„Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ Archives - Република https://republika.mk/tema/nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:14:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ Archives - Република https://republika.mk/tema/nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota/ 32 32 Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-promotsija-na-publikatsii-se-zatvora-izlozhbata-nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota-2/ Tue, 24 Sep 2024 08:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=819172

Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ ќе се одржи вечерва (24 септември) во националната галерија „Мала станица“ со почеток во 19 часот. Со овој настан се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, којашто беше отворена на 3 септември, годинава.

Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања Трајковиќ, а продукцијата на „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).

Оваа публикација „Прекарно за почетници“ се однесува на сите независни уметници, културни работници и оние што раководат со мали уметнички и културни субјекти, кои работат во сферата на субвенционираната култура, која има ограничени ресурси. Во оваа средина, индивидуализацијата и конкуренцијата се главните параметри на доминантниот капиталистичкиот начин на производство, кој е доминантен, а и институционалниот и вонинституционалниот сектор се потопени и потчинети на таа логика. Како резултат на тоа, преовладуваат лошите услови за работа, несигурноста на работата и недостатокот на социјална заштита. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор - објаснуваат организаторите.

Промовирана ќе биде и публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“, која е резултат на двегодишна соработка во рамките на платформата „Острови на сродство“ (Islands of Kinship), која поврзува шест визуелни уметнички институции од различни региони во Европа (Прага, Братислава, Битола/Скопје, Келн, Хелсинки, Рига).

Во оваа публикација група куратори, уметници и експерти, вклучени во нивните организации како координатори за инклузија и одржливост, размислуваат за социјалната и еколошката одговорност во уметничката и институционалната практика од теоретски, политички и практични перспективи. Публикацијата содржи и уметнички проекти што беа претставени на изложби и јавни програми во рамките на „Острови на сродството, велат организаторите.

Со промоциите се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена: селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“.

„Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan).

Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“.

До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на публикацијата „Прекарно за почетници“ ќе се одржи вечерва (24 септември) во националната галерија „Мала станица“ со почеток во 19 часот. Со овој настан се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“, којашто беше отворена на 3 септември, годинава. Уредници на брошурата „Прекарно за почетници“ се Виолета Качакова и Ивана Васева, лектурата и преводот се на Невенка Николиќ, графичкиот дизајн и илустрациите се на Немања Трајковиќ, а продукцијата на „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ).
Оваа публикација „Прекарно за почетници“ се однесува на сите независни уметници, културни работници и оние што раководат со мали уметнички и културни субјекти, кои работат во сферата на субвенционираната култура, која има ограничени ресурси. Во оваа средина, индивидуализацијата и конкуренцијата се главните параметри на доминантниот капиталистичкиот начин на производство, кој е доминантен, а и институционалниот и вонинституционалниот сектор се потопени и потчинети на таа логика. Како резултат на тоа, преовладуваат лошите услови за работа, несигурноста на работата и недостатокот на социјална заштита. Публикацијата ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Ги истражува овие прашања во поширок контекст на културните политики на земјата, кои ги обликуваат севкупните работни услови во вонинституционалниот културен сектор - објаснуваат организаторите.
Промовирана ќе биде и публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“, која е резултат на двегодишна соработка во рамките на платформата „Острови на сродство“ (Islands of Kinship), која поврзува шест визуелни уметнички институции од различни региони во Европа (Прага, Братислава, Битола/Скопје, Келн, Хелсинки, Рига).
Во оваа публикација група куратори, уметници и експерти, вклучени во нивните организации како координатори за инклузија и одржливост, размислуваат за социјалната и еколошката одговорност во уметничката и институционалната практика од теоретски, политички и практични перспективи. Публикацијата содржи и уметнички проекти што беа претставени на изложби и јавни програми во рамките на „Острови на сродството, велат организаторите.
Со промоциите се затвора меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена: селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“. „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan). Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“. До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Со промоција на публикации се затвора изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ appeared first on Република.

]]>
Отворање на изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ во „Мала станица“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-izlozhbata-nema-vreme-za-rabota-nema-vreme-oslobodeno-od-rabota-vo-mala-stanitsa/ Mon, 02 Sep 2024 08:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=812169

Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена утре (3 септември) во националната галерија „Мала станица“.

Македонската јавност ќе има можност да погледне дела од селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“.

Настанот ќе почне во 18:30 часот со дискусија меѓу колективот „Стонителерс“ од Прага и претставници на македонската независна уметничка сцена.

Во 2023 година е основано неофицијалното здружение наречено „Пул“. Во моментов составено е од шест членови од алтернативни уметнички простори, уметнички иницијативи и непрофитни уметнички центри во Република Чешка, вклучително и уметничкиот колектив „Стонителерс“ и Анешка Кожинкова, коja ја претставува галеријата „35 m2“. Оваа модерирана дискусија има за цел да го искористи примерот на здружението „Пул“ за да ја истражи темата за соработка и нејзините модели во рамките на независната уметничка сцена, обработувајќи ги и практичните аспекти и поттикнувањето на поблиски меѓучовечки односи. Дали овие модели можат да бидат одржливи и да функционираат долгорочно? Дали постојат стратегии за преживување за да се постигне ова? Дискусијата е дизајнирана да го олесни споделувањето искуства низ различни национални контексти - објаснуваат организаторите.

