невреме Archives - Република https://republika.mk/tema/nevreme/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 20:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невреме Archives - Република https://republika.mk/tema/nevreme/ 32 32 Поплави ја погодија Шпанија, властите издадоа предупредувања за Валенсија и Андалузија https://republika.mk/vesti/svet/poplavi-ja-pogodija-shpanija-vlastite-izdadoa-predupreduvana-za-valensija-i-andaluzija/ Tue, 29 Oct 2024 20:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=832254

Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради обилните врнежи, но нема повредени.

АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа, пренесува Ројтерс.

https://www.youtube.com/watch?v=TXYkHFLN0w0

The post Поплави ја погодија Шпанија, властите издадоа предупредувања за Валенсија и Андалузија appeared first on Република.

]]>

Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања. Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради обилните врнежи, но нема повредени. АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа, пренесува Ројтерс. https://www.youtube.com/watch?v=TXYkHFLN0w0

The post Поплави ја погодија Шпанија, властите издадоа предупредувања за Валенсија и Андалузија appeared first on Република.

]]>
Портокалово предупредување по силното невреме во Франција https://republika.mk/vesti/svet/portokalovo-predupreduvane-po-silnoto-nevreme-vo-frantsija/ Fri, 18 Oct 2024 11:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=828486

Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува.

На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ.

Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата. ссм

The post Портокалово предупредување по силното невреме во Франција appeared first on Република.

]]>

Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува. На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ. Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата. ссм

The post Портокалово предупредување по силното невреме во Франција appeared first on Република.

]]>
Невреме во Србија: Се излеа Дунав, силниот ветер корнеше дрвја https://republika.mk/vesti/balkan/nevreme-vo-srbija-se-izlea-dunav-silniot-veter-korneshe-drvja/ Sat, 28 Sep 2024 18:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=820621

Реката Дунав денеска се излеа во српскиот град Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, каде невремето придружено со силен ветер корнеше дрвја и оштети покриви. На целиот север од земјата е забележан значителен пад на температурата и се предвидува продолжено невреме со силен дожд и грмежи, пренесува „Слободен печат“.

Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но во потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина, како и во јужните и источните делови на земјата.

На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на себеси и својот имот од предвиденото невреме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BAP VESTI (@backapalankadesavanja)

Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.

 

The post Невреме во Србија: Се излеа Дунав, силниот ветер корнеше дрвја appeared first on Република.

]]>

Реката Дунав денеска се излеа во српскиот град Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, каде невремето придружено со силен ветер корнеше дрвја и оштети покриви. На целиот север од земјата е забележан значителен пад на температурата и се предвидува продолжено невреме со силен дожд и грмежи, пренесува „Слободен печат“. Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но во потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина, како и во јужните и источните делови на земјата. На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на себеси и својот имот од предвиденото невреме.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by BAP VESTI (@backapalankadesavanja)

Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.  

The post Невреме во Србија: Се излеа Дунав, силниот ветер корнеше дрвја appeared first on Република.

]]>
Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното https://republika.mk/vesti/svet/edno-litsa-zagina-desetina-se-ischeznati-japonija-naredi-evakuatsija-na-desetitsi-iljadi-luge-poradi-nevremeto-na-poluostrovot-noto/ Sat, 21 Sep 2024 12:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=818490

Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари.

Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја.

Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното.

Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот.

Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион.

Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица.

Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето.

Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки.

Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.

 

The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари. Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја. Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното. Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот. Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион. Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица. Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето. Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки. Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.  

The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.

]]>
Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/obilnite-dozhdovi-predizvikaa-poplavi-vo-japonija-i-juzhna-koreja/ Sat, 21 Sep 2024 09:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=818431

Обилни дождови ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе.

Издадено е предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е погодена од невидени врнежи. Повеќе од 120 милиметри дожд на час се забележани утринава во регионот Ното во централната јапонска префектура.

Надлежните соопштија дека најмалку едно лице се води за исчезнато, додека многу куќи се поплавени во општина Ваџими. Медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во одронот.

Јапонската метеоролошка агенција исто така предупреди дека атмосферските услови ќе бидат крајно нестабилни во североисточниот регион Тохоку поради навлегувањето на топол и влажен воздух во систем со низок притисок.

Обилните дождови ја погодија и Јужна Кореја, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави, принудувајќи повеќе од 500 луѓе да се евакуираат во јужните региони, додека многу патишта и згради се под вода.

