нато Archives - Република https://republika.mk/tema/nato/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нато Archives - Република https://republika.mk/tema/nato/ 32 32 Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-shekerinska-chestitav-za-izborot-za-zamenik-generalen-sekretar-na-nato-za-nas-natsionalnoto-edinstvo-i-interesite-se-pred-partiskite-interesi/ Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=839919

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.

Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.

The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.
Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.
   
The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>
Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-mojot-uspeh-ne-e-samo-lichen-tuku-e-i-uspeh-za-nashata-drzhavaa/ Wed, 20 Nov 2024 10:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=839866

Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.

Драги пријатели,
Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат.
Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно.
Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Cеверна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција.
Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Cеверна Македонија има што да понуди на глобално ниво.
Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу, порача поранешната министерка за одбрана.

Таа во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите зад генералниот секретар Марк Руте.

The post Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа appeared first on Република.

]]>

Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.
Драги пријатели, Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Cеверна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Cеверна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу, порача поранешната министерка за одбрана.
Таа во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите зад генералниот секретар Марк Руте.

The post Шекеринска: Мојот успех не е само личен, туку е и успех за нашата државаа appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sobranieto-gashi-vo-rabotna-poseta-na-nato/ Tue, 19 Nov 2024 15:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=839667

На иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши,  предводеше делегација од пратеници во работна посета на НАТО.

Како што информира Кабинетот на Гаши, во делегацијата беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, заменик-координаторите на Вреди и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли, пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски, и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки.

-На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Како земја која не е членка на ЕУ, но е дел од Јужното крило на НАТО, земјава се залага за динамична и визионерска соработка за јакнење на одбранбената подготвеност за одговор кон сите реални закани од секаков вид (хибридна војна, борба против дезинформациите, отпорност кон малигни влијанија од трети земји и сл.) Беше разговарано и за единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ, се наведува во соопштението.

Соговорниците споделиле ставови „за одржување на моментумoт во односите НАТО - Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош“.

-Истовремено, беше пренесен цврстиот став на Република Северна  Македонија и нејзиното Собрание за натамошна поддршка на Политиката на отворени врати и посветеноста на заложбите на НАТО, повторно усвоени и потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 проценти од БДП за одбраната, информира Кабинетот на Гаши.

За време на работната посета на НАТО, биле реализирани брифинзи со Петр Лунак, заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија, со Нина Сољан, шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика, Никола де Сантис од Одделот за јавна дипломатија и со Ариела Виехе од Одделот за операции.

-На брифизните претседателот и делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици, се наведува во соопштението.

The post Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на НАТО appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши,  предводеше делегација од пратеници во работна посета на НАТО. Како што информира Кабинетот на Гаши, во делегацијата беа координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, заменик-координаторите на Вреди и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли, пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски, и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки.
-На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Како земја која не е членка на ЕУ, но е дел од Јужното крило на НАТО, земјава се залага за динамична и визионерска соработка за јакнење на одбранбената подготвеност за одговор кон сите реални закани од секаков вид (хибридна војна, борба против дезинформациите, отпорност кон малигни влијанија од трети земји и сл.) Беше разговарано и за единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ, се наведува во соопштението.
Соговорниците споделиле ставови „за одржување на моментумoт во односите НАТО - Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош“.
-Истовремено, беше пренесен цврстиот став на Република Северна  Македонија и нејзиното Собрание за натамошна поддршка на Политиката на отворени врати и посветеноста на заложбите на НАТО, повторно усвоени и потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 проценти од БДП за одбраната, информира Кабинетот на Гаши.
За време на работната посета на НАТО, биле реализирани брифинзи со Петр Лунак, заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија, со Нина Сољан, шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика, Никола де Сантис од Одделот за јавна дипломатија и со Ариела Виехе од Одделот за операции.
-На брифизните претседателот и делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици, се наведува во соопштението.

The post Претседателот на Собранието Гаши во работна посета на НАТО appeared first on Република.

]]>
Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-chestitki-do-shekerinska-idniot-zamenik-generalen-sekretar-na-nato-i-do-premierot-mitskoski-i-vladata-shto-ja-poddrzhaa-nejzinata-kandidatura/ Tue, 19 Nov 2024 14:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=839650

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО.

Честитки до Радмила Шеќеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.

Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.

Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година.

Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.

The post Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО.
Честитки до Радмила Шеќеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.
Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.
Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.  

The post Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура appeared first on Република.

]]>
Радмила Шекеринска е нов заменик-генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/radmila-shekerinska-e-nov-zamenik-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 19 Nov 2024 11:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=839584

НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик-генерален секретар на воената алијанса.

Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога – изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.

Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври.

Шекеринска е поранешна министерка за одбрана (2017-2022 година) и вицепремиерка за евроинтеграции (2002-2006 година) во Владите кои ги предводеше СДСМ. Од 2006 до 2008 година беше и претседател на СДСМ.

The post Радмила Шекеринска е нов заменик-генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик-генерален секретар на воената алијанса.
Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога – изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.
Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври. Шекеринска е поранешна министерка за одбрана (2017-2022 година) и вицепремиерка за евроинтеграции (2002-2006 година) во Владите кои ги предводеше СДСМ. Од 2006 до 2008 година беше и претседател на СДСМ.

The post Радмила Шекеринска е нов заменик-генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-makedonija-kako-polnopravna-chlenka-na-nato-nosi-brojni-pridobivki-za-bezbednosta-i-ekonomijata/ Wed, 13 Nov 2024 20:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=837386

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.

Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.

Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.

Што се случува околу нас, посебно во Украина, Блиски Исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.

Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.

Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација, посочи Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас.

Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.

Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.

The post Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата appeared first on Република.

]]>

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.
Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.
Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.
Што се случува околу нас, посебно во Украина, Блиски Исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.
Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.
Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација, посочи Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас. Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.
Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.
Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.  

The post Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата appeared first on Република.

]]>
Американски генерал ги „искара“ балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“ за брзо распоредување на НАТО трупи https://republika.mk/vesti/svet/amerikanski-general-gi-iskara-baltichkite-drzhavi-da-ja-izgradat-zheleznitsata-baltika-za-brzo-rasporeduvane-na-nato-trupi/ Mon, 11 Nov 2024 07:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=834810

Американскиот генерал, Бен Хоџис, ги повика балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“, која ќе овзможи брзо преместување на трупите на НАТО од централна Европа кон тој регион.

