Недела на грижа за стари лица Archives - Република https://republika.mk/tema/nedela-na-grizha-za-stari-litsa/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 09:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Недела на грижа за стари лица Archives - Република https://republika.mk/tema/nedela-na-grizha-za-stari-litsa/ 32 32 Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-do-24-noemvri-vo-skopje-merene-na-krven-pritisok-i-sheker-vo-krvata-frizerski-i-kozmetichki-uslugi-po-povod-nedelata-na-grizha-za-stari-litsa/ Mon, 18 Nov 2024 09:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=839038

Црвен крст на град Скопје од 18 до 24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”.

Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје - автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс. Ќе има и хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст - Струмица, соопшти Црвен крст на град Скопје.

Овие активности се поддржани од Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

The post Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица appeared first on Република.

]]>

Црвен крст на град Скопје од 18 до 24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”. Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје - автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс. Ќе има и хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст - Струмица, соопшти Црвен крст на град Скопје. Овие активности се поддржани од Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

The post Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица appeared first on Република.

]]>