неактивни Archives - Република https://republika.mk/tema/neaktivni/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 15:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неактивни Archives - Република https://republika.mk/tema/neaktivni/ 32 32 Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-godina-vo-godina-mladite-se-se-pomalku-aktivni-vo-opshtestveniot-zhivot-vo-makedonija-pokazha-anketata-na-detetktor/ Sun, 02 Jun 2024 15:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=784195

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво, а од година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 66,3 отсто од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во државата не е на задоволително ниво, додека добро ниво гледаат само 21,9 проценти.

Споредено со пред 5 до 10 години, 60 отсто од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот, 23,6 проценти не гледаат разлика, а само 7,7 отсто детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години.

-Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително опаѓа, заклучуваат од „Детектор“.

Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2 отсто сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9 проценти не се согласуваат со тоа.

– Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии, истакнуваат од „Детектор“.

Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор, иако тука мнозинството од 45,5 отсто е на ставот дека младите не се доволно активни, што е нешто под оние 58 проценти студенти кои го делат истиот став.

-Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60 отсто од анкетираните додека 30,2 проценти се убедени во спротивното. Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1 проценти рекле дека тоа е спортот. 15,6 отсто се определиле за политичките партии, 6,1 проценти за хуманитарни акции а само 3 отсто за еколошки акции, посочуваат од „Детектор“.

Анкетата по нарачка на „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

 

The post Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво, а од година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 66,3 отсто од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во државата не е на задоволително ниво, додека добро ниво гледаат само 21,9 проценти. Споредено со пред 5 до 10 години, 60 отсто од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот, 23,6 проценти не гледаат разлика, а само 7,7 отсто детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години. -Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително опаѓа, заклучуваат од „Детектор“. Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2 отсто сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9 проценти не се согласуваат со тоа. – Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии, истакнуваат од „Детектор“. Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор, иако тука мнозинството од 45,5 отсто е на ставот дека младите не се доволно активни, што е нешто под оние 58 проценти студенти кои го делат истиот став. -Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60 отсто од анкетираните додека 30,2 проценти се убедени во спротивното. Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1 проценти рекле дека тоа е спортот. 15,6 отсто се определиле за политичките партии, 6,1 проценти за хуманитарни акции а само 3 отсто за еколошки акции, посочуваат од „Детектор“. Анкетата по нарачка на „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.  

The post Oд година во година младите сè се помалку активни во општествениот живот во Македонија, покажа анкетата на „Дететктор“ appeared first on Република.

]]>
За затворање на платежна сметка и за одржување на неактивна сметка не треба да се наплатуваат финансиски средства https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-zatvorane-na-platezhna-smetka-i-za-odrzhuvane-na-neaktivna-smetka-ne-treba-da-se-naplatuvaat-finansiski-sredstva/ Tue, 22 Aug 2023 07:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=674421

За затворање на платежна сметка која се користи подолго од шест месеци или за одржување на неактивните сметки, банките и штедилниците не смеат да им наплатуваат надоместоци на граѓаните и на фирмите. Тоа значи дека доколку некој сака да затвори платежна сметка или доколку има неактивна сметка во некоја банка или штедилница, не треба да плаќа финансиски средства за овие услуги на банката.

Од Народната банка појаснуваат дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи што почна да се применува од 1 јануари годинава, се зајакнува заштитата на граѓаните и компаниите во однос на надоместоците за платежните услуги кои од нив ги наплатуваат давателите на платежни услуги.

Имено, доколку рамковниот договор со кој се уредува отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка е во сила во период подолг од шест месеци, давателот на платежни услуги не смее да му наплати на сопственикот за затворањето на сметката. Се забранува и наплатата на надоместоци од страна на давателот на платежни услуги за сметки кои подолг период не се употребуваат од граѓаните, објаснуваат од Народната банка за МИА.

Платежната сметка се смета за неактивна ако не е користена во последните две години, а депозитната сметка е неактивна доколку не е користена 10 години. Банката или штедилницата е должна да се обиде да воспостави контакт со сопственикот на сметката пред промена на статусот на сметката од активна во неактивна. За неактивните сметки не смее да се наплатуваат надоместоци, но како што појаснуваат од НБ, банките и штедилниците мора да продолжат да пресметуваат камата на позитивното салдо согласно договорните услови.

На прашањето како да се заштитат граѓаните и фирмите во вакви случаи, од Народната банка велат дека за секоја поплака или совет, може да се обратат до Дирекцијата за финансиска едукација и заштита на потрошувачите која е задолжена да ги разгледува и соодветно да постапува по поднесени претставки.

Оттаму не откриваат дали досега има пристигнато поплаки од граѓани за наплата на ваквиот тип на услуги од страна на банките или штедилниците.

За кршење на законските одредби, како што наведуваат од Народната банка, предвидени се парични казни за сторителите.

The post За затворање на платежна сметка и за одржување на неактивна сметка не треба да се наплатуваат финансиски средства appeared first on Република.

]]>

За затворање на платежна сметка која се користи подолго од шест месеци или за одржување на неактивните сметки, банките и штедилниците не смеат да им наплатуваат надоместоци на граѓаните и на фирмите. Тоа значи дека доколку некој сака да затвори платежна сметка или доколку има неактивна сметка во некоја банка или штедилница, не треба да плаќа финансиски средства за овие услуги на банката. Од Народната банка појаснуваат дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи што почна да се применува од 1 јануари годинава, се зајакнува заштитата на граѓаните и компаниите во однос на надоместоците за платежните услуги кои од нив ги наплатуваат давателите на платежни услуги. Имено, доколку рамковниот договор со кој се уредува отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка е во сила во период подолг од шест месеци, давателот на платежни услуги не смее да му наплати на сопственикот за затворањето на сметката. Се забранува и наплатата на надоместоци од страна на давателот на платежни услуги за сметки кои подолг период не се употребуваат од граѓаните, објаснуваат од Народната банка за МИА. Платежната сметка се смета за неактивна ако не е користена во последните две години, а депозитната сметка е неактивна доколку не е користена 10 години. Банката или штедилницата е должна да се обиде да воспостави контакт со сопственикот на сметката пред промена на статусот на сметката од активна во неактивна. За неактивните сметки не смее да се наплатуваат надоместоци, но како што појаснуваат од НБ, банките и штедилниците мора да продолжат да пресметуваат камата на позитивното салдо согласно договорните услови. На прашањето како да се заштитат граѓаните и фирмите во вакви случаи, од Народната банка велат дека за секоја поплака или совет, може да се обратат до Дирекцијата за финансиска едукација и заштита на потрошувачите која е задолжена да ги разгледува и соодветно да постапува по поднесени претставки. Оттаму не откриваат дали досега има пристигнато поплаки од граѓани за наплата на ваквиот тип на услуги од страна на банките или штедилниците. За кршење на законските одредби, како што наведуваат од Народната банка, предвидени се парични казни за сторителите.

The post За затворање на платежна сметка и за одржување на неактивна сметка не треба да се наплатуваат финансиски средства appeared first on Република.

]]>