Поранешниот командант на американските сили во Европа, јавно го посдтави прашањето зошто пругите што треба да бидат дел од коридорот „Балтика“ сè уште не се изградени. Тој истакна дека изградбата на „Рејл Балтика“ (Rail Baltica), ќе им овозможи на силите на НАТО, доколку е потребно, да стигнат до балтичките земји што е можно поскоро.

Дел од овој проект можеби веќе е имплементиран, а од воена гледна точка, важен дел се самите шини. Прво изградете ги шините. По ова можете да почнете да работите на естетиката на станиците“, повика Хоџис.

Тој додаде дека прв приоритет е да се обезбеди брзо движење на силите на НАТО кон Литванија, Летонија и Естонија.

Летонскиот министер за земјоделство, Армандс Краузе, претходно повика на замрзнување и стопирање на градежниот проект на една година со цел да се решат сите финансиски прашања. Причина за таквата негова изјава беше тоа што ако порано цената на „Рејл балтика“ се проценуваше на 1,9 милијарди евра, сега е околу 10 милијарди евра.

Летонија нема пари и никој не може искрено да каже дека воопшто можеме да си дозволиме проект како „Рејл балтика“, изјави Краузе.

Проектот, како што пишуваат медиумите, првично беше ветено дека ќе биде финансиран од Брисел.

The post Американски генерал ги „искара“ балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“ за брзо распоредување на НАТО трупи appeared first on Република.

]]>

Американскиот генерал, Бен Хоџис, ги повика балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“, која ќе овзможи брзо преместување на трупите на НАТО од централна Европа кон тој регион. Поранешниот командант на американските сили во Европа, јавно го посдтави прашањето зошто пругите што треба да бидат дел од коридорот „Балтика“ сè уште не се изградени. Тој истакна дека изградбата на „Рејл Балтика“ (Rail Baltica), ќе им овозможи на силите на НАТО, доколку е потребно, да стигнат до балтичките земји што е можно поскоро.
Дел од овој проект можеби веќе е имплементиран, а од воена гледна точка, важен дел се самите шини. Прво изградете ги шините. По ова можете да почнете да работите на естетиката на станиците“, повика Хоџис.
Тој додаде дека прв приоритет е да се обезбеди брзо движење на силите на НАТО кон Литванија, Летонија и Естонија. Летонскиот министер за земјоделство, Армандс Краузе, претходно повика на замрзнување и стопирање на градежниот проект на една година со цел да се решат сите финансиски прашања. Причина за таквата негова изјава беше тоа што ако порано цената на „Рејл балтика“ се проценуваше на 1,9 милијарди евра, сега е околу 10 милијарди евра.
Летонија нема пари и никој не може искрено да каже дека воопшто можеме да си дозволиме проект како „Рејл балтика“, изјави Краузе.
Проектот, како што пишуваат медиумите, првично беше ветено дека ќе биде финансиран од Брисел.

The post Американски генерал ги „искара“ балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“ за брзо распоредување на НАТО трупи appeared first on Република.

]]>
Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-makedonija-e-sojuznik-so-sad-vo-nato-pri-shto-tsarinskata-uprava-ima-znachajna-uloga/ Fri, 08 Nov 2024 15:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=835648

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија, напиша Директорот на Царинска управа Бобан Николовски во објава на „Фејсбук“.

Целосно посветени во исполнување на нашите заложби и обврските согласно Договорот на земјите членки, Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна Николовски.

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствувавме на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот остваривме посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата, информираше Николовски.

Денешниот настан е организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

The post Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога appeared first on Република.

]]>

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија, напиша Директорот на Царинска управа Бобан Николовски во објава на „Фејсбук“.
Целосно посветени во исполнување на нашите заложби и обврските согласно Договорот на земјите членки, Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна Николовски.
Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствувавме на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот остваривме посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата, информираше Николовски. Денешниот настан е организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

The post Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога appeared first on Република.

]]>
Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/prva-sednitsa-na-sovetot-za-koordinatsija-na-aktivnostite-povrzani-so-chlenstvoto-na-makedonija-vo-nato/ Fri, 08 Nov 2024 12:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=835559

Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата.

Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана.

Претседателот на Владата Мицкоски, ја истакна важноста од нашето членство во НАТО, како и блиската меѓуинституционална координација во рамките на Владата, по значајни прашања од агендата на НАТО и реализацијата на нашите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата.

Како кредибилен сојузник, нашата земја останува посветена кон својата определба за придонес за зачувување на колективната безбедност и регионалниот мир, стабилност и просперитет. Воедно, согласно нашите можности и капацитети, остануваме посветени за обезбедување на одржлива поддршката за Украина и нејзините стремежи за постигнување на мир. Импликациите од актуелните глобални безбедносни предизвици бараат обединет и силен одговор од сите членки на Алијансата. Во оваа прилика упатуваме благодарност до сојузниците со кои заеднички ги споделуваме Евро-атлантските вредности и одговорности за нашата заедничка безбедност и стабилност, како и за поддршката која ја даваат за зајакнување на националните капацитети и одржување на нивото на подготвеност како земја членка на НАТО - истакна Мицкоски.

На седницата се обрати и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на ко-претседавач со Советот.

Денешниот состанок на Советот, кој претставува платформа за сеопфатна размена на информации и дискусија за сите значајни теми и градење на национални позиции, како и предлагање на одлуки за нивна имплементација, е практичен доказ за нашите заложби за квалитетен придонес кон унапредување на регионалниот мир и стабилност, но и целокупната трансатлантска безбедност. Наша цел е да се фокусираме на воспоставување на целосно функционална, ефективна и одржлива структура, каков што е Советот, во насока на натамошно зајакнување на нашите институционални капацитети, креирање политики и дефинирање на ставови, подеднакво важни за земја и за Алијансата - порача Муцунски.

На седницата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, во својство на ко-претседавач со Советот.

Денес, одржавме редовна седница во нов состав на Советот на кој дискутиравме за тековните прашања од значење на одбраната и безбедноста на државата за кои се побарува сеопфатен пристап, усогласени ставови и координиран настап во НАТО контекст. Согласно дневниот ред, разговаравме за модалитетите за понатамошната поддршка на Украина, го брифирав Советот за активностите на полето на одбраната, а поврзано со донесените одлуки содржани во Декларацијата донесена од страна на шефовите на влади и држави кои учествуваа на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и за редовниот состанок на министрите за одбрана одржан 17-18.10.2024 година во Седиштето на НАТО во Брисел, К.Белгија - порача Мисајловски.

