никола димитров Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-dimitrov/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 20:31:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола димитров Archives - Република https://republika.mk/tema/nikola-dimitrov/ 32 32 Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-napadnat-od-nepoznato-litse-mu-doshol-zad-grb-go-udril-i-mu-se-zakanil/ Sat, 02 Nov 2024 20:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=833605

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска додека се движел со син му од пазарење, бил нападнат од страна на непознато лице. Според полицијата Димитров бил нападнат од задгрб, при што добил удар со нога во долниот дел на половината. ОД МВР посочуваат дека по ударот, лицет му се заканило на Димитров и заминало.

„Димитров по инцидентот влегов во кола со синот во колата, па пријавил во најблиската полициска станица во Ѓорче Петров, каде бил извршен разговор. Димитров го опишал напаѓачот по кој веќе се трага“, велат од МВР.

За инцидентот претходно информираше ексминистерот на социјалните мрежи:

Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани.
Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран 🙂
Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа.
Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира.
Должност е да се реагира.
Затоа и случајот уредно го пријавив.
Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар.
Секојдневно гледаме како просто извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите… болно ни е општеството кога насилници и силеџии сред бел ден може да се закануваат и да се силат.
Прочитав дека вчера група насилници дивееле и напаѓале среде Центар, на улица Македонија. Секојдневно има информации за тепачки, пресметки, па дури и убиства.
По училиштата имаме страшни случаи на булинг и меѓуврсничко насилство.
Вчера само какви вести имаше.
Додека јас чекав во станица, две жени дојдоа извадени од памет, да пријават обид за грабнување на дете. Не знам како се разви случајот и што точно полицијата утврди, но самиот момент дека некој се сомнева оти детето пробале да му го грабнат сред бел ден зборува многу и беше крајно вознемирувачки да се сведочи на тоа.
Во атмосфера на неказнивост и немање на ред страдаат сите граѓани.
Дивеење, некултура, агресија… во сообраќај, по молови, во училишта, во болници… ова е недозволиво и итно мора да се стави крај.
Одговорност и ред!
Мора да сме и подобри и позрели од ова, пријатели, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам.
Прашањето ќе биде само кој ќе биде прв.

The post Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска додека се движел со син му од пазарење, бил нападнат од страна на непознато лице. Според полицијата Димитров бил нападнат од задгрб, при што добил удар со нога во долниот дел на половината. ОД МВР посочуваат дека по ударот, лицет му се заканило на Димитров и заминало. „Димитров по инцидентот влегов во кола со синот во колата, па пријавил во најблиската полициска станица во Ѓорче Петров, каде бил извршен разговор. Димитров го опишал напаѓачот по кој веќе се трага“, велат од МВР. За инцидентот претходно информираше ексминистерот на социјалните мрежи:
Утрово додека нешто пазарев имав непријатна случка со човек кој ни го знам ни го познавам, а кој ме нападна со агресија и закани. Не знам точно зошто, оти не кажа, веројатно политички, а јас политички сум толку свој што може од сите страни да бил инспириран 🙂 Шегата настрана, ние сме јавни личности, ние мораме да имаме повисок праг на толеранција на критика и да сме свесни дека не сите граѓани ќе ја почитуваат или ќе се задоволни од нашата работа. Но, во моментот кога таа критика е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира. Должност е да се реагира. Затоа и случајот уредно го пријавив. Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар. Секојдневно гледаме како просто извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите… болно ни е општеството кога насилници и силеџии сред бел ден може да се закануваат и да се силат. Прочитав дека вчера група насилници дивееле и напаѓале среде Центар, на улица Македонија. Секојдневно има информации за тепачки, пресметки, па дури и убиства. По училиштата имаме страшни случаи на булинг и меѓуврсничко насилство. Вчера само какви вести имаше. Додека јас чекав во станица, две жени дојдоа извадени од памет, да пријават обид за грабнување на дете. Не знам како се разви случајот и што точно полицијата утврди, но самиот момент дека некој се сомнева оти детето пробале да му го грабнат сред бел ден зборува многу и беше крајно вознемирувачки да се сведочи на тоа. Во атмосфера на неказнивост и немање на ред страдаат сите граѓани. Дивеење, некултура, агресија… во сообраќај, по молови, во училишта, во болници… ова е недозволиво и итно мора да се стави крај. Одговорност и ред! Мора да сме и подобри и позрели од ова, пријатели, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам. Прашањето ќе биде само кој ќе биде прв.

The post Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил appeared first on Република.

]]>
Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија https://republika.mk/vesti/balkan/izjavite-na-zaharieva-protiv-makedonija-makedonskiot-jazik-e-zapadnobugarski-dijalekt-makedonizmot-e-kreatsija-na-srbija-i-rusija/ Tue, 22 Oct 2024 10:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=829688

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија таа е интересна бидејќи беше на чело на бугарската дипломатија oд 2017 до 2021 година кога владата на СДСМ и ДУИ ги направи најголемите отстапки кон источниот сосед чии последици ги чувствуваме и денеска.

Захариева на чело на бугарското МНР имаше чести средби со Бујар Османи и Никола Димитров. На нив,49 годишната Екатерина директно ги навредуваше Македонија и Македонците на што двајцата нејзини колеги премолчуваа или реагираа „колку да се рече“.

Изјавите на Захариева против Македонија и Македонците

Македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми

На 16.1 2020 година Захариева и во  интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

Македонскиот јазик е напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева.

Македонизмот е креација на Србија и Русија

Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, изјави Захариева за бугарската национална телевизија БТВ на 29 јануари 2021 година.

Треба ли да се напомене дека немаше никаква официјална реакција од тогашните официјални претставници на Македонија.

Во интервју за „Ројтерс“  на 31.1 2020 Захариева ги повика Македонците „да си ги препознаат корените“.

Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши-рече Захариева.

Захарова пред неколку недели се најде среде нов скандал.Овој пат темата не беше Македонија туку нејзината канидатура за еврокомесар.

Кај европратениците интерес привлекол фактот што таа нема објаснување за потеклото на парите со кои купила куќа во Софија и вила на Халкидики во Грција во периодот кога  беше министерка за надворешни работи.

