Непал Archives - Република https://republika.mk/tema/nepal/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 14:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Непал Archives - Република https://republika.mk/tema/nepal/ 32 32 Бројот на загинати во поплавите и одроните во Непал се искачи на 148, се трага по преживеани https://republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginati-vo-poplavite-i-odronite-vo-nepal-se-iskachi-na-148-se-traga-po-prezhiveani/ Sun, 29 Sep 2024 14:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=820762

Бројот на загинати во поплавите и одроните предизвикани од монсунските дождови во Непал се искачи на 148, соопштија денеска тамошните власти.

Се трага по уште најмалку 55 лица, јави ДПА.

Обилните врнежи од дожд кои почнаа кон крајот на четвртокот го зафатија поголемиот дел од земјата, а особено обилни беа во источниот и централниот дел на земјата.

Портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки изјави дека најмалку 101 лице е повредено низ целата земја.

„Потрагата по исчезнатите се уште трае, а погодените семејства се преместени на безбедно. Веројатно ќе трае уште неколку дена“, рече тој.

Од саботата вечерта, тимовите за пребарување пронајдоа најмалку 35 тела во автобуси затрупани под земјиште околу Катманду. Непалската полиција соопшти дека се евакуирани вкупно 3.661 лице.

Повеќе од половина од жртвите се во главниот град Катманду и околните области.

Локалните медиуми јавуваат за најсилниот дожд во последните децении. Врнежите значително ја оштетија инфраструктурата, вклучувајќи патишта и мостови. Владата одлучи да ги затвори сите училишта на три дена.

The post Бројот на загинати во поплавите и одроните во Непал се искачи на 148, се трага по преживеани appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите и одроните предизвикани од монсунските дождови во Непал се искачи на 148, соопштија денеска тамошните власти. Се трага по уште најмалку 55 лица, јави ДПА. Обилните врнежи од дожд кои почнаа кон крајот на четвртокот го зафатија поголемиот дел од земјата, а особено обилни беа во источниот и централниот дел на земјата. Портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки изјави дека најмалку 101 лице е повредено низ целата земја.
„Потрагата по исчезнатите се уште трае, а погодените семејства се преместени на безбедно. Веројатно ќе трае уште неколку дена“, рече тој.
Од саботата вечерта, тимовите за пребарување пронајдоа најмалку 35 тела во автобуси затрупани под земјиште околу Катманду. Непалската полиција соопшти дека се евакуирани вкупно 3.661 лице. Повеќе од половина од жртвите се во главниот град Катманду и околните области. Локалните медиуми јавуваат за најсилниот дожд во последните децении. Врнежите значително ја оштетија инфраструктурата, вклучувајќи патишта и мостови. Владата одлучи да ги затвори сите училишта на три дена.

The post Бројот на загинати во поплавите и одроните во Непал се искачи на 148, се трага по преживеани appeared first on Република.

]]>
Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-32-litsa-zaginaa-vo-poplavite-vo-nepal/ Sat, 28 Sep 2024 12:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=820542

Најмалку 32 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати во поплавите во Непал предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната полиција.

Седумнаесет луѓе се повредени, додека повеќе од 1.050 се спасени во Катманду.

Владата издаде предупредување за поплави низ целата земја.

Безбедносните сили и службите за итна интервенција добија наредба да бидат во состојба на готовност.

Сезоната на монсуните, која носи обилни врнежи, започна во јуни и генерално завршува во средината на септември.

The post Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати во поплавите во Непал предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната полиција. Седумнаесет луѓе се повредени, додека повеќе од 1.050 се спасени во Катманду. Владата издаде предупредување за поплави низ целата земја. Безбедносните сили и службите за итна интервенција добија наредба да бидат во состојба на готовност. Сезоната на монсуните, која носи обилни врнежи, започна во јуни и генерално завршува во средината на септември.

The post Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал appeared first on Република.

]]>
Не остана работник од Непал во Македонија, сите избегаа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-ostana-rabotnik-od-nepal-vo-makedonija-site-izbegaa/ Thu, 05 Sep 2024 18:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=813628

На 04.09.2024 во 14:50 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(34) од Скопје пријавил дека од местото каде биле сместени се оддалечиле три лица од Непал на возраст од 20 до 37 години.

Тие биле вработени во фирма во Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

The post Не остана работник од Непал во Македонија, сите избегаа appeared first on Република.

]]>

На 04.09.2024 во 14:50 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.М.(34) од Скопје пријавил дека од местото каде биле сместени се оддалечиле три лица од Непал на возраст од 20 до 37 години. Тие биле вработени во фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.  

The post Не остана работник од Непал во Македонија, сите избегаа appeared first on Република.