Во оваа прилика членовите на Советот, имаа можност да разменат мислења за актуелните безбедносни состојби, вклучително и реализацијата на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Вашингтон, вклучително и за состојбите во Украина, нашите заложби за обезбедување долгорочна поддршка на Украина, како и за исполнувањето на нашите обврски за промовирање на безбедноста на регионално и глобално ниво заедно со другите сојузници во НАТО.

Предвидено е Советот да се состанува редовно со цел одржување соодветна динамика на активно следење на состојбите и потребите на Алијансата, согласно обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО.

The post Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО appeared first on Република.

]]>

Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата. Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана. Претседателот на Владата Мицкоски, ја истакна важноста од нашето членство во НАТО, како и блиската меѓуинституционална координација во рамките на Владата, по значајни прашања од агендата на НАТО и реализацијата на нашите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата.
Како кредибилен сојузник, нашата земја останува посветена кон својата определба за придонес за зачувување на колективната безбедност и регионалниот мир, стабилност и просперитет. Воедно, согласно нашите можности и капацитети, остануваме посветени за обезбедување на одржлива поддршката за Украина и нејзините стремежи за постигнување на мир. Импликациите од актуелните глобални безбедносни предизвици бараат обединет и силен одговор од сите членки на Алијансата. Во оваа прилика упатуваме благодарност до сојузниците со кои заеднички ги споделуваме Евро-атлантските вредности и одговорности за нашата заедничка безбедност и стабилност, како и за поддршката која ја даваат за зајакнување на националните капацитети и одржување на нивото на подготвеност како земја членка на НАТО - истакна Мицкоски.
На седницата се обрати и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на ко-претседавач со Советот.
Денешниот состанок на Советот, кој претставува платформа за сеопфатна размена на информации и дискусија за сите значајни теми и градење на национални позиции, како и предлагање на одлуки за нивна имплементација, е практичен доказ за нашите заложби за квалитетен придонес кон унапредување на регионалниот мир и стабилност, но и целокупната трансатлантска безбедност. Наша цел е да се фокусираме на воспоставување на целосно функционална, ефективна и одржлива структура, каков што е Советот, во насока на натамошно зајакнување на нашите институционални капацитети, креирање политики и дефинирање на ставови, подеднакво важни за земја и за Алијансата - порача Муцунски.
На седницата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, во својство на ко-претседавач со Советот.
Денес, одржавме редовна седница во нов состав на Советот на кој дискутиравме за тековните прашања од значење на одбраната и безбедноста на државата за кои се побарува сеопфатен пристап, усогласени ставови и координиран настап во НАТО контекст. Согласно дневниот ред, разговаравме за модалитетите за понатамошната поддршка на Украина, го брифирав Советот за активностите на полето на одбраната, а поврзано со донесените одлуки содржани во Декларацијата донесена од страна на шефовите на влади и држави кои учествуваа на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и за редовниот состанок на министрите за одбрана одржан 17-18.10.2024 година во Седиштето на НАТО во Брисел, К.Белгија - порача Мисајловски.
Во оваа прилика членовите на Советот, имаа можност да разменат мислења за актуелните безбедносни состојби, вклучително и реализацијата на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Вашингтон, вклучително и за состојбите во Украина, нашите заложби за обезбедување долгорочна поддршка на Украина, како и за исполнувањето на нашите обврски за промовирање на безбедноста на регионално и глобално ниво заедно со другите сојузници во НАТО. Предвидено е Советот да се состанува редовно со цел одржување соодветна динамика на активно следење на состојбите и потребите на Алијансата, согласно обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО.

The post Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО appeared first on Република.

]]>
Конференција 75 години НАТО https://republika.mk/vesti/svet/konferentsija-75-godini-nato/ Tue, 05 Nov 2024 06:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=834226

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс организира конференција на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО - 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

Настанот, како што соопшти Фондацијата, ќе се одржи во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Предвидено е конференцијата да ја отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорките на САД и Германија, Анџела Агелер и Петра Дрекслер.

Иницијативата, како што се најавува, ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

The post Конференција 75 години НАТО appeared first on Република.

]]>

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и поддршка на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс организира конференција на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО - 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“. Настанот, како што соопшти Фондацијата, ќе се одржи во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Предвидено е конференцијата да ја отвори министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и амбасадорките на САД и Германија, Анџела Агелер и Петра Дрекслер. Иницијативата, како што се најавува, ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

The post Конференција 75 години НАТО appeared first on Република.

]]>
Германија и САД не се единствените: Познати се земјите кои не ја сакаат Украина во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-sad-ne-se-edinstvenite-poznati-se-zemjite-koi-ne-ja-sakaat-ukraina-vo-nato/ Thu, 24 Oct 2024 08:25:14 +0000 https://republika.mk/?p=830419

Претседателот Володимир Зеленски има проблем со Планот за победа, кој се заснова на тоа Украина да добие покана за членство во НАТО. Имено, некои од клучните членки на алијансата не сакаат тоа да се случи, пренесува Политико.

Германија и САД се меѓу главните земји кои не сакаат да ја исполнат желбата на Зеленски за итна покана за членство во НАТО, изјавија за Политико четворица претставници и дипломати од САД и НАТО, кои сакаа да останат анонимни.

Во неговиот План за победа, Зеленски побара итна покана, но призна дека вистинското приклучување во алијансата ќе биде можно само по завршувањето на војната со Русија. Да потсетиме дека тој неодамна инсистираше на тоа дека е „од фундаментално значење“ Украина „да добие покана за време на војната“.

Но, клучните членови на алијансата се загрижени дека ќе паднат во замката на војната со Русија.

Амбасадорката на САД во НАТО во заминување Џулијан Смит во интервју за Политико ја истакна американската позиција. „До денес, алијансата не стигна до точка каде што е подготвена да понуди членство или покана за Украина, рече таа.

Самиот Зеленски призна дека Олаф Шолц, канцеларот на Германија, кој е веднаш зад Америка во испораката на оружје за Украина, нема да ја поддржи идејата за избрзана покана за Украина за членство во НАТО.

„Имам многу добри односи со Шолц. Ценам дека помага. Германија е втора по поддршка“, изјави Зеленски на новинарите претходно оваа недела. „Но, германската страна е скептична за нашиот влез во НАТО… Сите ќе треба многу да работиме со германската страна. Но, САД сè уште ќе имаат влијание врз тоа“.

Германија и САД не се единствените земји што ја блокираат брзата покана на Украина за НАТО.