Официјално отворање ќе биде во 20 часот, а посетителите ќе имаат тура со водич направени од Карина Котова (Здружение „Јиндрих Халупецки“ - кураторски колектив, Прага) и Ивана Васева („Факултет за работи што не се учат“ – ФРУ/ 19. „АКТО“ - Фестивал за современи уметности, Скопје) и со уметниците што изложуваат во рамки на изложбата.

Потоа, со почеток во 20:45 часот ќе има проекција на фимот „Неименувано (Нешто што сакаме да го именуваме, но постојано не успеваме во тоа)“ од Јижи Скала, а посетителите ќе можат да имаат и перформативна интеракција со делото „Раце преку глава“ од Барбора Клајнхамплова.

„Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија, а е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan).

Изложбата има за цел да покаже како девалвираниот и слабо платен когнитивен труд се манифестира во уметничките животи и исто така да претстави различни пристапи и начини на справување со ситуацијата. На некој начин, сите учесници преку изложените дела се обидуваат да се справат со забрзаната динамика и интензитетот на (уметничкиот) свет, и да одговорат на императивот да испорачаат и создадат значајни, солидарни и емпатични контексти за заедничко справување со работите - објаснуваат организаторите.

Изложбата ќе биде отворена до 24 септември, а на затворањето ќе се одржи и промоција на брошурата „Прекарно за почетници“ и на публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“.

Оваа изложба е една фаза од долгорочната посветена борба за подобрување на работничките права во уметноста и културата во земјава и е еден вид продолжување на серијалот на „АКТО“.
Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“.

До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Отворање на изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе заземат учество десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена утре (3 септември) во националната галерија „Мала станица“. Македонската јавност ќе има можност да погледне дела од селма баниќ, Ленка Ѓоројевиќ и Матеј Ступица, „Хевит колектив“, Лукаш Хофман, Барбора Клајнхамплова, Доротеј Нешовски, Данило Прњат, Павла Сцеранкова, Јижи Скала, „Стонителерс“. Настанот ќе почне во 18:30 часот со дискусија меѓу колективот „Стонителерс“ од Прага и претставници на македонската независна уметничка сцена.
Во 2023 година е основано неофицијалното здружение наречено „Пул“. Во моментов составено е од шест членови од алтернативни уметнички простори, уметнички иницијативи и непрофитни уметнички центри во Република Чешка, вклучително и уметничкиот колектив „Стонителерс“ и Анешка Кожинкова, коja ја претставува галеријата „35 m2“. Оваа модерирана дискусија има за цел да го искористи примерот на здружението „Пул“ за да ја истражи темата за соработка и нејзините модели во рамките на независната уметничка сцена, обработувајќи ги и практичните аспекти и поттикнувањето на поблиски меѓучовечки односи. Дали овие модели можат да бидат одржливи и да функционираат долгорочно? Дали постојат стратегии за преживување за да се постигне ова? Дискусијата е дизајнирана да го олесни споделувањето искуства низ различни национални контексти - објаснуваат организаторите.
Официјално отворање ќе биде во 20 часот, а посетителите ќе имаат тура со водич направени од Карина Котова (Здружение „Јиндрих Халупецки“ - кураторски колектив, Прага) и Ивана Васева („Факултет за работи што не се учат“ – ФРУ/ 19. „АКТО“ - Фестивал за современи уметности, Скопје) и со уметниците што изложуваат во рамки на изложбата. Потоа, со почеток во 20:45 часот ќе има проекција на фимот „Неименувано (Нешто што сакаме да го именуваме, но постојано не успеваме во тоа)“ од Јижи Скала, а посетителите ќе можат да имаат и перформативна интеракција со делото „Раце преку глава“ од Барбора Клајнхамплова. „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република Чешка, Словачка и земјите од поранешна Југославија, а е во рамки на „19. АКТО фестивал за современи уметности“. Изложбата е поддржана и од Националната стратегија за ревитализација на Чешка (Chech recovery plan).
Изложбата има за цел да покаже како девалвираниот и слабо платен когнитивен труд се манифестира во уметничките животи и исто така да претстави различни пристапи и начини на справување со ситуацијата. На некој начин, сите учесници преку изложените дела се обидуваат да се справат со забрзаната динамика и интензитетот на (уметничкиот) свет, и да одговорат на императивот да испорачаат и создадат значајни, солидарни и емпатични контексти за заедничко справување со работите - објаснуваат организаторите.
Изложбата ќе биде отворена до 24 септември, а на затворањето ќе се одржи и промоција на брошурата „Прекарно за почетници“ и на публикацијата „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“. Оваа изложба е една фаза од долгорочната посветена борба за подобрување на работничките права во уметноста и културата во земјава и е еден вид продолжување на серијалот на „АКТО“. Досега „АКТО“ одржа целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ во Битола во партнерска соработка со платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“; серијата на мурали низ Македонија, односно на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на објектот на Националната установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп и два мурали на зградите на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје; и меѓународната изложба и јавна програма „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“. До крајот на годината во рамки на фестивалот „АКТО“ предвидени се уште неколку настани.

The post Отворање на изложбата „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ во „Мала станица“ appeared first on Република.

]]>