]]>
Уште еден Непалец му ја кидна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-nepalets-mu-ja-kidna/ Wed, 17 Jul 2024 06:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=797552

Во Полициската станица Бит Пазар, С.Л.Х.(41) од Скопје, претставник на правно лице, пријавил дека од местото каде престојувал се оддалечил О.Б.(34) од Непал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Ова не е прв работник од Непал кој ја напуштил работата и живеалиштето обезбедено во Македонија.

 

The post Уште еден Непалец му ја кидна appeared first on Република.

]]>

Во Полициската станица Бит Пазар, С.Л.Х.(41) од Скопје, претставник на правно лице, пријавил дека од местото каде престојувал се оддалечил О.Б.(34) од Непал. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Ова не е прв работник од Непал кој ја напуштил работата и живеалиштето обезбедено во Македонија.  

The post Уште еден Непалец му ја кидна appeared first on Република.

]]>
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати https://republika.mk/vesti/svet/obilnite-dozhdovi-predizvikaa-svlechishte-vo-nepal-zaginaa-najmalku-14-litsa-devet-se-vodat-za-ischeznati/ Sun, 07 Jul 2024 09:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=794203

Најмалку 14 лица загинаа во свлечиште и поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болница се примени 12 повредени, додека девет лица се водат како исчезнати.

-Клучните автопати во земјата се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесуваат британските меидуми.

Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.

Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и за пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.

Во околината на непалската престолнина Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради

The post Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати appeared first on Република.

]]>

Најмалку 14 лица загинаа во свлечиште и поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болница се примени 12 повредени, додека девет лица се водат како исчезнати. -Клучните автопати во земјата се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесуваат британските меидуми. Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода. Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и за пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата. Во околината на непалската престолнина Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради

The post Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати appeared first on Република.

]]>
Им се губи трагата: Работници од Непал фатиле „џаде“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/im-se-gubi-tragata-rabotnitsi-od-nepal-fatile-dhade/ Fri, 05 Jul 2024 14:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=793848

Во Полициската станица Карпош вчера во 10.30 часот, В.Д.(36) од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале.

Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата

The post Им се губи трагата: Работници од Непал фатиле „џаде“ appeared first on Република.

]]>

Во Полициската станица Карпош вчера во 10.30 часот, В.Д.(36) од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата

The post Им се губи трагата: Работници од Непал фатиле „џаде“ appeared first on Република.

]]>
Десет Непалци вработени во тетовски ресторан без збор и заминале на менаџерката https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deset-nepaltsi-vraboteni-vo-tetovski-restoran-bez-zbor-i-zaminale-na-menadherkata/ Thu, 09 May 2024 10:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=776262

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџерка во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле 10 странски државјани од Непал, кои биле вработени во угостителскиот објект.

Според пријавеното, тие на подрачјето пристигнале на 22.04.2024 и истиот ден престојот уредно го пријавиле во СВР Тетово, велат од тетовската полиција, од каде преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

The post Десет Непалци вработени во тетовски ресторан без збор и заминале на менаџерката appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџерка во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле 10 странски државјани од Непал, кои биле вработени во угостителскиот објект. Според пријавеното, тие на подрачјето пристигнале на 22.04.2024 и истиот ден престојот уредно го пријавиле во СВР Тетово, велат од тетовската полиција, од каде преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

The post Десет Непалци вработени во тетовски ресторан без збор и заминале на менаџерката appeared first on Република.

]]>
Mигранти од Непал приведени во Македонија, сакале нелегално да влезат во Грција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/migranti-od-nepal-privedeni-vo-makedonija-sakale-nelegalno-da-vlezat-vo-grtsija/ Thu, 11 Apr 2024 15:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=765035

На 10.04.2024 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Македонија кон Република Грција.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Mигранти од Непал приведени во Македонија, сакале нелегално да влезат во Грција appeared first on Република.

]]>

На 10.04.2024 во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Македонија кон Република Грција. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Mигранти од Непал приведени во Македонија, сакале нелегално да влезат во Грција appeared first on Република.

]]>
Работници од Непал дојдоа да работат во прилепската текстилна индустрија https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnitsi-od-nepal-dojdoa-da-rabotat-vo-prilepskata-tekstilna-industrija/ Sat, 23 Mar 2024 15:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=757835

Во текстилната индустрија во Прилеп пристигнаа девет работници од Непал, а се очекуваат уште десетина. Увозот на работна сила е во почетна фаза, но го отвора прашањето за состојбите со домашната понуда на пазарот на трудот.

Прилепските стопанственици наведуваат три причини за увозот на работна сила.

Едната е дека што до овој момент тие немаат доволно квалификувана работна сила на домашниот пазар на трудот. Дуалното образование не ги даде посакуваните резултати во овој момент и, исто така, образовните процеси што ги имаме во државава не се адаптирани на барањата на постојното стопанство. Втората причина е дека и воопшто нема ниту неквалификувана работна сила. Значи, нема од каде да ги добиете идните работници за прво да ги преквалификувате, или, доквалификувате. Трета причина е слабата продуктивност на нашите вработени“, изјави Никола Мариноски, претседател на прилепската Регионална стопанска комора.