Против се Унгарија и Словачка, но од други причини. Нивните сегашни популистички лидери заземаат про-Кремљ позиции, при што унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше фондовите на ЕУ за вооружување на Украина, како и програмата на НАТО за испраќање воена помош во Киев.

Во објава на социјалните мрежи, Орбан го нарече планот на Зеленски за победа „повеќе од застрашувачки“.

Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно овој месец предупреди дека дозволувањето на Украина да се приклучи на НАТО „би било добра основа за третата светска војна“ и вети дека „никогаш нема да се согласи со тоа“.

Има и други земји кои не сакаат брзо да ја поканат Украина во НАТО.

„Зад САД и Германија се кријат земји како Белгија, Словенија или Шпанија“, рече еден од претставниците на НАТО. Друг функционер рече дека овие земји „ја поддржуваат Украина апстрактно, но кога идејата ќе се приближи до имплементација“, тие ќе почнат јавно да се спротивставуваат на тоа.

Ова ги доведува во конфликт со балтичките земји и Полска, кои се многу поентузијасти за поканата за Украина

Полска е посветена на „отворање на НАТО перспективата за Украина“, изјави полскиот премиер Доналд Туск за време на минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ. „Тоа не се промени. Во оваа смисла, ние стоиме во солидарност со Украина“.

„Се грижиме НАТО да не стане страна во војната, за оваа војна да не се претвори во многу поголема катастрофа“, им рече Шолц на новинарите за време на минатонеделната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Берлин.

Сепак, официјалните претставници кои разговараа за Политико беа внимателни да нагласат дека ниту САД ниту Германија не ја исклучуваат можноста за евентуално пристапување на Украина во алијансата.

Ставот на администрацијата на Бајден долго време беше дека влезот во НАТО ќе дојде по завршувањето на војната – но не е дадена временска рамка за да се избегне гневот на рускиот лидер Владимир Путин.

Иако Бајден помогна во заживувањето и проширувањето на НАТО, а САД се главен донатор на воена помош за Украина, неговата администрација исто така верува дека повеќето европски престолнини нема да поддржат брза покана за Украина да се приклучи на НАТО, според висок американски функционер. Секоја идна понуда до НАТО, исто така, ќе биде поврзана со неопходните реформи за борба против корупцијата во Украина, рече претставникот.

Белата куќа не изрази изненадување од можноста Зеленски да ја засили кампањата за притисок за да добие обврска за НАТО пред изборите во САД, плашејќи се дека доколку победи Доналд Трамп, тој драматично ќе ја намали помошта за Киев.

The post Германија и САД не се единствените: Познати се земјите кои не ја сакаат Украина во НАТО appeared first on Република.

]]>

Претседателот Володимир Зеленски има проблем со Планот за победа, кој се заснова на тоа Украина да добие покана за членство во НАТО. Имено, некои од клучните членки на алијансата не сакаат тоа да се случи, пренесува Политико. Германија и САД се меѓу главните земји кои не сакаат да ја исполнат желбата на Зеленски за итна покана за членство во НАТО, изјавија за Политико четворица претставници и дипломати од САД и НАТО, кои сакаа да останат анонимни. Во неговиот План за победа, Зеленски побара итна покана, но призна дека вистинското приклучување во алијансата ќе биде можно само по завршувањето на војната со Русија. Да потсетиме дека тој неодамна инсистираше на тоа дека е „од фундаментално значење“ Украина „да добие покана за време на војната“. Но, клучните членови на алијансата се загрижени дека ќе паднат во замката на војната со Русија. Амбасадорката на САД во НАТО во заминување Џулијан Смит во интервју за Политико ја истакна американската позиција. „До денес, алијансата не стигна до точка каде што е подготвена да понуди членство или покана за Украина, рече таа. Самиот Зеленски призна дека Олаф Шолц, канцеларот на Германија, кој е веднаш зад Америка во испораката на оружје за Украина, нема да ја поддржи идејата за избрзана покана за Украина за членство во НАТО. „Имам многу добри односи со Шолц. Ценам дека помага. Германија е втора по поддршка“, изјави Зеленски на новинарите претходно оваа недела. „Но, германската страна е скептична за нашиот влез во НАТО… Сите ќе треба многу да работиме со германската страна. Но, САД сè уште ќе имаат влијание врз тоа“. Германија и САД не се единствените земји што ја блокираат брзата покана на Украина за НАТО. Против се Унгарија и Словачка, но од други причини. Нивните сегашни популистички лидери заземаат про-Кремљ позиции, при што унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше фондовите на ЕУ за вооружување на Украина, како и програмата на НАТО за испраќање воена помош во Киев. Во објава на социјалните мрежи, Орбан го нарече планот на Зеленски за победа „повеќе од застрашувачки“. Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно овој месец предупреди дека дозволувањето на Украина да се приклучи на НАТО „би било добра основа за третата светска војна“ и вети дека „никогаш нема да се согласи со тоа“. Има и други земји кои не сакаат брзо да ја поканат Украина во НАТО. „Зад САД и Германија се кријат земји како Белгија, Словенија или Шпанија“, рече еден од претставниците на НАТО. Друг функционер рече дека овие земји „ја поддржуваат Украина апстрактно, но кога идејата ќе се приближи до имплементација“, тие ќе почнат јавно да се спротивставуваат на тоа. Ова ги доведува во конфликт со балтичките земји и Полска, кои се многу поентузијасти за поканата за Украина Полска е посветена на „отворање на НАТО перспективата за Украина“, изјави полскиот премиер Доналд Туск за време на минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ. „Тоа не се промени. Во оваа смисла, ние стоиме во солидарност со Украина“. „Се грижиме НАТО да не стане страна во војната, за оваа војна да не се претвори во многу поголема катастрофа“, им рече Шолц на новинарите за време на минатонеделната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Берлин. Сепак, официјалните претставници кои разговараа за Политико беа внимателни да нагласат дека ниту САД ниту Германија не ја исклучуваат можноста за евентуално пристапување на Украина во алијансата. Ставот на администрацијата на Бајден долго време беше дека влезот во НАТО ќе дојде по завршувањето на војната – но не е дадена временска рамка за да се избегне гневот на рускиот лидер Владимир Путин. Иако Бајден помогна во заживувањето и проширувањето на НАТО, а САД се главен донатор на воена помош за Украина, неговата администрација исто така верува дека повеќето европски престолнини нема да поддржат брза покана за Украина да се приклучи на НАТО, според висок американски функционер. Секоја идна понуда до НАТО, исто така, ќе биде поврзана со неопходните реформи за борба против корупцијата во Украина, рече претставникот. Белата куќа не изрази изненадување од можноста Зеленски да ја засили кампањата за притисок за да добие обврска за НАТО пред изборите во САД, плашејќи се дека доколку победи Доналд Трамп, тој драматично ќе ја намали помошта за Киев.  

