Никола Селаковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-selakovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 16:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Селаковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-selakovikj/ 32 32 Селаковиќ: Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци https://republika.mk/vesti/balkan/selakovik-nikoj-ne-gi-razbira-makedontsite-kako-srbite-nitu-pak-nekoj-gi-razbira-srbite-kako-shto-gi-razbiraat-nashite-braka-makedontsi/ Mon, 23 Oct 2023 16:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=694273

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања, Никола Селаковиќ, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло.

Селаковиќ се заблагодари на Владата на Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато.

Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ.

Како што вели српскиот министер, на 6 октомври 1912 година христијанската српска војска влегла во Скопје првпат по 520 години.

Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенци, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ.

Тој нагласи дека „нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство“.

Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, вели Селаковиќ.

Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“.

Претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетат сите места на српските успеси“.

The post Селаковиќ: Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања, Никола Селаковиќ, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло. Селаковиќ се заблагодари на Владата на Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато.
Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ.
Како што вели српскиот министер, на 6 октомври 1912 година христијанската српска војска влегла во Скопје првпат по 520 години.
Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенци, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ.
Тој нагласи дека „нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство“.
Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, вели Селаковиќ.
Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“. Претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетат сите места на српските успеси“.

The post Селаковиќ: Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту, пак, некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци appeared first on Република.

]]>
Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-ne-gi-razbira-makedontsite-kako-srbite-nitu-pak-nekoj-gi-razbira-srbite-kako-shto-gi-razbiraat-nashite-braka-makedontsi/ Sun, 22 Oct 2023 19:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=693991

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања Никола Селаковиќ денеска кај Куманово, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло, јави дописникот на МИА од Белград.

Селаковиќ се заблагодари на Владата на Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато.

-Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ.

Како што рече, на 6 октомври 1912 година војската влегла во Скопје првпат по 520 години.

-Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенци, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ.

Тој нагласи дека „нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство“.

-Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, рече Селаковиќ.

Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“.

Претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетиме сите места на нашите успеси“.

The post Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања Никола Селаковиќ денеска кај Куманово, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло, јави дописникот на МИА од Белград. Селаковиќ се заблагодари на Владата на Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато.
-Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ.
Како што рече, на 6 октомври 1912 година војската влегла во Скопје првпат по 520 години.
-Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенци, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ.
Тој нагласи дека „нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство“.
-Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, рече Селаковиќ.
Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“. Претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетиме сите места на нашите успеси“.

The post Никој не ги разбира Македонците како Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа Македонци appeared first on Република.

]]>
Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони https://republika.mk/vesti/balkan/selakovikj-srbija-ne-gi-prifakja-rezultatite-od-referendumite-vo-ukrainskite-regioni/ Sun, 25 Sep 2022 10:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=554010

Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград.

– Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите, истакна Селаковиќ на прес-конференција.

На прашањето за Договорот што беше потпишан со Русија, кој пред два дена во Њујорк во ОН тој го потпиша со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Селаковиќ рече дека станува збор за документ кој не содржи прашања за усогласување на безбедносната политика.

– Тоа е документ кој се потпишува од 1996 година, тоа е техничка работа, која особено оваа година, покрај билатералните консултации кои се однесуваат на Обединетите нации, а што за нас е особено важно поради Косово, нема како тема консултации за безбедносната политиката, посочи тој.

Селаковиќ рече дека со потпишаниот Договор се регулираат билатералните односи, но и мултилатералните и дека таков договор се потпишува со години. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, Селаковиќ наведе дека негов личен став е дека Србија можела да одбие да го потпише Договорот, но дека во него не гледа ништо суштински спорно на тој план за да се прекине соработката меѓу Србија и Русија.

