Никола Ристановски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-ristanovski/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 08:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Ристановски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-ristanovski/ 32 32 Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” https://republika.mk/vesti/kultura/nikola-ristanovski-e-dobitnik-na-nagradata-sveti-joakim-osogovski/ Tue, 10 Sep 2024 08:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=814832

Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка.

Наградата ќе му биде врачена на 16-от фестивал што ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври во „Градот на културата за 2024", на кој ќе учествуваат театрите од Велес, Винковци Хрватска, МНТ, Скопје, Вршац и Белград од Србија, Ќустендил , Бугарија и Драмски театар- Скопје, информираат од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал "Свети Јоаким Осоговски".

Досегашни добитници на ова веќе престижно признане се: Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Јордан Плевнеш, Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац, Билјана Пројковска и други.

Никола Ристановски е актер во Македонскиот народен театар во Скопје и освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени во Битола, Велес и Куманово, на сцените на театрите во Белград и Подгорица.

Ристановски е добитник на голем број награди: награда за најдобар актер на Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, Врање - Србија, 2023, награда за најдобар актер на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар, 2023, награда „Александар Лифка“на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ, Србија, 2023, Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, награда за главна машка улогата на фестивалот „Нов тврдина театар“ - Србија, 2022, награда за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016, најпопуларен актер за 2016 на „Златна Бубамара на популарноста“.

Покрај тоа, Ристановски во својата долгогодишна кариера бил наградуван и со: „Златен делфин“ за најдобар актер на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул, во 2016 година, најдобар актер на фестивалот „Пургаторије“, Тиват, Црна Гора, 2015 година, награда на фестивалот „Ристо Шишков“ - Струмица, 2012, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, истата година, награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, во 2011, бил прогласен за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска во 2010 и награда во „Ардалион“, Ужице во 2010, година во која е носител на наградата актер за 2010 на „Златна Бубамара на популарноста“ како и бројни други награди и признанија од 1993 година до денес.

Одиграл повеќе од 50 улоги во режија на: Слободан Унковски, Егон Савин, Нина Николиќ, Јавор Грдев, Паоло Маџели, Александар Морфов, Татјана Мандиќ, Иван Поповски, Александар Поповски, Јагош Марковиќ, Љубиша Георгиевски, Срѓан Јаниќијевиќ, Синиша Евтимов, Бранислав Миќуновиќ, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Наташа Поплавска, Сашо Миленковски, Бранко Ставрев, Ленка Удовички и Стојан Стојановски.

Остварил и четириесетина филмски улоги и во телевизиски серии во Македонија, Црна Гора и Србија во режија на истакнати филмски режисери.

Наградата свечено ќе му биде доделена на денот на отворање на фестивалот што ќе се одржи во рамки на манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата", а сите фестивалски вечери ќе се одржат во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

The post Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>

Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ што се доделува за придонес во македонскиот театар и култура на истоимениот театарски фестивал што традиционално се одржува во Крива Паланка. Наградата ќе му биде врачена на 16-от фестивал што ќе се одржи од 28 септември до 6 октомври во „Градот на културата за 2024", на кој ќе учествуваат театрите од Велес, Винковци Хрватска, МНТ, Скопје, Вршац и Белград од Србија, Ќустендил , Бугарија и Драмски театар- Скопје, информираат од организацискиот одбор на Меѓународниот театарски фестивал "Свети Јоаким Осоговски". Досегашни добитници на ова веќе престижно признане се: Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Јордан Плевнеш, Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац, Билјана Пројковска и други. Никола Ристановски е актер во Македонскиот народен театар во Скопје и освен на матичната сцена настапувал и на театарските сцени во Битола, Велес и Куманово, на сцените на театрите во Белград и Подгорица. Ристановски е добитник на голем број награди: награда за најдобар актер на Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, Врање - Србија, 2023, награда за најдобар актер на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар, 2023, награда „Александар Лифка“на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ, Србија, 2023, Гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, награда за главна машка улогата на фестивалот „Нов тврдина театар“ - Србија, 2022, награда за главна машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2016, најпопуларен актер за 2016 на „Златна Бубамара на популарноста“. Покрај тоа, Ристановски во својата долгогодишна кариера бил наградуван и со: „Златен делфин“ за најдобар актер на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул, во 2016 година, најдобар актер на фестивалот „Пургаторије“, Тиват, Црна Гора, 2015 година, награда на фестивалот „Ристо Шишков“ - Струмица, 2012, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, истата година, награда за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска, во 2011, бил прогласен за најдобар актер на ИССТФ, Риека, Хрватска во 2010 и награда во „Ардалион“, Ужице во 2010, година во која е носител на наградата актер за 2010 на „Златна Бубамара на популарноста“ како и бројни други награди и признанија од 1993 година до денес. Одиграл повеќе од 50 улоги во режија на: Слободан Унковски, Егон Савин, Нина Николиќ, Јавор Грдев, Паоло Маџели, Александар Морфов, Татјана Мандиќ, Иван Поповски, Александар Поповски, Јагош Марковиќ, Љубиша Георгиевски, Срѓан Јаниќијевиќ, Синиша Евтимов, Бранислав Миќуновиќ, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Наташа Поплавска, Сашо Миленковски, Бранко Ставрев, Ленка Удовички и Стојан Стојановски. Остварил и четириесетина филмски улоги и во телевизиски серии во Македонија, Црна Гора и Србија во режија на истакнати филмски режисери. Наградата свечено ќе му биде доделена на денот на отворање на фестивалот што ќе се одржи во рамки на манифестацијата "Крива Паланка - Град на културата", а сите фестивалски вечери ќе се одржат во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

The post Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>
Никола Ристановски ја доби наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога https://republika.mk/vesti/kultura/nikola-ristanovski-ja-dobi-nagradata-borisav-stankovik-za-najdobra-mashka-uloga/ Mon, 30 Oct 2023 07:13:19 +0000 https://republika.mk/?p=696088

Актерот Никола Ристановски ја освои наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога на 43. Меѓународен театарски фестивал „Борини театарски денови“ (Борини позоришни дани) во Врање, Србија. Наградата ја доби за улогата на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар – Скопје.

