Независен синдикат Archives - Република https://republika.mk/tema/nezavisen-sindikat/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 11:39:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Независен синдикат Archives - Република https://republika.mk/tema/nezavisen-sindikat/ 32 32 Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата https://republika.mk/vesti/makedonija/nezavisniot-sindikat-na-zdravstveni-rabotnitsi-najavuva-protest-dokolku-ne-se-usoglasat-platite-so-minimalnata-plata/ Sun, 25 Feb 2024 12:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=748098

Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.

На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

– Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

The post Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата. На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови. – Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

The post Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата appeared first on Република.

]]>
Па што ако не работи системот, хакерски напади има секаде! Имаме паметни луѓе, треба да ги задржиме, а не да ни бегаат, велат од Независниот синдикат https://republika.mk/zivot/zdravje/pa-shto-ako-ne-raboti-sistemot-hakerski-napadi-ima-sekade-imame-pametni-luge-treba-da-gi-zadrzhime-a-ne-da-ni-begaat-velat-od-nezavisniot-sidikat/ Mon, 20 Feb 2023 13:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=611095

Имаме паметни луѓе, треба да ги задржиме, а не да ни бегаат. Ништо не функционира во државата, вели Марјан Ристески, од Конфедерацијата на независни синдикати.

Денеска пколу 150 вработени од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември" во 13 часот протестираа пред Болницата, револтирани оти десет дена им доцни платата за јануари, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување( ФЗОМ).

Сега се прави закон за работни односи, овие луѓе немаат земено К-15 скоро 20 години. Затоа бараме тоа да се вметне во законот за работни односи. Па што ако не работи системот, хакерски напади има секаде! Треба да се насочат да ги спречат овие напади, во држвата има паметни луѓе. Или па да ги пуштиме сите што значат нешто, нека се иселат, нека останат овде неспособни луѓе. И што ни останува нам? Да се молиме на Господ! Во државата ништо не функционира, вели Ристески.

Рената Ѓаконовиќ од Независниот синдикат, кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати рече дека денеска излегуваат на мирен протест во време на нивната пауза и покрај известувањето од Управата на Болницата дека не се официјален репрезентативен синдикат.

Затоа има одлив, затоа заминуваат медицински сестри и доктори во странство. Ќе остане минимален број којшто ќе работат со овие пациенти, а тоа е жално за Македонија, да изгуби квалитетен здравствен персонал, рече Ѓаконовиќ.

Ристески од Конфедерацијата кажа дека денеска протестираа и дел од вработените во Геријатрија, како и во болниците во Охрид, Тетово, Неготино и други градови, и дека ако нема плата денес, се разговара за порадикални чекори како штрајк и бојкот.

Владата се занимава со сама себе, со министри нови, а сите знаеме овие луѓе какви напори дадоа во ковид кризата. И да има плата денес, тоа не е конечно решение и затоа бараме со месеци средба со премиерот, рече Ристески.

The post Па што ако не работи системот, хакерски напади има секаде! Имаме паметни луѓе, треба да ги задржиме, а не да ни бегаат, велат од Независниот синдикат appeared first on Република.

]]>

Имаме паметни луѓе, треба да ги задржиме, а не да ни бегаат. Ништо не функционира во државата, вели Марјан Ристески, од Конфедерацијата на независни синдикати. Денеска пколу 150 вработени од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември" во 13 часот протестираа пред Болницата, револтирани оти десет дена им доцни платата за јануари, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување( ФЗОМ).
Сега се прави закон за работни односи, овие луѓе немаат земено К-15 скоро 20 години. Затоа бараме тоа да се вметне во законот за работни односи. Па што ако не работи системот, хакерски напади има секаде! Треба да се насочат да ги спречат овие напади, во држвата има паметни луѓе. Или па да ги пуштиме сите што значат нешто, нека се иселат, нека останат овде неспособни луѓе. И што ни останува нам? Да се молиме на Господ! Во државата ништо не функционира, вели Ристески.
Рената Ѓаконовиќ од Независниот синдикат, кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати рече дека денеска излегуваат на мирен протест во време на нивната пауза и покрај известувањето од Управата на Болницата дека не се официјален репрезентативен синдикат.
Затоа има одлив, затоа заминуваат медицински сестри и доктори во странство. Ќе остане минимален број којшто ќе работат со овие пациенти, а тоа е жално за Македонија, да изгуби квалитетен здравствен персонал, рече Ѓаконовиќ.
Ристески од Конфедерацијата кажа дека денеска протестираа и дел од вработените во Геријатрија, како и во болниците во Охрид, Тетово, Неготино и други градови, и дека ако нема плата денес, се разговара за порадикални чекори како штрајк и бојкот.
Владата се занимава со сама себе, со министри нови, а сите знаеме овие луѓе какви напори дадоа во ковид кризата. И да има плата денес, тоа не е конечно решение и затоа бараме со месеци средба со премиерот, рече Ристески.
   