Захариева се поврзуваше и  со неколку други афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест.

https://republika.mk/vesti/balkan/mrazachkata-na-makedontsite-nema-objasnuvane-za-potekloto-na-imotot-kukite-na-zaharieva-vo-sofija-i-na-halkidiki-gi-zaintrigiraa-evropratenitsite/

The post Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија appeared first on Република.

]]>

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија таа е интересна бидејќи беше на чело на бугарската дипломатија oд 2017 до 2021 година кога владата на СДСМ и ДУИ ги направи најголемите отстапки кон источниот сосед чии последици ги чувствуваме и денеска. Захариева на чело на бугарското МНР имаше чести средби со Бујар Османи и Никола Димитров. На нив,49 годишната Екатерина директно ги навредуваше Македонија и Македонците на што двајцата нејзини колеги премолчуваа или реагираа „колку да се рече“.

Изјавите на Захариева против Македонија и Македонците

Македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми

На 16.1 2020 година Захариева и во  интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

Македонскиот јазик е напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева.
Македонизмот е креација на Србија и Русија
Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, изјави Захариева за бугарската национална телевизија БТВ на 29 јануари 2021 година.
Треба ли да се напомене дека немаше никаква официјална реакција од тогашните официјални претставници на Македонија. Во интервју за „Ројтерс“  на 31.1 2020 Захариева ги повика Македонците „да си ги препознаат корените“.
Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши-рече Захариева.
Захарова пред неколку недели се најде среде нов скандал.Овој пат темата не беше Македонија туку нејзината канидатура за еврокомесар. Кај европратениците интерес привлекол фактот што таа нема објаснување за потеклото на парите со кои купила куќа во Софија и вила на Халкидики во Грција во периодот кога  беше министерка за надворешни работи. Захариева се поврзуваше и  со неколку други афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест. https://republika.mk/vesti/balkan/mrazachkata-na-makedontsite-nema-objasnuvane-za-potekloto-na-imotot-kukite-na-zaharieva-vo-sofija-i-na-halkidiki-gi-zaintrigiraa-evropratenitsite/

The post Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија appeared first on Република.

]]>
Димитров: Ги предупредив Ковачевски и Османи за проблемите со францускиот предлог https://republika.mk/vesti/dimitrov-gi-preduprediv-kovachevski-i-osmani-za-problemite-so-frantsuskiot-predlog/ Fri, 18 Oct 2024 11:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=828454

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров вели дека на претходната влада предводена од Димитар Ковачевски и на екс-шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи им укажал на грешките околу блокадата од Бугарија и за проблемите со францускиот предлог.

Во ваква каша сме делумно од политика на паника и очај. Мора да созрее еден проблем за да се реши. Овој проблем ни го отворија соседите. И мора да најдеме начин да го решиме. Минатата влада го прифати проблемот и вети дека ќе направи нешто кое не можеше да се направи“, рече Димитров во гостувањето на емисијата „Дејли клик“.

Запрашан дали премиерот Христијан Мицкоски е во право кога вели дека претходните власти само климале со глава во Брисел и ветиле дека ќе направат нешто што не може да се направи, Димитров вели дека ова прашање е оставено од претходната влада.

Поради ова прашање се разделив од претходната влада. Јас го направив она во што верував и имав разлики кои беа јавно кажани додека бев во Владата. Предвидував што ќе се случи и се случи. Одговорноста на тогашните одлучувачи е голема, бидејќи атмосферата беше дека самите земји-членки ни рекоа: Никола, дури и за нас процесот за пристапување е црвена линија која мора да ја задржиме и да нема билатерални прашања за историја и идентитет – тоа ќе биде проширување на Пандорината кутија“, рече Димитров.

Димитров вели дека за францускиот предлог ги предупредил поранешниот премиер и поранешниот МНР.

Главните луѓе кои беа вклучени во овој процес. Ова се случи кога беа Ковачевски и Османи, а кога им се јавив да ги предупредам, одговорот беше: „ама вашата влада прифати“. И мислеа дека ќе испорачаат. Имав проблем со францускиот предлог и таа ситуација се покажа точна“, изјавил екс-министерот, на прашањето кој дозволил историјата и идентитетот да бидат вметнати во процесот.

The post Димитров: Ги предупредив Ковачевски и Османи за проблемите со францускиот предлог appeared first on Република.

Никола Димитров: Политиката на Бујар Османи беше погрешна https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-politikata-na-bujar-osmani-beshe-pogreshna/ Fri, 18 Oct 2024 10:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=828415

„Бев во МНР и потоа заминав во секретаријатот на Европските прашања во обид да имам поголемо влијаниена домашната агента. Можеби тоа беше погрешен чекор. Од оваа ретроспектива веројатно беше грешка. Ептен избувна ова прашање за Бугарија и еве како се реши, односно не се реши - вели поранешниот МНР Никола Димитров на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Според него причина за нерешавање на ова прашање е полиртиката на неговиот наследник Бујар Османи.

Политиката на Бујар Османи била погрешна. Политиката, решенијата, како ова го играше... Ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше дури и јавно како може да се повеќе солидари со земја кандидат, кога ние седиме со вас на маса, ние сме земја кандидат. До таму дојде дој период бидејќи е сосем неразбирлива политиката кон нас. Не дека ние бевме повешти од нив или поважни од нив. Ама политиката им е исклучително погрешна и суштински неевропска.И со Лисабонскиот договор кој што вика ние се гордееме со сите јазици во Европа - вели Димитров

The post Никола Димитров: Политиката на Бујар Османи беше погрешна appeared first on Република.

]]>

„Бев во МНР и потоа заминав во секретаријатот на Европските прашања во обид да имам поголемо влијаниена домашната агента. Можеби тоа беше погрешен чекор. Од оваа ретроспектива веројатно беше грешка. Ептен избувна ова прашање за Бугарија и еве како се реши, односно не се реши - вели поранешниот МНР Никола Димитров на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21. Според него причина за нерешавање на ова прашање е полиртиката на неговиот наследник Бујар Османи. Политиката на Бујар Османи била погрешна. Политиката, решенијата, како ова го играше... Ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше дури и јавно како може да се повеќе солидари со земја кандидат, кога ние седиме со вас на маса, ние сме земја кандидат. До таму дојде дој период бидејќи е сосем неразбирлива политиката кон нас. Не дека ние бевме повешти од нив или поважни од нив. Ама политиката им е исклучително погрешна и суштински неевропска.И со Лисабонскиот договор кој што вика ние се гордееме со сите јазици во Европа - вели Димитров

The post Никола Димитров: Политиката на Бујар Османи беше погрешна appeared first on Република.