Како што вели тој, слабата продуктивност дополнително носи некомпетентност на компаниите, понатаму на европските пазари.

Затоа стопанствениците се решаваат да увезат вработени од други држави за да видат во што е причината за некој вработен, на истите работни позиции од друга држава да биде попродуктиовен од нашите работници“, вели Мариноски.

Според професорот од економскиот факултет во Прилеп, Димитар Николоски, кој е експерт за пазарот на трудот, има повеќе причини за ниската продуктивност и немањето соодветен кадар за да ги задоволи потребите на пазарот.

Ниската продуктивност е последица на долгогодишниот нестратешки пристап во адаптирање на самиот образовен систем кон потребите, така што, од една страна имаме профили кои не одговараат на идните предизвици кои со себе ги носат, да речеме, дигиталната, зелената транзиција и кои наметнуваат сосема нови потреби од вештини со кои не располага работната сила во Македонија. Од друга страна имаме добар дел млади кои се иселени од државата и кои, доколку би биле тука, секако значително би придонесле за економскиот развој“, смета Николоски.

Причината за недостиг на работна сила со потребните вештини е во долгогодишната ерозија на човечкиот капитал со што, пред сѐ, долгорочно се соочуваат невработените, а и другите ранливи категории на граѓани, како и недоволната флексибилност на самиот образовен систем. Неопходни се реформи во образовниот систем.

Неопходна е реформа на образовниот систем, во смисла на воведување нови профили во средното стручно образование, осовременување на постојните профили, воведување нови студентски програми во високото образование. Понатаму, за активните мерки на пазарот на трудот се мошне важни, пред сѐ, обуките кои се однесуваат на побарувани занимања. Не треба да го заборавиме и неформалното образование, обуките на самите работни места во компаниите кои, исто така, се мошне важни за да се произведе работна сила со побаруваните вештини“, цели Николоски.

Стапката на невработеност во земјава е околу 13 проценти, релативно висока за меѓународните стандарди, а активноста на работната сила е меѓу најниските во регионот.

The post Работници од Непал дојдоа да работат во прилепската текстилна индустрија appeared first on Република.

]]>

Во текстилната индустрија во Прилеп пристигнаа девет работници од Непал, а се очекуваат уште десетина. Увозот на работна сила е во почетна фаза, но го отвора прашањето за состојбите со домашната понуда на пазарот на трудот. Прилепските стопанственици наведуваат три причини за увозот на работна сила.
Едната е дека што до овој момент тие немаат доволно квалификувана работна сила на домашниот пазар на трудот. Дуалното образование не ги даде посакуваните резултати во овој момент и, исто така, образовните процеси што ги имаме во државава не се адаптирани на барањата на постојното стопанство. Втората причина е дека и воопшто нема ниту неквалификувана работна сила. Значи, нема од каде да ги добиете идните работници за прво да ги преквалификувате, или, доквалификувате. Трета причина е слабата продуктивност на нашите вработени“, изјави Никола Мариноски, претседател на прилепската Регионална стопанска комора.
Како што вели тој, слабата продуктивност дополнително носи некомпетентност на компаниите, понатаму на европските пазари.
Затоа стопанствениците се решаваат да увезат вработени од други држави за да видат во што е причината за некој вработен, на истите работни позиции од друга држава да биде попродуктиовен од нашите работници“, вели Мариноски.
Според професорот од економскиот факултет во Прилеп, Димитар Николоски, кој е експерт за пазарот на трудот, има повеќе причини за ниската продуктивност и немањето соодветен кадар за да ги задоволи потребите на пазарот.
Ниската продуктивност е последица на долгогодишниот нестратешки пристап во адаптирање на самиот образовен систем кон потребите, така што, од една страна имаме профили кои не одговараат на идните предизвици кои со себе ги носат, да речеме, дигиталната, зелената транзиција и кои наметнуваат сосема нови потреби од вештини со кои не располага работната сила во Македонија. Од друга страна имаме добар дел млади кои се иселени од државата и кои, доколку би биле тука, секако значително би придонесле за економскиот развој“, смета Николоски.
Причината за недостиг на работна сила со потребните вештини е во долгогодишната ерозија на човечкиот капитал со што, пред сѐ, долгорочно се соочуваат невработените, а и другите ранливи категории на граѓани, како и недоволната флексибилност на самиот образовен систем. Неопходни се реформи во образовниот систем.
Неопходна е реформа на образовниот систем, во смисла на воведување нови профили во средното стручно образование, осовременување на постојните профили, воведување нови студентски програми во високото образование. Понатаму, за активните мерки на пазарот на трудот се мошне важни, пред сѐ, обуките кои се однесуваат на побарувани занимања. Не треба да го заборавиме и неформалното образование, обуките на самите работни места во компаниите кои, исто така, се мошне важни за да се произведе работна сила со побаруваните вештини“, цели Николоски.
Стапката на невработеност во земјава е околу 13 проценти, релативно висока за меѓународните стандарди, а активноста на работната сила е меѓу најниските во регионот.

