Никола Пијанманов Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-pijanmanov/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:26:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Пијанманов Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-pijanmanov/ 32 32 Беседа на Коста Милков на затворањето на изложбата на Никола Пијанманов https://republika.mk/vesti/kultura/beseda-na-kosta-milkov-na-zatvoraneto-na-izlozhbata-na-nikola-pijanmanov/ Mon, 18 Nov 2024 08:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=839021

Во понеделник, на 18 ноември со почеток во 19 часот во Културно-информативниот ценатар (КИЦ)  вво Скопје д-р Коста Милков ќе одржи беседа со која ќе биде затворена изложбата „Вечнеење“ на Никола Пијанманов.

Беседата е насловена „Говорот на сликите“ и тој заедно со авторот на делата ќе има прошетка низ изложбата.

Поставката беше отворена на 7 ноември во 20 часот во салите Империјал 1 и 2 во КИЦ.

The post Беседа на Коста Милков на затворањето на изложбата на Никола Пијанманов appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, на 18 ноември со почеток во 19 часот во Културно-информативниот ценатар (КИЦ)  вво Скопје д-р Коста Милков ќе одржи беседа со која ќе биде затворена изложбата „Вечнеење“ на Никола Пијанманов. Беседата е насловена „Говорот на сликите“ и тој заедно со авторот на делата ќе има прошетка низ изложбата. Поставката беше отворена на 7 ноември во 20 часот во салите Империјал 1 и 2 во КИЦ.  

The post Беседа на Коста Милков на затворањето на изложбата на Никола Пијанманов appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на Никола Пијанманов во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-nikola-pijanmanov-vo-skopje/ Thu, 31 Oct 2024 09:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=832652

На 7 ноември 2024 година, со почеток во 20 часот, уметникот Никола Пијанманов ќе ја отвори својата самостојна изложба „Вечнеење“, во салоните Империјал 1 и 2 на Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е резултат на тригодишно истражување за фигурата на човекот „кој чека“ – мотив што го истражува човекот заробен во лавиринтот на модерниот свет, наспроти прекрасната природа како единствено прибежиште.

„Вечнеење“ ги обединува делата преку тема на осаменоста, беспомошноста и нескротливото чувство на неслобода што го опкружува човекот во современото либерално општество. Пејзажите и фигуративните композиции на Пијанманов ги рефлектираат состојбите на исчекување и неволји – човекот пред ѕидот на транзициите, корумпираните системи и општествениот распад. Делата отвораат и друг поглед: наспроти овој „суров“ свет, природата претставува контраст и искра на спас, каде човечката фигура се појавува како елемент на смиреност и екстаза, создавајќи мистика и восхит во симбиозата со природата.

Рецензентот Емил Ниами, во текстот за каталогот на изложбата, ќе забележи: „За Никола сликањето не е само процес, туку начин на живеење. Тој не слика – тој го живее сликањето, претопувајќи ги своите мисли и чувства во секое платно.“

Изложбата ќе биде поставена во двата салони на Културно-информативниот центар во Скопје, каде посетителите ќе можат да ја доживеат уникатната перспектива на Пијанманов за човекот, неговата борба и надеж, преточена во креативна визуелна изведба.

The post Самостојна изложба на Никола Пијанманов во Скопје appeared first on Република.

„Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/uchitelot-stradaneto-i-uchenishtvoto-izlozhba-na-vladimir-georgievski-i-na-nikola-pijanmanov-vo-skopje/ Thu, 13 Apr 2023 07:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=630390

Уметничката галерија „Метаноја“ кани на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, во четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – општото искуство на човештвото со кое Христос се поистоветува. Една од паралелите е совршениот пример на Исус кој ги воведува и ги води следбениците низ учеништво кое бара непоколеблива посветеност, самопожртвуваност и љубов.

Георгиевски и Пијанманов во дијалог даваат уметничко сведоштво пред сѐ за Христовите страдања, но и за инспирацијата од него за односот учител-ученик.

Краток осврт за темата на поставката и за изложените дела ќе има рецензентот Коста Милков. Ќе се обрати и ко-авторот на изложбата Никола Пијанманов.

The post „Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје appeared first on Република.

]]>

Уметничката галерија „Метаноја“ кани на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, во четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – општото искуство на човештвото со кое Христос се поистоветува. Една од паралелите е совршениот пример на Исус кој ги воведува и ги води следбениците низ учеништво кое бара непоколеблива посветеност, самопожртвуваност и љубов. Георгиевски и Пијанманов во дијалог даваат уметничко сведоштво пред сѐ за Христовите страдања, но и за инспирацијата од него за односот учител-ученик. Краток осврт за темата на поставката и за изложените дела ќе има рецензентот Коста Милков. Ќе се обрати и ко-авторот на изложбата Никола Пијанманов.  

The post „Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје appeared first on Република.

]]>