]]>
Се сеќавате на Џес Бејли? Амбасадорот од времето на Пржино е во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/se-sekavate-na-dhes-bejli-ambasadorot-od-vremeto-na-przhino-e-vo-makedonija/ Fri, 24 May 2024 19:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=781526

Поранешниот амбасадор  на САД Џес Бејли повторно е во Македонија. За неговото доаѓање се пофали потписникот на промената на името Никола Димитров кој објави фотографија како мезат во некоја кафеана.

Бејли беше главен за време на Договорот од Пржино во 2016 година и доаѓањето на СДСМ на власт без да победат на избори.

The post Се сеќавате на Џес Бејли? Амбасадорот од времето на Пржино е во Македонија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот амбасадор  на САД Џес Бејли повторно е во Македонија. За неговото доаѓање се пофали потписникот на промената на името Никола Димитров кој објави фотографија како мезат во некоја кафеана. Бејли беше главен за време на Договорот од Пржино во 2016 година и доаѓањето на СДСМ на власт без да победат на избори.  

The post Се сеќавате на Џес Бејли? Амбасадорот од времето на Пржино е во Македонија appeared first on Република.

]]>
Димитров: Граѓаните ја казнија власта што го изгуби компасот https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-graganite-ja-kaznija-vlasta-shto-go-izgubi-kompasot/ Wed, 08 May 2024 22:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=776040

Како Празник на демократијата и ден кога граѓаните кажуваат кој ќе биде ОДГОВОРЕН за нацијата, ги оцени денешните избори пораншениот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Граѓаните гласаа и ја казнија власта што го изгуби компасот. Најстрашно, што ја предаде надежта дека може поинаку. Тоа е добро. Ако не се казни лошото, не може да се очекува прогрес.

Но, победниците ги чека голем предизвик. Државата е во некаков полу-колапс. Партизираните институции се нефункционални. Здравството, образованието, правосудството… Од правда нема ни П. А кога правда нема за големите криминали, сѐ е дозволено.

Предизвикот е да не се повтори стариот лош круг. Да седнат тие каде биле оние, а системот да остане ист. Големиот предизвик се вика системски промени. Нема место за коалицијата на власт во именување директори на клиники, вработување доктори, директори на училишта и учители, во влијание врз судии и јавни обвинители. Вистински луѓе, на вистински места. Јасна линија меѓу државата и партиите. Ред за сите, и наши и ваши и ничии. Ред за сите и одговорност за сите.

Тој голем скок нема да се случи без силен граѓански притисок. Не е доволно да гласаме. Мора да бидеме активни, да протестираме кога ќе згрешат и да фалиме кога ќе погодат. Да бидеме гласни и силни, не само на денот на изборите. Без тоа, драги сограѓани, за четири години или пократко, пак ќе казнуваме, гласајќи против. Ама тоа нема да помогне.

Честитки победници, и умот во глава. Како нација, немаме веќе право на големи грешки, оценува Димитров.

The post Димитров: Граѓаните ја казнија власта што го изгуби компасот appeared first on Република.

]]>

Како Празник на демократијата и ден кога граѓаните кажуваат кој ќе биде ОДГОВОРЕН за нацијата, ги оцени денешните избори пораншениот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Граѓаните гласаа и ја казнија власта што го изгуби компасот. Најстрашно, што ја предаде надежта дека може поинаку. Тоа е добро. Ако не се казни лошото, не може да се очекува прогрес. Но, победниците ги чека голем предизвик. Државата е во некаков полу-колапс. Партизираните институции се нефункционални. Здравството, образованието, правосудството… Од правда нема ни П. А кога правда нема за големите криминали, сѐ е дозволено. Предизвикот е да не се повтори стариот лош круг. Да седнат тие каде биле оние, а системот да остане ист. Големиот предизвик се вика системски промени. Нема место за коалицијата на власт во именување директори на клиники, вработување доктори, директори на училишта и учители, во влијание врз судии и јавни обвинители. Вистински луѓе, на вистински места. Јасна линија меѓу државата и партиите. Ред за сите, и наши и ваши и ничии. Ред за сите и одговорност за сите. Тој голем скок нема да се случи без силен граѓански притисок. Не е доволно да гласаме. Мора да бидеме активни, да протестираме кога ќе згрешат и да фалиме кога ќе погодат. Да бидеме гласни и силни, не само на денот на изборите. Без тоа, драги сограѓани, за четири години или пократко, пак ќе казнуваме, гласајќи против. Ама тоа нема да помогне. Честитки победници, и умот во глава. Како нација, немаме веќе право на големи грешки, оценува Димитров.

The post Димитров: Граѓаните ја казнија власта што го изгуби компасот appeared first on Република.

]]>
„Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-ti-ja-vratata-izlezi-koga-pretsedatelot-trajkovski-mu-go-pokazha-mestoto-na-solana/ Mon, 26 Feb 2024 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=748308

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија:

https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/

Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.

Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

The post „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат 20 години од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Многумина ја паметат онаа негова легендарна изјава од времето кога беше заменик министер за надворешни работи, од 1999 година за косовските бегалци во Македонија: https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/ Но, ретко кој го знае и моментот кога претседателот Трајковски му ја покажал вратата на високиот претставник Хавиер Солана. За време на неговото гостување во „Еден на Еден“ пред неколку години, тогаш министер за надворешни работи Никола Димитров, првпат откри што се случувало на една од преговарачките средби во 2001 година, кога тој бил дел од тимот на претседателот Трајковски.
Имаше 2001 со претседателот Трајковски едни тешки преговори со Хавиер Солана, кој во тоа време беше висок претставник во ЕУ. Во една ситуација претседателот Трајковски му рече – Еве ти ја вратата, излези! Солана излезе навреден, а минута после тоа претседателот рече излези по него и врати го. Не знам дали тоа беше спремно од претседателот Трајковски, не знам дека тоа го мислел претходно, но во моментот одлучил дека тоа може да биде корисно да покаже дека ова не оди!, рече Димитров.