The post Германија и САД не се единствените: Познати се земјите кои не ја сакаат Украина во НАТО appeared first on Република.

]]>
Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност, но НАТО е силен https://republika.mk/vesti/svet/rute-rusija-e-najgolema-i-direktna-zakana-za-nashata-bezbednost-no-nato-e-silen/ Fri, 18 Oct 2024 17:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=828583

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, на кој учествуваше и македонскиот министер Владо Мисајловски, изјави дека Русија останува најголема и директна закана за безбедноста на НАТО сојузниците, а рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон се понеодговорна реторика.

Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.

Тој посочи дека на денешното заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана станало збор и за операциите на НАТО на Западниот Балкан и во Ирак.

Во Косово, сојузниците продолжуваат да работат заедно за да обезбедат дека нашата мисија КФОР ги има силите и ресурсите што и се потребни за одржување на безбедно и сигурно опкружување за сите, истакна Руте.

Кога станува збор пак за мисијата на НАТО во Ирак, според Руте, таа продолжува да биде важен придонесувач за стабилноста на земјата и за оспособување на ирачките безбедносни сили за борба против терористичките групи, како дел од напорите на Алијансата за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток.

Во однос на Украина, Руте потсети дека НАТО работи на доставување безбедносна помош и обука за земјата, за што формира посебна Команда во Визбаден која треба да стане целосно оперативна во наредните месеци.

Ние сме на добар пат да го исполниме нашето ветување да и обезбедиме на Украина 40 милијарди евра воена поддршка. Ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина, како што стоиме зад правото на секоја нација да живее во слобода, суверенитет и безбедност, рече Руте.

Според него, поддршката за Украина е инвестиција во заедничката безбедност, бидејќи трошоците што би настанале ако му се дозволи на Путин да ги оствари своите цели, би биле многу повисоки од оние што се потребни за поддршка на Украина.

Борбата на Украина е и наша борба, нагласи Руте.

Тој додаде дека зајакнувањето на одвраќањето и одбраната останува главен приоритет на Алијанса, бидејќи нејзина најсвета должност е гарантирање на безбедноста на една милијарда луѓе.

Затоа го засилуваме нашиот одбранбен индустриски капацитет, ги зајакнуваме нашите синџири на снабдување, инвестираме во нови одбранбени капацитети и ги користиме новите технологии, рече Руте, додавајќи дека во услови кога синџирите за снабдување се се поранливи, НАТО мора да стане посамостоен и да биде подготвени и способни да одговори на заканите во сите домени и во секое време.

Тој информира и дека министрите договориле нова иницијатива за стандардизација, бидејќи, како што рече, стандардите се клучни за способноста на сојузниците да се борат заедно и за намалување на трошоците за одбрана.

Како дел од оваа иницијатива, ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, ќе ја подобриме стапката на нивната имплементација и ќе го прошириме нивниот опсег за да вклучиме нови иновативни воени капацитети. Мораме максимално да ја искористиме нашата единствена способност да дејствуваме заедно, сите 32 членки, затоа што тоа е она што и дава сила на нашата Алијанса, истакна Руте.

Според него, министрите се согласиле и дека противвоздушната и ракетната одбрана остануваат приоритет на Алијансата, во услови кога Русија повеќекратно го наруши на воздушниот простор на НАТО од почетокот на руската агресија врз Украина, при што последниот случај беше вчера во Романија.

Дозволете ми да ја изразам солидарноста на НАТО со Романија и да им заповедам на романските власти и Врховната сојузничка команда за Европа за брз и ефективен одговор на овој инцидент. Ќе продолжиме да го зголемуваме надзорот и размената на информации, преку координирање на индивидуалните и колективните одговори, изјави Руте.

Тој потсети и дека од неодамна НАТО значително го зголеми своето присуство на неговото источното крило и ја зајакна воздухопловната мисија за надзор.

Сојузниците планираат да набават илјадници системи за противвоздушна одбрана и артилерија и повеќе стотици модерни борбени авиони, главно Ф-35 од петтата генерација. Сојузниците купуваат 1.000 ракети „Патриот“ за да ги надополнат своите резерви, додаде Руте.

The post Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност, но НАТО е силен appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, на кој учествуваше и македонскиот министер Владо Мисајловски, изјави дека Русија останува најголема и директна закана за безбедноста на НАТО сојузниците, а рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон се понеодговорна реторика.
Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.
Тој посочи дека на денешното заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана станало збор и за операциите на НАТО на Западниот Балкан и во Ирак.
Во Косово, сојузниците продолжуваат да работат заедно за да обезбедат дека нашата мисија КФОР ги има силите и ресурсите што и се потребни за одржување на безбедно и сигурно опкружување за сите, истакна Руте.
Кога станува збор пак за мисијата на НАТО во Ирак, според Руте, таа продолжува да биде важен придонесувач за стабилноста на земјата и за оспособување на ирачките безбедносни сили за борба против терористичките групи, како дел од напорите на Алијансата за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток. Во однос на Украина, Руте потсети дека НАТО работи на доставување безбедносна помош и обука за земјата, за што формира посебна Команда во Визбаден која треба да стане целосно оперативна во наредните месеци.
Ние сме на добар пат да го исполниме нашето ветување да и обезбедиме на Украина 40 милијарди евра воена поддршка. Ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина, како што стоиме зад правото на секоја нација да живее во слобода, суверенитет и безбедност, рече Руте.
Според него, поддршката за Украина е инвестиција во заедничката безбедност, бидејќи трошоците што би настанале ако му се дозволи на Путин да ги оствари своите цели, би биле многу повисоки од оние што се потребни за поддршка на Украина.
Борбата на Украина е и наша борба, нагласи Руте.
Тој додаде дека зајакнувањето на одвраќањето и одбраната останува главен приоритет на Алијанса, бидејќи нејзина најсвета должност е гарантирање на безбедноста на една милијарда луѓе.
Затоа го засилуваме нашиот одбранбен индустриски капацитет, ги зајакнуваме нашите синџири на снабдување, инвестираме во нови одбранбени капацитети и ги користиме новите технологии, рече Руте, додавајќи дека во услови кога синџирите за снабдување се се поранливи, НАТО мора да стане посамостоен и да биде подготвени и способни да одговори на заканите во сите домени и во секое време.
Тој информира и дека министрите договориле нова иницијатива за стандардизација, бидејќи, како што рече, стандардите се клучни за способноста на сојузниците да се борат заедно и за намалување на трошоците за одбрана.
Како дел од оваа иницијатива, ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, ќе ја подобриме стапката на нивната имплементација и ќе го прошириме нивниот опсег за да вклучиме нови иновативни воени капацитети. Мораме максимално да ја искористиме нашата единствена способност да дејствуваме заедно, сите 32 членки, затоа што тоа е она што и дава сила на нашата Алијанса, истакна Руте.
Според него, министрите се согласиле и дека противвоздушната и ракетната одбрана остануваат приоритет на Алијансата, во услови кога Русија повеќекратно го наруши на воздушниот простор на НАТО од почетокот на руската агресија врз Украина, при што последниот случај беше вчера во Романија.
Дозволете ми да ја изразам солидарноста на НАТО со Романија и да им заповедам на романските власти и Врховната сојузничка команда за Европа за брз и ефективен одговор на овој инцидент. Ќе продолжиме да го зголемуваме надзорот и размената на информации, преку координирање на индивидуалните и колективните одговори, изјави Руте.
Тој потсети и дека од неодамна НАТО значително го зголеми своето присуство на неговото источното крило и ја зајакна воздухопловната мисија за надзор.
Сојузниците планираат да набават илјадници системи за противвоздушна одбрана и артилерија и повеќе стотици модерни борбени авиони, главно Ф-35 од петтата генерација. Сојузниците купуваат 1.000 ракети „Патриот“ за да ги надополнат своите резерви, додаде Руте.

