негирал Archives - Република https://republika.mk/tema/negiral/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 17:32:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негирал Archives - Република https://republika.mk/tema/negiral/ 32 32 Радоичиќ на сослушувањето ги негирал сите кривични дела https://republika.mk/vesti/balkan/radoichik-na-soslushuvaneto-gi-negiral-site-krivichni-dela/ Tue, 03 Oct 2023 17:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=687593

Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, го негирал извршувањето на кривичните дела за кои е обвинет.

Радоичиќ денеска беше сослушан во ВЈТ поради сомнение дека со, засега повеќе непознати лица, извршил кривични дела здружување заради извршување кривични дела, недозволено производство, држење, носење и тргување со огнено оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност.

ВЈТ соопшти дека на распитот осомничениот го негирал извршувањето на кривичните дела кои му се ставаат на товар, пренесува Н1.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор поради опасност од бегство.

Наредбата за спроведување на истрагата опфаќа неколку, засега непознати лица, кои се товарат за кривично дело тешки дела против општата безбедност.

Според наредбата за спроведување истрагата, Радоичиќ се терети дека од Тузла набавувал оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ, кои му биле доставени на територијата на Белград, најчесто на релација Бубањ Поток – Врчин.

А кои потоа ги транспортирал и складирал на неутврдени локации на територијата на Косово, каде ги криел во напуштени згради и шуми, па како водач на група со неколку непознати лица, со заедничка акција и општо опасна акција на 24 септември, предизвикал опасност по животот на луѓето во местото Бањска“, се наведува во соопштението на ВЈТ.

Радоичиќ пред неколку дена одговори на поканата на српските државни органи.

Тогаш беше соопштено дека ВЈТ во Белград ќе биде известена во форма на извештај, која ќе преземе дополнителни мерки и дејствија во нејзина надлежност.

Радоичиќ ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово.

На 24 септември во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следеше акција на специјалните единици на косовската полиција насочена кон вооружена група која се обиде да најде засолниште во манастирот Бањска.

Во акцијата загинаа тројца Срби, по потекло од северот на Косово.

 

The post Радоичиќ на сослушувањето ги негирал сите кривични дела appeared first on Република.

]]>

Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, го негирал извршувањето на кривичните дела за кои е обвинет. Радоичиќ денеска беше сослушан во ВЈТ поради сомнение дека со, засега повеќе непознати лица, извршил кривични дела здружување заради извршување кривични дела, недозволено производство, држење, носење и тргување со огнено оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност. ВЈТ соопшти дека на распитот осомничениот го негирал извршувањето на кривичните дела кои му се ставаат на товар, пренесува Н1. Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор поради опасност од бегство. Наредбата за спроведување на истрагата опфаќа неколку, засега непознати лица, кои се товарат за кривично дело тешки дела против општата безбедност. Според наредбата за спроведување истрагата, Радоичиќ се терети дека од Тузла набавувал оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ, кои му биле доставени на територијата на Белград, најчесто на релација Бубањ Поток – Врчин.
А кои потоа ги транспортирал и складирал на неутврдени локации на територијата на Косово, каде ги криел во напуштени згради и шуми, па како водач на група со неколку непознати лица, со заедничка акција и општо опасна акција на 24 септември, предизвикал опасност по животот на луѓето во местото Бањска“, се наведува во соопштението на ВЈТ.
Радоичиќ пред неколку дена одговори на поканата на српските државни органи. Тогаш беше соопштено дека ВЈТ во Белград ќе биде известена во форма на извештај, која ќе преземе дополнителни мерки и дејствија во нејзина надлежност. Радоичиќ ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово. На 24 септември во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следеше акција на специјалните единици на косовската полиција насочена кон вооружена група која се обиде да најде засолниште во манастирот Бањска. Во акцијата загинаа тројца Срби, по потекло од северот на Косово.  

The post Радоичиќ на сослушувањето ги негирал сите кривични дела appeared first on Република.

]]>