The post Работници од Непал дојдоа да работат во прилепската текстилна индустрија appeared first on Република.

]]>
Непал го забрани „Тик-ток“ https://republika.mk/zivot/tehnologija/nepal-go-zabrani-tik-tok/ Tue, 14 Nov 2023 21:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=701592

Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на апликацијата во земјата бидејќи, според нив, „ги нарушува социјалната хармонија и семејните структури“.

Како што пренесува „Економист“, овој потег следува откако владата на Непал им нареди на компаниите што управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата.

Непалските власти рекоа дека „Тик-ток“ има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и дека доведоа до конфликти во реалниот живот, кои бараа распоредување на полициските сили и воведување полициски час, пишува „Њујорк тајмс“.

Bytdance, кинеската матична компанија на „Тик-ток“, не го коментира случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“.

„Тик-ток“ е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата исто така предизвика загриженост во САД, ЕУ и Канада за наводно споделување чувствителни податоци на корисници со кинеската влада.

 

The post Непал го забрани „Тик-ток“ appeared first on Република.

]]>

Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на апликацијата во земјата бидејќи, според нив, „ги нарушува социјалната хармонија и семејните структури“. Како што пренесува „Економист“, овој потег следува откако владата на Непал им нареди на компаниите што управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата. Непалските власти рекоа дека „Тик-ток“ има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и дека доведоа до конфликти во реалниот живот, кои бараа распоредување на полициските сили и воведување полициски час, пишува „Њујорк тајмс“. Bytdance, кинеската матична компанија на „Тик-ток“, не го коментира случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“. „Тик-ток“ е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата исто така предизвика загриженост во САД, ЕУ и Канада за наводно споделување чувствителни податоци на корисници со кинеската влада.  

The post Непал го забрани „Тик-ток“ appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал https://republika.mk/vesti/svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/ Sat, 04 Nov 2023 17:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=698222

Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени.

По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси.

Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри.

Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.

 

The post Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал appeared first on Република.

]]>

Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени. По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси. Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри. Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.  

The post Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал appeared first on Република.

]]>
Потресот почувствуван и на 600 км оддалеченост: Најмалку 128 загинати и десетици повредени во стравичен земјотрес во Непал https://republika.mk/vesti/svet/potresot-pochuvstvuvan-i-na-600-km-oddalechenost-najmalku-128-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-stravichen-zemjotres-vo-nepal/ Sat, 04 Nov 2023 08:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=698035

Најмалку 128 луѓе загинале, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот се урнати куќи во областа Јајаркот, а потресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км.

Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар.

Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду.

Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду.

The post Потресот почувствуван и на 600 км оддалеченост: Најмалку 128 загинати и десетици повредени во стравичен земјотрес во Непал appeared first on Република.

]]>

Најмалку 128 луѓе загинале, а десетици се повредени по земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот дел на Непал. Во земјотресот се урнати куќи во областа Јајаркот, а потресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 км.
Најмалку 20 лица се префрлени во болница со повреди, изјави официјален претставник на областа Џајаркот во Непал, Суреш Сунар.
Националниот сеизмолошки центар на Непал соопшти дека земјотресот бил регистриран во 23:47 часот по локално време во областа Јајаркот во провинцијата Карнали. Јајаркот се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду. Потресот бил почувствуван во соседните области и во главниот град Катманду.

The post Потресот почувствуван и на 600 км оддалеченост: Најмалку 128 загинати и десетици повредени во стравичен земјотрес во Непал appeared first on Република.

]]>
Поскапува искачувањето на Монт Еверест: Непал ја зголемува „туристичката такса“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poskapuva-iskachuvaneto-na-mont-everest-nepal-ja-zgolemuva-turistichkata-taksa/ Fri, 25 Aug 2023 19:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=675509

Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот.

Според таквите планови, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе биде зголемена на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на искачување. Зголемувањето на цената треба да биде одобрено од Советот на министри, а би стапило во сила во 2025 година.

Монт Еверест се наоѓа на границата меѓу Непал и Кина, а планинарите можат да пристапат до него од двете земји. Сепак, дозволата за искачување е поскапа на кинеската страна.

Откако Тензинг Норгеј и Едмунд Хилари првпат се искачија на Монт Еверест во 1953 година, досега се забележани речиси 11.500 искачувања.

The post Поскапува искачувањето на Монт Еверест: Непал ја зголемува „туристичката такса“ appeared first on Република.

