерен округ на ВМРО што територијално го опфаќал југозападниот дел од етно-географската карта на Македонија. На Илинден 1903 година околу 20 000 востаници на целата територија на Македонија започнале напади на населени места, помали гратчиња и села. Биле ослободени Крушево, Невеска, Клисура и десетици села во Битолско, Демирхисарско, Охридско, Костурско. Насекаде била воспоставена привремена востаничка власт која јасно ги истакнала стремежите на македонскиот народ: создавање на автономна македонска држава во нејзините етно- географски граници, согласно програмските документи на историската ВМРО. Во Крушево била создадена народна власт со републикански карактер, дотогаш единствена на просторот на Балканот каде доминирале држави со монархистичко уредување. Барем за краток временски период биле остварени идеалите на корифеите на ВМРО: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Пере Тошев, Јане Сандански. Напоредно со идеолозите на Организацијата, на теренот, помеѓу народот, војводите Питу Гули, Васил Чакаларов, Ѓорѓи Сугарев, Христо Узунов, Јордан Пиперката, макар и за кратко време ги оствариле илинденските идеали кои претставувале стремеж и копнеж за создавање на слободна Македонија. Идеологијата на Илинден веќе имала цврста основа и корен во Македонија. Илинденското востание било автохтоно, внатрешно македонско востание, организирано од историската ВМРО, без никаква помош од надвор, не само војничка и финансиска, туку и без морална поткрепа на било која држава во Европа и светот. Во срцето на Балканот, македонскиот народ и другите слободољубиви националности во Македонија, гордо ја издигнале паролата „Слобода или смрт“, а македонското, победничко „Ура“ станало синоним за македонската борба за слобода и државност. Европските и светски весници ги полнеле страниците со епските битки на македонските востаници со турската војска и башибозук, а еден дел од странските новинари ги пренесувале барањата на водачите на востанието: создавање на држава со името Македонија. Во една таква меѓународна состојба која промовирала „статус кво“ на Балканот, Илинденското востание доживеало крвав и трагичен крај. Востанието било задушено, но илинденските идеали останале да тлеат, да живеат кај македонскиот народ и да чекаат некои подобри времиња. Знамињата на Илинден биле привремено свиткани, но не и заборавени. Првата генерација на македонски Илинденци ја поставила основата за идната македонска борба за слобода и за создавање на независна Македонија.

Илинденскиот факел повторно пламнал точно по 41 година од првиот Илинден, на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Вториот Илинден го оживеала новата македонска генерација на борци која политички била предводена од Комунистичката партија на Македонија (КПМ) поддржана од македонскиот народ и другите националности во Македонија, а идеолошки и политички потпомогната и од другите антифашистички и патриотски сили во Македонија. Илинденските знамиња на комитските чети биле преземени од партизанските одреди, комитите и војводите биле заменети од партизаните, а паролата „Слобода или смрт“ била дополнета со новиот лозунг „Смрт на фашизмот, слобода на народот“.  АСНОМ-ците станале нови Илинденци, а Македонија на Вториот Илинден се конституирала како рамноправна федеративна држава во рамките на новата југословенска федерација. Гоце, Даме, Јане, Ѓорче, Пере биле заменети од Ченто, Полежиноски, Пирузе, Брашнаров, Шатев. Иако само на еден дел од етно- географската територија на Македонија, таква каква што ја познавале и се бореле генерации македонски револуционери, Македонија ја добила својата државност. АСНОМ-ците, свесни за големината на илинденските идеали, основите на повоената македонска држава ги поставиле врз илинденската идеологија, врз начелата на Гоцевата генерација и историското ВМРО. Двете македонски генерации на револуционери и борци ги споил токму Илинден, а континуитетот на македонската борба бил крунисан со создавањето на АСНОМ-ска Македонија. И не случајно, една од клучните одлуки на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година била Илинден да биде прогласен за државен и национален празник на Македонија.Двата македонски Илиндена покажале на дело дека сите идеолошки разлики можат да се надминат кога е во прашање најсветиот идеал за Македонците, а тоа е Македонија.

Македонија, денес- 120 години по Илинденското востание и 79 години по Првото заседание на АСНОМ! Навидум, едно нормално секојдневие зад кое се крие една рамнодушност, летаргија, сивило, разочараност од сите настани кои во последните неколку години и се случија на Македонија. Нема радост, нема празнично расположение, иако пред нас е најголемиот македонски празник Илинден. Македонија денеска се наоѓа на еден тежок крстопат, а нејзината судбина зависи од тоа по кој пат ќе тргнеме: по патот кој ни е посипан со дарови од Данајците и ветувања од лажните фарисеи што ни нудат маглива и нејасна иднина или по патот кој со децении го одевме- патот на Илинденците, идеологијата на Гоце и Ченто, идеологијата на комитите, војводите и партизаните што ни извојуваа независна држава Македонија! Да, навистина тешки времиња! Но, историјата десетици пати покажала дека во најтешките времиња се раѓа нова енергија, нови генерации на борци, нови водачи!!! Иднината на Македонија е не само во нашите раце, на генерациите што го живееме ова историско време, туку и во рацете на тие што допрва доаѓаат. Илинден беше светлината што ни го покажуваше правецот во кој што треба да одиме како нација и како држава. Илинденските идеали беа водилката на разните македонски генерации низ тешките историски премрежија и Голготи што ги преживеа Македонија. Што ќе се случува понатаму со Македонија?.......

