несогласување Archives - Република https://republika.mk/tema/nesoglasuvane/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 21:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png несогласување Archives - Република https://republika.mk/tema/nesoglasuvane/ 32 32 Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи https://republika.mk/vesti/makedonija/problemi-vo-sdsm-nesoglasuvane-okolu-nositelite-na-pratenichkite-listi/ Mon, 18 Mar 2024 15:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=755990

Партиите треба да ги достават изборните листи до Државната изборна комисија до 2 април, со што расте притисокот врз партиите да ги привршуваат комбинациите пред да ги завршат списоците. Според извори од СДСМ, најновата комбинација за изборните листи на СДСМ е ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја предводи Втората изборна единица, а заменик-претседателката и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да биде прва во „тројката“, објави „Слободен печат“.

Според партиски извори, како што пишува „Слободен печат“, првично стокмените пратеничките листи, според кои Спасовски требаше да ја предводи Третата изборна единица, предизвикало незадоволство и најновата комбинација е ротација на носителите на „двојката“ и на „тројката“. Забелешките биле дека Спасовски природно припаѓа во Втората изборна единица (кумановската) и дека неа треба да ја предводи.

Во таков случај, Лукаревска би била прва во „тројката“. Според оваа комбинација, во пакет со носителите ќе одат и коносителите, односно вицепремиерот Фатмир Битиќи ќе биде веднаш по Спасовски во Втората изборна единица, додека во „тројката“ по Лукаревска ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Негодувања имало и за министерката за одбрана Славјанка Петровска, која првично требаше да ја предводи Шестата изборна единица, а коносител да биде претседателот на младината, Марко Михаиловски, кој е тетовец. Можно е Михаиловски да биде прв во „шестката“, а Петровска воопшто да не е носител, туку да биде трета во „двојката“. Засега официјално потврдено е дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде прв во „единицата“, а веднаш по него е претседателката на ЛДП Моника Зајкова.

Во Четвртата изборна единица носител на СДСМ ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а по него Јована Тренчевска, додека по претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој ќе ја предводи Петтата изборна единица, коносителка ќе биде потпретседателката и министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска.

Целиот текст тука

The post Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи appeared first on Република.

]]>

Партиите треба да ги достават изборните листи до Државната изборна комисија до 2 април, со што расте притисокот врз партиите да ги привршуваат комбинациите пред да ги завршат списоците. Според извори од СДСМ, најновата комбинација за изборните листи на СДСМ е ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја предводи Втората изборна единица, а заменик-претседателката и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, да биде прва во „тројката“, објави „Слободен печат“. Според партиски извори, како што пишува „Слободен печат“, првично стокмените пратеничките листи, според кои Спасовски требаше да ја предводи Третата изборна единица, предизвикало незадоволство и најновата комбинација е ротација на носителите на „двојката“ и на „тројката“. Забелешките биле дека Спасовски природно припаѓа во Втората изборна единица (кумановската) и дека неа треба да ја предводи. Во таков случај, Лукаревска би била прва во „тројката“. Според оваа комбинација, во пакет со носителите ќе одат и коносителите, односно вицепремиерот Фатмир Битиќи ќе биде веднаш по Спасовски во Втората изборна единица, додека во „тројката“ по Лукаревска ќе биде министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Негодувања имало и за министерката за одбрана Славјанка Петровска, која првично требаше да ја предводи Шестата изборна единица, а коносител да биде претседателот на младината, Марко Михаиловски, кој е тетовец. Можно е Михаиловски да биде прв во „шестката“, а Петровска воопшто да не е носител, туку да биде трета во „двојката“. Засега официјално потврдено е дека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе биде прв во „единицата“, а веднаш по него е претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Во Четвртата изборна единица носител на СДСМ ќе биде ексминистерот за здравство Венко Филипче, а по него Јована Тренчевска, додека по претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој ќе ја предводи Петтата изборна единица, коносителка ќе биде потпретседателката и министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска. Целиот текст тука

The post Проблеми во СДСМ – несогласување околу носителите на пратеничките листи appeared first on Република.

]]>