Никола Јанкуловски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-jankulovski/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 09:31:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Јанкуловски Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-jankulovski/ 32 32 Високо признание за проф. д-р Никола Јанкуловски – Медал на честа на IASC https://republika.mk/zivot/kariera/visoko-priznanie-za-prof-d-r-nikola-jankulovski-medal-na-chesta-na-iasc/ Mon, 14 Oct 2024 09:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=826457

Проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет и поранешен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во два мандатни периода, е добитник на високото признание – Медал на честа на IASC. Овој медал се доделува како знак на признание за личности кои придонесуваат за развојот на етичката наука и мирот. Инаку и секретарот на државата Ватикан, Светиот Отец Баба Монди е добитник на оваа престижно признание.

Признанието Медал на честа на IASC, на проф. Никола Јанкуловски му беше доделено на 12 октомври о.г., во просториите на Националната филхармонија во рамките на одржувањето на Балканскиот самит на World Changers Summits од страна на г. Габриеле Андреоли, основач и директор на World Changers Summits, кој претставува собир и место на безгранична инспирација за визионерски умови.

Прославен во Папската академија на науките во Ватикан, овој меѓународен самит еволуираше во глобална мрежа што обединува институции, брилијантни интелекти, научници, претприемачи и експерти, сите посветени на унапредување на етичките и социјалните иновации, поттикнување вредности и економски напредок за подобрување на нашиот свет. World Changers Summits опфаќа разновидна низа форуми, секој навлегува во различни теми, служејќи не само како платформи за размена на знаење и проширување на свеста, туку и како порти за надминување на границите.

The post Високо признание за проф. д-р Никола Јанкуловски – Медал на честа на IASC appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет и поранешен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во два мандатни периода, е добитник на високото признание – Медал на честа на IASC. Овој медал се доделува како знак на признание за личности кои придонесуваат за развојот на етичката наука и мирот. Инаку и секретарот на државата Ватикан, Светиот Отец Баба Монди е добитник на оваа престижно признание. Признанието Медал на честа на IASC, на проф. Никола Јанкуловски му беше доделено на 12 октомври о.г., во просториите на Националната филхармонија во рамките на одржувањето на Балканскиот самит на World Changers Summits од страна на г. Габриеле Андреоли, основач и директор на World Changers Summits, кој претставува собир и место на безгранична инспирација за визионерски умови. Прославен во Папската академија на науките во Ватикан, овој меѓународен самит еволуираше во глобална мрежа што обединува институции, брилијантни интелекти, научници, претприемачи и експерти, сите посветени на унапредување на етичките и социјалните иновации, поттикнување вредности и економски напредок за подобрување на нашиот свет. World Changers Summits опфаќа разновидна низа форуми, секој навлегува во различни теми, служејќи не само како платформи за размена на знаење и проширување на свеста, туку и како порти за надминување на границите.

The post Високо признание за проф. д-р Никола Јанкуловски – Медал на честа на IASC appeared first on Република.

]]>
Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ https://republika.mk/vesti/makedonija/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/ Wed, 01 Feb 2023 07:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=603157

На ректорот УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција.

Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство и за образование Беким Сали и Јетон Шаќири, гувернерката на НБ Анита Ангеловска Бежовска, на поглаварот на МПЦ ОА  г.г. Стефан и монсињор Киро Стојанов католички бискуп на Скопската бискупија, како и Струмичко-скопски епарх на Католичката црква, и бројни гости од политичкиот, економскиот и културниот живот во земјават одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

-Покажавте голема отвореност за различни форми на соработка со Франција. Од вашето именување за декан на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2009-та, благодарение на добрата соработка Францускиот институт успеа да реализира повеќе настани во амфитеатарот на Деканатот како „Празникот на науката“ и бројни конференции од областа на физиката, медицината и радиофармацијата. Од вашиот избор за ректор на УКИМ во 2016 година оваа соработка вклучува и нова димензија. Тука мислам на потпишувањето на Договорот со Универзитетската агенција за франкофонија кој овозможи отворање на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот – проект кој се чекаше со години а се реализираше благодарени на вас, рече меѓу другото францускиот амбасадор, нарекувајќи го Јанкуловски пријател на Франција.

Бомгартнер се освна на силната поддршка од ректорот Јанкуловски и за издавањето двојна диплома по применети странски јазици помеѓу УКИМ и Универзитетот во Кајен, а особено го подвлече деблокирањето на средствата од Константин Стојанов во рамки на Фондацијата што го носи името на овој богат македонски покровител и можноста тие да се користат за универзитетската мобилност со Франција, особено на студентите од Катедрата по фарнцуски јазик и книжевност.

Ректорот Јанкуловски нагласи дека ова одликување го смета за голема привилегија и чест, но и голем мотив да продолжи по патот кој го одбрал – да и служи на својата земја, но и да придонесува за пријателството и соработката меѓу двете земји.

-Целокупниот личен и професионален капацитет ќе го насочам за продолабочување на соработката меѓу нашите две земји нашата земја Република Македонија и Република Франција, посебно во делот на академската соработка која отвора многу предизвици, идеи, многу можности и многу хоризонти за нас, и создава дополнителни вредности како што се слободната мисла, демократијата, просперитетот и благосостопјбата на граѓаните од нашата земја, рече меѓу другото Јанкуловски.