Додека го пишувам текстот, надвор зазорува. Во далечината се слуша биењето на камбаните! Доаѓа нов Илинден!

Честит празник!

Вечна паметна паднатите борци за слободата на Македонија!

Нека ни е вековита Македонија!

The post Жежов: Maкедонија и Илинден appeared first on Република.

]]>

На 2 август 1903 година, на големиот верски празник Илинден, со читање на објавите на востаничките штабови и со биењето на црковните камбани, македонскиот народ со големо воодушевување и ентузијазам се кренал на востание за ослободување на Македонија од отоманската власт и создавање на македонска држава, пишува професорот Никола Жежов.
Предводник и организатор на Илинденското востание била Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), основана 10 години порано во 1893 година од група на македонски интелектуалци, учители. Востанието било најдобро организирано во Битолскиот револуционерен округ на ВМРО што територијално го опфаќал југозападниот дел од етно-географската карта на Македонија. На Илинден 1903 година околу 20 000 востаници на целата територија на Македонија започнале напади на населени места, помали гратчиња и села. Биле ослободени Крушево, Невеска, Клисура и десетици села во Битолско, Демирхисарско, Охридско, Костурско. Насекаде била воспоставена привремена востаничка власт која јасно ги истакнала стремежите на македонскиот народ: создавање на автономна македонска држава во нејзините етно- географски граници, согласно програмските документи на историската ВМРО. Во Крушево била создадена народна власт со републикански карактер, дотогаш единствена на просторот на Балканот каде доминирале држави со монархистичко уредување. Барем за краток временски период биле остварени идеалите на корифеите на ВМРО: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Матов, Пере Тошев, Јане Сандански. Напоредно со идеолозите на Организацијата, на теренот, помеѓу народот, војводите Питу Гули, Васил Чакаларов, Ѓорѓи Сугарев, Христо Узунов, Јордан Пиперката, макар и за кратко време ги оствариле илинденските идеали кои претставувале стремеж и копнеж за создавање на слободна Македонија. Идеологијата на Илинден веќе имала цврста основа и корен во Македонија. Илинденското востание било автохтоно, внатрешно македонско востание, организирано од историската ВМРО, без никаква помош од надвор, не само војничка и финансиска, туку и без морална поткрепа на било која држава во Европа и светот. Во срцето на Балканот, македонскиот народ и другите слободољубиви националности во Македонија, гордо ја издигнале паролата „Слобода или смрт“, а македонското, победничко „Ура“ станало синоним за македонската борба за слобода и државност. Европските и светски весници ги полнеле страниците со епските битки на македонските востаници со турската војска и башибозук, а еден дел од странските новинари ги пренесувале барањата на водачите на востанието: создавање на држава со името Македонија. Во една таква меѓународна состојба која промовирала „статус кво“ на Балканот, Илинденското востание доживеало крвав и трагичен крај. Востанието било задушено, но илинденските идеали останале да тлеат, да живеат кај македонскиот народ и да чекаат некои подобри времиња. Знамињата на Илинден биле привремено свиткани, но не и заборавени. Првата генерација на македонски Илинденци ја поставила основата за идната македонска борба за слобода и за создавање на независна Македонија.
Илинденскиот факел повторно пламнал точно по 41 година од првиот Илинден, на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Вториот Илинден го оживеала новата македонска генерација на борци која политички била предводена од Комунистичката партија на Македонија (КПМ) поддржана од македонскиот народ и другите националности во Македонија, а идеолошки и политички потпомогната и од другите антифашистички и патриотски сили во Македонија. Илинденските знамиња на комитските чети биле преземени од партизанските одреди, комитите и војводите биле заменети од партизаните, а паролата „Слобода или смрт“ била дополнета со новиот лозунг „Смрт на фашизмот, слобода на народот“.  АСНОМ-ците станале нови Илинденци, а Македонија на Вториот Илинден се конституирала како рамноправна федеративна држава во рамките на новата југословенска федерација. Гоце, Даме, Јане, Ѓорче, Пере биле заменети од Ченто, Полежиноски, Пирузе, Брашнаров, Шатев. Иако само на еден дел од етно- географската територија на Македонија, таква каква што ја познавале и се бореле генерации македонски револуционери, Македонија ја добила својата државност. АСНОМ-ците, свесни за големината на илинденските идеали, основите на повоената македонска држава ги поставиле врз илинденската идеологија, врз начелата на Гоцевата генерација и историското ВМРО. Двете македонски генерации на револуционери и борци ги споил токму Илинден, а континуитетот на македонската борба бил крунисан со создавањето на АСНОМ-ска Македонија. И не случајно, една од клучните одлуки на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година била Илинден да биде прогласен за државен и национален празник на Македонија.Двата македонски Илиндена покажале на дело дека сите идеолошки разлики можат да се надминат кога е во прашање најсветиот идеал за Македонците, а тоа е Македонија. Македонија, денес- 120 години по Илинденското востание и 79 години по Првото заседание на АСНОМ! Навидум, едно нормално секојдневие зад кое се крие една рамнодушност, летаргија, сивило, разочараност од сите настани кои во последните неколку години и се случија на Македонија. Нема радост, нема празнично расположение, иако пред нас е најголемиот македонски празник Илинден. Македонија денеска се наоѓа на еден тежок крстопат, а нејзината судбина зависи од тоа по кој пат ќе тргнеме: по патот кој ни е посипан со дарови од Данајците и ветувања од лажните фарисеи што ни нудат маглива и нејасна иднина или по патот кој со децении го одевме- патот на Илинденците, идеологијата на Гоце и Ченто, идеологијата на комитите, војводите и партизаните што ни извојуваа независна држава Македонија! Да, навистина тешки времиња! Но, историјата десетици пати покажала дека во најтешките времиња се раѓа нова енергија, нови генерации на борци, нови водачи!!! Иднината на Македонија е не само во нашите раце, на генерациите што го живееме ова историско време, туку и во рацете на тие што допрва доаѓаат. Илинден беше светлината што ни го покажуваше правецот во кој што треба да одиме како нација и како држава. Илинденските идеали беа водилката на разните македонски генерации низ тешките историски премрежија и Голготи што ги преживеа Македонија. Што ќе се случува понатаму со Македонија?....... Додека го пишувам текстот, надвор зазорува. Во далечината се слуша биењето на камбаните! Доаѓа нов Илинден! Честит празник! Вечна паметна паднатите борци за слободата на Македонија! Нека ни е вековита Македонија!