The post „Еве ти ја вратата, излези“: Кога претседателот Трајковски му го покажа местото на Солана appeared first on Република.

]]>
Димитров: Власта го извалка европското знаме, опозицијата имаше мудар предлог за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-vlasta-go-izvalka-evropskoto-zname-opozitsijata-imashe-mudar-predlog-za-ustavnite-izmeni/ Thu, 08 Feb 2024 21:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=742004

Екс министерот за надворешни работи Никола Димитров, вечерва во „Клик Плус“ зборуваше и за уставните измени кои се неопходни за продолжување на патот.

Димитров ја нападна власта дека го злоупотребува европското знаме за гласање на закони, и предлогот на опозицијата за „уставните измени да стапат во сила кога ние ќе влеземе во ЕУ“, го оцени како мудар.

Ако знаеме дека после уставните амандмани, можно е да имаме нов проблем со историската комисија, а тоа го пишува во документот. Ние сакаме да станеме членка на ЕУ, не да ги почнеме преговорите. Не сме ли одговорни патот да го подрастчистиме, затоа што имаме еден куп пречки. Се сложувам дека опозицијата треба да има стратегија и да им ја кажат на граѓаните, но морам да признаам дека тие дадоа мудар предлог, што не беше нивен, туку се создаде некако сам во граѓанството, а тоа е уставните измени да се изгласаат денеска, а да стапат во сила кога ќе влеземе во ЕУ. И тука Владата тоа не го зема сериозно, туку кажаа популистички „еве опозицијата се согласи“. Многу немудро се води овој процес од страна на власта, и тие може да мавтаат со европското знаме колку сакаат, но го извалкаа европското знаме, особено со гласањето на кривичниот законик. И, мислам дека е потценување за граѓаните ако од власта мислат дека така евтино ќе помине ова.“, изјави Димитров.

The post Димитров: Власта го извалка европското знаме, опозицијата имаше мудар предлог за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Екс министерот за надворешни работи Никола Димитров, вечерва во „Клик Плус“ зборуваше и за уставните измени кои се неопходни за продолжување на патот. Димитров ја нападна власта дека го злоупотребува европското знаме за гласање на закони, и предлогот на опозицијата за „уставните измени да стапат во сила кога ние ќе влеземе во ЕУ“, го оцени како мудар.
Ако знаеме дека после уставните амандмани, можно е да имаме нов проблем со историската комисија, а тоа го пишува во документот. Ние сакаме да станеме членка на ЕУ, не да ги почнеме преговорите. Не сме ли одговорни патот да го подрастчистиме, затоа што имаме еден куп пречки. Се сложувам дека опозицијата треба да има стратегија и да им ја кажат на граѓаните, но морам да признаам дека тие дадоа мудар предлог, што не беше нивен, туку се создаде некако сам во граѓанството, а тоа е уставните измени да се изгласаат денеска, а да стапат во сила кога ќе влеземе во ЕУ. И тука Владата тоа не го зема сериозно, туку кажаа популистички „еве опозицијата се согласи“. Многу немудро се води овој процес од страна на власта, и тие може да мавтаат со европското знаме колку сакаат, но го извалкаа европското знаме, особено со гласањето на кривичниот законик. И, мислам дека е потценување за граѓаните ако од власта мислат дека така евтино ќе помине ова.“, изјави Димитров.
 
The post Димитров: Власта го извалка европското знаме, опозицијата имаше мудар предлог за уставните измени appeared first on Република.

]]>
Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-za-m-nav-od-ishodot-na-ovaa-borba-zavisi-dali-ke-ne-bide/ Thu, 04 Jan 2024 09:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=729533

Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/

Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата - дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот - својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде.
Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!?
Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.

The post Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде appeared first on Република.

]]>

Целосна поддршка за Александар Тасевски и за Синдикатот, iнституција што треба да е составена исклучиво од врвни професионалци е очигледно под континуиран силен напад од партиите за сместување на свои неквалификувани кадри, порача поранешниот министер Никола Димитров, по веста дека претседателот на Синдикатот на контролорите на летање беше повикан во полиција, пријавен од директорите кои „се плашеле за својатабезбедност“. https://republika.mk/vesti/makedonija/priveden-pretsedatelot-na-sindikatot-na-kontrola-za-letane-direktorite-na-m-nav-se-chuvstvuvale-zagrozeni-od-nego/
Борбата на Тасевски е борба каде се кршат копјата - дали оваа држава има сѐ уште сила да пружи организиран и силен отпор на клиентелизмот, дали има останато професионалци кои независно од разликите меѓу себе умеат да застанат сложно за да го одбранат дигнитетот - својот личен, на институцијата каде што се и на својата професија. Токму од исходот на оваа борба зависи дали ќе нѐ биде. Но, овде исто така, прашањето е и дали е вратено времето кога наместо да се фокусира итно да ги решава нештата за кои алармираат гласни синдикални лидери и граѓански активисти, системот ги впрегнува своите алатки за да ги уплаши и замолчи!? Е затоа пријатели оваа борба нѐ засега сите!, порача Димитров.

The post Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде appeared first on Република.

]]>
Димитров: Време е ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-vreme-e-eu-da-dostavi-kredibilna-ponuda-do-zemjite-od-zapaden-balkan/ Mon, 18 Dec 2023 19:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=724385

Ако набргу не успееме да го исполниме европскиот сон на нашето соседство, за десет години ќе го загубиме, а со него ќе имаме изгубено една генерација, истакнува поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, говорејќи за грчкиот весник „Авги“, јави дописничката на МИА.

За ЕУ перспективата Димитров коментира „децата родени во  Македонија, кога земјата стана кандидат, сега веќе гласаат и немаат видено ниту еден процент напредок“, а според него, вината ја имаат и самите земји и самата ЕУ, бидејќи „ЕУ се преправа дека прави проширување, а земјите кандидати се преправаме дека реформираме“.

Смета дека е време ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан.