The post Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност, но НАТО е силен appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-samo-so-stabilno-finansirane-ke-uspeeme-da-gi-razvivame-odbranbenite-sposobnosti-2/ Fri, 18 Oct 2024 12:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=828505

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој учествува на состанокот, потенцирал дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2 отсто од БДП е приоритет.

-Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите. Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакнал министерот Мисајловски.

На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпишал Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата. 

The post Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности appeared first on Република.

]]>

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана. Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој учествува на состанокот, потенцирал дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2 отсто од БДП е приоритет. -Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите. Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакнал министерот Мисајловски. На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпишал Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата. 

The post Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности appeared first on Република.

]]>
Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски https://republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-od-ministerskiot-sostanok-na-nato-na-koj-uchestvuva-i-ministerot-za-odbrana-misajlovski/ Fri, 18 Oct 2024 05:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=828266

Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски.

На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан.

Вчера на првиот ден од средбата беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. Дополнително, во форма на работна вечера се одржа и заседание на Советот за соработка НАТО-Украина, на кое присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров.

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

На заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред одржувањето на Советот за соработка, Зеленски порача дека упатувањето покана до Украина за приклучување кон Алиансата, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно, ќе ја донесе до реален и праведен мир.

- Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и ја зајакнавме нашата одбранбена способност, истакна Зеленски.

Тој се заблагодари за досега пружената поддршка за неговата земја, од која, како што рече, зависат животите на украинските војници на теренот, нагласувајќи дека заедно со своите партнери, Украина знае како да ги постигне своите цели.

Според Зеленски, Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото.

- Затоа една од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир, рече Зеленски.

Руте, од своја страна, истакна дека со нетрпение го очекува денот кога Украина ќе стане членка на НАТО, а дотогаш Алијансата ќе стори се што е во нејзина моќ со цела земјата да надвладее на теренот, што, според него, е од витално значење за заедничката безбедност.

- НАТО работи со Украина, доведувајќи ја се поблиску до Алијансата, но работиме и со останатите наши партнери за да ја зајакнеме безбедноста на сите нас, додаде Руте, потсетувајќи дека министрите денеска одржаа заеднички состанок со колегите од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд и со претставници на ЕУ посветен на зајакнување на соработката во заедничките одбранбени напори.

Според него, војната во Украина покажа дека нестабилноста во Европа, има далекусежни последици ширум светот и дека земји кои се илјадници километри далеку, како Иран, Кина, дури и Северна Кореја можат да бидат „безбедносни потпкопувачи во нашиот двор“.

- Затоа мораме да направиме јасна проценка на предизвиците со кои се соочуваме и да работиме со нашите партнери за справување со тие предизвици и за одбрана на нашите заеднички вредности, потенцира Руте, додавајќи дека од тие причини и ЕУ и партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион ја поддржуваат Украина, одбраната на демократијата и изградбата на свет базиран на владеењето на правото, а не на владеење на силата.

Руте порача и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, што е порака и до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија.

- Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се, Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.

Претходно, при пристигнувањето на министерскиот состанок, Руте истакна дека мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан, во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, додавајќи дека токму затоа Алијансата ќе стори се и ја изразува својата поддршка за регионот.

Duhet të jemi të vetëdishëm për gjendjen në Ballkanin Perëndimor në kushtet kur dialogu Prishtinë - Beograd e cila udhëhiqet me ndërmjetësimin e BE-së nuk po shkon ashtu siç do të donim dhe k

Тој нагласи и дека сите се свесени оти средствата што сега земјите членки на НАТО ги трошат за одбраната не се доволни и најави дека во текот на денешното заседание на Северноатлантскиот совет, но и на следните состаноци на сојузниците, ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци.

- Сите знаеме дека ако сакаме да биде подготвени долгорочно, мораме да ги зголемите средства и трошоците (за одбраната), истакна Руте.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, порача дека фокусот на НАТО е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од Пактот и за таа цел сите сојузници мора да работат заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето,

- Денешното стратешко опкружување е многу поразлично од она во 2014 година (кога беше формирана Д-ИСИС). ИД остана фокусирана на нас, но справувањето со заканата од ИД и останатите терористички групи сега се само едно од нашите стратешките предизвици, меѓу кои најголеми се малтретирањата од страна на Народна Република Кина и непромислена инвазија на Русија врз Украина, рече Остин.

Сепак, според него, и покрај променетите околности од фокусот не смее да се изостави опасноста што се уште ја претставува ИД, па затоа мора да продолжат координираните напори за справување со оваа терористичка група каде и да се појави во светот.

Остин нагласи и дека од борбата против ИД и идеологиите што доведоа до нејзиното создавање, светот научи три лекции, од кои три се клучни за справување со тероризмот – дека мора да се биде досетлив и решителен, дека најголемата сила доаѓа од колективниот одговор на заканите и дека е потребно прилагодување на борбените стратегии.