The post Жежов: Maкедонија и Илинден appeared first on Република.

]]>
Жежов: Заедничкото чествување на Гоце Делчев има за цел да го прикаже како дел од заедничката историја која тие ја третираат како бугарска https://republika.mk/vesti/makedonija/zhezhov-zaednichkoto-chestvuvane-na-gotse-delchev-ima-za-tsel-da-go-prikazhe-kako-del-od-zaednichkata-istorija-koja-tie-ja-tretiraat-kako-bugarska/ Thu, 02 Feb 2023 10:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=603741

Професорот Никола Жежов во интервјуто за „ Република“ ја објасни намерата на Бугарија за одблежување на историски личности како Гоце Делчев. Според него, заедничкото чествување има за цел да ја прикаже заедничката историја која за Бугарија е само бугарска.

Длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.

https://www.youtube.com/watch?v=DIVCaw9goYQ&embeds_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Жежов: Заедничкото чествување на Гоце Делчев има за цел да го прикаже како дел од заедничката историја која тие ја третираат како бугарска appeared first on Република.

]]>

Професорот Никола Жежов во интервјуто за „ Република“ ја објасни намерата на Бугарија за одблежување на историски личности како Гоце Делчев. Според него, заедничкото чествување има за цел да ја прикаже заедничката историја која за Бугарија е само бугарска.
Длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.
https://www.youtube.com/watch?v=DIVCaw9goYQ&embeds_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Жежов: Заедничкото чествување на Гоце Делчев има за цел да го прикаже како дел од заедничката историја која тие ја третираат како бугарска appeared first on Република.

]]>
Жежов: Гоце Делчев немал никакви допирни точки со бугарската историја https://republika.mk/vesti/makedonija/zhezhov-gotse-delchev-nemal-nikakvi-dopirni-tochki-so-bugarskata-istorija/ Wed, 01 Feb 2023 15:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=603447

Професорот Никола Жежов во интервјуто за „Република“ нагласува дека целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=DIVCaw9goYQ

-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-zhezhov-makedontsite-i-bugarite-ne-treba-zaednichki-da-go-chestvuvaat-gotse-delchev/

The post Жежов: Гоце Делчев немал никакви допирни точки со бугарската историја appeared first on Република.

]]>

Професорот Никола Жежов во интервјуто за „Република“ нагласува дека целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=DIVCaw9goYQ
-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.
https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-zhezhov-makedontsite-i-bugarite-ne-treba-zaednichki-da-go-chestvuvaat-gotse-delchev/

The post Жежов: Гоце Делчев немал никакви допирни точки со бугарската историја appeared first on Република.

]]>
Проф. Жежов: Македонците и Бугарите не треба заеднички да го чествуваат Гоце Делчев https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-zhezhov-makedontsite-i-bugarite-ne-treba-zaednichki-da-go-chestvuvaat-gotse-delchev/ Wed, 01 Feb 2023 09:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=603133

Во однос на тоа дали треба заднички да се слави Гоце Делчев помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, мојот одговор е дециден-не! Зошто велам не? Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија.

Ова меѓу другото во интервју за „Република“ го изјави универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, спроти 4 февруари, кога ќе се чествува 151-годишнината од неговото раѓање.

Според него, целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.

-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.

Тој, како што вели, е длабоко убеден и сака да верува дека до инциденти нема да дојде, иако од информации што доаѓаат од различни страни во ова море, во овој окан од информации, укажуваат дека е можно такво нешто да се случи.

