неделно Archives - Република https://republika.mk/tema/nedelno/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 11:08:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неделно Archives - Република https://republika.mk/tema/nedelno/ 32 32 Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк https://republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-studentite-ke-dobivaat-840-denari-nedelno-na-svoite-kartichki-za-studentski-obrok/ Fri, 01 Mar 2024 11:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=749985

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар.

Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ( УКИМ) побара измена кон крајот на минатата година на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а со цел подобро да можат да ги искористат субвенциите од државата.

Според студентите исплатата на субвенциите е подобро да се врши неделно затоа што ако студентот во текот на денот не ги потрошеше парите за оброк или за да купува во маркет, тие пари 140 денари не можеше да ги искористи наредниот ден.

Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, објавија на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се подносители на иницијативата за измени на Законот.

The post Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар. Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ( УКИМ) побара измена кон крајот на минатата година на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а со цел подобро да можат да ги искористат субвенциите од државата. Според студентите исплатата на субвенциите е подобро да се врши неделно затоа што ако студентот во текот на денот не ги потрошеше парите за оброк или за да купува во маркет, тие пари 140 денари не можеше да ги искористи наредниот ден. Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, објавија на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се подносители на иницијативата за измени на Законот.

The post Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго https://republika.mk/zivot/zdravje/nova-studija-otkriva-kolku-treba-da-peshachite-nedelno-ako-sakate-da-zhiveete-podolgo/ Mon, 03 Apr 2023 10:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=626604

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување.

Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци.

Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години.

Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“.

Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата.

Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.

 

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување. Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци. Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години. Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“. Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата. Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.  

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>