непристоен предлог Archives - Република https://republika.mk/tema/nepristoen-predlog/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Jun 2023 21:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png непристоен предлог Archives - Република https://republika.mk/tema/nepristoen-predlog/ 32 32 Непристоен предлог… за една ноќ во владата https://republika.mk/kolumni/nepristoen-predlog-za-edna-nok-vo-vladata/ Tue, 30 May 2023 17:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=650600

Петар Поп-Арсов

Лидерска средба?! Ја видовме и таа епизода! Навистина изненадува ефикасноста со која беше реализирана оваа политичка активност на претседателите на двете најголеми македонски партии. Ако ги ставиме на страна дводневните натегања и превирања за форматот на лидерската, за тоа кој треба да присуствува и учествува, може слободно да кажеме дека шокира исходот од целокупната операција.

Не дека настанот и неговиот исход се политички контрапродуктивни и нелогични, но токму таа продуктивност и логичност е она што најмногу шокира. Кога едно општество ќе навикне на нерационални, неконструктивни и штетни политики, кога ќе навикне на отсуство на политички дијалог, на загубена контрола над сите општествени токови, на самоволие и беззаконие во судството, тогаш секој зрак на конструктивност предизвикува шок.

Ретко кој очекуваше дека средбата ќе има позитивен исход и токму тука е најголемото изненадување. Е сега, некој е изненаден позитивно, а некој негативно. Но, секој има право да ги толкува и доживува резултатите од средбата на свој начин без оглед на тоа дали доживувањето е плод на рационален мисловен процес или производ на емотивен набој, „набиван“ со години наназад.

Соочен со неуспех на сите полиња, со драстичен пад на рејтингот, со неможноста сам да го испорача она што го превзеде како обврска пред европските партнери, со енормна корупција, криминал и башибозлук во државата, Ковачевски мораше да побара помош.

И така, се случи лидерската! Исходот од средбата го знаеме! Во моментов ја следиме постлидерската забава за тоа кој што кажал, што сакал да каже, ќе има ли заедничка влада, со ДУИ ли ќе биде или без нив, ќе има ли уставни измени, кога ќе стапат на сила... и уште многу сериозни и помалку сериозни прашања со кои партиите ја забавуваат јавноста со својата грчевита борба да извлечат максимален политички бенефит, односно да ги менаџираат штетите кај сопствените тврди поддржувачи од напливот на изненадувачката конструктивност и усогласеност на ставовите со политичкиот противник.

Што е она што реално може да не очекува во наредниот период, за кое што почетната интонација беше дадена на првите пресконференции по лидерската.

Првин збор-два за Ковачевски.

Тој веројатно бил советуван, поточно инструиран да повика на лидерска средба. Веројатно е и дека било проценето дека Ковачевски нема капацитет да ги исполни превземените обврски во однос на ЕУ агендата и дека работите се надвор од неговата контрола и покрај тоа што во моментов ги извршува најмоќните функции во државата, претседател на владејачката партија и премиер во владата. Од тие причини лидерската била неизбежна.

Ковачевски за време на целиот досегашен мандат фокусот на својата политика го става врз градењето на блиски односи со западните партнери, како и на неговата подготвеност на отстапки на штета на македонските национални интереси. Според него тоа е потребниот и доволен услов тој секогаш да се наоѓа на пол позицијата и од таму да ги прави сите политички комбинаторики и покрај тоа што има поддршка само од една десетина од граѓаните во државата.

Неговата политичка сервилност е главната карактеристика и печат на неговото досегашно владеење. Тоа што тој мислеше дека сите „ќе му јадат од рака“ само затоа што немаат каде и мора да бидат сервилни како него, го доведе во позиција да ја загуби поддршката кај македонските гласачи, а во исто време да не го постигне посакуваниот ефект на генерирање на доволно мнозинство за уставни измени. Неговите погрешни проценки дека е доволно лично тој да биде најблизок и најсервилен со и кон странците го примораа да седне на маса со Мицкоски и да пристапи кон нова итроштина, понуда на пет ресори во неговата влада.

Навистина луциден потег! Добро пресметан! Непристоен предлог, сличен на оној како од истоимениот филм на Адријан Лин со Роберт Ретфорд, Деми Мур и Вуди Харлсон.

Како треба да се постави ВМРО-ДПМНЕ?

Предлозите од оваа партија се ставени на маса. Има неколку комбинации кои нудат излезни решенија, а кои воедно имаат за цел достоинствен излез од самоблокадата во која не доведе Ковачевски и неговата влада со прифаќањето на преговарачката рамка под бугарски диктат. Тоа е позитивен исчекор, независно што претходно ВМРО-ДПМНЕ категорично се спротивставуваше на секое можно решение кое во себе ја вклучуваше содржината на францускиот предлог. Таквото движење на ставот може да се толкува како политичка тактика која имаше за цел да и помогне на државата во процесот на подготовка на преговарачката рамка со ЕУ и во моментите кога Македонија беше ставена под притисок од надвор, особено во услови кога на власт ја имаме сервилната номенклатура на Ковачевски.