-Поаѓајќи од тоа, јас ги повикувам сите Македонци, кои што тој ден ќе тргнат да го чествуваат роденденот на Гоце Делчев, тоа да го направат со дигнитет и со една гордост и да не подлегнуваат на било какви провокации, дециден е проф.Жежов.

Проф. Жежов ни даде и објаснување на неговиот став изнесен во поледниот негов телевизиски настап дека оваа генерација Македонци ја изгуби битката, но не и војната.

-Тоа го кажав како еден вид на симболика, меѓутоа таквите мои ставови се должат на фактот дека навистина сега Република Македонија се наоѓа во една дефанзивна состојба. Претрпевме повеќе неуспеси со склучените договори со Република Бугарија и Република Грција и оттаму беше тоа мое изразување дека битката е изгубена, но условно кажано дека „војната“ ќе продолжи. Македонското прашање секогаш било еден вид Гордиев јазол на Балканот. Неговото решение, колку и да се обидува некој да биде во негова полза, ако не се постави на принципиелни позиции, тогаш ќе имаме се уште голем број на енигмни, кои ќе продолжат и во иднина да го тангираат и да го одредуваат степенот и развојот на Република Македонија и македонското прашање. Оттаму, таа битка, битката на нашата генерација, ќе се префрли на идните наши генерации, на нашите деца и внуци, кои сигурно ќе знаат како ќе треба да постапат во настаните кои што доаѓаат, вели тој.

Во врска со инцидентот во Охрид со секретарот на клубот „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, кој се чувствувал како Бугарин, и што, всушност, била неговата цел, дали Македонците уште еднаш да се прикажат како тирани и насилници или како можност да се испровоцираат бугарските граѓани за масовно доаѓање во Скопје, што потоа ќе се искористи за прикажување како на прво задничко чествување на Гоце Делчев, проф. Жежов вели:

-Како македонска јавност ние добро знаеме дека Република Бугарија повторно се наоѓа во предизборен период. Главната причина за овој инцидент се, всушност, изборите во Бугарија, која, за нивна жал, никако да формира влада. Затоа им беа потребни вакви немили настани, инциденти, за кои јас искрено жалам и сум против тоа да има насилство во било каква форма од било која причина. Меѓутоа, овој инцидент во Охрид ќе биде искористен, бугарските политички партии во предизборието да се натпрeваруваат кој повеќе ќе зборува за Македонија. Во суштина и низ историјата наназад, македонското прашање отсекогаш било главна тема на бугарските политички партии. И од тие причини мислам дека е предизвикан овој инцидент. Затоа, уште еднаш да апелирам до најголемиот дел од македонската јавноста, кој ќе ја гледа оваа емисија, да не подлегнува на овие провокации. Секако, овие провокации имаат однапред добро осмислена позадина. Ако ние како Македонци влеземе во тоа насилничко сценарио, најголем губитник ќе биде Македонија и македонскиот народ. Затоа треба да бидеме прилично смирени и рационални. Секако дека треба да си ги браниме нашите национални и државни интереси, но тоа да го правиме на еден поинаков начин, а не вака, со насилство што го осудувам, без разлика кои се мотивите и причините за истото.

За тоа дали и можно некакво решение за Гоце Делчев на претстојната февруарска средба на задничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците и во кој правец би се движело тоа, проф. Жежов повторно дециден:

-Не, решение нема да има и јас повеќепати сум истакнал дека историската комисија и нејзината работа  веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев.

Дали историјата ни се повторува како фарса или како трагедија? Прашањето беше во контекст на отчетот на овој владин состав и перспективите за годинава во чиј центар на внимание се најдоа уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, што е направено на еден многу несреќен начин. Зашто, во стилот на познатите титовистички постулати и комунистички доктрини, од поделбите на националното ткиво по војната со прашањето дали да се оди на Солун или на Срем или дали си за Тито или за Сталин, сега премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ни порачаа дека тие што се против уставните измени се и против членството во ЕУ.

-Како одговор на ова прашање веднаш ќе ја потенцирам најавената декларација на бугарското собрание, што веројатно ќе се изгласа овие днови. Таму, во точка 7 мислам дека стои, каде што вели, парафразирано, никој не може да се занимава со бугарската историја и минато во Република Македонија, затоа што од страна на бугарската држава ќе биде третирано како антибугарска кампања и антидржавна реторика. Погледнете го тој член 7 и ќе видите до каде со оваа втора декларација за кратко време оди Бугарија. Ќе ни биде забрането да зборуваме на македонски историски теми оти тие ќе бидат третирани како дел од бугарското историско минато.Зошто го потенцирам ова! Да е некоја природна ситуација како во некоја западноевропска држава, прашањето за вметнување на некоја помала етничка задница во уставот ќе биде бенигно прашање. Меѓутоа, каде се наоѓа замката овде! Мислам дека таа замка му е јасна и на послдниот неверен Тома во Македонија, затоа што евентуалното внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе отвори институционализирана форма за натамошно делување на бугарската пропаганда во Македонија и за „освестување“ на нови Бугари, затоа што знаеме дека тоа е инструмент на бугарската пропаганда за делување во Македонија.