]]>

Искачувањето на Монт Еверест наскоро би можело да поскапи, бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за авантурата на највисоката планина во светот. Според таквите планови, сегашната такса од 11.000 американски долари ќе биде зголемена на 15.000 долари во „врвот“ на пролетна сезона на искачување. Зголемувањето на цената треба да биде одобрено од Советот на министри, а би стапило во сила во 2025 година. Монт Еверест се наоѓа на границата меѓу Непал и Кина, а планинарите можат да пристапат до него од двете земји. Сепак, дозволата за искачување е поскапа на кинеската страна. Откако Тензинг Норгеј и Едмунд Хилари првпат се искачија на Монт Еверест во 1953 година, досега се забележани речиси 11.500 искачувања.

The post Поскапува искачувањето на Монт Еверест: Непал ја зголемува „туристичката такса“ appeared first on Република.

]]>
Вагнер си најде нова „тезга“ во Нигер https://republika.mk/vesti/svet/vagner-si-najde-nova-tezga-vo-nepal/ Sat, 05 Aug 2023 17:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=669044

Припадници на руската платеничка група „Вагнер“ веќе се на терен во Нигер и ги инструираат припадниците на вооружените сили, објави „ЛСи Африка“.

Според „ЛСи Африка“ инструктори од групата „Вагнер“ пристигнале во главниот град Ниамеј од Мали, за да ги обучуваат пучистите.

Претходно, беше објавено дека воената хунта во Нигер, која го собори демократски избраниот претседател, побарала помош од руската платеничка група „Вагнер“, доколку се соочи со воена интервенција од западноафриканскиот регионален блок.

Според неименувани извори, лидерот на хунтата Салиф Моди остварил контакти со претставници на „Вагнер“ во соседната земја Мали.

Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) воведе санкции против Нигер поради пучот и најави дека ќе употреби сила доколку воената хунта не го врати демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

Утре истекува ултиматумот од ЕКОВАС.

Петнаесетчлената организација пред два дена испрати делегација во Нигер за да побара „мирно решение“, но средбата одржана на аеродромот во Ниамеј заврши без успех.

Нејасно е како би изгледала регионалната интервенција, кога би започнала или дали би добила поддршка од западните сили.

Хунтата во Нигер упати апел до граѓаните да пријават шпиони, а самоорганизираните одбранбени групи се мобилизираа ноќе за да ги надгледуваат автомобилите и да патролираат во главниот град

The post Вагнер си најде нова „тезга“ во Нигер appeared first on Република.

]]>

Припадници на руската платеничка група „Вагнер“ веќе се на терен во Нигер и ги инструираат припадниците на вооружените сили, објави „ЛСи Африка“. Според „ЛСи Африка“ инструктори од групата „Вагнер“ пристигнале во главниот град Ниамеј од Мали, за да ги обучуваат пучистите. Претходно, беше објавено дека воената хунта во Нигер, која го собори демократски избраниот претседател, побарала помош од руската платеничка група „Вагнер“, доколку се соочи со воена интервенција од западноафриканскиот регионален блок. Според неименувани извори, лидерот на хунтата Салиф Моди остварил контакти со претставници на „Вагнер“ во соседната земја Мали. Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) воведе санкции против Нигер поради пучот и најави дека ќе употреби сила доколку воената хунта не го врати демократски избраниот претседател Мохамед Базум. Утре истекува ултиматумот од ЕКОВАС. Петнаесетчлената организација пред два дена испрати делегација во Нигер за да побара „мирно решение“, но средбата одржана на аеродромот во Ниамеј заврши без успех. Нејасно е како би изгледала регионалната интервенција, кога би започнала или дали би добила поддршка од западните сили. Хунтата во Нигер упати апел до граѓаните да пријават шпиони, а самоорганизираните одбранбени групи се мобилизираа ноќе за да ги надгледуваат автомобилите и да патролираат во главниот град

The post Вагнер си најде нова „тезга“ во Нигер appeared first on Република.

]]>
Нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во Непал https://republika.mk/vesti/svet/nema-prezhiveani-vo-najsmrtonosnata-avionska-nesreka-vo-nepal/ Wed, 18 Jan 2023 07:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=598093

Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник.

Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица.

Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи, изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Похара.

Идентификацијата на телата е отежната поради состојбата на посмртните останки, изјави Ајај К.Ц, полициски службеник кој се наоѓа на местото на спасувањето.

Додека болничките тестови не покажат дека таму се посмртните останки на 72 лица, ќе продолжиме да го бараме последното лице, изјави Ајај К.Ц.

Тимовите за пребарување на денот на несреќата пронајдоа 68 тела, а уште две беа пронајдени во понеделникот пред да се прекине потрагата. Уште едно тело беше пронајдено во вчера доцна попладне, соопштија официјални лица.

Екипите го пренасочија токот на блиската река за да ги бараат телата, рече Гурудут Гимир, службеник кој исто така е дел од потрагата.

Таму не остана ништо таму. Но, потрагата ќе продолжи, рече Гимир.

Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион.