Интересен е моментот што СДСМ донесе одлука на своите партиски органи дека ги прифаќаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, уште поинтересно е толкувањето на таквие предлози и на тоа што всушност е прифатено. До овој момент останува некако нејасно што всушност прифатија во СДСМ. Се создава впечаток дека во СДСМ не живеат во реалноста и политичките предлози на опонентот ги толкуваат на идеален начин за нив, според принципот, ВМРО да им заврши работа, а тие да останат на власт. Навистина планот им е добар, но тоа се нереални желби на една сериозно руинирана партиска структура навлезена во длабока криза.

Што тоа ќе прифати СДСМ на крајот од денот, сè уште не е јасно, но мислам дека е јасно што не треба да прифати ВМРО –ДПМНЕ од она што беше предложено од Ковачевски.

Не треба да влезе во никаква влада со СДСМ пред оддржувањето на изборите!

Ниту во преодна, ниту во техничка, ниту во Пржинска. Не треба да влезе ниту во влада без ДУИ, ниту со ДУИ. Се што ќе прави во врска со учеството во македонската влада ВМРО треба да го направи по изборите. Само на тој начин ќе покаже принципиелност и решеност да и се помогне на државата, и најважно од сè, нема да дозволи политичка амнестија на оваа екипа од СДСМ. Секое мешање со СДСМ во овој момент ќе биде погубно за ВМРО-ДПМНЕ. Идејата за влада на македонско национално единство е племенита и корисна, но истата е целисходна само доколку ВМРО-ДПМНЕ ја води играта. Влада за македонско национално единство можеби ќе биде потребно да се формира по изборите, кога ВМРО ќе го има мандатот па дури тогаш да упати покана кон останатите партии, вклучително и СДСМ за формирање на влада на македонско национално единство. Во моментов, не! Не со ваква СДСМ, окупирана од неспособни и некадарни поединци, туку со реформирана партија која ќе понуди сериозен кадар.
Ова вака кажано е убава теорија и нешто посакувано и неопходно за оваа држава конечно да излезе од политичката криза и да тргне во посакуваниот правец. За оваа теорија да се претвори во стварност и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да испорача сериозна кадровска понуда. Екипа која ќе биде свесна за моментот во кој се наоѓа државата и која ќе даде се од себе за нејзиниот просперитет, а не да земе се за себе за сопствената благосостојба.

Од тие причини, уште еднаш ќе потенцирам, секоја комбинација со учество на министри во владата на СДСМ пред изборите ќе биде негативна за ВМРО. Можеби не фатална, но во секој случај негативна.

Во однос на ДУИ, барањето на ВМРО-ДПМНЕ е реално и политички коректно, но сепак непотребно од проста причина што веќе објаснивме дека влегувањето во влада пред изборите е штетно. ВМРО-ДПМНЕ мора да го оддржи политичкиот капитал до изборите, не заради голото доаѓање на власт туку заради декомпозиција на штетните структури креирани од оваа власт. Дали идната влада ќе биде со ДУИ или без ДУИ, за тоа ќе се прашуваат и гласачите албанци, но за влада без криминалците од ДУИ, тука ќе се прашува ВМРО-ДПМНЕ, само доколку го заддржи позитивниот политички тренд.

ВМРО- ДПМНЕ ќе има најголем проблем во однос на самата себе. Долго време водеше политика која фокусот го насочуваше кон внатре, ставајќи го во втор план сопствените коалициони капацитети и речиси целосно занемарувајќи ги односите со меѓународниот фактор. Потпирањето исклучиво на оној дел од граѓаните и членството кои патриотизмот го поимаат и доживуваат на еден искрен, но архаичен начин, не е доволен за да се активираат сите потенцијали кои што ги поседува оваа партија. Не е доволен за да се избие европската карта од рацете на СДСМ и конечно да и биде ставен крај на оваа агонија. Токму оваа структура на граѓани и членови, кои емотивно влегоа во сите претходни партиски активности ќе имаат најголем проблем со прифаќањето на новите прагматични политики демонстрирани на последната лидерска средба. Да бидеме реални, добар дел од споменативе поединци се далеку попрагматични и класични клиентелисти кои само чекаат знак од партискиот врв и по потреба ќе бидат најголеми уставобранители, но и европејци ако тоа е патот до срцето на лидерот.