Поаѓајќи од овие соананија, што ги имам и кои се мој личен став и не мора секој да се согласи со него, сметам дека Бугарите не треба да се внесат во Уставот на Република Македонија. Затоа што ситуацијата е и така комплицирана и тешка кога се во прашање македонско-бугарските односи и веројатно ќе се вратиме на точката или на степенот како од времето на Информбирото во 1948 година, кога била укината културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија заради судирот на тогашна советска Русија со Југославија и каде македонското прашање било колатерална штета. Истото веројатно би ни се случило и сега.

Мислам дека ако се продолжи во вакво темпо да им се наштетува на македонските национални интереси, не само што нема да се подобрат македонско-бугарските односи, туку за жал тие во иднина уште повеќе ќе се влошуваат. Да ве потсетем дека 2023 година е јубилејна за многу историски настани. Оваа година треба да прославиме 120 години од Илинденското востание, дали мислите дека ќе нема бугарски провокации од одредени политички фактори? Сигурен сум дека ќе ги има. Оваа година на 4 мај навршуваат 120 години од убиството на Гоце Делчев, еве повторно датум каде што можат да ни с случат вакви немили настани и тензии, кои што само ќ го оддалчуваат македонскиот и бугарскиот народ уште повеќе, не по нивна вина, туку по вина на агресивната бугарска политика кон Македонија и македонското прашање, вели проф. Жежов.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Предраг Димитровски

https://www.youtube.com/watch?v=DIVCaw9goYQ

 

The post Проф. Жежов: Македонците и Бугарите не треба заеднички да го чествуваат Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Во однос на тоа дали треба заднички да се слави Гоце Делчев помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, мојот одговор е дециден-не! Зошто велам не? Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија. Ова меѓу другото во интервју за „Република“ го изјави универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, спроти 4 февруари, кога ќе се чествува 151-годишнината од неговото раѓање. Според него, целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.
-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.
Тој, како што вели, е длабоко убеден и сака да верува дека до инциденти нема да дојде, иако од информации што доаѓаат од различни страни во ова море, во овој окан од информации, укажуваат дека е можно такво нешто да се случи.
-Поаѓајќи од тоа, јас ги повикувам сите Македонци, кои што тој ден ќе тргнат да го чествуваат роденденот на Гоце Делчев, тоа да го направат со дигнитет и со една гордост и да не подлегнуваат на било какви провокации, дециден е проф.Жежов.
Проф. Жежов ни даде и објаснување на неговиот став изнесен во поледниот негов телевизиски настап дека оваа генерација Македонци ја изгуби битката, но не и војната.
-Тоа го кажав како еден вид на симболика, меѓутоа таквите мои ставови се должат на фактот дека навистина сега Република Македонија се наоѓа во една дефанзивна состојба. Претрпевме повеќе неуспеси со склучените договори со Република Бугарија и Република Грција и оттаму беше тоа мое изразување дека битката е изгубена, но условно кажано дека „војната“ ќе продолжи. Македонското прашање секогаш било еден вид Гордиев јазол на Балканот. Неговото решение, колку и да се обидува некој да биде во негова полза, ако не се постави на принципиелни позиции, тогаш ќе имаме се уште голем број на енигмни, кои ќе продолжат и во иднина да го тангираат и да го одредуваат степенот и развојот на Република Македонија и македонското прашање. Оттаму, таа битка, битката на нашата генерација, ќе се префрли на идните наши генерации, на нашите деца и внуци, кои сигурно ќе знаат како ќе треба да постапат во настаните кои што доаѓаат, вели тој.
Во врска со инцидентот во Охрид со секретарот на клубот „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, кој се чувствувал како Бугарин, и што, всушност, била неговата цел, дали Македонците уште еднаш да се прикажат како тирани и насилници или како можност да се испровоцираат бугарските граѓани за масовно доаѓање во Скопје, што потоа ќе се искористи за прикажување како на прво задничко чествување на Гоце Делчев, проф. Жежов вели:
-Како македонска јавност ние добро знаеме дека Република Бугарија повторно се наоѓа во предизборен период. Главната причина за овој инцидент се, всушност, изборите во Бугарија, која, за нивна жал, никако да формира влада. Затоа им беа потребни вакви немили настани, инциденти, за кои јас искрено жалам и сум против тоа да има насилство во било каква форма од било која причина. Меѓутоа, овој инцидент во Охрид ќе биде искористен, бугарските политички партии во предизборието да се натпрeваруваат кој повеќе ќе зборува за Македонија. Во суштина и низ историјата наназад, македонското прашање отсекогаш било главна тема на бугарските политички партии. И од тие причини мислам дека е предизвикан овој инцидент. Затоа, уште еднаш да апелирам до најголемиот дел од македонската јавноста, кој ќе ја гледа оваа емисија, да не подлегнува на овие провокации. Секако, овие провокации имаат однапред добро осмислена позадина. Ако ние како Македонци влеземе во тоа насилничко сценарио, најголем губитник ќе биде Македонија и македонскиот народ. Затоа треба да бидеме прилично смирени и рационални. Секако дека треба да си ги браниме нашите национални и државни интереси, но тоа да го правиме на еден поинаков начин, а не вака, со насилство што го осудувам, без разлика кои се мотивите и причините за истото.
За тоа дали и можно некакво решение за Гоце Делчев на претстојната февруарска средба на задничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците и во кој правец би се движело тоа, проф. Жежов повторно дециден:
-Не, решение нема да има и јас повеќепати сум истакнал дека историската комисија и нејзината работа  веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев.
Дали историјата ни се повторува како фарса или како трагедија? Прашањето беше во контекст на отчетот на овој владин состав и перспективите за годинава во чиј центар на внимание се најдоа уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, што е направено на еден многу несреќен начин. Зашто, во стилот на познатите титовистички постулати и комунистички доктрини, од поделбите на националното ткиво по војната со прашањето дали да се оди на Солун или на Срем или дали си за Тито или за Сталин, сега премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ни порачаа дека тие што се против уставните измени се и против членството во ЕУ. -Како одговор на ова прашање веднаш ќе ја потенцирам најавената декларација на бугарското собрание, што веројатно ќе се изгласа овие днови. Таму, во точка 7 мислам дека стои, каде што вели, парафразирано, никој не може да се занимава со бугарската историја и минато во Република Македонија, затоа што од страна на бугарската држава ќе биде третирано како антибугарска кампања и антидржавна реторика. Погледнете го тој член 7 и ќе видите до каде со оваа втора декларација за кратко време оди Бугарија. Ќе ни биде забрането да зборуваме на македонски историски теми оти тие ќе бидат третирани како дел од бугарското историско минато.Зошто го потенцирам ова! Да е некоја природна ситуација како во некоја западноевропска држава, прашањето за вметнување на некоја помала етничка задница во уставот ќе биде бенигно прашање. Меѓутоа, каде се наоѓа замката овде! Мислам дека таа замка му е јасна и на послдниот неверен Тома во Македонија, затоа што евентуалното внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе отвори институционализирана форма за натамошно делување на бугарската пропаганда во Македонија и за „освестување“ на нови Бугари, затоа што знаеме дека тоа е инструмент на бугарската пропаганда за делување во Македонија. Поаѓајќи од овие соананија, што ги имам и кои се мој личен став и не мора секој да се согласи со него, сметам дека Бугарите не треба да се внесат во Уставот на Република Македонија. Затоа што ситуацијата е и така комплицирана и тешка кога се во прашање македонско-бугарските односи и веројатно ќе се вратиме на точката или на степенот како од времето на Информбирото во 1948 година, кога била укината културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија заради судирот на тогашна советска Русија со Југославија и каде македонското прашање било колатерална штета. Истото веројатно би ни се случило и сега. Мислам дека ако се продолжи во вакво темпо да им се наштетува на македонските национални интереси, не само што нема да се подобрат македонско-бугарските односи, туку за жал тие во иднина уште повеќе ќе се влошуваат. Да ве потсетем дека 2023 година е јубилејна за многу историски настани. Оваа година треба да прославиме 120 години од Илинденското востание, дали мислите дека ќе нема бугарски провокации од одредени политички фактори? Сигурен сум дека ќе ги има. Оваа година на 4 мај навршуваат 120 години од убиството на Гоце Делчев, еве повторно датум каде што можат да ни с случат вакви немили настани и тензии, кои што само ќ го оддалчуваат македонскиот и бугарскиот народ уште повеќе, не по нивна вина, туку по вина на агресивната бугарска политика кон Македонија и македонското прашање, вели проф. Жежов.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Предраг Димитровски