Тој кажа дека за време на неговата посета со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на ОН во Њујорк, биле потпишани 13 договори, протоколи и меморандуми, додавајќи дека главни теми на тие средби се однесувале на прашањето за Косово. об/ми/

The post Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград. – Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите, истакна Селаковиќ на прес-конференција. На прашањето за Договорот што беше потпишан со Русија, кој пред два дена во Њујорк во ОН тој го потпиша со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Селаковиќ рече дека станува збор за документ кој не содржи прашања за усогласување на безбедносната политика. – Тоа е документ кој се потпишува од 1996 година, тоа е техничка работа, која особено оваа година, покрај билатералните консултации кои се однесуваат на Обединетите нации, а што за нас е особено важно поради Косово, нема како тема консултации за безбедносната политиката, посочи тој. Селаковиќ рече дека со потпишаниот Договор се регулираат билатералните односи, но и мултилатералните и дека таков договор се потпишува со години. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, Селаковиќ наведе дека негов личен став е дека Србија можела да одбие да го потпише Договорот, но дека во него не гледа ништо суштински спорно на тој план за да се прекине соработката меѓу Србија и Русија. Тој кажа дека за време на неговата посета со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на ОН во Њујорк, биле потпишани 13 договори, протоколи и меморандуми, додавајќи дека главни теми на тие средби се однесувале на прашањето за Косово. об/ми/

The post Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони appeared first on Република.

]]>
Селаковиќ: Србија е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите https://republika.mk/vesti/makedonija/selakovikj-srbija-e-reshena-da-ja-zajakne-politikata-na-dobrososedstvo-sorabotka-i-zaednichki-zivot-so-sosedite/ Tue, 02 Aug 2022 14:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=536165

Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето на Илинден во манастирот Прохор Пчински, денеска изјави дека Србија е за јакнење на политиката на добрососедство, јави дописникот на МИА од Белград.

– За тоа сведочи политиката на Србија, која е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите. Така, како што е и во рамки на иницијативата Отворен Балкан, која претседателот Вучиќ ја иницираше со премиерите на Македонија и Албанија, се обидуваме да покажеме колку духот на толеранција и пријателство е нешто што секогаш ќе го надмине духот на нетолеранција и непријателства, рече Селаковиќ за РТС.

Државнo-црковна делегација предводена од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и српска делегација предводена од министерот Никола Селаковиќ денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, положија венци и оддадоа почит кон Илинден и местото каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е и спомен плоча за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која се одржа и чествувањето на Илинден

The post Селаковиќ: Србија е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој ја предводеше српската делегација на одбележувањето на Илинден во манастирот Прохор Пчински, денеска изјави дека Србија е за јакнење на политиката на добрососедство, јави дописникот на МИА од Белград. – За тоа сведочи политиката на Србија, која е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите. Така, како што е и во рамки на иницијативата Отворен Балкан, која претседателот Вучиќ ја иницираше со премиерите на Македонија и Албанија, се обидуваме да покажеме колку духот на толеранција и пријателство е нешто што секогаш ќе го надмине духот на нетолеранција и непријателства, рече Селаковиќ за РТС. Државнo-црковна делегација предводена од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и српска делегација предводена од министерот Никола Селаковиќ денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, положија венци и оддадоа почит кон Илинден и местото каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Во параклисот на манастирот Прохор Пчински поставена е и спомен плоча за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, пред која се одржа и чествувањето на Илинден

The post Селаковиќ: Србија е решена да ја зајакне политиката на добрососедство, соработка и заеднички живот со соседите appeared first on Република.

]]>
Средба на Пендаровски со српскиот министер за надворешни работи https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pendarovski-so-srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti/ Fri, 25 Feb 2022 14:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=463895

Претседателот Стево Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата биле реафирмирани добрите билатерални односи, коишто ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес. Пендаровски посочил на блиската соработка меѓу двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како пример за високиот степен на развој на билатералните односи.

На средбата била констатирана потребата за натамошното искористување на потенцијалите за развој на односите во сите области од заемен интерес, вклучувајќи ја економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и соработката во рамки на регионалните иницијативи.

