невермајнд Archives - Република https://republika.mk/tema/nevermajnd/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jan 2022 10:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невермајнд Archives - Република https://republika.mk/tema/nevermajnd/ 32 32 Бебето од албумот „Невермајнд“ повторно ја тужи „Нирвана“ https://republika.mk/scena/muzika/bebeto-od-albumot-nevermajnd-povtorno-ja-tuzi-nirvana/ Fri, 14 Jan 2022 10:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=444486

Човекот кој како бебе беше фотографиран гол за обвивката на албумот „Невермајнд“ (Nevermind) на „Нирвана“, поднесе нова тужба, обвинувајќи го рок-бендот за сексуална експлоатација. Неговиот претходен случај беше отфрлен од Судот во Калифорнија.

Триесет годишниот Спенсер Елден првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети - поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач Курт Кобејн и фотографот Кирк Ведл.

Во оригиналниот судски поднесок, неговиот правен тим тврдеше дека ниту Елден, ниту неговите законски старатели „не потпишале овластување за употребата на какви било слики од Спенсер, а секако не и за комерцијалната детска порнографија во којашто тој е прикажан“. Според американскиот федерален закон, жртвите на сексуална злоупотреба на деца можат да тужат секого којшто ги произведува, дистрибуира или поседува материјалите.

На 3 јануари, Судот ја отфрли тужбата на Елден бидејќи неговиот правен тим не одговорил навреме на крајниот рок за еден од поднесоците. Елден доби 10 дена да поднесе нов случај, коешто тој го направи во средата.

https://republika.mk/scena/muzika/sudot-ja-otfrli-tuzbata-protiv-nirvana-od-goloto-bebe-na-koricata-na-nivniot-album/

Во 1991 година, кога имал четири месеци, Елден бил фотографиран гол во базен како посегнува по банкнота на јадица за риби - слика која стана еднa од најпознатите обвивки на албуми на сите времиња.

Албумот е продаден во 30 милиони примероци, а песните како „Смелс лајк тин спирит“ (Smells Like Teen Spirit) станаа културен камен-темелник на американската рок-музика.

Во декемврискиот поднесок, одбраната на „Нирвана“ тврдеше дека статусот на застареност истекол пред повеќе од едно десетлетие и дека тврдењето на Елден оти тоа е детска порнографија „е несериозно“.

The post Бебето од албумот „Невермајнд“ повторно ја тужи „Нирвана“ appeared first on Република.

]]>

Човекот кој како бебе беше фотографиран гол за обвивката на албумот „Невермајнд“ (Nevermind) на „Нирвана“, поднесе нова тужба, обвинувајќи го рок-бендот за сексуална експлоатација. Неговиот претходен случај беше отфрлен од Судот во Калифорнија. Триесет годишниот Спенсер Елден првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети - поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Кристо Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач Курт Кобејн и фотографот Кирк Ведл. Во оригиналниот судски поднесок, неговиот правен тим тврдеше дека ниту Елден, ниту неговите законски старатели „не потпишале овластување за употребата на какви било слики од Спенсер, а секако не и за комерцијалната детска порнографија во којашто тој е прикажан“. Според американскиот федерален закон, жртвите на сексуална злоупотреба на деца можат да тужат секого којшто ги произведува, дистрибуира или поседува материјалите. На 3 јануари, Судот ја отфрли тужбата на Елден бидејќи неговиот правен тим не одговорил навреме на крајниот рок за еден од поднесоците. Елден доби 10 дена да поднесе нов случај, коешто тој го направи во средата. https://republika.mk/scena/muzika/sudot-ja-otfrli-tuzbata-protiv-nirvana-od-goloto-bebe-na-koricata-na-nivniot-album/ Во 1991 година, кога имал четири месеци, Елден бил фотографиран гол во базен како посегнува по банкнота на јадица за риби - слика која стана еднa од најпознатите обвивки на албуми на сите времиња. Албумот е продаден во 30 милиони примероци, а песните како „Смелс лајк тин спирит“ (Smells Like Teen Spirit) станаа културен камен-темелник на американската рок-музика. Во декемврискиот поднесок, одбраната на „Нирвана“ тврдеше дека статусот на застареност истекол пред повеќе од едно десетлетие и дека тврдењето на Елден оти тоа е детска порнографија „е несериозно“.

The post Бебето од албумот „Невермајнд“ повторно ја тужи „Нирвана“ appeared first on Република.

]]>