The post Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски appeared first on Република.

]]>

Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски. На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан. Вчера на првиот ден од средбата беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. Дополнително, во форма на работна вечера се одржа и заседание на Советот за соработка НАТО-Украина, на кое присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров. НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници. На заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред одржувањето на Советот за соработка, Зеленски порача дека упатувањето покана до Украина за приклучување кон Алиансата, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно, ќе ја донесе до реален и праведен мир. - Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и ја зајакнавме нашата одбранбена способност, истакна Зеленски. Тој се заблагодари за досега пружената поддршка за неговата земја, од која, како што рече, зависат животите на украинските војници на теренот, нагласувајќи дека заедно со своите партнери, Украина знае како да ги постигне своите цели. Според Зеленски, Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото. - Затоа една од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир, рече Зеленски. Руте, од своја страна, истакна дека со нетрпение го очекува денот кога Украина ќе стане членка на НАТО, а дотогаш Алијансата ќе стори се што е во нејзина моќ со цела земјата да надвладее на теренот, што, според него, е од витално значење за заедничката безбедност. - НАТО работи со Украина, доведувајќи ја се поблиску до Алијансата, но работиме и со останатите наши партнери за да ја зајакнеме безбедноста на сите нас, додаде Руте, потсетувајќи дека министрите денеска одржаа заеднички состанок со колегите од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд и со претставници на ЕУ посветен на зајакнување на соработката во заедничките одбранбени напори. Според него, војната во Украина покажа дека нестабилноста во Европа, има далекусежни последици ширум светот и дека земји кои се илјадници километри далеку, како Иран, Кина, дури и Северна Кореја можат да бидат „безбедносни потпкопувачи во нашиот двор“. - Затоа мораме да направиме јасна проценка на предизвиците со кои се соочуваме и да работиме со нашите партнери за справување со тие предизвици и за одбрана на нашите заеднички вредности, потенцира Руте, додавајќи дека од тие причини и ЕУ и партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион ја поддржуваат Украина, одбраната на демократијата и изградбата на свет базиран на владеењето на правото, а не на владеење на силата. Руте порача и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, што е порака и до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија. - Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се, Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте. Претходно, при пристигнувањето на министерскиот состанок, Руте истакна дека мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан, во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, додавајќи дека токму затоа Алијансата ќе стори се и ја изразува својата поддршка за регионот. Duhet të jemi të vetëdishëm për gjendjen në Ballkanin Perëndimor në kushtet kur dialogu Prishtinë - Beograd e cila udhëhiqet me ndërmjetësimin e BE-së nuk po shkon ashtu siç do të donim dhe k Тој нагласи и дека сите се свесени оти средствата што сега земјите членки на НАТО ги трошат за одбраната не се доволни и најави дека во текот на денешното заседание на Северноатлантскиот совет, но и на следните состаноци на сојузниците, ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци. - Сите знаеме дека ако сакаме да биде подготвени долгорочно, мораме да ги зголемите средства и трошоците (за одбраната), истакна Руте. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, порача дека фокусот на НАТО е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од Пактот и за таа цел сите сојузници мора да работат заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето, - Денешното стратешко опкружување е многу поразлично од она во 2014 година (кога беше формирана Д-ИСИС). ИД остана фокусирана на нас, но справувањето со заканата од ИД и останатите терористички групи сега се само едно од нашите стратешките предизвици, меѓу кои најголеми се малтретирањата од страна на Народна Република Кина и непромислена инвазија на Русија врз Украина, рече Остин. Сепак, според него, и покрај променетите околности од фокусот не смее да се изостави опасноста што се уште ја претставува ИД, па затоа мора да продолжат координираните напори за справување со оваа терористичка група каде и да се појави во светот. Остин нагласи и дека од борбата против ИД и идеологиите што доведоа до нејзиното создавање, светот научи три лекции, од кои три се клучни за справување со тероризмот – дека мора да се биде досетлив и решителен, дека најголемата сила доаѓа од колективниот одговор на заканите и дека е потребно прилагодување на борбените стратегии.

The post Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски appeared first on Република.

]]>
Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-brisel-prodolzhuvame-da-gi-jakneme-makedonskite-odbranbeni-kapatsiteti-i-kapatsitetite-na-alijansata/ Thu, 17 Oct 2024 12:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=828150

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, како и за поддршката за Украина. Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата appeared first on Република.

Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/rute-nato-ke-prodolzhi-so-poddrshkata-za-zapadniot-balkan/ Thu, 17 Oct 2024 09:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=827945

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.

– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.

Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО.

Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија

– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.

Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.

– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.

Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.

– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.

Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата.

Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.

– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.

Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите.

На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

The post Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.
– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.
Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО. Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија
– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.
Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.
– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.
Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.
– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.
Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата. Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.
– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.
Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

The post Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-uchestvuva-na-sostanokot-na-ministrite-za-odbrana-na-nato-vo-brisel/ Thu, 17 Oct 2024 05:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=827844

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

На оваа прва средба на министрите за одбрана по јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, ќе стане збор за спроведувањето на клучните одлуки од овој собир на врвот - зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката на Украина и продлабочување на глобалните партнерства.

За таа цел на министерската средба попладнево ќе се приклучат и министрите за одбрана на партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион  Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а вечерва на работна вечера на која ќе се дискутира за состојбата во Украина ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, кои ќе информираат за случувањата на бојното поле и итните потреби на земјата.

Како што изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во пресрет на денешната министерска средба за време на неговата посета на Киев пред две недели ја потврдил поддршката на Алијансата за Украина, која вклучува поголема поддршка за украинските сили, воена помош од најмалку 40 милијарди евра во рок од една година, од кои годинава веќе се исплатени 20,9 милијарди евра, како и иницијативи за поттик на неповратен пат на земјата кон членство во НАТО.

Тој потенцира дека како дел од овие напори беше формирана и Командата на НАТО за координирање на безбедносната помош и обука за Украина со седиште во германскиот град Визбаден, која обезбедат покоординирана и конзистентна поддршка за Украина на долг рок.

На прашањето од црногорскиот весник „Вијести“ дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е прак

Во однос на финансиската залог, со задоволство можам да известам дека цврсто сме на пат да ги испорачаме 40-те милијарди ветени за следната година, како што беше договорено во Вашингтон.

Така, пораката е јасна: НАТО испорачува за Украина, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа, додаде Руте.

Според генералниот секретар на НАТО, на средбата министрите за одбрана ќе го разгледаат и статусот на тековните операции и мисии на Алијансата во Косово и во Ирак.