Треба искрено да ни кажат кој е временскиот рок и која е целта. Целосна интеграција? Интеграција во внатрешниот пазар? Која и да е понудата од ЕУ треба да биде во можност да ги оживее реформските сили во нашите земји, кои се парализирани, објаснува Димитров и додава дека проширувањето на ЕУ и реформите, мора да се одвиваат паралелно.

Коментира дека и самите земји сносат одговорност, бидејќи ветуваат реформи и не ги спроведуваат.

Во мојата земја преовладуваат корупцијата и неказнивоста. Политиката стана алатка за да ги сместиш твоите луѓе во болниците, училиштата, судовите. Поентата е да им го отежнеме животот на корумпираните политичари, да бараме меритократија и одговорност, да се бориме за да остане нешто од колачот и за граѓаните, вели поранешниот министер.

За Договорот од Преспа посочува дека го отвори патот кон ЕУ за Македонија и Албанија, но Франција стави кочница и „шансата беше пропуштена, бидејќи ЕУ не ги исполни ветувањата“.

Коментира дека сè уште има проблеми во имплементацијата на договорот во двете земји, а како пример ги посочува непроменетите табли во Грција на кои и понатаму пишува ФИРОМ.

За весникот Димитров говори и за заминувањето на младите од нашата земја кои одат во Германија и во други земји бидејќи, како што вели „многу полесно е да најдат добра работа и да имаат пристоен живот во странство отколку да останат и да се борат во својата татковина“.

The post Димитров: Време е ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Ако набргу не успееме да го исполниме европскиот сон на нашето соседство, за десет години ќе го загубиме, а со него ќе имаме изгубено една генерација, истакнува поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, говорејќи за грчкиот весник „Авги“, јави дописничката на МИА. За ЕУ перспективата Димитров коментира „децата родени во  Македонија, кога земјата стана кандидат, сега веќе гласаат и немаат видено ниту еден процент напредок“, а според него, вината ја имаат и самите земји и самата ЕУ, бидејќи „ЕУ се преправа дека прави проширување, а земјите кандидати се преправаме дека реформираме“. Смета дека е време ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан. Треба искрено да ни кажат кој е временскиот рок и која е целта. Целосна интеграција? Интеграција во внатрешниот пазар? Која и да е понудата од ЕУ треба да биде во можност да ги оживее реформските сили во нашите земји, кои се парализирани, објаснува Димитров и додава дека проширувањето на ЕУ и реформите, мора да се одвиваат паралелно. Коментира дека и самите земји сносат одговорност, бидејќи ветуваат реформи и не ги спроведуваат. Во мојата земја преовладуваат корупцијата и неказнивоста. Политиката стана алатка за да ги сместиш твоите луѓе во болниците, училиштата, судовите. Поентата е да им го отежнеме животот на корумпираните политичари, да бараме меритократија и одговорност, да се бориме за да остане нешто од колачот и за граѓаните, вели поранешниот министер. За Договорот од Преспа посочува дека го отвори патот кон ЕУ за Македонија и Албанија, но Франција стави кочница и „шансата беше пропуштена, бидејќи ЕУ не ги исполни ветувањата“. Коментира дека сè уште има проблеми во имплементацијата на договорот во двете земји, а како пример ги посочува непроменетите табли во Грција на кои и понатаму пишува ФИРОМ. За весникот Димитров говори и за заминувањето на младите од нашата земја кои одат во Германија и во други земји бидејќи, како што вели „многу полесно е да најдат добра работа и да имаат пристоен живот во странство отколку да останат и да се борат во својата татковина“.

The post Димитров: Време е ЕУ да достави кредибилна понуда до земјите од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Димитров: Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи! https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-izveshtajot-go-potvrduva-toa-shto-makedonskite-gragani-dobro-go-znaat-tsarot-e-gol-kolku-i-da-se-perchi/ Thu, 09 Nov 2023 09:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=699779

Да не беше ваков геополитичкиот контекст, се стекнува впечаток дека Европската комисија ќе нотираше и назадување во клучните области, но како и да е, Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат - царот е гол, колку и да се пeрчи! Ова за ДВ го изјави поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по вчера објавениот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

Суштината на Извештајот е буквално во првите две реченици на комуникацијата на ЕК, кој е еден од документите во пакетот: македонските власти постојано зборуваат дека членството во ЕУим е стратешка цел, ама крајно време е да почнат да испорачуваат, посебно во најважните области - судството, борбата против корупцијата, јавната администрација, јавните финансии и јавните набавки, посочува поранешниот шеф на дипломатијата.

Вели дека Извештајот е дециден оти нема никаков напредок ниту во судските реформи, ниту во борбата против корупцијата, а во судството на тапет сосема логично е ставен Судскиот совет.

The post Димитров: Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи! appeared first on Република.

Димитров: Во француско-германскиот експертски извештај се предлага укинување на ветото во процесот на зачленување https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-vo-frantsusko-germanskiot-ekspertski-izveshtaj-se-predlaga-ukinuvane-na-vetoto-vo-protsesot-na-zachlenuvane/ Tue, 19 Sep 2023 15:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=683225

Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денеска се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото, односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус се’ до последниот чин во процесот - зачленувањето, објави на својот профил на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во извештајот „Едрење на отворено море: реформирање и проширување на ЕУ за 21 век“ се наведува дека ЕУ треба да има цел да биде подготвена за проширување до 2030 година, а дотогаш кандидатите за членство треба да ги исполнат условите за пристапување.

Препораките на експертите на француско-германската работна група за институционални реформи на ЕУ се однесуваат на три клучни цели: подобра заштита на основниот принцип, односно владеење на правото, институционални предизвици и управување со продлабочувањето и проширувањето на ЕУ.

Новото политичко раководство по европските избори во 2024 година треба да се посвети на целта од 2030 година и да се договори како дотогаш да биде подготвено за проширување, се наведува во извештајот.

Експертите наведуваат девет принципи кои треба да ги водат идните стратегии за проширување: на прво место основните принципи, геополитички фактори, решавање конфликти, дополнителна техничка и финансиска поддршка, демократска легитимност, еднаквост, систематизација, реверзибилност и гласање со квалификувано мнозинство.

The post Димитров: Во француско-германскиот експертски извештај се предлага укинување на ветото во процесот на зачленување appeared first on Република.

