независен Archives - Република https://republika.mk/tema/nezavisen/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 08:31:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png независен Archives - Република https://republika.mk/tema/nezavisen/ 32 32 Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар https://republika.mk/vesti/makedonija/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar-2/ Tue, 15 Aug 2023 08:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=672217

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.

Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот.

Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал.

Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.

 

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.
Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот.
Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал.
Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.
 

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>
„Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/nezavisen-padna-na-bugarskata-propaganda-deka-nikoloski-dobil-zabrana-da-gi-brani-makedontsite-vo-bugarija/ Sat, 29 Apr 2023 09:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=635203

Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/

Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.

Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.

Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post „Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Весникот Независен пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП конта Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување. https://republika.mk/vesti/makedonija/epp-kontra-bugarija-i-vo-odbrana-na-nikoloski-nema-nikakva-zabrana-za-zboruvane/ Објаснување на случајот побаравме и од групата на ЕПП во ПССЕ, од каде што неофицијално потврдија дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборува за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата. Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.
Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

The post „Независен“ падна на бугарската пропаганда дека Николоски добил забрана да ги брани Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Канал 5 подготвува тужба против порталот „Независен“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kanal-5-podgotvuva-tuzba-protiv-portalot-nezavisen/ Thu, 07 Apr 2022 12:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=484751

Тешки клевети и навреди и измислени тези кои немаат основа, заедно со претходно недозволено преземање на наши прилози и текстови ќе бидат доставени до ОЈО за „парамедиумот“ познат како НЕЗАВИСЕН, велат од Канал 5 телевизија, најавувајќи тужба против медиумот, за текст во кој се вели дека петте национални телевизии „ја блокирале владата“.

Реакцијата на Канал 5 ви ја пренесуваме во целост:

Наместо да се занимава со вистинско медиумско работење, и да се бори, спротивно на ставовите на ЗНМ , дел од порталите, како што е Независен пласираат небулозни измислици, со што прават директна штета врз работењето на нашата компанија.

Истовремено, прават „групирање“ на 5те национални телевизии ( за жал една криминална ТВ се бори со години да стане национална , ама не и успева ), во т.н. заедничко дејствување , а дополнително алудираат дека, само во нивните глави видлив, „бојкот“ се спроведувал на нашите ТВ канали.

За да им објаснам на „параколегите“ од „парамедиумот“ (терминот параколеги/парановинари и парамедиум се затоа што на нивно (ЗНМ) барање, порталите да не се правно препознаени и не се во правен промет во Македонија, со што ако некој работи во незаконски медиуми - парамедиум, станува и парановинар) „Неависен“, професионалните новинарски и етички стандарди велат дека треба за секоја сторија да се слушнат двете страни. Вашите „парановинари“ го прават буквално она за и против кое наводно се бореа - „груевизмот“. Ниту ни се обратија, ниту не прашаа дали воопшто нешто се случува и ако се случува што е основата, парановинарите си напишале текст, неплашејќи се од соодветни судски поднсоци - затоа што не се медиум, и затоа што некои од актуелната власт им дал дополнителна „бустер доза“ на самодоверба, при тоа не кажувајќи им дека „паричката има две страни, а дури се врти во водухот, истата има милион страни.

Нас, како еден од највлијателните медимуми ( медиум според закон, а не парамедиум) не нè прашуваат зошто „таличниот“ министер за правда Тупанчевски со денови избегнува да даде изјава за Канал 5 ТВ, не се прашуваат зошто една телевизија има сопственик кој во исто време е сопственик и на кабелски оператор што е кривично дело по неколку основи, туку пласираат лаги, клевети, параинформации кои немаат врска со реалноста, за наводен бојкот и барање за враќање на „груевизмот“. Е ова драги „параколеги“ ќе треба да го докажете на Суд!

Треба ли можеби да се прашаат зошто од категоријата медиуми и новинари, преминаа во папамедиум и парановинари, односно зошто згасна весникот „Независен“?

Порталот Независен објави дека националните телевизии во Македонија веќе три дена ја бојкотираат Владата, оваа информација е лага и е далеку од вистината.

Да потсетимер, според сите европски закони за медиумско работење, секоја ТВ куќа во Македонија во секој момент има право да си ја креира уредувачката политика кој кореспондира со настаните за кои постои најголем интерес во јавноста. Точка.

