нема електрична енергија Archives - Република https://republika.mk/tema/nema-elektrichna-energija/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Aug 2022 07:34:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема електрична енергија Archives - Република https://republika.mk/tema/nema-elektrichna-energija/ 32 32 Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати https://republika.mk/vesti/ekonomija/otkako-e-kovachevski-premier-cenata-na-strujata-se-pokachi-dva-pati/ Thu, 25 Aug 2022 07:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=543853

СДСМ и Ковачевски преку Васко Ковачевски, директор на ЕЛЕМ најавија ново покачување на цените на струјата од декември. И СДСМ знаат дека кризата која не чека поради нивниот криминал и неработа не може да ја избегнат, па ја најавуваат уште од сега, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати. Последните покачувања се во дијапазон од 18% па до повеќе од 100%. Сметките за струја на фирмите само во месец август пак се и до 4 пати повисоки од досегашните.

И токму енормно високата цена на електричната енергија е една од главните причини што од Централниот регистар за само 8 месеци во 2022 година се избришани над 5.500 правни субјекти. Македонија е под енергетски и економски колапс, а единствени виновници за таквата состојба се СДСМ и владата на Ковачевски, кои во време на криза заработуваат на грбот на народот.

Најкриминалниот директор во владата предводена од СДСМ, Васко Ковачевски, кој како директор на РЕК Битола не презема ништо за обезбедување на доволни количини на јаглен и нови ископи, и го остави претпријатието на раб на оперативност.

За сега како директор на ЕЛЕМ да може да увезува скап јаглен, и од истото да печали за себе, за кликата на власта на Ковачевски, а сето тоа резултира со високи сметки за струја кои ги плаќаат граѓаните.

Дуото Ковачевски предизвикувајќи и продлабочувајќи ја енергетската криза се интересираат само за своите лични и партиски интереси додека 500.000 наши сограѓани преживуваат со по 150 денари на ден, стои во соопштението на партијата.

The post Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати appeared first on Република.

]]>

СДСМ и Ковачевски преку Васко Ковачевски, директор на ЕЛЕМ најавија ново покачување на цените на струјата од декември. И СДСМ знаат дека кризата која не чека поради нивниот криминал и неработа не може да ја избегнат, па ја најавуваат уште од сега, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати. Последните покачувања се во дијапазон од 18% па до повеќе од 100%. Сметките за струја на фирмите само во месец август пак се и до 4 пати повисоки од досегашните. И токму енормно високата цена на електричната енергија е една од главните причини што од Централниот регистар за само 8 месеци во 2022 година се избришани над 5.500 правни субјекти. Македонија е под енергетски и економски колапс, а единствени виновници за таквата состојба се СДСМ и владата на Ковачевски, кои во време на криза заработуваат на грбот на народот.
Најкриминалниот директор во владата предводена од СДСМ, Васко Ковачевски, кој како директор на РЕК Битола не презема ништо за обезбедување на доволни количини на јаглен и нови ископи, и го остави претпријатието на раб на оперативност.
За сега како директор на ЕЛЕМ да може да увезува скап јаглен, и од истото да печали за себе, за кликата на власта на Ковачевски, а сето тоа резултира со високи сметки за струја кои ги плаќаат граѓаните. Дуото Ковачевски предизвикувајќи и продлабочувајќи ја енергетската криза се интересираат само за своите лични и партиски интереси додека 500.000 наши сограѓани преживуваат со по 150 денари на ден, стои во соопштението на партијата.

The post Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати appeared first on Република.

]]>
Заевизмот ја поскапе електричната енергија за граѓаните за над 15% https://republika.mk/vesti/zaevizmot-ja-poskape-elektrichnata-energija-za-gragjanite-za-nad-15/ Wed, 05 Jan 2022 07:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=440730

Заевизмот од 1-ви јануари ја поскапе електричната енергија за граѓаните за над 15%, како со базичното поскапување од 9,5%, така и со укинувањето на евтината дневна тарифа. Заевизмот ова го направи за да ја покрие со пари од народот својата неспособност и неодговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Марко Бислимовски послушникот на Заев и самиот Зоран Заев ја лажеа јавноста во октомври месец, непосредно пред изборите, дека нема да има поскапување на електричната енергија.

– Засега не гледам причини за корекција на цената на електричната енергија и нема причини за паника, велеше Бислимовски пред два месеци.

– Заев тврдеше дека не треба да се стравува од поскапување на цената на струјата, затоа што наводно биле превземени сите мерки.