https://www.youtube.com/watch?v=DIVCaw9goYQ  

The post Проф. Жежов: Македонците и Бугарите не треба заеднички да го чествуваат Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Жежов: Допрва доаѓаат проблемите од договорите со Грција и Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/zezov-doprva-doagjaat-problemite-od-dogovorite-so-grcija-i-bugarija/ Wed, 21 Sep 2022 19:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=552992

Договорите со Грција и Бугарија ја изменија буквално личната карта на Македонија. Овие два договори ја редефинираа Република Македонија. Ни се случи една драматична промена која ќе ги одредува правците и дејствијата на развојот нашата држава во еден догледен временски период. Тоа е период на рекапитулација секој да си види како дејствувал во овие судбоносни денови, но меѓутоа ни се случуваат драматични промени и допрва ќе доаѓаат уште потешки последици од склучените договори со Бугарија и Грција, изјави професорот по историја од Филозофски факултет, Никола Жежов за „Што не јасно“ на Алфа телевизија.

Во врска со историската комисија Жежов истакна дека како тогаш така и сега смета дека воопшто не требаше да се формира таква комисија.

Тоа е комисија која има задача да седне на маса и да преговара и штом седнете на маса да преговарате, ќе има отстапки и затоа не требаше да има таква комисија. Се потврди дека историската наука нема влијание врз овие настани и се случи целосно политизирање, рече Жежов.

Според него ние треба да имаме добрососедски на еднакви и принципиелни основи, но бугарската страна ни ја негира целата историја и постоење нормално е дека ќе има реакција од наша страна и одбранбена позиција.

