непознати Archives - Република https://republika.mk/tema/nepoznati/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 16:50:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png непознати Archives - Република https://republika.mk/tema/nepoznati/ 32 32 Наследила 25 милиони евра, па одлучила да ги подели со непознати https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasledila-25-milioni-evra-pa-odluchila-da-gi-podeli-so-nepoznati/ Thu, 11 Jan 2024 14:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=732007

Австриско-германска наследничка собира група граѓани која ќе одлучи како ќе го подели големиот дел од богатството што го наследила од нејзината баба.

Марлин Енгелхорн, која има 31 година и живее во Виена, бара 50 Австријци да одредат како ќе се прераспределат 25-те милиони евра кои таа ги наследила.

Наследив богатство, а со тоа и моќ, без да направам ништо за тоа“, рекла таа, а потоа додала: „А државата не сака ни данок на тоа“.

Австрија во 2008 година го укина данокот на наследство, со што стана една од ретките европски земји што немаат никаков данок на наследство. Енгелхорн смета дека тоа е неправедно.

Марлин е потомок на Фридрих Енгелхорн, основач на германската хемиска и фармацевтска компанија „BASF“, а наследила милиони откако нејзината баба починала во септември 2022 година. Богатството на Траудл Енгелхорн-Вечиато, американскиот магазин Форбс го процени на 4,2 милијарди долари, а уште пред да почине, нејзината внука изјавила дека сака да предаде околу 90 отсто од наследството.

На многу луѓе им е тешко да врзат крај со крај со полно работно време и да плаќаат данок за секое евро што ќе го заработат со работа. Јас тоа го гледам како неуспех на политиката, а ако политиката не успее, тогаш граѓаните сами треба да се справат со тоа. Ако политиката е неуспешна, тоа е проблем“, рекла таа.

Кристоф Хофингер, директор на Институтот „Foresight“, кој ја поддржува иницијативата, вели дека Советот за редистрибуција на парите ќе се состои од 50 луѓе „од сите возрасти, сојузни држави, социјални класи и потекло“. Од групата ќе биде побарано „да придонесе со своите идеи за да може заеднички да се развијат решенија во интерес на општеството како целина“.

The post Наследила 25 милиони евра, па одлучила да ги подели со непознати appeared first on Република.

]]>

Австриско-германска наследничка собира група граѓани која ќе одлучи како ќе го подели големиот дел од богатството што го наследила од нејзината баба. Марлин Енгелхорн, која има 31 година и живее во Виена, бара 50 Австријци да одредат како ќе се прераспределат 25-те милиони евра кои таа ги наследила.
Наследив богатство, а со тоа и моќ, без да направам ништо за тоа“, рекла таа, а потоа додала: „А државата не сака ни данок на тоа“.
Австрија во 2008 година го укина данокот на наследство, со што стана една од ретките европски земји што немаат никаков данок на наследство. Енгелхорн смета дека тоа е неправедно. Марлин е потомок на Фридрих Енгелхорн, основач на германската хемиска и фармацевтска компанија „BASF“, а наследила милиони откако нејзината баба починала во септември 2022 година. Богатството на Траудл Енгелхорн-Вечиато, американскиот магазин Форбс го процени на 4,2 милијарди долари, а уште пред да почине, нејзината внука изјавила дека сака да предаде околу 90 отсто од наследството.