навагио Archives - Република https://republika.mk/tema/navagio/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 13:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png навагио Archives - Република https://republika.mk/tema/navagio/ 32 32 Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи https://republika.mk/zivot/patuvanja/popularnata-plazha-navagio-na-grchkiot-ostrov-zakintos-i-ovaa-leto-zatvorena-za-turisti/ Fri, 10 May 2024 13:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=776823

Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година.

Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.

The post Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи appeared first on Република.

]]>

Од безбедносни причини и со цел да се заштитат посетителите за време на туристичката сезона, популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето ќе биде затворена за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука, пристапот до плажата е забранет и од копно и од вода, за прекршувањата предвидени се административни казни, а „Навагио“ ќе биде затворена до 31 октомври 2024 година. Популарната плажа на грчкиот остров и лани, за време на летниот период, исто така со министерска одлука беше затворена откако беше констатирана голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.

The post Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и оваа лето затворена за туристи appeared first on Република.

]]>
Добри вести од Закинтос: Во Навагио ќе може да се ужива, ама под еден услов https://republika.mk/zivot/patuvanja/dobri-vesti-od-zakintos-vo-navagio-ke-mozhe-da-se-uzhiva-ama-pod-eden-uslov/ Fri, 19 May 2023 13:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=642644

Иако пред само неколку месеци официјално беше објавена одлуката на ОАСП (Организација за антисеизмичко планирање и заштита) дека познатата плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе биде затворена за туристи поради лизгање на земјиштето, се чини дека туристите сепак ќе бидaт во можност да уживаат во нејзината убавина.

Но, од безбедно растојание.

Според последната министерска одлука, ќе се овозможи пристап, но само од море и на оддалеченост од 40 метри од брегот.

Одлуката за дозволениот пристап до плажата Навагио, нејверојатно, ќе важи до крајот на октомври. Сепак, пристапот до самата плажа најверојатно ќе остане забранет, а посетителите ќе може да пливаат во тиркизните води, но на безбедно растојание.

Бидејќи се работи за подрачје познато по сеизмичка активност, на 16 март годинава е донесена одлука плажата Навагио да се прогласи за небезбедна поради опасност од лизгање на земјиштето, пренесува „Грикрепортер“.

 

По лизгањето на земјиштето во 2018 година, водата на оваа плажа беше речиси целосно бела. Само една година пред тоа двајца туристи загинаа додека се обидуваа да направат селфи од карпата што гледа на оваа феноменална плажа.

The post Добри вести од Закинтос: Во Навагио ќе може да се ужива, ама под еден услов appeared first on Република.

]]>

Иако пред само неколку месеци официјално беше објавена одлуката на ОАСП (Организација за антисеизмичко планирање и заштита) дека познатата плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе биде затворена за туристи поради лизгање на земјиштето, се чини дека туристите сепак ќе бидaт во можност да уживаат во нејзината убавина. Но, од безбедно растојание. Според последната министерска одлука, ќе се овозможи пристап, но само од море и на оддалеченост од 40 метри од брегот. Одлуката за дозволениот пристап до плажата Навагио, нејверојатно, ќе важи до крајот на октомври. Сепак, пристапот до самата плажа најверојатно ќе остане забранет, а посетителите ќе може да пливаат во тиркизните води, но на безбедно растојание. Бидејќи се работи за подрачје познато по сеизмичка активност, на 16 март годинава е донесена одлука плажата Навагио да се прогласи за небезбедна поради опасност од лизгање на земјиштето, пренесува „Грикрепортер“.   По лизгањето на земјиштето во 2018 година, водата на оваа плажа беше речиси целосно бела. Само една година пред тоа двајца туристи загинаа додека се обидуваа да направат селфи од карпата што гледа на оваа феноменална плажа.

The post Добри вести од Закинтос: Во Навагио ќе може да се ужива, ама под еден услов appeared first on Република.

]]>
По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос https://republika.mk/vesti/balkan/po-zemjotresot-zatvorena-za-turisti-plazata-navagio-na-grchkiot-ostrov-zakintos/ Thu, 08 Sep 2022 13:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=548701

Земјотресот со јачина од 5,4 степени што утрово се случи во Јонското Море предизвика одрон на земјиште и пад на карпи на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, по што, според грчките медиуми, бил донесена одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, големи делови од карпи се паднале во морето, за среќа без да се оштетат чамците и бродовите што во тој момент поминувале или биле во близина, а крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони.

Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското Море, западно од островите Кефалонија и Закинтос.

Во Министерството за туризам на Грција денеска бил одржан планиран состанок за ажурирање на безбедносните мерки на плажата „Навагио“ и повторно била донесена препорака за „строга контрола на пристапот на посетителите само до дозволените зони дефинирани во соодветната научна студија со паралелно почитување на максималниот број посетители, со цел капачите да бидат на безбедно растојание од карпите“.

Додаваат дека се во очекување на одлуките на надлежните органи и цивилната заштита за ажурирање на мерките за безбедност на посетителите.

The post По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос appeared first on Република.

]]>

Земјотресот со јачина од 5,4 степени што утрово се случи во Јонското Море предизвика одрон на земјиште и пад на карпи на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, по што, според грчките медиуми, бил донесена одлука плажата да се затвори за туристи, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишуваат локалните медиуми по земјотресот, големи делови од карпи се паднале во морето, за среќа без да се оштетат чамците и бродовите што во тој момент поминувале или биле во близина, а крајбрежната служба од Закинтос го забранила пристигнувањето по морски пат на посетителите на плажата, како и пристапот на туристите во делот над плажата поради страв од нови одрони. Земјотресот беше регистриран кусо по 10.30 часот утрово во Јонското Море, западно од островите Кефалонија и Закинтос. Во Министерството за туризам на Грција денеска бил одржан планиран состанок за ажурирање на безбедносните мерки на плажата „Навагио“ и повторно била донесена препорака за „строга контрола на пристапот на посетителите само до дозволените зони дефинирани во соодветната научна студија со паралелно почитување на максималниот број посетители, со цел капачите да бидат на безбедно растојание од карпите“. Додаваат дека се во очекување на одлуките на надлежните органи и цивилната заштита за ажурирање на мерките за безбедност на посетителите.

The post По земјотресот затворена за туристи плажата „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос appeared first on Република.

]]>