Тој се согласи со амбасадорот дека настан кој означува пресврт во нивната соработка е токму успехот по повеќегодишни заеднички напори отворањето на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот УКИМ, и пристапот до средствата на Фондацијата на Константин Стојанов, Македонец кој долги години живеел и работел во Франција, а која била формирана во далечната 1973 година на УКИМ. Во овие активности во кои биле вклучени повеќе институции, првата транша била реализиарана во 2021 година согласно статутот на Фондацијата, а досега од страна на УКИМ се распишани два конкурса за студентите по француски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

-Со оваа Фондација ние направивме еден голем исчекор, со што се овозможени стипендии за прв, втор и трет циклус на студии за студентите кои студираат на програмата за француски јазик и литература…Искрено посакувам, очекувам, се надевам и сум убеден дека ваквата успешна соработка ќе продолжи и понатаму и ќе се интензивира и со нови форми и модалитети, рече Јанкуловски посочувајќи на голем универзитетски проект со кој Универзитетот во Кајен аплицира за европски средства, а во кој учествуваат повеќе земји меѓу кои и нашата земја.

Одликувањето „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција, е воведено 1963 година од францускиот претседател Шарл Де Гол и едно од најпрестижните одличја што Франција го дава на лица за особени заслуги за Републиката. вг/

 

The post Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ appeared first on Република.

]]>

На ректорот УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција. Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство и за образование Беким Сали и Јетон Шаќири, гувернерката на НБ Анита Ангеловска Бежовска, на поглаварот на МПЦ ОА  г.г. Стефан и монсињор Киро Стојанов католички бискуп на Скопската бискупија, како и Струмичко-скопски епарх на Католичката црква, и бројни гости од политичкиот, економскиот и културниот живот во земјават одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. -Покажавте голема отвореност за различни форми на соработка со Франција. Од вашето именување за декан на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2009-та, благодарение на добрата соработка Францускиот институт успеа да реализира повеќе настани во амфитеатарот на Деканатот како „Празникот на науката“ и бројни конференции од областа на физиката, медицината и радиофармацијата. Од вашиот избор за ректор на УКИМ во 2016 година оваа соработка вклучува и нова димензија. Тука мислам на потпишувањето на Договорот со Универзитетската агенција за франкофонија кој овозможи отворање на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот – проект кој се чекаше со години а се реализираше благодарени на вас, рече меѓу другото францускиот амбасадор, нарекувајќи го Јанкуловски пријател на Франција. Бомгартнер се освна на силната поддршка од ректорот Јанкуловски и за издавањето двојна диплома по применети странски јазици помеѓу УКИМ и Универзитетот во Кајен, а особено го подвлече деблокирањето на средствата од Константин Стојанов во рамки на Фондацијата што го носи името на овој богат македонски покровител и можноста тие да се користат за универзитетската мобилност со Франција, особено на студентите од Катедрата по фарнцуски јазик и книжевност. Ректорот Јанкуловски нагласи дека ова одликување го смета за голема привилегија и чест, но и голем мотив да продолжи по патот кој го одбрал – да и служи на својата земја, но и да придонесува за пријателството и соработката меѓу двете земји. -Целокупниот личен и професионален капацитет ќе го насочам за продолабочување на соработката меѓу нашите две земји нашата земја Република Македонија и Република Франција, посебно во делот на академската соработка која отвора многу предизвици, идеи, многу можности и многу хоризонти за нас, и создава дополнителни вредности како што се слободната мисла, демократијата, просперитетот и благосостопјбата на граѓаните од нашата земја, рече меѓу другото Јанкуловски. Тој се согласи со амбасадорот дека настан кој означува пресврт во нивната соработка е токму успехот по повеќегодишни заеднички напори отворањето на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот УКИМ, и пристапот до средствата на Фондацијата на Константин Стојанов, Македонец кој долги години живеел и работел во Франција, а која била формирана во далечната 1973 година на УКИМ. Во овие активности во кои биле вклучени повеќе институции, првата транша била реализиарана во 2021 година согласно статутот на Фондацијата, а досега од страна на УКИМ се распишани два конкурса за студентите по француски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. -Со оваа Фондација ние направивме еден голем исчекор, со што се овозможени стипендии за прв, втор и трет циклус на студии за студентите кои студираат на програмата за француски јазик и литература…Искрено посакувам, очекувам, се надевам и сум убеден дека ваквата успешна соработка ќе продолжи и понатаму и ќе се интензивира и со нови форми и модалитети, рече Јанкуловски посочувајќи на голем универзитетски проект со кој Универзитетот во Кајен аплицира за европски средства, а во кој учествуваат повеќе земји меѓу кои и нашата земја. Одликувањето „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција, е воведено 1963 година од францускиот претседател Шарл Де Гол и едно од најпрестижните одличја што Франција го дава на лица за особени заслуги за Републиката. вг/  

The post Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ appeared first on Република.

]]>