]]>

Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денеска се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото, односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус се’ до последниот чин во процесот - зачленувањето, објави на својот профил на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Во извештајот „Едрење на отворено море: реформирање и проширување на ЕУ за 21 век“ се наведува дека ЕУ треба да има цел да биде подготвена за проширување до 2030 година, а дотогаш кандидатите за членство треба да ги исполнат условите за пристапување. Препораките на експертите на француско-германската работна група за институционални реформи на ЕУ се однесуваат на три клучни цели: подобра заштита на основниот принцип, односно владеење на правото, институционални предизвици и управување со продлабочувањето и проширувањето на ЕУ.
Новото политичко раководство по европските избори во 2024 година треба да се посвети на целта од 2030 година и да се договори како дотогаш да биде подготвено за проширување, се наведува во извештајот.
Експертите наведуваат девет принципи кои треба да ги водат идните стратегии за проширување: на прво место основните принципи, геополитички фактори, решавање конфликти, дополнителна техничка и финансиска поддршка, демократска легитимност, еднаквост, систематизација, реверзибилност и гласање со квалификувано мнозинство.  

The post Димитров: Во француско-германскиот експертски извештај се предлага укинување на ветото во процесот на зачленување appeared first on Република.

]]>
Димитров: Се предлага укинување на ветото во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-se-predlaga-ukinuvane-na-vetoto-vo-eu/ Tue, 19 Sep 2023 09:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=683097

Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денес се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус сè до последниот чин во процесот - зачленувањето, соопшти денеска поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, споделувајќи го извештајот.

The post Димитров: Се предлага укинување на ветото во ЕУ appeared first on Република.

Димитров за измените на Кривичниот законик: Злоупотреба на се „европско“, од нема правда, нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-za-izmenite-na-krivichniot-zakonik-zloupotreba-na-se-evropsko-od-nema-pravda-nema-mir-dojdovme-do-nema-kazna-nema-odgovornost/ Wed, 06 Sep 2023 08:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=679221

Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предложените законски измени на Кривичниот законик се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери.

Во врска со овој предлог се огласи и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој беше и вицепремиер во претходната блада на Зоран Заев и активен поддржувач на тн. шарена револуција во која се бараше „повеќе правда“.

– Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу. Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сѐ „европско“ ќе влезе во учебници! Измените се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела. Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност, напиша Димитров.

Паролата „нема правда, нема мир“ беше една од главните во шарената револуција со која се бараа казни за актерите од власта која ја наследи СДСМ, а сега и со европско знаменце бараат помали казни за криминалот и актерите од сегашната власт.

The post Димитров за измените на Кривичниот законик: Злоупотреба на се „европско“, од нема правда, нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност appeared first on Република.

]]>

Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Предложените законски измени на Кривичниот законик се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред.
Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери.
Во врска со овој предлог се огласи и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој беше и вицепремиер во претходната блада на Зоран Заев и активен поддржувач на тн. шарена револуција во која се бараше „повеќе правда“.
– Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу. Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сѐ „европско“ ќе влезе во учебници! Измените се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела. Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност, напиша Димитров.
Паролата „нема правда, нема мир“ беше една од главните во шарената револуција со која се бараа казни за актерите од власта која ја наследи СДСМ, а сега и со европско знаменце бараат помали казни за криминалот и актерите од сегашната власт.

The post Димитров за измените на Кривичниот законик: Злоупотреба на се „европско“, од нема правда, нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност appeared first on Република.

]]>
Димитров: Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-ednash-zasekogash-mora-da-stavime-kraj-na-nekaznivosta/ Sun, 03 Sep 2023 07:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=678283

Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста. Сите злоупотреби и скандали, ама и сите ужаси и несреќи ќе се повторуваат сѐ додека нема одговорност, пишува на својот фејсбук профил Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и вицепремиер, во врска со случувањата на Онкологија.

„Нека бидат монструозните нечовечни наводи за криминал на сметка на животот и здравјето на пациентите на Онкологија точката на пресвртот.
Нека покажат сите вклучени интегритет. Ајде конечно да расветлиме барем еден злочин до крајот. За да свртиме нова страница. Очајно ни треба луѓе нова страница.
Нема држава без закон што важи еднакво за сите. Ниту иднина“, додава тој.

The post Димитров: Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста appeared first on Република.

]]>

Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста. Сите злоупотреби и скандали, ама и сите ужаси и несреќи ќе се повторуваат сѐ додека нема одговорност, пишува на својот фејсбук профил Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и вицепремиер, во врска со случувањата на Онкологија.
„Нека бидат монструозните нечовечни наводи за криминал на сметка на животот и здравјето на пациентите на Онкологија точката на пресвртот. Нека покажат сите вклучени интегритет. Ајде конечно да расветлиме барем еден злочин до крајот. За да свртиме нова страница. Очајно ни треба луѓе нова страница. Нема држава без закон што важи еднакво за сите. Ниту иднина“, додава тој.

The post Димитров: Еднаш засекогаш мора да ставиме крај на неказнивоста appeared first on Република.

]]>
Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-joveski-i-timot-dolzhat-mnogu-odgovori-i-itno-soochuvane-so-javnosta/ Fri, 18 Aug 2023 05:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=673177

Наместо да пишуваат деманти, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговиот тим должат итно соочување со јавноста, бара поранешниот министер Никола Димитров, по објавувањето на аудиозаписите од рочиштето за пожарот во модуларната болница, во кои се гледа дека Обвинителството како „беспредметно“ го отфрла вештачењето за несреќата на германските експерти.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmeten-od-obvinitelstvoto/

Распитот на германските форензичари, претставени и поздравени како гарант јавноста да не се сомнева во истрагата за причините за ужасот во Тетово бил „беспредметен” за обвинението?
Јовески и тимот должат многу одговори. Наместо да пишуваат деманти должат итно соочување со јавноста. За почеток…, реагира Димитров.

The post Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста appeared first on Република.