Централниот штаб за катастрофи и безбедносни контрамерки објави дека рано утринава се евакуирани 506 лица од 342 домаќинства во провинциите Северен Гјеонгсанг и јужен Чунгчеонг поради обилните врнежи од дожд. Обилните дождови поплавија и 54 делници од јавните патишта.

Министерството за внатрешни работи го подигна нивото на предупредување за обилни дождови на „алармантно“, а премиерот Хан Дук-су итно им нареди на службениците да ги мобилизираат сите расположливи административни ресурси за да се ублажат штетите и да се направат подготовки за понатамошни врнежи што ќе ги донесе тропскиот циклон Пуласан на јужниот брег.

The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Обилни дождови ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе. Издадено е предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е погодена од невидени врнежи. Повеќе од 120 милиметри дожд на час се забележани утринава во регионот Ното во централната јапонска префектура. Надлежните соопштија дека најмалку едно лице се води за исчезнато, додека многу куќи се поплавени во општина Ваџими. Медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во одронот. Јапонската метеоролошка агенција исто така предупреди дека атмосферските услови ќе бидат крајно нестабилни во североисточниот регион Тохоку поради навлегувањето на топол и влажен воздух во систем со низок притисок. Обилните дождови ја погодија и Јужна Кореја, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави, принудувајќи повеќе од 500 луѓе да се евакуираат во јужните региони, додека многу патишта и згради се под вода. Централниот штаб за катастрофи и безбедносни контрамерки објави дека рано утринава се евакуирани 506 лица од 342 домаќинства во провинциите Северен Гјеонгсанг и јужен Чунгчеонг поради обилните врнежи од дожд. Обилните дождови поплавија и 54 делници од јавните патишта. Министерството за внатрешни работи го подигна нивото на предупредување за обилни дождови на „алармантно“, а премиерот Хан Дук-су итно им нареди на службениците да ги мобилизираат сите расположливи административни ресурси за да се ублажат штетите и да се направат подготовки за понатамошни врнежи што ќе ги донесе тропскиот циклон Пуласан на јужниот брег.

The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>
Европа ги брои мртвите од поплавата, хаосот не застанува: Надојдените реки по обилните врнежи оштетија илјадници домови https://republika.mk/vesti/svet/evropa-gi-broi-mrtvite-od-poplavata-haosot-ne-zastanuva-nadojdenite-reki-po-obilnite-vrnezhi-oshtetija-iljadnitsi-domovi/ Mon, 16 Sep 2024 07:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=816663

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

Бурата Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ централна и источна Европа, со нови поројни дождови во прогнозата барем до крајот на понеделник.

Во некои од погодените делови за три дена наврнале 288 мм дожд, воден талог кој во нормални временски услови би наврнал за време од три месеци.

The post Европа ги брои мртвите од поплавата, хаосот не застанува: Надојдените реки по обилните врнежи оштетија илјадници домови appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја. Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата. Бурата Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ централна и источна Европа, со нови поројни дождови во прогнозата барем до крајот на понеделник. Во некои од погодените делови за три дена наврнале 288 мм дожд, воден талог кој во нормални временски услови би наврнал за време од три месеци.

The post Европа ги брои мртвите од поплавата, хаосот не застанува: Надојдените реки по обилните врнежи оштетија илјадници домови appeared first on Република.

]]>
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-osum-zaginati-vo-poplavite-vo-evropa/ Mon, 16 Sep 2024 06:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=816652

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

The post Најмалку осум загинати во поплавите во Европа appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја. Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

The post Најмалку осум загинати во поплавите во Европа appeared first on Република.

]]>
Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември https://republika.mk/vesti/svet/padna-eden-metar-sneg-vo-avstrija-na-sredina-na-septemvri/ Sat, 14 Sep 2024 20:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=816436

Снегот дојде рано годинава и од вчера паѓа на Алпите достигнувајќи висина од речиси еден метар.

 

Иако се очекуваше дека летото ќе трае малку подолго во септември и дека полека ќе преминеме во есен, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа. Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а утрово имаше информации и за снег на Пелистер.

 

Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата. Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри.

На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.

 

Од вчера снег паѓа на надморска височина од 1.500 метри, но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 метри надморска височина. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри и локално паѓа на 700 метри надморска височина и веќе ги зафати алпските градови и не престанува.

