никола спасов Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-spasov/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 07:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола спасов Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-spasov/ 32 32 Спасов и „Рејтинг“ ги одработуваат милионските бизниси на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/spasov-i-rejting-gi-odrabotuvaat-milionskite-biznisi-na-sdsm/ Mon, 29 Jul 2024 07:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=801205

Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов  сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар.

Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса.

Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра  како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.

СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси.

СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција.

The post Спасов и „Рејтинг“ ги одработуваат милионските бизниси на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов  сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар.
Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса. Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра  како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.
СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси.
СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција.

The post Спасов и „Рејтинг“ ги одработуваат милионските бизниси на СДСМ appeared first on Република.

]]>
„Рејтинг“ на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со 10 милиони евра од власта на СДС https://republika.mk/vesti/makedonija/rejting-na-spasov-pravi-pr-za-sds-temelen-na-lazhni-vesti-i-navredi-so-10-milioni-evra-od-vlasta-na-sds/ Sun, 28 Jul 2024 07:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=800931

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека агенцијата за испитување на јавното мислење „Рејтинг“ на Никола Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС.

„Рејтинг“ на Спасов беше единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто. Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт. Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети. СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија, велат од владејачката партија.

The post „Рејтинг“ на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со 10 милиони евра од власта на СДС appeared first on Република.

Никола Спасов од „Рејтинг“ демантира дека по експресна постапка добила дозвола за на фотоволтаична централа https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-spasov-od-rejting-demantira-deka-po-ekspresna-postapka-dobila-dozvola-za-na-fotovoltaichna-tsentrala/ Mon, 22 Jul 2024 12:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=799190

Агенција Рејтинг е професионална компанија за истражувања и комуникации која 15 години успешно работи на пазарот во Македонија, регионот и Европа. Секојдневните прес-конференции и соопштенија на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, со кои се оцрнува агенцијата без никаква основа, се срамен и недозволив чин за политичка хајка врз приватна компанија,реагираат од компанијата.

Агенција Рејтинг во своето петнаесет годишно искуство, има соработувано на проекти со политички партии и институции, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Сите проекти кои ги има реализирано се спроведени на професионален начин во целосно транспарентни постапки.

Оттука, оваа хајка за нас е неразбирлива и недозволива, за што правниот тим на компанијата ќе ги преземе сите правни дејствија да го заштити сопствениот углед.

Во соопштенијата и прес-конференциите се изнесени лаги и неточни информации за компаниите во сопственост на извршниот директор на Агенција Рејтинг, Никола Спасов.

Сакајќи намерно да го оцрни личниот углед на Спасов, ВМРО-ДПМНЕ пласира дезинформации за компанијата Гама Солар, каде Спасов има малцинско учество во капиталот на компанијата, а не доминантна сопственост. Компанијата Гама Солар, преку кредитирање на инвестицијата вложува во приватниот сектор, како и секоја друга компанија, а ваквото оцрнување нанесува штети и по угледот на останатите сопственици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-nikola-spasov-od-rejting-mu-e-lichno-dolzhen-na-filipche/

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека по експресни постапки се добиени дозволи, нешто што беше демантирано од Агенцијата за енергетика во чија надлежност е издавањето на лиценци.

ВМРО-ДПМНЕ на крајно перфиден начин, со лаги и манипулации, се обидува да создаде впечаток дека агенцијата и директорот Спасов се стекнале со некаков милионски имот или бизнис на нелегален начин, што е бесрамна лага и манипулација. Ниту агенцијата, ниту сопственикот Спасов, не располагаат со милионски бизнис, а сите приходи и работењето на агенцијата е целосно согласно законот.

Со оглед на фактот дека „правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото” се уставно загарантирани темелни вредности, со ваквите прес-конференции ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт со умисла упатува суптилни закани врз приватно правно лице.

The post Никола Спасов од „Рејтинг“ демантира дека по експресна постапка добила дозвола за на фотоволтаична централа appeared first on Република.

Дали Никола Спасов од „Рејтинг“ му е лично должен на Филипче? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-nikola-spasov-od-rejting-mu-e-lichno-dolzhen-na-filipche/ Mon, 22 Jul 2024 10:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=799152

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта, Спасов од „Рејтинг“ добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1. Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?“, праша портпартолката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно, како што истакнува Митева, може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

„Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле“, додава портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Дали Никола Спасов од „Рејтинг“ му е лично должен на Филипче? appeared first on Република.

]]>

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта, Спасов од „Рејтинг“ добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1. Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.
Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?“, праша портпартолката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Според неа, фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра. Фотоволтаична централа на Спасов годишно, како што истакнува Митева, може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.
„Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?
Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле“, додава портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Дали Никола Спасов од „Рејтинг“ му е лично должен на Филипче? appeared first on Република.

]]>
Никола Спасов има задача да го дозакопа СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-spasov-ima-zadacha-da-go-dozakopa-sdsm/ Sat, 20 Jul 2024 06:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=798624

Очигледно Никола Спасов, кој преку агенцијата Рејтинг, ги погреши сите можни политички анкети во Македонија, на сите полиња, сега има задача, преку исто таков лош ПР, да ја дозакопа СДС, преку лошото водење на ПР-от на партијата, oбјаснува ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Спасов, јавноста го знае, како човек, кој преку агенцијата Рејтинг, преку СДС извади 1 милион евра во тендери, а исто така доби и дозвола за нова фотоцентрала за струја.Ако ова се луѓето, кои ќе ја „реформираат“ СДС, тешко на партијата и нејзините членови

The post Никола Спасов има задача да го дозакопа СДСМ appeared first on Република.

За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден https://republika.mk/vesti/makedonija/za-da-ne-se-protne-makedonski-na-saemot-vo-belgrad-partiskata-agencija-na-sdsm-rejting-dobiva-po-100-000-evra-na-den/ Thu, 01 Sep 2022 10:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=546396

Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг, за да ја нема Македонија во рекламите, рече на прес-конференција Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не само што владата во ек на криза фрла 400 илјади евра за саемска промоција за 4 дена, односно по 100 илјади евра за еден ден, туку и со тие пари плаќа забранување на името Македонија во рекламите и промоцијата. Владата на антимакедонската СДС плаќа за да ја нема Македонија, а производите да не смеат да се ословуваат како македонски. Владата на Ковачевски со народни пари директно удира врз идентитетот и врз економската промоција на државата која треба да ползува од брендот македонски, кој е граден со децении, а за кој тврдеа дека е заштитен, за сега да сведочиме за спротивното. Имено од владата бараат сите производи кои ќе се презентираат да немаат национално лого, и дополнително се бара од компаниите производите кои ќе ги презентираат да одат на проверка во владата, за да можат да се осигураат дека нема да се спомнува Македонија и македонско. Ова почитувани, значи дека македонските вина, сирења, ајвар, кондиторски производи итн., нема да се презентираат како македонски. И сето ова бришење на Македонија и македонски го прави Ковачевски и неговата партиска анкетна агенција Рејтинг, која за еден ден саемска промоција и забрана на Македонија и македонски добива 100.000 евра на ден, истакна Томовски.

Ковачевски да одговори, дали владините служби за многу помалку пари не можеле да изготват целосна презентација и организација, или всушност се плаќа Рејтинг, за преку нив да оди бришењето на Македонија, а не директно преку владата? Или пак со ова де факто се плаќаат идните партиски услуги за СДС? Праша Томовски.

The post За да не се протне „македонски“ на саемот во Белград, партиската агенција на СДСМ „Рејтинг“ добива по 100.000 евра на ден appeared first on Република.