]]>

Наместо да пишуваат деманти, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и неговиот тим должат итно соочување со јавноста, бара поранешниот министер Никола Димитров, по објавувањето на аудиозаписите од рочиштето за пожарот во модуларната болница, во кои се гледа дека Обвинителството како „беспредметно“ го отфрла вештачењето за несреќата на германските експерти. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmeten-od-obvinitelstvoto/
Распитот на германските форензичари, претставени и поздравени како гарант јавноста да не се сомнева во истрагата за причините за ужасот во Тетово бил „беспредметен” за обвинението? Јовески и тимот должат многу одговори. Наместо да пишуваат деманти должат итно соочување со јавноста. За почеток…, реагира Димитров.

The post Димитров: Јовески и тимот должат многу одговори и итно соочување со јавноста appeared first on Република.

]]>
Димитров: Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-chuvstvuvam-odgovornost-shto-bev-del-od-taa-ekipa/ Mon, 14 Aug 2023 17:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=672118

Ни се случува башибозук, рече вечерва поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој во „Вести плус“ на Канал 5 зборуваше за состојбата во Македонија. Според него, проблемите се огромни, лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани. Ситемот ни е такот што не сака способни луѓе, се пожали Димитров.

Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност, рече Димитров.

Димитров во однос на ЕУ, рече дека никогаш нема да бидеме зад другите ако си ја работиме работата, ако законот важи за сите. Вели дека мораме да се вратиме на она „нема правда, нема мир“.

The post Димитров: Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа appeared first on Република.

Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-se-zhali-vtora-godina-po-red-ne-me-kanat-na-prespa-forumot/ Thu, 15 Jun 2023 17:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=651839

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.

Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.

Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.

Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.

Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство.

Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.

Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.

The post Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.
Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.
Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.
Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.
Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство. Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.
Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.
 
The post Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! appeared first on Република.

]]>
Димитров: Денес лошото владеење се покрива во целофан на „европски интеграции“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-denes-loshoto-vladeene-se-pokriva-vo-tselofan-na-evropski-integratsii/ Mon, 22 May 2023 09:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=643532

Уставните амандмани се во рацете на двотретинско мнозинство во Собранието и би било крајно неодговорно, ако тоа не се искористи за барем да ги закрпиме дупките на европскиот пат што се гледаат со голо око.

Ќе заличиме навистина на сериозна држава ако најдеме сили и зрелост, низ широк процес на вистинска демократска дебата, да формулираме државни позиции за патот напред – вели во интервју за „Дојче веле“ поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој од неодамна е претседател на невладината тинк-тенк организација „Балкански центар за конструктивни политики- Солуција”.

Тој наведува повеќе примери за потребниот национален консензус за евроинтегративните процеси.

– Прво, бугарската негација на македонскиот јазик депонирана во контекст на нашата прва меѓувладина конференција во јули 2022 година, треба да добие европски одговор во форма на афирмативни официјални декларации на другите земји членки на ЕУ дека македонскиот јазик е дел од лингвистичкото богатство на Европа и дека по зачленувањето ќе биде еден од официјални јазици на ЕУ.
Второ, влегувањето во сила на уставните амандмани да се услови со бугарско прифаќање на нешто што е неспорно во 21. век – правото на самоопределување и самоизјаснување на македонскиот народ, или со зачленувањето во Унијата.
Трето, Софија бараше и успеа историските прашања од билатерални да станат дел од пристапниот процес со ЕУ, но форматот на Комисијата остана билатерален. Во Комисијата затоа мора да има и европски олеснувач со искуство од која било од историските комисии меѓу други европски држави. Едноставно е, по изневереното ветување од страна на ЕУ врзано со Преспанскиот договор, немаме луксуз да нѐ бидеме претпазливи и искрени со македонските граѓани – вели Димитров.

Според него, од изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев и иницијативата за нова декларација во бугарското собрание, јасно се гледа непроменетата реалност.

– Спорот не само што не е решен туку е дополнително искомплициран. Негирањето на македонскиот јазик и идентитет, инаку класичен говор на омраза, поврзано со инсистирањето дека Бугарите во Македонија не се малцинство и покрај пописот, соголува непријателска стратегија на историски ревизионизам. Софија е охрабрена со таканаречениот француски предлог и се лути кога ние се однесуваме како суверена држава. Уставните амандмани се првата пречка, но зад неа чекаат и многу други, вклучувајќи ги очекувањата на бугарската политика од историчарите во Комисијата. Атмосферата е погубна за македонско-бугарското пријателство, што подразбира меѓусебно елементарно почитување, но и за европскиот наратив кај нас бидејќи е сведен на навредливи уцени – вели Димитров.

Изјавата на премиерот Ковачевски во Рејкјавик во однос на сличноста на бугарскиот наратив кон Македонците со рускиот за Украинците, според Димитров, е валидна, но задоцнета и контрадикторна со политиката на постојано одоброволување на Бугарија во услови на отворено непочитување на нашето право на самоопределување и негирање од нивна страна.

– Велам задоцнета, затоа што кога официјална Софија депонираше писмена негација на македонскиот јазик среде Брисел, Владата овде не само што глумеше пријателство, туку беше и соучесник во рушењето на македонските позиции, прифаќајќи сите алатки што ги бараше Бугарија за реализација на својата антиевропска амбиција на негирање на македонскиот идентитет да бидат дел од пристапниот процес со ЕУ. Да беше вистинско ова задоцнето соочување со реалноста, Владата ќе престанеше слепо да ги турка амандманите, ќе се извинеше за својата лекомисленост и ќе побараше помош од граѓанскиот сектор, експертската јавност и опозицијата, заедно да се најде излез од кашата. Без тоа, „јунаштвото” на премиерот е само некаков емотивен излив или уште полошо, празна предизборна реторика – вели Димитров.

The post Димитров: Денес лошото владеење се покрива во целофан на „европски интеграции“ appeared first on Република.

