нематеријално културно наследство Archives - Република https://republika.mk/tema/nematerijalno-kulturno-nasledstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 12:24:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нематеријално културно наследство Archives - Република https://republika.mk/tema/nematerijalno-kulturno-nasledstvo/ 32 32 Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна станаа нематеријално културно наследство во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/partizanskite-pesni-komponirani-za-vreme-na-vtorata-svetska-vojna-stanaa-nematerijalno-kulturno-nasledstvo-vo-slovenija/ Fri, 07 Jun 2024 12:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=785536

Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна се запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство.

Овие песни станале исклучително популарни по војната, а Партизанскиот хор од Љубљана покрена иницијатива за нивно внесување во регистарот. Со оваа акција стотина песни ќе бидат сочувани за идните генерации.

Словенечките партизански песни потекнуваат од бунтовничките и народни воени песни создадени за време на Втората светска војна, се вели во соопштението на Министерството за култура на Словенија.

Првично, воените, револуционерните и бунтовничките песни ги пееле вокални групи војници кои биле дел од аматерски театарски или културни групи и биле изведувани на културни настани во партизанските единици или на ослободените територии.

Во април 1944 година започнала со работа Пејачката чета, позната и како Хор на инвалидите, во која настапувале 17 војници кои се опоравувале во партизанската болница, а потоа продолжил да ги изведува Партизанскиот хор.

Извор: https://www.portalanalitika.me

The post Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна станаа нематеријално културно наследство во Словенија appeared first on Република.

]]>

Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна се запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство. Овие песни станале исклучително популарни по војната, а Партизанскиот хор од Љубљана покрена иницијатива за нивно внесување во регистарот. Со оваа акција стотина песни ќе бидат сочувани за идните генерации. Словенечките партизански песни потекнуваат од бунтовничките и народни воени песни создадени за време на Втората светска војна, се вели во соопштението на Министерството за култура на Словенија. Првично, воените, револуционерните и бунтовничките песни ги пееле вокални групи војници кои биле дел од аматерски театарски или културни групи и биле изведувани на културни настани во партизанските единици или на ослободените територии. Во април 1944 година започнала со работа Пејачката чета, позната и како Хор на инвалидите, во која настапувале 17 војници кои се опоравувале во партизанската болница, а потоа продолжил да ги изведува Партизанскиот хор. Извор: https://www.portalanalitika.me

The post Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна станаа нематеријално културно наследство во Словенија appeared first on Република.

]]>
Без чување на духовното наследство се прави поголема штета отколку од надворешните влијанија врз македонскиот идентитет https://republika.mk/vesti/kultura/bez-chuvane-na-duhovnoto-nasledstvo-se-pravi-pogolema-shteta-otkolku-od-nadvoreshnite-vlijanija-vrz-makedonskiot-identitet/ Mon, 05 Feb 2024 09:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=740436

Нематеријалното културно наследство, во кое спаѓаат јазикот, обичаите, е во голема опасност без системски законски решенија, без планирање, финансирање и реализација на проекти. Тоа прави поголеми штети и без надворешните влијанија врз македонскиот идентитет, смета лингвистот и експерт по заштитата на културното наследство Александар Јорданоски. Тој во прилепската градска библиотека Борка Талески ја промовираше својата книга со стручни текстови „Културолошките точки нa Македонија“.

Уште во 1988 година имало иницијатива во законската регулатива да се вметне духовното или нематеријалното културно наследство како содржина. И без надворешни влијанија, и без Преспанскиот и договорот со Бугарија, ние успеавме дури 2004 година да го вметнеме нематеријалното културно наследство во регулативата. Никој не ни пречел, но цели 16 години ние тоа не сме го направиле и какво оправдување имаме? Потребен е системски и квалитативен приод, а не ад-хок и парцијални решенија. Тоа е што недостасува во нашата држава. Тоа значи планирање, финансирање и реализирање проекти, а ние тоа го немаме“, рече Јорданоски.

Сегашниот Закон за културното наследство е веќе надминат, а Јорданоски предупредува на уште поголема опасност – иселувањето.

Условите во кои живееме и менувањето на општеството налагаат и менување на законската регулатива. Поголема е и опасноста од иселувањето што го намалува квалитетот во заштитата на културното наследство. Ќе немаме луѓе кои ќе ги реализираат проектите и тука е најголемата опасност“, смета Јорданоски.

На иселувањето како голема опасност за духовното, нематеријалното културно богатство предупредува и еден од промоторите Александар Василески, директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Оваа книга се осврнува на најгорливите прашања во нашето културно наследство и неговата заштита. Институтот за старословенска култура од 2010 година е овластен субјект за заштита на нематеријалното, на духовното културно наследство и со сите ресурси го прави тоа. Несомнено има предизвици во ова. Нематеријалното наследство е загрозено од аспект што постојано се внесуваат некои елементи во традиционалните обичаи, се забораваат обичаите, цели населби, села се раселуваат и на тој начин нема носители кои ова наследство би го предале на следните генерации“, рече Василески на промоцијата на книгата „Kултуролошките точки на Македонија“ од лингвистот и есперт по заштитата на културното наследство, Александар Јорданоски во градската библиотека во Прилеп.

The post Без чување на духовното наследство се прави поголема штета отколку од надворешните влијанија врз македонскиот идентитет appeared first on Република.