негуватели Archives - Република https://republika.mk/tema/neguvateli/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 16:02:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негуватели Archives - Република https://republika.mk/tema/neguvateli/ 32 32 Десет нови лиценцирани негуватели во Струга https://republika.mk/vesti/makedonija/deset-novi-litsentsirani-neguvateli-vo-struga/ Tue, 03 Sep 2024 18:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=812819

Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга.

Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 лиценцирани треба да бидат ангажирани.

Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.

Црвен крст веќе трета година ја дава услугата, а од организацијата нагласуваат дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.

Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.

The post Десет нови лиценцирани негуватели во Струга appeared first on Република.

]]>

Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга. Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 лиценцирани треба да бидат ангажирани.
Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.
Црвен крст веќе трета година ја дава услугата, а од организацијата нагласуваат дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.
Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.

The post Десет нови лиценцирани негуватели во Струга appeared first on Република.

]]>
Објавен повик за обука на негуватели, невработените може да се пријават до 21 јули https://republika.mk/vesti/makedonija/objaven-povik-za-obuka-na-neguvateli-nevrabotenite-mozhe-da-se-prijavat-do-21-juli/ Fri, 14 Jul 2023 20:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=661516

Во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, Општинската Организација на Црвен крст Велес објави оглас за невработени лица за обука за негуватели.

Пријавувањето е до 21 јули во канцелариите на Агенцијата за вработување во Велес и останатите 29 градови во земјава со едноставно пополнување на пријавата, а тримесечната обука ќе започне кон крајот на август. Услов за пријавување на невработените лица е да имаат завршено минимум основно образование.

Како што за МИА појасни Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, со овој проект 150 невработените лица од земјава меѓу кои и од Велес, ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негуватели и асистенти, реализирани на локално ниво. Со тоа тие ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани.

Николов воедно ги повика сите заинтересирани невработени за детални информации за обуката да се јават во просториите на Општинскиот Црвен крст Велес најдоцна до 20 јули.

Инаку, повикот е дел од „Економија на грижа“ - програма во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување „Шанса за сите 2023“.

Во рамките на програмата „Економија на грижа“ во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица од земјава ја поминаа стручната обука, а 212 се вработија во 25 здруженија на граѓани, како даватели на социјални услуги на локално ниво.

Општинскиот Црвен крст Велес во разни програми досега има спроведено две обуки за лична асистенција за лица со попреченост и слепи лица и една обука за негуватели на стари лица, со што за негуватели обучени се вкупно 41 лице.

The post Објавен повик за обука на негуватели, невработените може да се пријават до 21 јули appeared first on Република.

]]>

Во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, Општинската Организација на Црвен крст Велес објави оглас за невработени лица за обука за негуватели. Пријавувањето е до 21 јули во канцелариите на Агенцијата за вработување во Велес и останатите 29 градови во земјава со едноставно пополнување на пријавата, а тримесечната обука ќе започне кон крајот на август. Услов за пријавување на невработените лица е да имаат завршено минимум основно образование. Како што за МИА појасни Орце Николов, секретар на ООЦК Велес, со овој проект 150 невработените лица од земјава меѓу кои и од Велес, ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негуватели и асистенти, реализирани на локално ниво. Со тоа тие ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани. Николов воедно ги повика сите заинтересирани невработени за детални информации за обуката да се јават во просториите на Општинскиот Црвен крст Велес најдоцна до 20 јули. Инаку, повикот е дел од „Економија на грижа“ - програма во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување „Шанса за сите 2023“. Во рамките на програмата „Економија на грижа“ во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица од земјава ја поминаа стручната обука, а 212 се вработија во 25 здруженија на граѓани, како даватели на социјални услуги на локално ниво. Општинскиот Црвен крст Велес во разни програми досега има спроведено две обуки за лична асистенција за лица со попреченост и слепи лица и една обука за негуватели на стари лица, со што за негуватели обучени се вкупно 41 лице.

The post Објавен повик за обука на негуватели, невработените може да се пријават до 21 јули appeared first on Република.

]]>
Германија бара работници ширум светот, најмногу фалат квалификувани негуватели https://republika.mk/vesti/svet/germanija-bara-rabotnitsi-shirum-svetot-najmnogu-falat-kvalifikuvani-neguvateli/ Sun, 21 May 2023 16:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=643308

Германија е во потрагата по работна сила има намера да се насочи и кон земјите надвор од Европа, како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави министерот за труд Хубертус Хеил за саботното издание на дневниот весник Neue Osnabruecker Zeitung.

„Ние, заедно со претставниците на стопанството, работиме на стратегија во земјите во кои на пазарот на трудот се наоѓаат многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што тамошните пазари на трудот може да апсорбираат“, вели во интервјуто министерот Хеил од Социјалдемократската партија на Германија(SPD).

Министерот вели дека притоа ќе се стави внимание на тоа на тамошните домашни пазари на трудот да не им се одземаат потребните стручњаци. Хеил тврди дека станува збор за „вин-вин“ ситуацијата.

„Ние профитираме, но профитираат и земјите на потеклото. Ние ќе вложуваме во стручното оспособување на младите и на лице местото, а луѓето коишто ќе дојдат во Германија ќе профитираат од добро платеното работно место коешто им отвора моќноста да ги финансираат семејствата дома“, вели германскиот министер за труд.

Заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок во јуни Хеил треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки и негуватели кои се многу потребни на германскиот пазар на трудот.

Откако слични договори минатите години беа склучени со некои централно и југоисточни европски земји, такви договори Германија би требало да склучи покрај со Бразил и со Мексико и со Индонезија, а Хеил со истата цел во февруари престојуваше во Гана.

Како што известува јавниот информативен сервис ARD, германската влада разговорите за привлекување работна сила води и со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам.

Голем недостиг од квалификувани негуватели

Покрај квалификуваната работна сила во областа на негата, од споменатите земји би требало да дојат и другите работници барани на германскиот пазар на трудот.

Како што објави Институтот за германското стопанство (IW), кон крајот на минатата 2022 година во агенциите за вработување во Германија имало пријавено повеќе од 630.000 работни места коишто било невозможно да се пополнат поради недостигот од одредена работна сила.

На сто отворени работни места во секторот туѓа нега доаѓаат само 33 соодветни квалификувани работници. Но истовремено, претседателот на Фондацијата за заштита на пациентот, Еуген Бриш, го критикува масовниот увоз на негувателки и негуватели и укажува на тоа дека потенцијалот за полесно пополнување на отворените работни места во секторот нега постои и сега во Германија, но дека е потребно да се подобрат условите за работа, за тој потенција да се искористи и работните места да бидат поатрактивни.

„Неколку стотини негувателки од Бразил нема да го реши овие проблем. Потребно е подобрувањето на условите во овој сектор“, вели Бриш и предупредува дека многу досегашни негуватели и негувателки се преквалификувале за помалку стресни и подобро платени занимања.

Се проценува дека приватниот сектор на туѓа нега веќе сега колабирал без многу работници од источна Европа кои се вработени во домаќинствата. Просечната годишна бруто плата во овој сектор изнесува 40.000 евра.

The post Германија бара работници ширум светот, најмногу фалат квалификувани негуватели appeared first on Република.

]]>

Германија е во потрагата по работна сила има намера да се насочи и кон земјите надвор од Европа, како Бразил, Мексико и Индонезија, изјави министерот за труд Хубертус Хеил за саботното издание на дневниот весник Neue Osnabruecker Zeitung. „Ние, заедно со претставниците на стопанството, работиме на стратегија во земјите во кои на пазарот на трудот се наоѓаат многу повеќе млади и добро квалификувани работници отколку што тамошните пазари на трудот може да апсорбираат“, вели во интервјуто министерот Хеил од Социјалдемократската партија на Германија(SPD). Министерот вели дека притоа ќе се стави внимание на тоа на тамошните домашни пазари на трудот да не им се одземаат потребните стручњаци. Хеил тврди дека станува збор за „вин-вин“ ситуацијата. „Ние профитираме, но профитираат и земјите на потеклото. Ние ќе вложуваме во стручното оспособување на младите и на лице местото, а луѓето коишто ќе дојдат во Германија ќе профитираат од добро платеното работно место коешто им отвора моќноста да ги финансираат семејствата дома“, вели германскиот министер за труд. Заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок во јуни Хеил треба да отпатуваат во Бразил за да ја разгледаат можноста за доаѓање на поголем број негувателки и негуватели кои се многу потребни на германскиот пазар на трудот. Откако слични договори минатите години беа склучени со некои централно и југоисточни европски земји, такви договори Германија би требало да склучи покрај со Бразил и со Мексико и со Индонезија, а Хеил со истата цел во февруари престојуваше во Гана. Како што известува јавниот информативен сервис ARD, германската влада разговорите за привлекување работна сила води и со Колумбија, Тунис, Мароко, Египет, Индија, Филипини и Виетнам. Голем недостиг од квалификувани негуватели Покрај квалификуваната работна сила во областа на негата, од споменатите земји би требало да дојат и другите работници барани на германскиот пазар на трудот. Како што објави Институтот за германското стопанство (IW), кон крајот на минатата 2022 година во агенциите за вработување во Германија имало пријавено повеќе од 630.000 работни места коишто било невозможно да се пополнат поради недостигот од одредена работна сила. На сто отворени работни места во секторот туѓа нега доаѓаат само 33 соодветни квалификувани работници. Но истовремено, претседателот на Фондацијата за заштита на пациентот, Еуген Бриш, го критикува масовниот увоз на негувателки и негуватели и укажува на тоа дека потенцијалот за полесно пополнување на отворените работни места во секторот нега постои и сега во Германија, но дека е потребно да се подобрат условите за работа, за тој потенција да се искористи и работните места да бидат поатрактивни. „Неколку стотини негувателки од Бразил нема да го реши овие проблем. Потребно е подобрувањето на условите во овој сектор“, вели Бриш и предупредува дека многу досегашни негуватели и негувателки се преквалификувале за помалку стресни и подобро платени занимања. Се проценува дека приватниот сектор на туѓа нега веќе сега колабирал без многу работници од источна Европа кои се вработени во домаќинствата. Просечната годишна бруто плата во овој сектор изнесува 40.000 евра.

The post Германија бара работници ширум светот, најмногу фалат квалификувани негуватели appeared first on Република.

]]>