Студениот фронт во петокот предизвика рекордно ниски температури за овој период од годината и во Швајцарија, што доведе до затворање на планинските премини. Како што соопшти Федералниот институт за метеорологија и климатологија (МетеоСвиш), снежната линија денеска изнесуваше меѓу 1.200 и 1.500 метри. Според прогнозата на МетеоСвиш, до вечерва се очекуваат нови врнежи од снег од пет до 15 сантиметри“, објави МетеоСвиш на платформата „Икс“.

The post Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември appeared first on Република.

]]>

Снегот дојде рано годинава и од вчера паѓа на Алпите достигнувајќи висина од речиси еден метар.   Иако се очекуваше дека летото ќе трае малку подолго во септември и дека полека ќе преминеме во есен, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа. Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а утрово имаше информации и за снег на Пелистер.   Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата. Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри. На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.   Од вчера снег паѓа на надморска височина од 1.500 метри, но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 метри надморска височина. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри и локално паѓа на 700 метри надморска височина и веќе ги зафати алпските градови и не престанува. Студениот фронт во петокот предизвика рекордно ниски температури за овој период од годината и во Швајцарија, што доведе до затворање на планинските премини. Како што соопшти Федералниот институт за метеорологија и климатологија (МетеоСвиш), снежната линија денеска изнесуваше меѓу 1.200 и 1.500 метри. Според прогнозата на МетеоСвиш, до вечерва се очекуваат нови врнежи од снег од пет до 15 сантиметри“, објави МетеоСвиш на платформата „Икс“.

The post Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември appeared first on Република.

]]>
Европа се подготвува за најлошото: Се нижат предупредувања, се откажуваат настани, се распоредува војска https://republika.mk/vesti/svet/evropa-se-podgotvuva-za-najloshoto-se-nizhat-predupreduvana-se-otkazhuvaat-nastani-se-rasporeduva-vojska/ Fri, 13 Sep 2024 08:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=815889

Цела Европа е на удар. Предупредувања за невреме се на сила речиси во сите европски земји.


Како што беше најавено, Хрватска ја зафати огромна промена на времето. Невреме со грмотевици, силен ветар, обилни дождови создадоа проблеми низ целата земја.

Според чешките и полски метеоролози, во некои подрачја на нивната земја би можеле да паднат до 400 литри дожд на метар квадратен во идните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.


Културните манифестации предивдени за овој викенд во овие земји се откажани поради најавениот цилкон.

Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината основаше кризен штаб.

Градовите во Моравска подигнале бариери против поплавите и подготвиле вреќи со песок во очекување на невреме кое ќе биде последно со ветрови со брзина до 100 километри на час.

Според тврдењата на австриската телевизија ОРФ, водостојот на Дунав би можел да нарасте до ниво кое не е видено пет до 10 години.

Австрискиот канцелар Карл Нехемар рекол дека е подготвен да распореди до 1.000 војници, ако биде потребно.

Словачката војска и пожарникари доброволци исто така се подготвени да помогнат.

Силно невреме вчера зафати и дел од Словенија, словенечкото Приморје и Истра, а посебно подрачјето на Копар. Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку за цело лето.

The post Европа се подготвува за најлошото: Се нижат предупредувања, се откажуваат настани, се распоредува војска appeared first on Република.

]]>

Цела Европа е на удар. Предупредувања за невреме се на сила речиси во сите европски земји. Како што беше најавено, Хрватска ја зафати огромна промена на времето. Невреме со грмотевици, силен ветар, обилни дождови создадоа проблеми низ целата земја. Според чешките и полски метеоролози, во некои подрачја на нивната земја би можеле да паднат до 400 литри дожд на метар квадратен во идните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри. Културните манифестации предивдени за овој викенд во овие земји се откажани поради најавениот цилкон. Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината основаше кризен штаб. Градовите во Моравска подигнале бариери против поплавите и подготвиле вреќи со песок во очекување на невреме кое ќе биде последно со ветрови со брзина до 100 километри на час. Според тврдењата на австриската телевизија ОРФ, водостојот на Дунав би можел да нарасте до ниво кое не е видено пет до 10 години. Австрискиот канцелар Карл Нехемар рекол дека е подготвен да распореди до 1.000 војници, ако биде потребно. Словачката војска и пожарникари доброволци исто така се подготвени да помогнат. Силно невреме вчера зафати и дел од Словенија, словенечкото Приморје и Истра, а посебно подрачјето на Копар. Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку за цело лето.

