научен собир Archives - Република https://republika.mk/tema/nauchen-sobir/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 08:31:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png научен собир Archives - Република https://republika.mk/tema/nauchen-sobir/ 32 32 Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски https://republika.mk/vesti/kultura/svechen-sobir-vo-chest-na-gane-todorovski-i-petre-m-andreevski/ Wed, 05 Jun 2024 08:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=784083

Институтот за македонска литература при УКИМ – Скопје ја продолжува традицијата на чествување на великаните на современата македонска книжевност. На 5 јуни, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонска литература, овој пат вниманието се насочува кон Гане Тодоровски (по повод 95-годишнината од раѓањето) и кон Петре М. Андреевски (по повод 90-годишнината од раѓањето).
– Како институција што е од посебен национален интерес се чувствуваме почестени, но и обврзани, да потсетуваме на дејноста и опусот на сите оние имиња од македонската книжевна историја што ги пренесувале традициите и ги граделе културните вредности кај нас. Двајцата писатели не само што се класици на македонската книжевност туку и за двајцата може да се констатира дека пишуваат литература што станува носител на актуелното преку предавање на историското знаење. Затоа, за нас е многу важно да се погрижиме значајните личности од македонската книжевна историја да се актуализираат и кај младите генерации, па во таа насока настојуваме овие собири да ги реализираме во интеракција со учениците од средните училишта – вели проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на Организациониот одбор.
Со поздравна реч, соборот ќе го отвори директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, за поезијата проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

The post Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература при УКИМ – Скопје ја продолжува традицијата на чествување на великаните на современата македонска книжевност. На 5 јуни, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонска литература, овој пат вниманието се насочува кон Гане Тодоровски (по повод 95-годишнината од раѓањето) и кон Петре М. Андреевски (по повод 90-годишнината од раѓањето). – Како институција што е од посебен национален интерес се чувствуваме почестени, но и обврзани, да потсетуваме на дејноста и опусот на сите оние имиња од македонската книжевна историја што ги пренесувале традициите и ги граделе културните вредности кај нас. Двајцата писатели не само што се класици на македонската книжевност туку и за двајцата може да се констатира дека пишуваат литература што станува носител на актуелното преку предавање на историското знаење. Затоа, за нас е многу важно да се погрижиме значајните личности од македонската книжевна историја да се актуализираат и кај младите генерации, па во таа насока настојуваме овие собири да ги реализираме во интеракција со учениците од средните училишта – вели проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на Организациониот одбор. Со поздравна реч, соборот ќе го отвори директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, за поезијата проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

The post Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>
Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев https://republika.mk/vesti/kultura/nauchen-sobir-po-povod-60-godini-od-smrtta-na-gorgi-abadhiev/ Thu, 05 Oct 2023 09:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=688103

Научниот собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи на 6.10.2023 година (петок), со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков" - Скопје.

Поздравна реч на проф. д-р Наташа Аврамовска
За животот и делото к е говорат:
проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева
Културната меморија во книжевниот опус на Ѓорѓи Абаџиев
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
Ѓорѓи Абаџиев и Македонскиот литературен кружок
проф. д-р Гоце Смилевски
Индивидуалното и историското во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев

 

The post Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев appeared first on Република.

]]>

Научниот собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи на 6.10.2023 година (петок), со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков" - Скопје. Поздравна реч на проф. д-р Наташа Аврамовска За животот и делото к е говорат: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева Културната меморија во книжевниот опус на Ѓорѓи Абаџиев проф. д-р Валентина Миронска-Христовска Ѓорѓи Абаџиев и Македонскиот литературен кружок проф. д-р Гоце Смилевски Индивидуалното и историското во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев  

The post Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев appeared first on Република.

]]>
Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност https://republika.mk/vesti/kultura/nauchen-sobir-za-jovan-pavlovski-po-povod-85-godini-od-negovoto-ragjanje-i-65-godishnata-tvorechka-dejnost/ Wed, 12 Oct 2022 06:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=559877

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 – годишната творечка дејност.

Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Гоце Смилевски.

-Како поет, раскажувач, романсиер, писател за возрасни, писател за деца и млади, хроничар – документарист, енциклопедист и публицист, Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката Август во 1961 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: Медеја, Идентитет, Ментален простор, Одработен страв, Строгоста на живеењето и други, наведуваат организаторите на научниот собир.

Павловски е автор на романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, Сок од простата, Проверка на слободата, Град, години луѓе и други. Има објавено и повеќе документаристички дела, меѓу кои: Блиско сонце, Гемиџиите, Ѕвездена прашина, Огнено семејство – Спомени на Лика Чопова, Ние на Татковината ѝ должиме сé, а таа нам ништо!, Судењата како последен пораз, Кажувања, како и публицистичките: Бев со нив, Од онаа страна на границата, Од првична идеја до држава (коавтор: Мишел Павловски) и други.

Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: „Климент Охридски“, Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ на град Тетово, „13 Ноември“ на Град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици во светот.

 

The post Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 – годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Гоце Смилевски. -Како поет, раскажувач, романсиер, писател за возрасни, писател за деца и млади, хроничар – документарист, енциклопедист и публицист, Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката Август во 1961 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: Медеја, Идентитет, Ментален простор, Одработен страв, Строгоста на живеењето и други, наведуваат организаторите на научниот собир. Павловски е автор на романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, Сок од простата, Проверка на слободата, Град, години луѓе и други. Има објавено и повеќе документаристички дела, меѓу кои: Блиско сонце, Гемиџиите, Ѕвездена прашина, Огнено семејство – Спомени на Лика Чопова, Ние на Татковината ѝ должиме сé, а таа нам ништо!, Судењата како последен пораз, Кажувања, како и публицистичките: Бев со нив, Од онаа страна на границата, Од првична идеја до држава (коавтор: Мишел Павловски) и други. Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: „Климент Охридски“, Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ на град Тетово, „13 Ноември“ на Град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици во светот.  

The post Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност appeared first on Република.

]]>