И на крајот, не е поентата освојувањето на власта како таква. Треба нешто и да се сработи. Во спротивно тоа ќе биде една неславна епизода, иста како што е токму оваа на СДСМ. Ако сака да стори нешто, ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го активира Патриотизмот на дваесет и првиот век и сериозно да ги засука ракавите без право на грешка.

The post Непристоен предлог… за една ноќ во владата appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Лидерска средба?! Ја видовме и таа епизода! Навистина изненадува ефикасноста со која беше реализирана оваа политичка активност на претседателите на двете најголеми македонски партии. Ако ги ставиме на страна дводневните натегања и превирања за форматот на лидерската, за тоа кој треба да присуствува и учествува, може слободно да кажеме дека шокира исходот од целокупната операција. Не дека настанот и неговиот исход се политички контрапродуктивни и нелогични, но токму таа продуктивност и логичност е она што најмногу шокира. Кога едно општество ќе навикне на нерационални, неконструктивни и штетни политики, кога ќе навикне на отсуство на политички дијалог, на загубена контрола над сите општествени токови, на самоволие и беззаконие во судството, тогаш секој зрак на конструктивност предизвикува шок. Ретко кој очекуваше дека средбата ќе има позитивен исход и токму тука е најголемото изненадување. Е сега, некој е изненаден позитивно, а некој негативно. Но, секој има право да ги толкува и доживува резултатите од средбата на свој начин без оглед на тоа дали доживувањето е плод на рационален мисловен процес или производ на емотивен набој, „набиван“ со години наназад. Соочен со неуспех на сите полиња, со драстичен пад на рејтингот, со неможноста сам да го испорача она што го превзеде како обврска пред европските партнери, со енормна корупција, криминал и башибозлук во државата, Ковачевски мораше да побара помош. И така, се случи лидерската! Исходот од средбата го знаеме! Во моментов ја следиме постлидерската забава за тоа кој што кажал, што сакал да каже, ќе има ли заедничка влада, со ДУИ ли ќе биде или без нив, ќе има ли уставни измени, кога ќе стапат на сила... и уште многу сериозни и помалку сериозни прашања со кои партиите ја забавуваат јавноста со својата грчевита борба да извлечат максимален политички бенефит, односно да ги менаџираат штетите кај сопствените тврди поддржувачи од напливот на изненадувачката конструктивност и усогласеност на ставовите со политичкиот противник. Што е она што реално може да не очекува во наредниот период, за кое што почетната интонација беше дадена на првите пресконференции по лидерската. Првин збор-два за Ковачевски. Тој веројатно бил советуван, поточно инструиран да повика на лидерска средба. Веројатно е и дека било проценето дека Ковачевски нема капацитет да ги исполни превземените обврски во однос на ЕУ агендата и дека работите се надвор од неговата контрола и покрај тоа што во моментов ги извршува најмоќните функции во државата, претседател на владејачката партија и премиер во владата. Од тие причини лидерската била неизбежна. Ковачевски за време на целиот досегашен мандат фокусот на својата политика го става врз градењето на блиски односи со западните партнери, како и на неговата подготвеност на отстапки на штета на македонските национални интереси. Според него тоа е потребниот и доволен услов тој секогаш да се наоѓа на пол позицијата и од таму да ги прави сите политички комбинаторики и покрај тоа што има поддршка само од една десетина од граѓаните во државата. Неговата политичка сервилност е главната карактеристика и печат на неговото досегашно владеење. Тоа што тој мислеше дека сите „ќе му јадат од рака“ само затоа што немаат каде и мора да бидат сервилни како него, го доведе во позиција да ја загуби поддршката кај македонските гласачи, а во исто време да не го постигне посакуваниот ефект на генерирање на доволно мнозинство за уставни измени. Неговите погрешни проценки дека е доволно лично тој да биде најблизок и најсервилен со и кон странците го примораа да седне на маса со Мицкоски и да пристапи кон нова итроштина, понуда на пет ресори во неговата влада. Навистина луциден потег! Добро пресметан! Непристоен предлог, сличен на оној како од истоимениот филм на Адријан Лин со Роберт Ретфорд, Деми Мур и Вуди Харлсон. Како треба да се постави ВМРО-ДПМНЕ? Предлозите од оваа партија се ставени на маса. Има неколку комбинации кои нудат излезни решенија, а кои воедно имаат за цел достоинствен излез од самоблокадата во која не доведе Ковачевски и неговата влада со прифаќањето на преговарачката рамка под бугарски диктат. Тоа е позитивен исчекор, независно што претходно ВМРО-ДПМНЕ категорично се спротивставуваше на секое можно решение кое во себе ја вклучуваше содржината на францускиот предлог. Таквото движење на ставот може да се