А, ниту мерки се преземаа ниту бутур. Овие лаги ги кажуваа пред јавноста непосредно пред избори, за после тоа да уследи вистински ценовен шок и осиромашување на граѓаните. Вистината беше дека за цело време додека лажеа за некакви мерки немаше откопување на јаглен за домашно производство на електрична енергија, а и акумулациите беа празни. ЕЛЕМ оваа година имаше рекордно најмало производство на електрична енергија, потребите на Македонија беа покривани со скап увоз, иако домашното производство беше 4 пати поевтино од увозот. Но криминалот и корупцијата им беше поважно на пулените на заевизмот.

После локалните избори продолжија со нови лаги. Па од „нема да поскапи електричната енергија“ преминаа на „нема да има значително зголемување на цената на струјата“. Министерот Бектеши почна да зборува за поскапување до 10%, за потоа да почнат да најавуваат и укинување на евтината дневна тарифа. Да потсетиме дека токму евтината дневна тарифа беше помпезно најавувано како изборно ветување на СДСМ кое требаше да трае до влезот во ЕУ, а се покажа дека е само уште една лага на Заев и заевизмот, се наведува во партиското соопштение.

Оттука од 1-ви јануари 2022 електричната енергија вкупно поскапе за 15%. Ако се земат предвид и неколкуте претходни, заевизмот за само година и пол ја поскапе електричната енергија за цели 40%.

Заевизмот го уништува стандардот на народот, а во исто време го уништува енергетскиот систем во Македонија. Енергетските компании, МЕПСО и ЕЛЕМ се претворени во загубари, нема домашно производство на струја, туку истата нелегално се превзема од европскиот енергетски систем. Ете до кое дереџе се доведе Македонија со заевизмот. Одговорност мора да има за ова недомаќинско работење, за овој криминал и корупција, систематско осиромашување на граѓаните и уништување на енергетскиот систем кое ни го донесе заевизмот.

The post Заевизмот ја поскапе електричната енергија за граѓаните за над 15% appeared first on Република.

]]>

Заевизмот од 1-ви јануари ја поскапе електричната енергија за граѓаните за над 15%, како со базичното поскапување од 9,5%, така и со укинувањето на евтината дневна тарифа. Заевизмот ова го направи за да ја покрие со пари од народот својата неспособност и неодговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека Марко Бислимовски послушникот на Заев и самиот Зоран Заев ја лажеа јавноста во октомври месец, непосредно пред изборите, дека нема да има поскапување на електричната енергија.
– Засега не гледам причини за корекција на цената на електричната енергија и нема причини за паника, велеше Бислимовски пред два месеци.
– Заев тврдеше дека не треба да се стравува од поскапување на цената на струјата, затоа што наводно биле превземени сите мерки. А, ниту мерки се преземаа ниту бутур. Овие лаги ги кажуваа пред јавноста непосредно пред избори, за после тоа да уследи вистински ценовен шок и осиромашување на граѓаните. Вистината беше дека за цело време додека лажеа за некакви мерки немаше откопување на јаглен за домашно производство на електрична енергија, а и акумулациите беа празни. ЕЛЕМ оваа година имаше рекордно најмало производство на електрична енергија, потребите на Македонија беа покривани со скап увоз, иако домашното производство беше 4 пати поевтино од увозот. Но криминалот и корупцијата им беше поважно на пулените на заевизмот. После локалните избори продолжија со нови лаги. Па од „нема да поскапи електричната енергија“ преминаа на „нема да има значително зголемување на цената на струјата“. Министерот Бектеши почна да зборува за поскапување до 10%, за потоа да почнат да најавуваат и укинување на евтината дневна тарифа. Да потсетиме дека токму евтината дневна тарифа беше помпезно најавувано како изборно ветување на СДСМ кое требаше да трае до влезот во ЕУ, а се покажа дека е само уште една лага на Заев и заевизмот, се наведува во партиското соопштение. Оттука од 1-ви јануари 2022 електричната енергија вкупно поскапе за 15%. Ако се земат предвид и неколкуте претходни, заевизмот за само година и пол ја поскапе електричната енергија за цели 40%. Заевизмот го уништува стандардот на народот, а во исто време го уништува енергетскиот систем во Македонија. Енергетските компании, МЕПСО и ЕЛЕМ се претворени во загубари, нема домашно производство на струја, туку истата нелегално се превзема од европскиот енергетски систем. Ете до кое дереџе се доведе Македонија со заевизмот. Одговорност мора да има за ова недомаќинско работење, за овој криминал и корупција, систематско осиромашување на граѓаните и уништување на енергетскиот систем кое ни го донесе заевизмот.

The post Заевизмот ја поскапе електричната енергија за граѓаните за над 15% appeared first on Република.

]]>