The post Средба на Пендаровски со српскиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата биле реафирмирани добрите билатерални односи, коишто ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес. Пендаровски посочил на блиската соработка меѓу двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како пример за високиот степен на развој на билатералните односи. На средбата била констатирана потребата за натамошното искористување на потенцијалите за развој на односите во сите области од заемен интерес, вклучувајќи ја економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и соработката во рамки на регионалните иницијативи.

The post Средба на Пендаровски со српскиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>
Во Софија не може, но во Белград ќе се отвори македонски културно-информативен центар https://republika.mk/vesti/balkan/vo-sofija-ne-moze-no-vo-belgrad-kje-se-otvori-makedonski-kulturno-informativen-centar/ Fri, 25 Feb 2022 08:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=463576

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата.

Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка.

Во рамки на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград

The post Во Софија не може, но во Белград ќе се отвори македонски културно-информативен центар appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата. Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка. Во рамки на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград

The post Во Софија не може, но во Белград ќе се отвори македонски културно-информативен центар appeared first on Република.

]]>
Селаковиќ утре во официјална посета на Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/selakovikj-utre-vo-oficijalna-poseta-na-skopje-2/ Thu, 24 Feb 2022 14:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=463250

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата, соопштија од српското Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Белград.

Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, се наведува во соопштението на срспкото МНР.

The post Селаковиќ утре во официјална посета на Скопје appeared first on Република.

Ковачевски му ја утна државата на српскиот министер за надворешни работи https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mu-ja-utna-drzavata-na-srpskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti/ Fri, 28 Jan 2022 15:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=450789

Поранешниот премиер Зоран Заев беше познат по бројните гафови и изјави што ги даваше за време на меѓународни средни, интервјуја или настани, но таквата пракса на највисокото раководство на дражвава продолжува.

Најнов кој „го следи примерот“ на Заев и прави гаф, што не би смеело да се дозволи во официјално обраќање до министер на некоја држава, е токму човекот којшто го замени Заев на позицијата премиер, Димитар Ковачевски.

Во поздравно обраќање по повод одбележување на празникот Свети Сава, Ковачевски министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, го именуваше како министер за надворешни работи на ентитетот во Босна и Херцеговина - Република Српска.

Како појаснување, Република Српска, како дел од БиХ нема свој министер за надворешни работи.

Видеото од гафот на Ковачевски може да го видите на следниот ЛИНК.

The post Ковачевски му ја утна државата на српскиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Зоран Заев беше познат по бројните гафови и изјави што ги даваше за време на меѓународни средни, интервјуја или настани, но таквата пракса на највисокото раководство на дражвава продолжува. Најнов кој „го следи примерот“ на Заев и прави гаф, што не би смеело да се дозволи во официјално обраќање до министер на некоја држава, е токму човекот којшто го замени Заев на позицијата премиер, Димитар Ковачевски. Во поздравно обраќање по повод одбележување на празникот Свети Сава, Ковачевски министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, го именуваше како министер за надворешни работи на ентитетот во Босна и Херцеговина - Република Српска. Како појаснување, Република Српска, како дел од БиХ нема свој министер за надворешни работи. Видеото од гафот на Ковачевски може да го видите на следниот ЛИНК.  

The post Ковачевски му ја утна државата на српскиот министер за надворешни работи appeared first on Република.

]]>
Министерот за надворешни работи на Србија во посета на Македонија, но нема да се сретне со Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-nadvoreshni-raboti-na-srbija-vo-poseta-na-makedonija-no-nema-da-se-sretne-so-osmani/ Thu, 27 Jan 2022 06:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=450031

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ. 

Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава

The post Министерот за надворешни работи на Србија во посета на Македонија, но нема да се сретне со Османи appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ.  Ова е 15-ти пат како српската заедница во земјава го одбележува националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава

The post Министерот за надворешни работи на Србија во посета на Македонија, но нема да се сретне со Османи appeared first on Република.

]]>