негативен тест Archives - Република https://republika.mk/tema/negativen-test/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Feb 2023 07:28:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png негативен тест Archives - Република https://republika.mk/tema/negativen-test/ 32 32 Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ https://republika.mk/zivot/zdravje/germanets-e-pettiot-patsient-izlekuvan-od-hiv/ Tue, 21 Feb 2023 07:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=611326

Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“.

Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“.

Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година.

Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година.

Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News.

Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА

Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА.

Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година.

Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година.

Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија.

На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.

The post Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ appeared first on Република.

]]>

Маж (53) од Германија е петтиот пациент во светот излечен од ХИВ вирусот, по трансплантацијата на матични клетки во 2014 година, објавено е вчера во магазинот „Nature Medicine“. Научниците велат дека тој е петтиот човек кој официјално е излекуван од вирусот кој погодува повеќе од 30 милиони луѓе во светот, објави „Форбс“. Човекот, кој го нарекуваат „пациент од Дизелдорф“, повеќе нема траги од ХИВ во крвта, додаваат истражувачите и тој престанал да го зема лекот во 2019 година. Лекарот Бјерн-Ерик Оле Јенсен, кој го лекувал пациентот, рече дека тој сè уште немал траги од ХИВ во 2019 година. Џенсен рече дека вирусот е „навистина излекуван“ и не е во „долгорочна ремисија“, за време на интервју за ABC News. Повеќе од 40 милиони луѓе починале од СИДА Од почетокот на епидемијата во раните осумдесетти, повеќе од 40 милиони луѓе умреле од СИДА. Првиот човек кој официјално беше излечен од ХИВ во светот беше Тимоти Реј Браун, кого истражувачите го нарекоа „Берлински пациент“ во изјава објавена во 2009 година. Останатите тројца пациенти се „Лондонски пациент“, „Градот на надежта“ и „Њујорк“ и сите се излекувани во 2022 година. Сите четворица биле подложени на ист третман – трансплантација на матични клетки, која е процедура со висок ризик, наречена и трансплантација на коскена срцевина, а е една од методите за лекување на различни форми на леукемија. На примателите им биле дадени матични клетки кои стекнале отпорност на вирусот ХИВ преку мутација која го брише протеинот што вирусот вообичаено го користи за да влезе во клетките.

The post Германец е петтиот пациент излекуван од ХИВ appeared first on Република.

]]>
Во САД само со негативен тест https://republika.mk/zivot/patuvanja/vo-sad-samo-so-negativen-test/ Thu, 02 Jun 2022 09:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=510083

Сите патници кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за Ковид-19, соопшти Белата куќа.

Ние постојано ги оценуваме нашите одлуки, но сегашните правила за тестирање остануваат на сила, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Според одлуката на американската Влада, секој што ќе влезе во САД по воздушен пат мора да биде тестиран ден пред летот. Ова се однесува и на граѓаните на САД и на странските патници, без разлика дали се вакцинирани или не.

Правилото не важи за оние кои неодамна боледувале од Ковид-19, доколку тоа можат да го докажат со потврда издадена од лекар или друга здравствена служба.

Исто така, тестирањето не е задолжително за патниците кои летаат внатре во САД, а според одлуката на Федералниот суд, тие повеќе не мора да носат маски додека патуваат.

Најавено е дека правилата во меѓународниот авиосообраќај ќе се менуваат, само доколку здравствените експерти проценат дека тоа е потребно.

Американските туристички компании се спротивставуваат на одлуката на Владата и бараат укинување на задолжителното тестирање за целосно вакцинираните патници.

Авиокомпании, аеродроми, хотели и други претставници на американската туристичка и патничка индустрија минатиот месец испратија писмо до Белата куќа во кое предупредуваат дека рестриктивната мерка ќе предизвика значителни економски загуби.

Во писмото се посочува и дека задолжителното тестирање не е во сила кога станува збор за копнените граници на САД со Канада и Мексико.

The post Во САД само со негативен тест appeared first on Република.

]]>

Сите патници кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да имаат негативен тест за Ковид-19, соопшти Белата куќа.
Ние постојано ги оценуваме нашите одлуки, но сегашните правила за тестирање остануваат на сила, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Според одлуката на американската Влада, секој што ќе влезе во САД по воздушен пат мора да биде тестиран ден пред летот. Ова се однесува и на граѓаните на САД и на странските патници, без разлика дали се вакцинирани или не. Правилото не важи за оние кои неодамна боледувале од Ковид-19, доколку тоа можат да го докажат со потврда издадена од лекар или друга здравствена служба. Исто така, тестирањето не е задолжително за патниците кои летаат внатре во САД, а според одлуката на Федералниот суд, тие повеќе не мора да носат маски додека патуваат. Најавено е дека правилата во меѓународниот авиосообраќај ќе се менуваат, само доколку здравствените експерти проценат дека тоа е потребно. Американските туристички компании се спротивставуваат на одлуката на Владата и бараат укинување на задолжителното тестирање за целосно вакцинираните патници. Авиокомпании, аеродроми, хотели и други претставници на американската туристичка и патничка индустрија минатиот месец испратија писмо до Белата куќа во кое предупредуваат дека рестриктивната мерка ќе предизвика значителни економски загуби. Во писмото се посочува и дека задолжителното тестирање не е во сила кога станува збор за копнените граници на САД со Канада и Мексико.

