неуралинк Archives - Република https://republika.mk/tema/neuralink/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 21:34:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неуралинк Archives - Република https://republika.mk/tema/neuralink/ 32 32 Првиот пациент со мозочен чип од компанијата на Илон Маск веќе може да контролира компјутерско глувче со своите мисли https://republika.mk/zivot/tehnologija/prviot-patsient-so-mozochen-chip-od-kompanijata-na-ilon-mask-veke-mozhe-da-kontrolira-kompjutersko-gluvche-so-svoite-misli/ Sun, 25 Feb 2024 08:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=747971

Првиот пациент со чип на компанијата „Неуралинк“ вграден во мозокот веќе може да контролира компјутерски глушец со своите мисли, соопшти првиот човек на компанијата, Илон Маск.

Напредокот е добар и се чини дека пациентот целосно се опорави... Пациентот може да го движи глувчето околу екранот само со размислување“, објасни американскиот претприемач.

Сега, според Илон Маск, невротехнолошката компанија го тестира процесот на кликнување на копче на глувчето.

https://republika.mk/vesti/svet/kompanijata-za-mozochni-chipovi-na-ilon-mask-bara-luge-so-paraliza-za-da-go-testira-svojot-eksperimentalen-ured/

The post Првиот пациент со мозочен чип од компанијата на Илон Маск веќе може да контролира компјутерско глувче со своите мисли appeared first on Република.

]]>

Првиот пациент со чип на компанијата „Неуралинк“ вграден во мозокот веќе може да контролира компјутерски глушец со своите мисли, соопшти првиот човек на компанијата, Илон Маск.
Напредокот е добар и се чини дека пациентот целосно се опорави... Пациентот може да го движи глувчето околу екранот само со размислување“, објасни американскиот претприемач.
Сега, според Илон Маск, невротехнолошката компанија го тестира процесот на кликнување на копче на глувчето. https://republika.mk/vesti/svet/kompanijata-za-mozochni-chipovi-na-ilon-mask-bara-luge-so-paraliza-za-da-go-testira-svojot-eksperimentalen-ured/

The post Првиот пациент со мозочен чип од компанијата на Илон Маск веќе може да контролира компјутерско глувче со своите мисли appeared first on Република.

]]>
Компанијата за мозочни чипови на Илон Маск бара луѓе со парализа за да го тестира својот експериментален уред https://republika.mk/vesti/svet/kompanijata-za-mozochni-chipovi-na-ilon-mask-bara-luge-so-paraliza-za-da-go-testira-svojot-eksperimentalen-ured/ Fri, 22 Sep 2023 20:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=684197

Компанијата на Илон Маск за имплантација на чипови во мозок „Неуралинк“ (Neuralink) соопшти дека добила одобрение од независни комисии да почне со регрутација на пациенти за својот прв експеримент на луѓе.

„Неуралинк“ бара пациенти за тестирање на нејзиниот мозочен имплант за парализирани луѓе во клинички испитувања“, се наведува во соопштението.

Имплантот ќе биде тестиран кај пациенти кои патат од парализа поради повреда на ’рбетниот мозок. „Неуралинк“ не открива каде ќе се одржи истражувањето, што ќе трае околу шест години, како и колку учесници ќе вклучува.

Компанијата соопшти дека од американската Агенција за храна и лекови е примено одобрение за почеток на тестирањата на чипови за мозок на луѓе во мај 2023 година.

Чиповите претходно биле успешно тестирани на мајмуни.

Дури и ако мозочниот имплант се покаже како безбеден, експертите велат дека би можело да поминат повеќе од 10 години за иницијативата да биде одобрена за комерцијална употреба.

Компанијата „Неуралинк“ од 2016 година има за цел лекување на невролошки нарушувања, како парализа и слепило и подобрување на квалитетот на животот на лицата со инвалидитет, со помош на микрочипови кои се поставуваат во мозокот.

Од друга страна, експертите предупредуваат дека прелиминарните студии на мозочните импланти на „Науралинк“ би требало да бидат внимателни и сеопфатни, земајќи предвид можни технички и безбедносни проблеми.

The post Компанијата за мозочни чипови на Илон Маск бара луѓе со парализа за да го тестира својот експериментален уред appeared first on Република.

]]>

Компанијата на Илон Маск за имплантација на чипови во мозок „Неуралинк“ (Neuralink) соопшти дека добила одобрение од независни комисии да почне со регрутација на пациенти за својот прв експеримент на луѓе.
„Неуралинк“ бара пациенти за тестирање на нејзиниот мозочен имплант за парализирани луѓе во клинички испитувања“, се наведува во соопштението.
Имплантот ќе биде тестиран кај пациенти кои патат од парализа поради повреда на ’рбетниот мозок. „Неуралинк“ не открива каде ќе се одржи истражувањето, што ќе трае околу шест години, како и колку учесници ќе вклучува. Компанијата соопшти дека од американската Агенција за храна и лекови е примено одобрение за почеток на тестирањата на чипови за мозок на луѓе во мај 2023 година. Чиповите претходно биле успешно тестирани на мајмуни. Дури и ако мозочниот имплант се покаже како безбеден, експертите велат дека би можело да поминат повеќе од 10 години за иницијативата да биде одобрена за комерцијална употреба. Компанијата „Неуралинк“ од 2016 година има за цел лекување на невролошки нарушувања, како парализа и слепило и подобрување на квалитетот на животот на лицата со инвалидитет, со помош на микрочипови кои се поставуваат во мозокот. Од друга страна, експертите предупредуваат дека прелиминарните студии на мозочните импланти на „Науралинк“ би требало да бидат внимателни и сеопфатни, земајќи предвид можни технички и безбедносни проблеми.

The post Компанијата за мозочни чипови на Илон Маск бара луѓе со парализа за да го тестира својот експериментален уред appeared first on Република.

]]>
Илон Маск до крајот на годината планира да почне со имплантација на мозочни чипови https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ilon-mask-do-krajot-na-godinata-planira-da-pochne-so-implantatsija-na-mozochni-chipovi/ Mon, 19 Jun 2023 13:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=653113

Американскиот милијардер Илон Маск вели дека неговата компанија „Неуралинк“ ќе почне со имплантација на првиот мозочен чип до крајот на годината.

Маск ова го рече на конференцијата „ВиваТерк“ во Париз, пренесe „Ројтерс“. Минатиот месец, „Неуралинк“ доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за своето прво клиничко испитување на луѓе.

Одлуката претставува пресвртница за стартапот на Маск, кој се соочува со истраги во САД за спроведување експерименти со животни, коментира британската агенција.

The post Илон Маск до крајот на годината планира да почне со имплантација на мозочни чипови appeared first on Република.

]]>

Американскиот милијардер Илон Маск вели дека неговата компанија „Неуралинк“ ќе почне со имплантација на првиот мозочен чип до крајот на годината. Маск ова го рече на конференцијата „ВиваТерк“ во Париз, пренесe „Ројтерс“. Минатиот месец, „Неуралинк“ доби одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за своето прво клиничко испитување на луѓе. Одлуката претставува пресвртница за стартапот на Маск, кој се соочува со истраги во САД за спроведување експерименти со животни, коментира британската агенција.

The post Илон Маск до крајот на годината планира да почне со имплантација на мозочни чипови appeared first on Република.

]]>