толкува како политичка тактика која имаше за цел да и помогне на државата во процесот на подготовка на преговарачката рамка со ЕУ и во моментите кога Македонија беше ставена под притисок од надвор, особено во услови кога на власт ја имаме сервилната номенклатура на Ковачевски. Интересен е моментот што СДСМ донесе одлука на своите партиски органи дека ги прифаќаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, уште поинтересно е толкувањето на таквие предлози и на тоа што всушност е прифатено. До овој момент останува некако нејасно што всушност прифатија во СДСМ. Се создава впечаток дека во СДСМ не живеат во реалноста и политичките предлози на опонентот ги толкуваат на идеален начин за нив, според принципот, ВМРО да им заврши работа, а тие да останат на власт. Навистина планот им е добар, но тоа се нереални желби на една сериозно руинирана партиска структура навлезена во длабока криза. Што тоа ќе прифати СДСМ на крајот од денот, сè уште не е јасно, но мислам дека е јасно што не треба да прифати ВМРО –ДПМНЕ од она што беше предложено од Ковачевски. Не треба да влезе во никаква влада со СДСМ пред оддржувањето на изборите! Ниту во преодна, ниту во техничка, ниту во Пржинска. Не треба да влезе ниту во влада без ДУИ, ниту со ДУИ. Се што ќе прави во врска со учеството во македонската влада ВМРО треба да го направи по изборите. Само на тој начин ќе покаже принципиелност и решеност да и се помогне на државата, и најважно од сè, нема да дозволи политичка амнестија на оваа екипа од СДСМ. Секое мешање со СДСМ во овој момент ќе биде погубно за ВМРО-ДПМНЕ. Идејата за влада на македонско национално единство е племенита и корисна, но истата е целисходна само доколку ВМРО-ДПМНЕ ја води играта. Влада за македонско национално единство можеби ќе биде потребно да се формира по изборите, кога ВМРО ќе го има мандатот па дури тогаш да упати покана кон останатите партии, вклучително и СДСМ за формирање на влада на македонско национално единство. Во моментов, не! Не со ваква СДСМ, окупирана од неспособни и некадарни поединци, туку со реформирана партија која ќе понуди сериозен кадар. Ова вака кажано е убава теорија и нешто посакувано и неопходно за оваа држава конечно да излезе од политичката криза и да тргне во посакуваниот правец. За оваа теорија да се претвори во стварност и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да испорача сериозна кадровска понуда. Екипа која ќе биде свесна за моментот во кој се наоѓа државата и која ќе даде се од себе за нејзиниот просперитет, а не да земе се за себе за сопствената благосостојба. Од тие причини, уште еднаш ќе потенцирам, секоја комбинација со учество на министри во владата на СДСМ пред изборите ќе биде негативна за ВМРО. Можеби не фатална, но во секој случај негативна. Во однос на ДУИ, барањето на ВМРО-ДПМНЕ е реално и политички коректно, но сепак непотребно од проста причина што веќе објаснивме дека влегувањето во влада пред изборите е штетно. ВМРО-ДПМНЕ мора да го оддржи политичкиот капитал до изборите, не заради голото доаѓање на власт туку заради декомпозиција на штетните структури креирани од оваа власт. Дали идната влада ќе биде со ДУИ или без ДУИ, за тоа ќе се прашуваат и гласачите албанци, но за влада без криминалците од ДУИ, тука ќе се прашува ВМРО-ДПМНЕ, само доколку го заддржи позитивниот политички тренд. ВМРО- ДПМНЕ ќе има најголем проблем во однос на самата себе. Долго време водеше политика која фокусот го насочуваше кон внатре, ставајќи го во втор план сопствените коалициони капацитети и речиси целосно занемарувајќи ги односите со меѓународниот фактор. Потпирањето исклучиво на оној дел од граѓаните и членството кои патриотизмот го поимаат и доживуваат на еден искрен, но архаичен начин, не е доволен за да се активираат сите потенцијали кои што ги поседува оваа партија. Не е доволен за да се избие европската карта од рацете на СДСМ и конечно да и биде ставен крај на оваа агонија. Токму оваа структура на граѓани и членови, кои емотивно влегоа во сите претходни партиски активности ќе имаат најголем проблем со прифаќањето на новите прагматични политики демонстрирани на последната лидерска средба. Да бидеме реални, добар дел од споменативе поединци се далеку попрагматични и класични клиентелисти кои само чекаат знак од партискиот врв и по потреба ќе бидат најголеми уставобранители, но и европејци ако тоа е патот до срцето на лидерот. И на крајот, не е поентата освојувањето на власта како таква. Треба нешто и да се сработи. Во спротивно тоа ќе биде една неславна епизода, иста како што е токму оваа на СДСМ. Ако сака да стори нешто, ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го активира Патриотизмот на дваесет и првиот век и сериозно да ги засука ракавите без право на грешка.

The post Непристоен предлог… за една ноќ во владата appeared first on Република.

]]>