Податоците од една кутија што ги евидентира податоците за летот и другата што ги евидентира комуникациите во пилотската кабина со контрола на летот веројатно ќе им помогнат на иследниците да утврдат што ја предизвикало несреќата.

Бидејќи Непал нема можност да чита црни кутии, уредите ќе се испраќаат каде и да препорача производителот.

„АТР 72“ е регионален линиски патнички авион произведен во Франција. Се напојува со два турбо-пропелер мотори поставени под крилата.

The post Нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во Непал appeared first on Република.

]]>

Непалските власти денеска соопштија дека нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, иако спасувачките екипи сè уште трагаат по останките на последниот исчезнат патник. Спасувачките тимови вчера користеа беспилотни летала за да се спуштат во длабокиот кањон во потрага по јагленосаните остатоци на „ АТР 72“ на авиокомпанијата „Јети ерлајнс“, што се урна во неделата наутро во близина на туристичкиот град Покара, а со него се превезуваа 72 лица. Не е можно некој да преживеал. Досега пронајдовме 71 тело. Потрагата по последното ќе продолжи, изјави денеска Тек Бахадур К.Ц., највисок функционер на округот во Похара. Идентификацијата на телата е отежната поради состојбата на посмртните останки, изјави Ајај К.Ц, полициски службеник кој се наоѓа на местото на спасувањето. Додека болничките тестови не покажат дека таму се посмртните останки на 72 лица, ќе продолжиме да го бараме последното лице, изјави Ајај К.Ц. Тимовите за пребарување на денот на несреќата пронајдоа 68 тела, а уште две беа пронајдени во понеделникот пред да се прекине потрагата. Уште едно тело беше пронајдено во вчера доцна попладне, соопштија официјални лица. Екипите го пренасочија токот на блиската река за да ги бараат телата, рече Гурудут Гимир, службеник кој исто така е дел од потрагата. Таму не остана ништо таму. Но, потрагата ќе продолжи, рече Гимир. Спасувачките екипи во понеделникот успеаја да ги пронајдат двете црни кутии од патничкиот авион. Податоците од една кутија што ги евидентира податоците за летот и другата што ги евидентира комуникациите во пилотската кабина со контрола на летот веројатно ќе им помогнат на иследниците да утврдат што ја предизвикало несреќата. Бидејќи Непал нема можност да чита црни кутии, уредите ќе се испраќаат каде и да препорача производителот. „АТР 72“ е регионален линиски патнички авион произведен во Франција. Се напојува со два турбо-пропелер мотори поставени под крилата.

The post Нема преживеани во најсмртоносната авионска несреќа во Непал appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал достигна 70 https://republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zaginatite-vo-avionskata-nesreka-vo-nepal-dostigna-70/ Tue, 17 Jan 2023 10:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=597817

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати.

Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години.

Бројот на загинатите во авионот АТР-72 на Џети Ерлајнс што се урна во неделата во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето, се искачи на 70, соопштија претходно официјални лица, а на летот имало 72 патници и членови на екипажот, кои патувале од главниот град Катманду во туристичкиот град Похара.

Потрагата по преостанатите две исчезнати лица, која продолжи и денеска откако поради мрак претходно беше прекината, е отежната поради тешкиот терен и лошите временски услови, односно појава на густа магла.

Вчера беше пронајден снимачот за податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина, и двата во добра состојба, откритие што веројатно ќе им помогне на истражителите да утврдат што ја предизвикало несреќата.

Во авионот, кој летал од Катманду до Похара на ведро време кога се урнал, имало 57 државјани на Непал, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

The post Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал достигна 70 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати. Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години. Бројот на загинатите во авионот АТР-72 на Џети Ерлајнс што се урна во неделата во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето, се искачи на 70, соопштија претходно официјални лица, а на летот имало 72 патници и членови на екипажот, кои патувале од главниот град Катманду во туристичкиот град Похара. Потрагата по преостанатите две исчезнати лица, која продолжи и денеска откако поради мрак претходно беше прекината, е отежната поради тешкиот терен и лошите временски услови, односно појава на густа магла. Вчера беше пронајден снимачот за податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина, и двата во добра состојба, откритие што веројатно ќе им помогне на истражителите да утврдат што ја предизвикало несреќата. Во авионот, кој летал од Катманду до Похара на ведро време кога се урнал, имало 57 државјани на Непал, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

The post Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал достигна 70 appeared first on Република.

]]>
Смртниот биланс од авионската несреќа во Непал се зголеми на 70 лица, се трага по уште две https://republika.mk/vesti/svet/smrtniot-bilans-od-avionskata-nesreka-vo-nepal-se-zgolemi-na-70-litsa-se-traga-po-ushte-dve/ Tue, 17 Jan 2023 09:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=597764

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати.

Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години.

Бројот на загинатите во авионот АТР-72 на Џети Ерлајнс што се урна во неделата во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето, се искачи на 70, соопштија претходно официјални лица, а на летот имало 72 патници и членови на екипажот, кои патувале од главниот град Катманду во туристичкиот град Похара.