Седите на маса разговарате, а другата страна ви кажува дека не постоите и за што понатаму може да разговарате? Ваквите мои тврдења ги потврдија и изјавите на дел од членовите на бугарскиот тим од комисијата и нивниот претседател кој истакна дека мора да има промена на македонските учебници, какви се тие разговори и преговори кога некој ви поставува ултиматум. Постоењето на историската комисија е ирелевантно.

За Протоколот со Бугарија и препораките на комисијата, Жежов истакна дека таму се гледа дека македонскиот дел од приказната никаде го нема таму.

Самоил е третиран како бугарски, свети Кирил и Методиј како сесловенски каде преовладува бугарската линија, свети Климент и Наум исто. Делот каде што има препораки за македонските учебници се тргнало од антиката и погледнете ги забелешките каде се бара да се исфрлат делови од античка историја, каде треба да се направи дистинкција од мисијата на Апостол Павле во Македонија. Замислете спротивно на тоа треба да се учат Траките. Која е поврзаноста на Македонија со нив? А ни бараат да се направи дисконтинуитет? Каде се тука аргументите. Македонскиот идентитет потекнува од името Македонија и не може да направиме дисконтинуитет, потенцираше Жежов.

Тој потенцираше дека не може да кажете дека македонскиот народ настанал во 20 век.

The post Жежов: Допрва доаѓаат проблемите од договорите со Грција и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Договорите со Грција и Бугарија ја изменија буквално личната карта на Македонија. Овие два договори ја редефинираа Република Македонија. Ни се случи една драматична промена која ќе ги одредува правците и дејствијата на развојот нашата држава во еден догледен временски период. Тоа е период на рекапитулација секој да си види како дејствувал во овие судбоносни денови, но меѓутоа ни се случуваат драматични промени и допрва ќе доаѓаат уште потешки последици од склучените договори со Бугарија и Грција, изјави професорот по историја од Филозофски факултет, Никола Жежов за „Што не јасно“ на Алфа телевизија. Во врска со историската комисија Жежов истакна дека како тогаш така и сега смета дека воопшто не требаше да се формира таква комисија.
Тоа е комисија која има задача да седне на маса и да преговара и штом седнете на маса да преговарате, ќе има отстапки и затоа не требаше да има таква комисија. Се потврди дека историската наука нема влијание врз овие настани и се случи целосно политизирање, рече Жежов.
Според него ние треба да имаме добрососедски на еднакви и принципиелни основи, но бугарската страна ни ја негира целата историја и постоење нормално е дека ќе има реакција од наша страна и одбранбена позиција.
Седите на маса разговарате, а другата страна ви кажува дека не постоите и за што понатаму може да разговарате? Ваквите мои тврдења ги потврдија и изјавите на дел од членовите на бугарскиот тим од комисијата и нивниот претседател кој истакна дека мора да има промена на македонските учебници, какви се тие разговори и преговори кога некој ви поставува ултиматум. Постоењето на историската комисија е ирелевантно.
За Протоколот со Бугарија и препораките на комисијата, Жежов истакна дека таму се гледа дека македонскиот дел од приказната никаде го нема таму.
Самоил е третиран како бугарски, свети Кирил и Методиј како сесловенски каде преовладува бугарската линија, свети Климент и Наум исто. Делот каде што има препораки за македонските учебници се тргнало од антиката и погледнете ги забелешките каде се бара да се исфрлат делови од античка историја, каде треба да се направи дистинкција од мисијата на Апостол Павле во Македонија. Замислете спротивно на тоа треба да се учат Траките. Која е поврзаноста на Македонија со нив? А ни бараат да се направи дисконтинуитет? Каде се тука аргументите. Македонскиот идентитет потекнува од името Македонија и не може да направиме дисконтинуитет, потенцираше Жежов.
Тој потенцираше дека не може да кажете дека македонскиот народ настанал во 20 век.

The post Жежов: Допрва доаѓаат проблемите од договорите со Грција и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Проф. Жежов: Kомисијата да ги повлече своите потписи од записникот, во спротивно се отвораат вратите за непречено дејствување на бугарската пропаганда во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-zezov-komisijata-da-gi-povleche-svoite-potpisi-od-zapisnikot-vo-sprotivno-se-otvoraat-vratite-za-neprecheno-dejstvuvanje-na-bugarskata-propaganda-vo-makedonija/ Wed, 17 Aug 2022 08:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=541226

Професорот Никола Жежов излезе со став за записникот на македонскиот дел од мешовитата бугарско- македонска историска комисија.Тој смета дека аргументирано се потврдија сомнежите на поголем дел од македонската научна јавност за штетните последици од договорот за добрососедство што Република Македонија го склучи со Република Бугарија во 2017 година.

Овој писмен документ недвосмислено покажува дека се отвораат вратите за непречено дејствување на бугарската пропаганда во Македонија, што од властите во Софија се спроведува како дел од децениската политика кон македонското прашање, стратегија подготвена уште во првите децении на XX век. Последиците од донесените заклучоци во записникот ќе бидат долготрајни и особено силно ќе ги почувствуваат следните генерации на Македонци кои ќе бидат сведоци на редефинирање на македонската историја во сите нејзини периоди: од антиката до 21 век.

