национална установа Гларија на Гостивар Archives - Република https://republika.mk/tema/natsionalna-ustanova-glarija-na-gostivar/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 17:25:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национална установа Гларија на Гостивар Archives - Република https://republika.mk/tema/natsionalna-ustanova-glarija-na-gostivar/ 32 32 Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата – „Оркестар за џез-музика во Македонија“ и „Галерија на Гостивар“ https://republika.mk/vesti/kultura/vladata-donese-odluka-za-osnovane-na-dve-novi-natsionalni-ustanovi-vo-kulturata-orkestar-za-dhez-muzika-vo-makedonija-i-galerija-na-gostivar/ Tue, 21 Mar 2023 17:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=622161

Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата - „Оркестар за џез-музика во Македонија - Скопје“ и „Галерија на Гостивар“, на предлог на Министерството за култура, соопштија од прес-службата на Владата.

Од Установата „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ - Скопје се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност.

Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност.

Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар.

Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај.

Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој.

The post Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата – „Оркестар за џез-музика во Македонија“ и „Галерија на Гостивар“ appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата - „Оркестар за џез-музика во Македонија - Скопје“ и „Галерија на Гостивар“, на предлог на Министерството за култура, соопштија од прес-службата на Владата. Од Установата „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ - Скопје се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност. Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност. Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар. Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај. Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој.

The post Владата донесе одлука за основање на две нови национални установи во културата – „Оркестар за џез-музика во Македонија“ и „Галерија на Гостивар“ appeared first on Република.

]]>