навивачки групи Archives - Република https://republika.mk/tema/navivachki-grupi/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Feb 2022 14:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png навивачки групи Archives - Република https://republika.mk/tema/navivachki-grupi/ 32 32 Грција ги заострува мерките за справување со насилството од навивачките групи https://republika.mk/vesti/balkan/grcija-gi-zaostruva-merkite-za-spravuvanje-so-nasilstvoto-od-navivachkite-grupi/ Mon, 07 Feb 2022 14:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=455223

Промени во Кривичниот законик и интензивирање на контролите од грчката полиција, како и уште поголемо заострување на институционалната рамка во однос на функционирањето на фан клубовите и нивните ограноци, се дел од дополнителните мерки што ќе ги преземе грчката Влада за справување со насилството од навивачките групи и хулиганите, откако минатата седмица, поради навивачки пресметки, во Солун беше убиено 19-годишно момче.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржа состанок со надлежните министри, а владиниот портпарол Јанис Иконому на редовен брифинг со новинарите соопшти дека нивната цел е конкретните иницијативи да доведат до уште поголемо намалување на појавите на насилство.

Справувањето со насилството од навивачите, но и насилството кај младите е наша должност кон општеството, а особено кон помладата генерација, но и кон здравата спортска заедница и милионите вистински навивачи во нашата земја - истакна Иконому.

Во вторникот вечерта, 19-годишниот Алкис до смрт беше претепан, но и прободен со нож, во близина на стадионот на неговиот омилен клуб Арис во Солун, што најверојатно била и причината за нападот, откако група хулигани, веројатно навивачи на ривалскиот ПАОК крвнички ги нападнале Алкис и неговите другари.

Грчката полиција досега, уапси девет од 11 осомничени лица за убиството.

The post Грција ги заострува мерките за справување со насилството од навивачките групи appeared first on Република.

]]>

Промени во Кривичниот законик и интензивирање на контролите од грчката полиција, како и уште поголемо заострување на институционалната рамка во однос на функционирањето на фан клубовите и нивните ограноци, се дел од дополнителните мерки што ќе ги преземе грчката Влада за справување со насилството од навивачките групи и хулиганите, откако минатата седмица, поради навивачки пресметки, во Солун беше убиено 19-годишно момче. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржа состанок со надлежните министри, а владиниот портпарол Јанис Иконому на редовен брифинг со новинарите соопшти дека нивната цел е конкретните иницијативи да доведат до уште поголемо намалување на појавите на насилство.
Справувањето со насилството од навивачите, но и насилството кај младите е наша должност кон општеството, а особено кон помладата генерација, но и кон здравата спортска заедница и милионите вистински навивачи во нашата земја - истакна Иконому.
Во вторникот вечерта, 19-годишниот Алкис до смрт беше претепан, но и прободен со нож, во близина на стадионот на неговиот омилен клуб Арис во Солун, што најверојатно била и причината за нападот, откако група хулигани, веројатно навивачи на ривалскиот ПАОК крвнички ги нападнале Алкис и неговите другари. Грчката полиција досега, уапси девет од 11 осомничени лица за убиството.

The post Грција ги заострува мерките за справување со насилството од навивачките групи appeared first on Република.

]]>