The post Па што ако не работи системот, хакерски напади има секаде! Имаме паметни луѓе, треба да ги задржиме, а не да ни бегаат, велат од Независниот синдикат appeared first on Република.

]]>
Независниот синдикат на полицијата бара од идниот премиер да ги вметне нивните барања во владината програма https://republika.mk/vesti/ekonomija/nezavisniot-sindikat-na-policijata-bara-od-idniot-premier-da-gi-vmetne-nivnite-baranja-vo-vladinata-programa-2/ Thu, 06 Jan 2022 13:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=441310

Независниот синдикат на полицијата бара од новиот премиер на Република Македонија во наредниот период да ги сублимира сите нивни барања и да ги инкорпорира во програмата на Владата.

Независниот синдикат на полицијата на идниот премиер му порачува многу внимателно да ги разгледа сите пресови, сите барања, писмени, усмени, телефонски, медиумски итн. кои биле доставени од страна на Независниот синдикат на полицијата, да ги укомпонира во неговата работа за да може што поскоро да дојдеме до прагот на линијата со која може да кажеме дека ете приближуваме кон функционирањето на државата и приближување кон стандардите према ЕУ, изјави денеска Гоце Делчев од Независниот синдикат на полицијата.

Во спротивно, според него, ќе се случи само продлабочување на проблемите со кои, како што рече, полициските службеници во рамки на МВР се соочувале и се соочуваат.

Делчев најави дека од Независниот синдикат на полицијата ќе продолжат да доставуваат одредени писмени барања и до Уставниот суд за преиспитување на многу прашања што во моментов функционираат во МВР.

Гоце Делчев наведе дека не смее да се случи промена на колективниот договор во рамки на МВР, како што тоа било направено во декември 2021 година, без никакви претходно консултации,  договори и комуникации со други вработени и со останати синдикати во рамки на МВР.

Според него, во тој колективен договор под синдикат се подразбира Македонски полициски синдикат, затоа што, изјави Делчев, во рамки на Централниот регистар и во МТСПП не е регистриран само Македонскиот полициски синдикат, и не е само тој репрезентативен синдикат. Тврди дека Независниот синдикат од 2018 година е репрезентативен синдикат.

Не може да се случи да некој што не е вработен во полицијата како што тоа во моментов во Центарот за обука имаме кандидати за полициски службеници 600 да бидат зачленети во друг синдикат и кога ќе почнат со работа после година дена да им се активираат пристапниците и тие да бидат членови на тој синдикат, рече Делчев.

The post Независниот синдикат на полицијата бара од идниот премиер да ги вметне нивните барања во владината програма appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на полицијата бара од новиот премиер на Република Македонија во наредниот период да ги сублимира сите нивни барања и да ги инкорпорира во програмата на Владата.
Независниот синдикат на полицијата на идниот премиер му порачува многу внимателно да ги разгледа сите пресови, сите барања, писмени, усмени, телефонски, медиумски итн. кои биле доставени од страна на Независниот синдикат на полицијата, да ги укомпонира во неговата работа за да може што поскоро да дојдеме до прагот на линијата со која може да кажеме дека ете приближуваме кон функционирањето на државата и приближување кон стандардите према ЕУ, изјави денеска Гоце Делчев од Независниот синдикат на полицијата.
Во спротивно, според него, ќе се случи само продлабочување на проблемите со кои, како што рече, полициските службеници во рамки на МВР се соочувале и се соочуваат. Делчев најави дека од Независниот синдикат на полицијата ќе продолжат да доставуваат одредени писмени барања и до Уставниот суд за преиспитување на многу прашања што во моментов функционираат во МВР. Гоце Делчев наведе дека не смее да се случи промена на колективниот договор во рамки на МВР, како што тоа било направено во декември 2021 година, без никакви претходно консултации,  договори и комуникации со други вработени и со останати синдикати во рамки на МВР. Според него, во тој колективен договор под синдикат се подразбира Македонски полициски синдикат, затоа што, изјави Делчев, во рамки на Централниот регистар и во МТСПП не е регистриран само Македонскиот полициски синдикат, и не е само тој репрезентативен синдикат. Тврди дека Независниот синдикат од 2018 година е репрезентативен синдикат.