несеќата кај Ласкарци Archives - Република https://republika.mk/tema/nesekjata-kaj-laskarci/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 07:24:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png несеќата кај Ласкарци Archives - Република https://republika.mk/tema/nesekjata-kaj-laskarci/ 32 32 Речиси го заборавивме овој случај: Завршни зборови за „Дурмо турс“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rechisi-go-zaboravivme-ovoj-sluchaj-zavrshni-zborovi-za-durmo-turs/ Thu, 14 Dec 2023 07:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=722726

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Завршни зборови денеска треба да даде Јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите во Кривичен се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Потоа Бирото за судски вештачења формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022

The post Речиси го заборавивме овој случај: Завршни зборови за „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Завршни зборови денеска треба да даде Јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судењето започна во 2019 година и трае четири години. Изминатава година расправите во Кривичен се однесуваа на супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година, а кое беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Потоа Бирото за судски вештачења формира тим лиценцирани вешти лица кои изготвија супервештачење кое во Кривичен пристигна по една година, во декември 2022

The post Речиси го заборавивме овој случај: Завршни зборови за „Дурмо турс“ appeared first on Република.

]]>
Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/chetvrta-godina-nema-aber-za-procesot-laskarci-od-utre-pochnuva-i-sudenjeto-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 07:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=560880

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.

Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.

Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата.

Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..

Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.

Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.
Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.
Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата. Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..