Потрагата по преостанатите две исчезнати лица, која продолжи и денеска откако поради мрак претходно беше прекината, е отежната поради тешкиот терен и лошите временски услови, односно појава на густа магла.

Вчера беше пронајден снимачот за податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина, и двата во добра состојба, откритие што веројатно ќе им помогне на истражителите да утврдат што ја предизвикало несреќата.

Во авионот, кој летал од Катманду до Похара на ведро време кога се урнал, имало 57 државјани на Непал, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

The post Смртниот биланс од авионската несреќа во Непал се зголеми на 70 лица, се трага по уште две appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати. Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години. Бројот на загинатите во авионот АТР-72 на Џети Ерлајнс што се урна во неделата во близина на градот Покара во Непал, неколку минути пред слетувањето, се искачи на 70, соопштија претходно официјални лица, а на летот имало 72 патници и членови на екипажот, кои патувале од главниот град Катманду во туристичкиот град Похара. Потрагата по преостанатите две исчезнати лица, која продолжи и денеска откако поради мрак претходно беше прекината, е отежната поради тешкиот терен и лошите временски услови, односно појава на густа магла. Вчера беше пронајден снимачот за податоци за летот, како и снимачот на глас од пилотската кабина, и двата во добра состојба, откритие што веројатно ќе им помогне на истражителите да утврдат што ја предизвикало несреќата. Во авионот, кој летал од Катманду до Похара на ведро време кога се урнал, имало 57 државјани на Непал, пет Индијци, четворица Руси, двајца Јужнокорејци и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

The post Смртниот биланс од авионската несреќа во Непал се зголеми на 70 лица, се трага по уште две appeared first on Република.

]]>
Патник во авионот во Непал ја снимил сопствената смрт: Индиец правел лајв стрим во последните моменти пред несреќата https://republika.mk/vesti/svet/patnik-vo-avionot-vo-nepal-ja-snimil-sopstvenata-smrt-indiets-pravel-lajv-strim-vo-poslednite-momenti-pred-nesrekata/ Mon, 16 Jan 2023 11:39:01 +0000 https://republika.mk/?p=597449

Еден од патниците во авионот што се урна во Непал, правел пренос во живо и ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели тргнал на параглајдинг.

https://twitter.com/UpwardNewsHQ/status/1614665833283715076?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1614665833283715076%7Ctwgr%5E4a5091f20e737bfe8412d5daa98ae66eefb14065%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4089166%2Fputnik-u-nepalskom-avionu-snimio-sopstvenu-smrt-indijac-zabelezio-poslednje-trenutke-leta-pre-pada-uznemirujuci-video

При падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати.

Ова е најсмртоносната воздушна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанска авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него.

The post Патник во авионот во Непал ја снимил сопствената смрт: Индиец правел лајв стрим во последните моменти пред несреќата appeared first on Република.

]]>

Еден од патниците во авионот што се урна во Непал, правел пренос во живо и ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео веднаш се прошири на социјалните мрежи. Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели тргнал на параглајдинг. https://twitter.com/UpwardNewsHQ/status/1614665833283715076?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1614665833283715076%7Ctwgr%5E4a5091f20e737bfe8412d5daa98ae66eefb14065%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4089166%2Fputnik-u-nepalskom-avionu-snimio-sopstvenu-smrt-indijac-zabelezio-poslednje-trenutke-leta-pre-pada-uznemirujuci-video При падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати. Ова е најсмртоносната воздушна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанска авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него.

The post Патник во авионот во Непал ја снимил сопствената смрт: Индиец правел лајв стрим во последните моменти пред несреќата appeared first on Република.

]]>
Руска блогерка објави селфи од авионот на смртта во Непал неколку секунди пред да загине: Напиша само три збора https://republika.mk/vesti/svet/ruska-blogerka-objavi-selfi-od-avionot-na-smrtta-vo-nepal-nekolku-sekundi-pred-da-zagine-napisha-samo-tri-zbora/ Mon, 16 Jan 2023 08:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=597314

Првата идентификувана жртва на авионската несреќа во Непал е руската блогерка за патувања Елена Бандуро (33).

Само неколку моменти пред страшната несреќа, Елена објавила селфи од авионот што ја одведе во смртта со порака „Оди во Непал“.

Уште тројца Руси кои се идентификувани како Викторија Алтунина, Јуриј Лугин и Виктор Лагин загинаа во авионската несреќа.

Во падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати, соопштија официјални лица, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите.

