национална комисија за учебници Archives - Република https://republika.mk/tema/natsionalna-komisija-za-uchebnitsi/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 09:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png национална комисија за учебници Archives - Република https://republika.mk/tema/natsionalna-komisija-za-uchebnitsi/ 32 32 Избран е нов состав на Националната комисија за учебници https://republika.mk/vesti/makedonija/izbran-e-nov-sostav-na-natsionalnata-komisija-za-uchebnitsi/ Thu, 15 Aug 2024 09:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=806758

Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата, соопштија од Министерството за образование и наука.

Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование.

МОН и Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја, се вели во соопштнието на МОН.

The post Избран е нов состав на Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>

Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата, соопштија од Министерството за образование и наука. Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование.
МОН и Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја, се вели во соопштнието на МОН.

The post Избран е нов состав на Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>