]]>

Уставните амандмани се во рацете на двотретинско мнозинство во Собранието и би било крајно неодговорно, ако тоа не се искористи за барем да ги закрпиме дупките на европскиот пат што се гледаат со голо око. Ќе заличиме навистина на сериозна држава ако најдеме сили и зрелост, низ широк процес на вистинска демократска дебата, да формулираме државни позиции за патот напред – вели во интервју за „Дојче веле“ поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој од неодамна е претседател на невладината тинк-тенк организација „Балкански центар за конструктивни политики- Солуција”. Тој наведува повеќе примери за потребниот национален консензус за евроинтегративните процеси.
– Прво, бугарската негација на македонскиот јазик депонирана во контекст на нашата прва меѓувладина конференција во јули 2022 година, треба да добие европски одговор во форма на афирмативни официјални декларации на другите земји членки на ЕУ дека македонскиот јазик е дел од лингвистичкото богатство на Европа и дека по зачленувањето ќе биде еден од официјални јазици на ЕУ. Второ, влегувањето во сила на уставните амандмани да се услови со бугарско прифаќање на нешто што е неспорно во 21. век – правото на самоопределување и самоизјаснување на македонскиот народ, или со зачленувањето во Унијата. Трето, Софија бараше и успеа историските прашања од билатерални да станат дел од пристапниот процес со ЕУ, но форматот на Комисијата остана билатерален. Во Комисијата затоа мора да има и европски олеснувач со искуство од која било од историските комисии меѓу други европски држави. Едноставно е, по изневереното ветување од страна на ЕУ врзано со Преспанскиот договор, немаме луксуз да нѐ бидеме претпазливи и искрени со македонските граѓани – вели Димитров.
Според него, од изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев и иницијативата за нова декларација во бугарското собрание, јасно се гледа непроменетата реалност.
– Спорот не само што не е решен туку е дополнително искомплициран. Негирањето на македонскиот јазик и идентитет, инаку класичен говор на омраза, поврзано со инсистирањето дека Бугарите во Македонија не се малцинство и покрај пописот, соголува непријателска стратегија на историски ревизионизам. Софија е охрабрена со таканаречениот француски предлог и се лути кога ние се однесуваме како суверена држава. Уставните амандмани се првата пречка, но зад неа чекаат и многу други, вклучувајќи ги очекувањата на бугарската политика од историчарите во Комисијата. Атмосферата е погубна за македонско-бугарското пријателство, што подразбира меѓусебно елементарно почитување, но и за европскиот наратив кај нас бидејќи е сведен на навредливи уцени – вели Димитров.
Изјавата на премиерот Ковачевски во Рејкјавик во однос на сличноста на бугарскиот наратив кон Македонците со рускиот за Украинците, според Димитров, е валидна, но задоцнета и контрадикторна со политиката на постојано одоброволување на Бугарија во услови на отворено непочитување на нашето право на самоопределување и негирање од нивна страна.
– Велам задоцнета, затоа што кога официјална Софија депонираше писмена негација на македонскиот јазик среде Брисел, Владата овде не само што глумеше пријателство, туку беше и соучесник во рушењето на македонските позиции, прифаќајќи сите алатки што ги бараше Бугарија за реализација на својата антиевропска амбиција на негирање на македонскиот идентитет да бидат дел од пристапниот процес со ЕУ. Да беше вистинско ова задоцнето соочување со реалноста, Владата ќе престанеше слепо да ги турка амандманите, ќе се извинеше за својата лекомисленост и ќе побараше помош од граѓанскиот сектор, експертската јавност и опозицијата, заедно да се најде излез од кашата. Без тоа, „јунаштвото” на премиерот е само некаков емотивен излив или уште полошо, празна предизборна реторика – вели Димитров.

The post Димитров: Денес лошото владеење се покрива во целофан на „европски интеграции“ appeared first on Република.

]]>
Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-promovirashe-nevladina-organizatsija-solutsija/ Thu, 27 Apr 2023 20:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=634792

Партиите мора да бидат натерани да бидат подобри. Надеж гледам во граѓанството кое што мора да биде гласно, мора да стане сила за да нема вака бришан простор за еднопартиско самоволие во државата, порачува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров, кој вечерва ја промовираше невладината организација „Солуција“, преку конференција на тема „Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“.

Во изјавата што по настанот ја сподели тимот на „Солуција“, Димитров меѓу другото вели дека „сите заедно не здружува сонот за здрава, функционална и средена држава, како и дека е голема дилема дали некогаш нашата Македонија била во полоша ситуација“.

Мислам дека ни треба една дебела јасна линија каде завршува државата, каде почнува партијата. Мислам дека ни треба нов општествен договор за да школството, и здравството, и администрацијата не зависат од тоа кој ќе победи на избори, истакнува Димитров.

Тој посочува дека неговото разбирање за политиката не се само партиите или не се само избори, како и дека чувствува голема должност да биде дел од иницијативата која што ќе создаде граѓанска платформа што ќе турка кон мерит и кон професионализам.

Како што стои на официјалната фејсбук страна на „Солуција“, мисијата на оваа невладина организација е посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството, унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.

The post Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“ appeared first on Република.

]]>

Партиите мора да бидат натерани да бидат подобри. Надеж гледам во граѓанството кое што мора да биде гласно, мора да стане сила за да нема вака бришан простор за еднопартиско самоволие во државата, порачува поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров, кој вечерва ја промовираше невладината организација „Солуција“, преку конференција на тема „Излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизмот“. Во изјавата што по настанот ја сподели тимот на „Солуција“, Димитров меѓу другото вели дека „сите заедно не здружува сонот за здрава, функционална и средена држава, како и дека е голема дилема дали некогаш нашата Македонија била во полоша ситуација“. Мислам дека ни треба една дебела јасна линија каде завршува државата, каде почнува партијата. Мислам дека ни треба нов општествен договор за да школството, и здравството, и администрацијата не зависат од тоа кој ќе победи на избори, истакнува Димитров. Тој посочува дека неговото разбирање за политиката не се само партиите или не се само избори, како и дека чувствува голема должност да биде дел од иницијативата која што ќе создаде граѓанска платформа што ќе турка кон мерит и кон професионализам. Како што стои на официјалната фејсбук страна на „Солуција“, мисијата на оваа невладина организација е посветена на справување со корупцијата, клиентелизмот и поларизацијата на општеството, унапредување на општествената дебата, облагородување на јавниот наратив и културата на дијалог; креирање и поддршка на конструктивни решенија во политиката, економијата, правдата, животната средина, надворешните работи, мирното решавање на меѓународните спорови; унапредување на демократијата, заштита на човековите слободи и права, почитување на достоинството на човекот и развој на либералните политики.

The post Никола Димитров промовираше невладина организација „Солуција“ appeared first on Република.

]]>