Одлуката ја донесе жири комисијата во која членуваа Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.

„Борини позоришни дани“, најстариот театарски фестивал на југот на Србија, е посветен на Борисав Станковиќ, српскиот писател, романсиер и драматург кој е роден во Врање. Се одржува од 1979 во последната недела на октомври, во организација на театарот „Бора Станковиќ”.

The post Никола Ристановски ја доби наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога appeared first on Република.

]]>

Актерот Никола Ристановски ја освои наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога на 43. Меѓународен театарски фестивал „Борини театарски денови“ (Борини позоришни дани) во Врање, Србија. Наградата ја доби за улогата на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар – Скопје. Одлуката ја донесе жири комисијата во која членуваа Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб. „Борини позоришни дани“, најстариот театарски фестивал на југот на Србија, е посветен на Борисав Станковиќ, српскиот писател, романсиер и драматург кој е роден во Врање. Се одржува од 1979 во последната недела на октомври, во организација на театарот „Бора Станковиќ”.

The post Никола Ристановски ја доби наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога appeared first on Република.

]]>
Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм во Србија https://republika.mk/vesti/kultura/nagrada-za-nikola-ristanovski-na-festivalot-na-evropskiot-film-vo-srbija/ Sun, 16 Jul 2023 07:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=661837

Актерот Никола Ристановски од Македонија е годинешниот добитник на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ.

Покрај Риставновски, наградата „Александар Лифка“ ја добиваат и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата странски дела.

На фестивалот, покрај главната селекција и натпреварувачката селекција, ќе бидат прикажани филмови и во неколку други селекции, а земја во фокусот е Македонија со шест филмови: „Чисто човечки“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот мора да умре“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума. Филмовите ќе се прикажат во временскиот перод од 16 до 21 јули, а програмата се реализира во соработка со Агенцијата за филм на Македонија.

Европскиот филмски фестивал Палиќ е моментално еден од најважните настани во Србија, меѓу најважните филмски фестивали во регионот и еден од ретките во светот со 100-процентна европска содржина. Фестивалот има за цел да ги претстави најквалитетните достигнувања на современата европска кинематографија и да ја негува традицијата на авторскиот и уметничкиот филм за да придонесе за културниот живот на целиот регион. На овогодинешното издание на фестивалот се очекуваат над 150 филмски професионалци од Србија и странство.

The post Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм во Србија appeared first on Република.

]]>

Актерот Никола Ристановски од Македонија е годинешниот добитник на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ. Покрај Риставновски, наградата „Александар Лифка“ ја добиваат и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата странски дела. На фестивалот, покрај главната селекција и натпреварувачката селекција, ќе бидат прикажани филмови и во неколку други селекции, а земја во фокусот е Македонија со шест филмови: „Чисто човечки“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот мора да умре“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума. Филмовите ќе се прикажат во временскиот перод од 16 до 21 јули, а програмата се реализира во соработка со Агенцијата за филм на Македонија. Европскиот филмски фестивал Палиќ е моментално еден од најважните настани во Србија, меѓу најважните филмски фестивали во регионот и еден од ретките во светот со 100-процентна европска содржина. Фестивалот има за цел да ги претстави најквалитетните достигнувања на современата европска кинематографија и да ја негува традицијата на авторскиот и уметничкиот филм за да придонесе за културниот живот на целиот регион. На овогодинешното издание на фестивалот се очекуваат над 150 филмски професионалци од Србија и странство.

The post Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм во Србија appeared first on Република.

]]>
Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-nikola-ristanovski-na-festivalot-vo-nikshikj/ Mon, 14 Nov 2022 08:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=573523

Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.

Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.

Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија. Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

The post Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ appeared first on Република.

]]>

Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ. Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија. Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

The post Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ appeared first on Република.

]]>
Никола Ристановски добитник на наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ https://republika.mk/vesti/kultura/nikola-ristanovski-dobitnik-na-nagradata-za-najdobra-mashka-uloga-na-teatarskiot-festival-nov-tvrdina-teatar/ Wed, 07 Sep 2022 08:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=548160

Актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка улога на 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“ кој се одржа Нови Сад, Србија, соопштија од Националниот театар.

Ристановски е наградан за улогата на д-р Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“  од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на МНТ.

[caption id="attachment_548177" align="alignnone" width="640"] Никола Ристановскии во улогата на д-р Томас Стокман[/caption]

МНТ со „Народен непријател“ на први септември го отвори 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“, а претставата се одигра на сцената на „Српско народно позориште“ во Нови Сад, Србија. Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да му се додели на Ристановски за улогата на д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања.

Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници. Во неговата кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

The post Никола Ристановски добитник на наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ appeared first on Република.

]]>

Актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка улога на 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“ кој се одржа Нови Сад, Србија, соопштија од Националниот театар. Ристановски е наградан за улогата на д-р Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“  од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на МНТ. [caption id="attachment_548177" align="alignnone" width="640"] Никола Ристановскии во улогата на д-р Томас Стокман[/caption] МНТ со „Народен непријател“ на први септември го отвори 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“, а претставата се одигра на сцената на „Српско народно позориште“ во Нови Сад, Србија. Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ. Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да му се додели на Ристановски за улогата на д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања. Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници. Во неговата кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар. Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

The post Никола Ристановски добитник на наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ appeared first on Република.

]]>