Затоа, иако Канал 5 ТВ еднаш им ја прости на „параколегите“ од „Независен“ кривичната пријава за плагијат- односно недозволено преземање на целосен авторски текст на наш новинар, и пласирање на нивниот „парамедиум“ - наречен портал ( според нашите позитивни законски прописи ), ќе мораме конечно да почнеме да се бориме против сите оние кои ги пронаоѓаме во американската изрека која гласи - fool me once-shame on you, fool me twice-shame on me.

„Параколеги“ од „Независен“ - коцката е фрлена, ама не онаа „лего коцка“, една сосема друга...

The post Канал 5 подготвува тужба против порталот „Независен“ appeared first on Република.

]]>

Тешки клевети и навреди и измислени тези кои немаат основа, заедно со претходно недозволено преземање на наши прилози и текстови ќе бидат доставени до ОЈО за „парамедиумот“ познат како НЕЗАВИСЕН, велат од Канал 5 телевизија, најавувајќи тужба против медиумот, за текст во кој се вели дека петте национални телевизии „ја блокирале владата“. Реакцијата на Канал 5 ви ја пренесуваме во целост:
Наместо да се занимава со вистинско медиумско работење, и да се бори, спротивно на ставовите на ЗНМ , дел од порталите, како што е Независен пласираат небулозни измислици, со што прават директна штета врз работењето на нашата компанија. Истовремено, прават „групирање“ на 5те национални телевизии ( за жал една криминална ТВ се бори со години да стане национална , ама не и успева ), во т.н. заедничко дејствување , а дополнително алудираат дека, само во нивните глави видлив, „бојкот“ се спроведувал на нашите ТВ канали. За да им објаснам на „параколегите“ од „парамедиумот“ (терминот параколеги/парановинари и парамедиум се затоа што на нивно (ЗНМ) барање, порталите да не се правно препознаени и не се во правен промет во Македонија, со што ако некој работи во незаконски медиуми - парамедиум, станува и парановинар) „Неависен“, професионалните новинарски и етички стандарди велат дека треба за секоја сторија да се слушнат двете страни. Вашите „парановинари“ го прават буквално она за и против кое наводно се бореа - „груевизмот“. Ниту ни се обратија, ниту не прашаа дали воопшто нешто се случува и ако се случува што е основата, парановинарите си напишале текст, неплашејќи се од соодветни судски поднсоци - затоа што не се медиум, и затоа што некои од актуелната власт им дал дополнителна „бустер доза“ на самодоверба, при тоа не кажувајќи им дека „паричката има две страни, а дури се врти во водухот, истата има милион страни. Нас, како еден од највлијателните медимуми ( медиум според закон, а не парамедиум) не нè прашуваат зошто „таличниот“ министер за правда Тупанчевски со денови избегнува да даде изјава за Канал 5 ТВ, не се прашуваат зошто една телевизија има сопственик кој во исто време е сопственик и на кабелски оператор што е кривично дело по неколку основи, туку пласираат лаги, клевети, параинформации кои немаат врска со реалноста, за наводен бојкот и барање за враќање на „груевизмот“. Е ова драги „параколеги“ ќе треба да го докажете на Суд! Треба ли можеби да се прашаат зошто од категоријата медиуми и новинари, преминаа во папамедиум и парановинари, односно зошто згасна весникот „Независен“? Порталот Независен објави дека националните телевизии во Македонија веќе три дена ја бојкотираат Владата, оваа информација е лага и е далеку од вистината. Да потсетимер, според сите европски закони за медиумско работење, секоја ТВ куќа во Македонија во секој момент има право да си ја креира уредувачката политика кој кореспондира со настаните за кои постои најголем интерес во јавноста. Точка. Затоа, иако Канал 5 ТВ еднаш им ја прости на „параколегите“ од „Независен“ кривичната пријава за плагијат- односно недозволено преземање на целосен авторски текст на наш новинар, и пласирање на нивниот „парамедиум“ - наречен портал ( според нашите позитивни законски прописи ), ќе мораме конечно да почнеме да се бориме против сите оние кои ги пронаоѓаме во американската изрека која гласи - fool me once-shame on you, fool me twice-shame on me. „Параколеги“ од „Независен“ - коцката е фрлена, ама не онаа „лего коцка“, една сосема друга...

The post Канал 5 подготвува тужба против порталот „Независен“ appeared first on Република.

]]>