неухранетост Archives - Република https://republika.mk/tema/neuhranetost/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Aug 2022 20:45:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неухранетост Archives - Република https://republika.mk/tema/neuhranetost/ 32 32 Му давала само со сирово овошје и зеленчук: Веганка осудена на доживотен затвор откако нејзиното бебе починало од неухранетост https://republika.mk/vesti/svet/mu-davala-samo-so-sirovo-ovoshje-i-zelenchuk-veganka-osudena-na-dozivoten-zatvor-otkako-nejzinoto-bebe-pochinalo-od-neuhranetost/ Wed, 31 Aug 2022 20:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=546233

Веганка е осудена за убиство на нејзиниот 18-месечен син кој страдал од неухранетост откако го хранела само со сирово овошје и зеленчук.

Шејла О’Лири (38) беше осудена на доживотен затвор по шест обвиненија: убиство од прв степен, тешка злоупотреба на деца, убиство од небрежност, злоупотреба на деца и две точки за запоставување на детето.

Езра О’Лири тежел само 8 килограми во моментот на неговата смрт во септември 2019 година - големина соодветна за седуммесечно бебе.

Шејла пред судот призна дека таа и нејзиниот сопруг Рајан О’Лири ги држеле своите деца на строга и диета со сирово овошје и зеленчук.

Мајката, исто така, тврдела дека го хранела своето дете со мајчино млеко, што не било докажано.

Адвокатите на судењето ѝ кажаа на поротата дека таа „избрала да го игнорира плачот на Езра“.

Нивните три други деца, на возраст од три, пет и 11 години, исто така, страдале од екстремно запоставување, според обвинителите.

Рајан О’Лири моментално го чека судењето додека е во затвор поради истите обвиненија како и неговата сопруга.

The post Му давала само со сирово овошје и зеленчук: Веганка осудена на доживотен затвор откако нејзиното бебе починало од неухранетост appeared first on Република.

]]>

Веганка е осудена за убиство на нејзиниот 18-месечен син кој страдал од неухранетост откако го хранела само со сирово овошје и зеленчук. Шејла О’Лири (38) беше осудена на доживотен затвор по шест обвиненија: убиство од прв степен, тешка злоупотреба на деца, убиство од небрежност, злоупотреба на деца и две точки за запоставување на детето. Езра О’Лири тежел само 8 килограми во моментот на неговата смрт во септември 2019 година - големина соодветна за седуммесечно бебе. Шејла пред судот призна дека таа и нејзиниот сопруг Рајан О’Лири ги држеле своите деца на строга и диета со сирово овошје и зеленчук. Мајката, исто така, тврдела дека го хранела своето дете со мајчино млеко, што не било докажано. Адвокатите на судењето ѝ кажаа на поротата дека таа „избрала да го игнорира плачот на Езра“. Нивните три други деца, на возраст од три, пет и 11 години, исто така, страдале од екстремно запоставување, според обвинителите. Рајан О’Лири моментално го чека судењето додека е во затвор поради истите обвиненија како и неговата сопруга.

The post Му давала само со сирово овошје и зеленчук: Веганка осудена на доживотен затвор откако нејзиното бебе починало од неухранетост appeared first on Република.

]]>