Авионот АТР72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс (Јети ерлајнс) се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.

https://twitter.com/InfosFrancaises/status/1614571523544649735?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1614571523544649735%7Ctwgr%5E0655f12fee82c3c04b45d5ac0374d566c647801d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4089108%2Fruska-blogerka-prva-zrtva-stravicne-nesrece-u-nepalu

Запалените остатоци од авионот се наоѓаат во длабока провалија каде паднал авионот при слетувањето на новоотворениот меѓународен аеродром во градот Похара. Аеродромот Похара беше отворен на 1 јануари.

https://republika.mk/vesti/svet/avionot-se-nakrivuva-pa-udira-vo-zemjata-i-eksplodira-objaveno-video-od-momentot-na-strashna-avionska-nesreka-vo-nepal/

Десетина спасувачи и други луѓе се собираа во близина на провалијата неколку часа откако се стемни, додека спасувачите ги бараа остатоците од авионот,.

Засега не е познато што ја предизвикало несреќата.

https://republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-koj-se-urna-vo-blizna-na-nepalskiot-grad-pokhara/

Некои од пронајдените тела, изгорени до непрепознатливост, се пренесени во болниците каде се собрале роднините.

The post Руска блогерка објави селфи од авионот на смртта во Непал неколку секунди пред да загине: Напиша само три збора appeared first on Република.

]]>

Првата идентификувана жртва на авионската несреќа во Непал е руската блогерка за патувања Елена Бандуро (33). Само неколку моменти пред страшната несреќа, Елена објавила селфи од авионот што ја одведе во смртта со порака „Оди во Непал“. Уште тројца Руси кои се идентификувани како Викторија Алтунина, Јуриј Лугин и Виктор Лагин загинаа во авионската несреќа. Во падот на патнички авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат за исчезнати, соопштија официјални лица, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите. Авионот АТР72 на авиокомпанијата Јети ерлајнс (Јети ерлајнс) се урна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. https://twitter.com/InfosFrancaises/status/1614571523544649735?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1614571523544649735%7Ctwgr%5E0655f12fee82c3c04b45d5ac0374d566c647801d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4089108%2Fruska-blogerka-prva-zrtva-stravicne-nesrece-u-nepalu Запалените остатоци од авионот се наоѓаат во длабока провалија каде паднал авионот при слетувањето на новоотворениот меѓународен аеродром во градот Похара. Аеродромот Похара беше отворен на 1 јануари. https://republika.mk/vesti/svet/avionot-se-nakrivuva-pa-udira-vo-zemjata-i-eksplodira-objaveno-video-od-momentot-na-strashna-avionska-nesreka-vo-nepal/ Десетина спасувачи и други луѓе се собираа во близина на провалијата неколку часа откако се стемни, додека спасувачите ги бараа остатоците од авионот,. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата. https://republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-koj-se-urna-vo-blizna-na-nepalskiot-grad-pokhara/ Некои од пронајдените тела, изгорени до непрепознатливост, се пренесени во болниците каде се собрале роднините.

The post Руска блогерка објави селфи од авионот на смртта во Непал неколку секунди пред да загине: Напиша само три збора appeared first on Република.

]]>
Пронајдени двете црни кутии од авионoт кој се урна во Непал https://republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-dvete-tsrni-kutii-od-avionot-koj-se-urna-vo-blizna-na-nepalskiot-grad-pokhara/ Mon, 16 Jan 2023 08:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=597299

Спасувачките тимови ги пронајдоа двете црни кутии од патничкиот авион којшто се урна во неделата во близина на непалскиот град Покхара, при што загинаа 68 патници, а исчезнаа уште четворица во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија властите во понеделникот.

Податоците од кутијата што ги снима податоците за летот и другата којшто ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да ѝ помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата, непосредно пред да слета на аеродромот во туристичкиот град Покхара.

Во понеделникот спасувачите ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал во понеделник прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на оваа несреќа, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина.

Досега се пронајдени телата на 68 лица, од вкупно 72 патници и членови на екипажот во авионот од тимот „АТR 72“ во сопственост на домашната воздухопловна компанија „Yeti Airlines“..

Во авионот кој летал од Катманду до Покхара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

 

The post Пронајдени двете црни кутии од авионoт кој се урна во Непал appeared first on Република.

]]>

Спасувачките тимови ги пронајдоа двете црни кутии од патничкиот авион којшто се урна во неделата во близина на непалскиот град Покхара, при што загинаа 68 патници, а исчезнаа уште четворица во најсмртоносната авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија властите во понеделникот. Податоците од кутијата што ги снима податоците за летот и другата којшто ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да ѝ помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата, непосредно пред да слета на аеродромот во туристичкиот град Покхара. Во понеделникот спасувачите ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал во понеделник прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на оваа несреќа, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина. Досега се пронајдени телата на 68 лица, од вкупно 72 патници и членови на екипажот во авионот од тимот „АТR 72“ во сопственост на домашната воздухопловна компанија „Yeti Airlines“.. Во авионот кој летал од Катманду до Покхара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.  

The post Пронајдени двете црни кутии од авионoт кој се урна во Непал appeared first on Република.

]]>