The post Европа се подготвува за најлошото: Се нижат предупредувања, се откажуваат настани, се распоредува војска appeared first on Република.

]]>
Нема да е обичен летен дожд, туку опасно невреме доаѓа кон Грција https://republika.mk/vesti/balkan/nema-da-e-obichen-leten-dozhd-tuku-opasno-nevreme-doaga-kon-grtsija/ Tue, 10 Sep 2024 07:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=814768

За опасни временски појави и опасност од поплави, а не за обична летна нестабилност, предупредува министерот за климатска кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за невремето „Атена“ што ќе зафати делови од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас објасни дека за невремето веќе е свикан состанок на меѓуресорски комитет со учествуво на сите инволвирани органи.

Врз основа на деталните информации од Комитетот за процена на опасност и според прогнозата на Националната метеоролошка служба, од вечерва и во следните денови во повеќе области во земјава ќе има опасни временски појави. Ова не е летна нестабилност, туку есенски систем. Практично, значи дека невремето ќе трае долго, па не се исклучени и појави на локални поплави, рече синоќа Кикиљас.

Додаде дека од денес наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд во Јонското Море, а зафатени ќе бидат и Епир и западниот дел на земјата, а од утре невремето ќе го зафати северниот дел на земјата, како и северна и западна Тесалија. 

The post Нема да е обичен летен дожд, туку опасно невреме доаѓа кон Грција appeared first on Република.

]]>

За опасни временски појави и опасност од поплави, а не за обична летна нестабилност, предупредува министерот за климатска кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за невремето „Атена“ што ќе зафати делови од земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас објасни дека за невремето веќе е свикан состанок на меѓуресорски комитет со учествуво на сите инволвирани органи.
Врз основа на деталните информации од Комитетот за процена на опасност и според прогнозата на Националната метеоролошка служба, од вечерва и во следните денови во повеќе области во земјава ќе има опасни временски појави. Ова не е летна нестабилност, туку есенски систем. Практично, значи дека невремето ќе трае долго, па не се исклучени и појави на локални поплави, рече синоќа Кикиљас.
Додаде дека од денес наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд во Јонското Море, а зафатени ќе бидат и Епир и западниот дел на земјата, а од утре невремето ќе го зафати северниот дел на земјата, како и северна и западна Тесалија. 

The post Нема да е обичен летен дожд, туку опасно невреме доаѓа кон Грција appeared first on Република.

]]>
Големо невреме во Италија, се излеаја реки, се урна мост https://republika.mk/vesti/svet/golemo-nevreme-vo-italija-se-izleaja-reki-se-urna-most/ Thu, 05 Sep 2024 20:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=813642

Силно невреме ја зафати Западна Италија, а како што јавуваат медиумите најлошо било во регионите Пиемонт и Лигурија каде се забележани поплави кои уништија мостови.

Во Пиемонт реки се излеаја на улиците на Торино, а реката Херардо урна мост во селото Џордани, поради што неколку околни села беа отсечени од светот, јавува државната агенција Анса.

Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди и јадранското пристаниште Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на патниот сообраќај. Во Венеција, пак, плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, па се огласија сирените.

Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасностите од поплави.

Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и силниот дожд во западна Лигурија предизвикаа паѓање на дрвја, билборди и летниковци. Многу области се поплавени, а нивото на реките се зголемува и во Ломбардија.

The post Големо невреме во Италија, се излеаја реки, се урна мост appeared first on Република.

]]>

Силно невреме ја зафати Западна Италија, а како што јавуваат медиумите најлошо било во регионите Пиемонт и Лигурија каде се забележани поплави кои уништија мостови. Во Пиемонт реки се излеаја на улиците на Торино, а реката Херардо урна мост во селото Џордани, поради што неколку околни села беа отсечени од светот, јавува државната агенција Анса. Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди и јадранското пристаниште Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на патниот сообраќај. Во Венеција, пак, плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, па се огласија сирените. Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасностите од поплави. Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и силниот дожд во западна Лигурија предизвикаа паѓање на дрвја, билборди и летниковци. Многу области се поплавени, а нивото на реките се зголемува и во Ломбардија.

The post Големо невреме во Италија, се излеаја реки, се урна мост appeared first on Република.