Професорот смета дека ако Документот се примени во реалноста ќе овозможи институционализирана асимилација и денационализација на македонскиот народ со крајна цел, всадување на вештачка бугарска национална свест на македонските ученици преку образовниот систем, конкретно преку промената на наставните планови и содржини на учебниците по историја.

Согласноста на членовите на македонскиот дел од мешовитата комисија да се променат наставните содржини од средновековната историја и содржини од периодот на античката историја на Македонија претставува негирање на етногенезата на македонскиот народ и поткрепа на тезата за наводното вештачко настанување на македонската нација, што е една од главните тврдења на бугарската историографија. Примената на овие штетни и ненаучни заклучоци ќе предизвика домино ефект и ќе отвори еден процес којшто тешко ќе може да се затвори, а напротив ќе овозможи простор за нови отстапки кои целосно ќе ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад.

Според него, ако се спроведат заклучоците од записникот во македонскиот образовен систем, македонскиот народ ќе биде принуден, македонската историја да ја проучува во своите домови, да ја пренесува од колено на колено на следните македонски генерации и на таков начин да се заштити од штетните влијанија на бугарската пропаганда во Македонија.

На тој начин, Македонија ќе се врати назад во историјата и наместо институционално како што доликува на една организирана држава, да ја брани и заштитува македонската национална свест во домашни услови, во своите семејства, како што тоа го правеле нашите постари генерации кога нашата татковина се наоѓала под различни власти и окупации.

Поаѓајќи од ова, како историчар, како универзитетски професор, како Македонец загрижен за судбината на својата држава, апелирам до македонскиот дел од мешовитата комисија уште еднаш да ја преиспита својата работа и учество во комисијата, да ги повлече своите потписи од овие штетни и ненаучни заклучоци и да застане на ставовите и позициите на најголемиот дел од македонски историчари кои се спротивставија на бугарската антимакедонска политика кон Македонија и македонскиот народ.

The post Проф. Жежов: Kомисијата да ги повлече своите потписи од записникот, во спротивно се отвораат вратите за непречено дејствување на бугарската пропаганда во Македонија appeared first on Република.

]]>

Професорот Никола Жежов излезе со став за записникот на македонскиот дел од мешовитата бугарско- македонска историска комисија.Тој смета дека аргументирано се потврдија сомнежите на поголем дел од македонската научна јавност за штетните последици од договорот за добрососедство што Република Македонија го склучи со Република Бугарија во 2017 година.
Овој писмен документ недвосмислено покажува дека се отвораат вратите за непречено дејствување на бугарската пропаганда во Македонија, што од властите во Софија се спроведува како дел од децениската политика кон македонското прашање, стратегија подготвена уште во првите децении на XX век. Последиците од донесените заклучоци во записникот ќе бидат долготрајни и особено силно ќе ги почувствуваат следните генерации на Македонци кои ќе бидат сведоци на редефинирање на македонската историја во сите нејзини периоди: од антиката до 21 век.
Професорот смета дека ако Документот се примени во реалноста ќе овозможи институционализирана асимилација и денационализација на македонскиот народ со крајна цел, всадување на вештачка бугарска национална свест на македонските ученици преку образовниот систем, конкретно преку промената на наставните планови и содржини на учебниците по историја.
Согласноста на членовите на македонскиот дел од мешовитата комисија да се променат наставните содржини од средновековната историја и содржини од периодот на античката историја на Македонија претставува негирање на етногенезата на македонскиот народ и поткрепа на тезата за наводното вештачко настанување на македонската нација, што е една од главните тврдења на бугарската историографија. Примената на овие штетни и ненаучни заклучоци ќе предизвика домино ефект и ќе отвори еден процес којшто тешко ќе може да се затвори, а напротив ќе овозможи простор за нови отстапки кои целосно ќе ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад.
Според него, ако се спроведат заклучоците од записникот во македонскиот образовен систем, македонскиот народ ќе биде принуден, македонската историја да ја проучува во своите домови, да ја пренесува од колено на колено на следните македонски генерации и на таков начин да се заштити од штетните влијанија на бугарската пропаганда во Македонија.
На тој начин, Македонија ќе се врати назад во историјата и наместо институционално како што доликува на една организирана држава, да ја брани и заштитува македонската национална свест во домашни услови, во своите семејства, како што тоа го правеле нашите постари генерации кога нашата татковина се наоѓала под различни власти и окупации.
Поаѓајќи од ова, како историчар, како универзитетски професор, како Македонец загрижен за судбината на својата држава, апелирам до македонскиот дел од мешовитата комисија уште еднаш да ја преиспита својата работа и учество во комисијата, да ги повлече своите потписи од овие штетни и ненаучни заклучоци и да застане на ставовите и позициите на најголемиот дел од македонски историчари кои се спротивставија на бугарската антимакедонска политика кон Македонија и македонскиот народ.

The post Проф. Жежов: Kомисијата да ги повлече своите потписи од записникот, во спротивно се отвораат вратите за непречено дејствување на бугарската пропаганда во Македонија appeared first on Република.

]]>