The post Во САД само со негативен тест appeared first on Република.

]]>
Од среда во Бугарија ќе се бара негативен тест и за децата од 12 до 18 години https://republika.mk/vesti/balkan/od-sreda-vo-bugarija-kje-se-bara-negativen-test-i-za-decata-od-12-do-18-godini/ Sun, 16 Jan 2022 17:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=445370

Од среда, 19 јануари, децата на возраст од 12 до 18 години кои пристигнуваат во Бугарија од „црвената зона“ меѓу кои е и Македонија се пропуштаат на територијата на земјата по прикажување негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред влезот во земјата. Ова мора да биде потврдено со валиден ЕУ дигитален сертификат COVID за тестирање или еквивалентен или сличен документ.

Доколку не приложат таков документ ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Карантинот може да се прекине доколку лицето е подложено на PCR тест не порано од 72 часа по пристигнувањето во земјата.

Претходно за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“ само за возрасните, при влез во Бугарија се бараше да обезбедат негативен резултат од тестот, заедно со документ за вакцинација или болест.

Документите за КОВИД-19 не се потребни за деца под 12-годишна возраст, без оглед на областа од која доаѓаат.

Списокот на земји по зони на бои исто така се ажурираше од 19 јануари. „Црвената зона“ ги опфаќа Австрија, Македонија, Србија, Турција, Унгарија, Луксембург, Израел, Кувајт, Гренада, Гренланд, Катар, Кралството Бахреин, Либанската Република и Кооперативната Република Гвајана.

Во Грција пак од утре стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, а за целосно вакциниран се смета оној што ја примил и бустер дозата. Исто така Грција ги прифаќа вакциналните сертификати само седум месеци по втората доза.

Државите од Шенген-зоната исто така го намалуваат периодот на валидизирање на вакциналниот сертификат. Холандија, Латвија и Исланд ковид-сертификатот го прифаќа само доколку двете вакцини се примени во последните девет месеци.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша деновиве информира дека неговата влада ќе избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на ковид-19 предизвикана од многу позаразната омикрон варијанта на коронавирусот.

Чешката Влада, пак, ќе дозволи асимптоматските здравствени работници и персоналот за социјална заштита за кои е потврдено дека се заразени со коронавирус да продолжат да работат.

The post Од среда во Бугарија ќе се бара негативен тест и за децата од 12 до 18 години appeared first on Република.

]]>

Од среда, 19 јануари, децата на возраст од 12 до 18 години кои пристигнуваат во Бугарија од „црвената зона“ меѓу кои е и Македонија се пропуштаат на територијата на земјата по прикажување негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред влезот во земјата. Ова мора да биде потврдено со валиден ЕУ дигитален сертификат COVID за тестирање или еквивалентен или сличен документ. Доколку не приложат таков документ ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Карантинот може да се прекине доколку лицето е подложено на PCR тест не порано од 72 часа по пристигнувањето во земјата. Претходно за патниците кои пристигнуваат од „црвената зона“ само за возрасните, при влез во Бугарија се бараше да обезбедат негативен резултат од тестот, заедно со документ за вакцинација или болест. Документите за КОВИД-19 не се потребни за деца под 12-годишна возраст, без оглед на областа од која доаѓаат. Списокот на земји по зони на бои исто така се ажурираше од 19 јануари. „Црвената зона“ ги опфаќа Австрија, Македонија, Србија, Турција, Унгарија, Луксембург, Израел, Кувајт, Гренада, Гренланд, Катар, Кралството Бахреин, Либанската Република и Кооперативната Република Гвајана. Во Грција пак од утре стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација на граѓаните над 60 години, а за целосно вакциниран се смета оној што ја примил и бустер дозата. Исто така Грција ги прифаќа вакциналните сертификати само седум месеци по втората доза. Државите од Шенген-зоната исто така го намалуваат периодот на валидизирање на вакциналниот сертификат. Холандија, Латвија и Исланд ковид-сертификатот го прифаќа само доколку двете вакцини се примени во последните девет месеци. Словенечкиот премиер Јанез Јанша деновиве информира дека неговата влада ќе избегнува да воведе нови мерки што е можно подолго во сегашниот бран на епидемијата на ковид-19 предизвикана од многу позаразната омикрон варијанта на коронавирусот. Чешката Влада, пак, ќе дозволи асимптоматските здравствени работници и персоналот за социјална заштита за кои е потврдено дека се заразени со коронавирус да продолжат да работат.

The post Од среда во Бугарија ќе се бара негативен тест и за децата од 12 до 18 години appeared first on Република.

]]>