]]>
УХМР најавува невреме од петок https://republika.mk/zivot/servisi/uhmr-najavuva-nevreme-od-petok/ Thu, 05 Sep 2024 16:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=813610

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Особено нестабилно ќе биде утре и в сабота, a в недела ќе има помали услови за нестабилност. Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме.

Во Скопје, од утре до средината на следната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

За време на продолжениот викенд минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната температура од 25 до 33 степени.

The post УХМР најавува невреме од петок appeared first on Република.

]]>

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Особено нестабилно ќе биде утре и в сабота, a в недела ќе има помали услови за нестабилност. Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме. Во Скопје, од утре до средината на следната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. За време на продолжениот викенд минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната температура од 25 до 33 степени.

The post УХМР најавува невреме од петок appeared first on Република.

]]>
Бура во Атина, поплави во делови од Грција https://republika.mk/vesti/balkan/bura-vo-atina-poplavi-vo-delovi-od-grtsija/ Sat, 31 Aug 2024 18:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=811866

Невреме предизвика поплави во делови од Грција. Некоо Области беа под вода, затоа што за кратко време наврна големо количество дожд. Бурата ги зафати јужните предградија на Атина.

За Пелопонез е издадено предупредување, а нестабилно време се очекува и на Крит и на другите острови во Јонското Море.

Во пристанишниот град Волос, пак, беше прогласена вонредна состојба со цел да се исчистат последиците од загадувањето на морето предизвикано од тони угинати риби.

The post Бура во Атина, поплави во делови од Грција appeared first on Република.

]]>

Невреме предизвика поплави во делови од Грција. Некоо Области беа под вода, затоа што за кратко време наврна големо количество дожд. Бурата ги зафати јужните предградија на Атина. За Пелопонез е издадено предупредување, а нестабилно време се очекува и на Крит и на другите острови во Јонското Море. Во пристанишниот град Волос, пак, беше прогласена вонредна состојба со цел да се исчистат последиците од загадувањето на морето предизвикано од тони угинати риби.

The post Бура во Атина, поплави во делови од Грција appeared first on Република.

]]>
Големо невреме во Албанија: Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода https://republika.mk/vesti/balkan/golemo-nevreme-vo-albanija-najpogodeni-se-tirana-drach-elbasan-korcha-i-bulkiza-kade-ulitsite-bea-prepolni-so-voda/ Tue, 27 Aug 2024 08:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=810470

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија.

Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан,  Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите.

Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници.

Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук.

Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив.

Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови.

Фото: албанска полиција

The post Големо невреме во Албанија: Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода appeared first on Република.

]]>

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија. Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан,  Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите. Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници. Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук. Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив. Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови. Фото: албанска полиција

The post Големо невреме во Албанија: Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода appeared first on Република.

]]>
Силно невреме во северна и централна Грција https://republika.mk/vesti/balkan/silno-nevreme-vo-severna-i-tsentralna-grtsija/ Wed, 21 Aug 2024 08:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=808556

Силниот дожд, ветерот, а на некои места и град, создадоа проблеми во делови на северна и централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Тесалија во централниот дел на земјата, во периодот од 18 до 22.30 часот вчера, примиле 55 повици за помош, од кои повеќе од половина за паднати дрва во Лариса, Магнисиа, Трикала и Кардица.

Конкретната област лани беше погодена од големи поплави што предизвикаа огромна материјална штета.

The post Силно невреме во северна и централна Грција appeared first on Република.

]]>

Силниот дожд, ветерот, а на некои места и град, создадоа проблеми во делови на северна и централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Тесалија во централниот дел на земјата, во периодот од 18 до 22.30 часот вчера, примиле 55 повици за помош, од кои повеќе од половина за паднати дрва во Лариса, Магнисиа, Трикала и Кардица. Конкретната област лани беше погодена од големи поплави што предизвикаа огромна материјална штета.

The post Силно невреме во северна и централна Грција appeared first on Република.

]]>
Силно невреме со град го поплави Кавадарци https://republika.mk/vesti/makedonija/silno-nevreme-so-grad-go-poplavi-kavadartsi/ Tue, 20 Aug 2024 19:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=808431

Невреме со врнежи од град го зафати Кавадарци, при што големи количини на вода се излеаја по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта.

Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот.

Претходно, општина Демир Капија ги повика земјоделците, да пријават штети од град, последица од невремето што го зафати демиркаписко во неделата.

Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 8.30 до 13 часот, до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.

Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Силно невреме со град го поплави Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Невреме со врнежи од град го зафати Кавадарци, при што големи количини на вода се излеаја по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта. Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот. Претходно, општина Демир Капија ги повика земјоделците, да пријават штети од град, последица од невремето што го зафати демиркаписко во неделата.
Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 8.30 до 13 часот, до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.
Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Силно невреме со град го поплави Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето https://republika.mk/vesti/ekonomija/povik-do-zemjodeltsite-od-demir-kapija-da-prijavat-shteti-od-nevremeto/ Tue, 20 Aug 2024 15:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=808375

Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град, како последица од невремето што го зафати Демиркаписко во неделата.

Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.

Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето appeared first on Република.

]]>

Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град, како последица од невремето што го зафати Демиркаписко во неделата.
Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.
Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

The post Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето appeared first on Република.

]]>
Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nevreme-vo-delchevo-nekolku-ulitsi-vo-gradot-se-pod-voda/ Mon, 19 Aug 2024 14:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=808004

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3.

Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево

The post Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода appeared first on Република.

]]>

Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3. Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот. Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози. Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево

The post Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода appeared first on Република.

]]>
Невреме го зафати Куманово, пријавени паднат покрив на зграда и два одрона во Липковско и Старо Нагоричане https://republika.mk/zivot/nevreme-go-zafati-kumanovo-prijaveni-padnat-pokriv-na-zgrada-i-dva-odrona-vo-lipkovsko-i-staro-nagorichane/ Sun, 18 Aug 2024 20:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=807750

Пороен дожд, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер в недела попладне го зафати Куманово.

Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи пријавена е падната метална конструкција на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, паднат покрив на зграда на улица „Тоде Думба“, на неколку локации немало електрична енергија.

И покрај дождот имало неколку пожари од помал обем во Кумановско, а во РЦУК Куманово имало пријави за два одрона во рурални средини, едниот во Липковско, вториот во Старо Нагоричане.

На дел од улиците во Куманово, се слеваше вода и сообраќајот беше отежнат. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, се на терен и ги отстрануваат паднати гранки и стари дрвја на неколку локации во Куманово и ги чистат затнатите канали и наноси на булеварот „Октомвриска револуција“, кај „Средорек“.

The post Невреме го зафати Куманово, пријавени паднат покрив на зграда и два одрона во Липковско и Старо Нагоричане appeared first on Република.

]]>

Пороен дожд, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер в недела попладне го зафати Куманово. Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи пријавена е падната метална конструкција на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, паднат покрив на зграда на улица „Тоде Думба“, на неколку локации немало електрична енергија. И покрај дождот имало неколку пожари од помал обем во Кумановско, а во РЦУК Куманово имало пријави за два одрона во рурални средини, едниот во Липковско, вториот во Старо Нагоричане. На дел од улиците во Куманово, се слеваше вода и сообраќајот беше отежнат. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, се на терен и ги отстрануваат паднати гранки и стари дрвја на неколку локации во Куманово и ги чистат затнатите канали и наноси на булеварот „Октомвриска револуција“, кај „Средорек“.

The post Невреме го зафати Куманово, пријавени паднат покрив на зграда и два одрона во Липковско и Старо Нагоричане appeared first on Република.

]]>
Невреме со врнежи од град во Поткожувјето https://republika.mk/zivot/nevreme-so-vrnezhi-od-grad-vo-potkozhuvjeto/ Sun, 18 Aug 2024 18:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=807728

Невреме проследено со врнежи од дожд и град зафати попладнево неколку села од Поткожувјето, што сега спаѓаат во кавадаречка општина, а своевремено беа дел од локалната самоуправа Конопиште.

Горна Бошава е само едно од селата коe беше зафатено од невремето. Селото е оддалечено четириесетина километри од градот Кавадарци.

Мештаните велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од градобијните зрна.

The post Невреме со врнежи од град во Поткожувјето appeared first on Република.

]]>

Невреме проследено со врнежи од дожд и град зафати попладнево неколку села од Поткожувјето, што сега спаѓаат во кавадаречка општина, а своевремено беа дел од локалната самоуправа Конопиште. Горна Бошава е само едно од селата коe беше зафатено од невремето. Селото е оддалечено четириесетина километри од градот Кавадарци. Мештаните велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од градобијните зрна.

The post Невреме со врнежи од град во Поткожувјето appeared first on Република.

]]>