нема да има Archives - Република https://republika.mk/tema/nema-da-ima/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jan 2024 20:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема да има Archives - Република https://republika.mk/tema/nema-da-ima/ 32 32 Мицкоски: Треба да се знае уставни измени под бугарски диктат нема да има https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-treba-da-se-znae-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-nema-da-ima/ Wed, 24 Jan 2024 20:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=736510

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Топ Тема“ на Телма во однос на изјавите на О`Брајан изјави дека тие се внимателно анализирани исто како шамарите во М-НАВ, редиците за лични документи и посочи дека додека е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени вакви какви што се нема да има.

И правата и втората изјава на господинот О`Брајан внимателно ги слушав и анализирав, исто како што внимателно ги анализирам и изјавите на друте претставници на меѓународната заедница и дојдов до заклучок, а тој е дека кога О`Брајан слета на скопскиот аеродром, на отприлика 500 метри од пистата, високи активисти на ДУИ неколку недели претходно делеа шамари. И се обидов неговата изјава во контекст на тие што имаат план за Европа да ја ставам во овој контекст, каде активистите на ДУИ меѓу кои и претседател на огранок, влетаа и направија упад на стратешки објект, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не може да се стави знак на равенство на вакво однесување во М-НАВ и како треба европски да ја развиваме Македонија.

Исто анализирајќи ја изјавата, на некои 500 метри од каде што ја даваше изјавата, луѓе буквално со нечовечки маки дневно со саати чекаат за патна исправа, потенцираше Мицкоски.

Во однос на уставните измени, Мицкоски најдиректно кажа дека вакви какви што се уставните измени никогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа додека е тој претседател.

Македонија и македонскиот народ за тој пат кон ЕУ дадоа многу, име, знаме, банкноти, знаме, Устав, време е меѓународната заедница да почне да испорачува. Македонија тие што ја претставувале прифатиле нешто што не може да испорачаат, зошто не не вклучија во процесот и ќе им беше јасно дека ова не може да помине, ќе излезеше француски предлог плус каде ќе бевме убедени дека има предвидливост дека меѓународната заедница ќе и дозволи на Македонија да тргне на патот кон ЕУ, но тоа не се случи. Мислеа дека ќе стават потпис и ќе останат на власт, а Македонија не доби ништо, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Треба да се знае уставни измени под бугарски диктат нема да има appeared first on Република.

]]>

Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има https://republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-nema-da-ima/ Tue, 19 Sep 2023 20:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=683294

Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дневниот ред за уставните измени и таа тема е затворена. Остануваме на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сите јалови обиди дали преку странство, дали преку домашни и сегашни или минати политичари се залудни, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24.

Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни.

Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека тоа што е важно за нас во тој документ за реформи на ЕУ се поклопува со барањата на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат фондовите за земјите кои пристапуваат, а тоа што е најважно воведување на квалификувано мнозинство и се исклучува можноста за вето и во целост ќе се смени процесот на пристапување.

Паѓа во вода тоа што СДС го кажува, не ги предвиделе процесите и прифатија договор штетен на интересите на македонскиот народ, изјави Петрушевски.

Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германски ФАЦ, Петрушевски нагласи дека изјавата е доволно јасна.

Нема што да се додаде, јасна е изјавата на претседателот Мицкоски. И се ова што се случува деновиве укажува дека се случуваат одредени дилови во позадина, кои се апсолутно непринципиелни. Се случуваат работи кои не можеме да ги поминеме и да кажеме дека се коинциденција, изјави тој.

Петрушевски додаде дека друг доказ за тоа е спроведувањето на делото, пред се на измените во Кривичниот законик со кој се амнестираат одредени функционери и сегашни и од минатото, но и идни.

Мислам дека се наоѓаме пред сериозен период во државата, можеби пресуден за иднината на Македонија, нагласи Петрушевски.

The post Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има appeared first on Република.

]]>

Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дневниот ред за уставните измени и таа тема е затворена. Остануваме на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сите јалови обиди дали преку странство, дали преку домашни и сегашни или минати политичари се залудни, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24. Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни.
Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.
Петрушевски истакна дека тоа што е важно за нас во тој документ за реформи на ЕУ се поклопува со барањата на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат фондовите за земјите кои пристапуваат, а тоа што е најважно воведување на квалификувано мнозинство и се исклучува можноста за вето и во целост ќе се смени процесот на пристапување. Паѓа во вода тоа што СДС го кажува, не ги предвиделе процесите и прифатија договор штетен на интересите на македонскиот народ, изјави Петрушевски. Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германски ФАЦ, Петрушевски нагласи дека изјавата е доволно јасна.