Ситуацијата во Западен Балкан останува загрижувачка со сецесионистички закани во Босна и Херцеговина, кревка безбедносна ситуација во Косово и мал напредок постигнат во дијалогот Белград-Приштина. Русија, исто така, се обидува да ги поткопа демократиите во регионот со кибер и хибридни закани, вклучително и ширење дезинформации, користејќи ја внатрешна ранливост за поттикнување поделби, нагласи Руте.

Тој додаде дека растечкото усогласување на авторитарни актери, како Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, ја поткопува стабилноста во евроатлантскиот и на индо-пацифичкиот региони, па затоа во овој се повеќе меѓусебно поврзан свет, од витално значење е справувањето со безбедносни предизвици заедно со глобалните партнери.

Според него, во прилог на ваквата определба на Алијансата говори и присуството на министрите од азиско-пацифичкиот регион на денешната средба со што се изразува посветеноста на НАТО да работи со своите партнери истомисленици за одбраниме на заедничките вредности и интереси.

- Особено сакаме да ја зголемиме соработката во областите на иновации, снабдувањето и одбранбено индустриско производство, додаде првиот човек на НАТО.

Руте нагласи и дека за да може Алијансата да одговори на растечките закани со кои се соочува, потребно е таа да ги зајакне своите капацитети за одвраќање и одбрана.

Ова бара повеќе сили, способности и инвестиции за исполнување на амбициозните цели поставени во нашите одбранбени планови - проширен одбранбен индустриски капацитет, поцврсти синџири на снабдување и искористување на новите технологии во сите домени, нагласи Руте.

Според него, иако е постигнат напредок во остварувањето на сите овие цели, сепак треба да се направи повеќе, пред се со производство на нови бродови, борбени возила и авиони, што носи и зголемени трошоци.

Инвестициите во одбранбената индустрија се клучни за одбрана на нашите една милијарда граѓани. Инвестициите ја обезбедуваат опремата што ни е потребна за одвраќање и одбрана, ја зајакнуваат нашата технолошка предност и ја зголемуваат интероперабилноста на нашите сили. Со други зборови, не може да има силна одбрана без силна одбранбена индустрија. За да се постигне ова потребни се зголемени трошоци за одбрана и тие треба да бидат долгорочни, нагласи Руте.

Тој најави дека на министерскиот состанок ќе стане збор и за новата иницијатива на НАТО за подобрување на стандардизацијата, бидејќи како што нагласи стандардите ја зајакнуваат способноста на сојузниците да се борат заедно.

Подоброто спроведување на стандардите може да помогне да се намалат трошоците за набавки за одбрана. Значи, ова е суштинска работа за НАТО, нагласи Руте.

На министерскиот состанок ќе има посебна сесија на посветена на придонесот на НАТО кон Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава (Д-ИСИС), која ја свикува американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Целта на оваа сесија, на која, според дипломатски извори, се очекува учество на министри од над 30 земји, е да се начините за спротивставување на заканата од ИД на Блискиот Исток, но и на глобално ниво.

Истите извори посочуваат дека оваа сесија, како и целиот министерски состанок покажува колку многу земји ширум светот се обединети во спротивставувањето на различните закани, како што се хибридните и кибер нападите, тероризмот, насилниот екстремизам и закани по демократските општества и меѓународните правила и норми.

Ваквите типови на партнерства, ни помагаат да формираме сврзното ткиво што треба да го истакнеме против актерите кои се обидуваат да ја поткопаат стабилноста и безбедноста, кои нашите земји ги ценат, посочија дипломатските извори.

The post Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. На оваа прва средба на министрите за одбрана по јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, ќе стане збор за спроведувањето на клучните одлуки од овој собир на врвот - зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката на Украина и продлабочување на глобалните партнерства. За таа цел на министерската средба попладнево ќе се приклучат и министрите за одбрана на партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион  Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а вечерва на работна вечера на која ќе се дискутира за состојбата во Украина ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, кои ќе информираат за случувањата на бојното поле и итните потреби на земјата. Како што изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во пресрет на денешната министерска средба за време на неговата посета на Киев пред две недели ја потврдил поддршката на Алијансата за Украина, која вклучува поголема поддршка за украинските сили, воена помош од најмалку 40 милијарди евра во рок од една година, од кои годинава веќе се исплатени 20,9 милијарди евра, како и иницијативи за поттик на неповратен пат на земјата кон членство во НАТО. Тој потенцира дека како дел од овие напори беше формирана и Командата на НАТО за координирање на безбедносната помош и обука за Украина со седиште во германскиот град Визбаден, која обезбедат покоординирана и конзистентна поддршка за Украина на долг рок. На прашањето од црногорскиот весник „Вијести“ дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е прак Во однос на финансиската залог, со задоволство можам да известам дека цврсто сме на пат да ги испорачаме 40-те милијарди ветени за следната година, како што беше договорено во Вашингтон.
Така, пораката е јасна: НАТО испорачува за Украина, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа, додаде Руте.
Според генералниот секретар на НАТО, на средбата министрите за одбрана ќе го разгледаат и статусот на тековните операции и мисии на Алијансата во Косово и во Ирак.
Ситуацијата во Западен Балкан останува загрижувачка со сецесионистички закани во Босна и Херцеговина, кревка безбедносна ситуација во Косово и мал напредок постигнат во дијалогот Белград-Приштина. Русија, исто така, се обидува да ги поткопа демократиите во регионот со кибер и хибридни закани, вклучително и ширење дезинформации, користејќи ја внатрешна ранливост за поттикнување поделби, нагласи Руте.
Тој додаде дека растечкото усогласување на авторитарни актери, како Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, ја поткопува стабилноста во евроатлантскиот и на индо-пацифичкиот региони, па затоа во овој се повеќе меѓусебно поврзан свет, од витално значење е справувањето со безбедносни предизвици заедно со глобалните партнери. Според него, во прилог на ваквата определба на Алијансата говори и присуството на министрите од азиско-пацифичкиот регион на денешната средба со што се изразува посветеноста на НАТО да работи со своите партнери истомисленици за одбраниме на заедничките вредности и интереси. - Особено сакаме да ја зголемиме соработката во областите на иновации, снабдувањето и одбранбено индустриско производство, додаде првиот човек на НАТО. Руте нагласи и дека за да може Алијансата да одговори на растечките закани со кои се соочува, потребно е таа да ги зајакне своите капацитети за одвраќање и одбрана.
Ова бара повеќе сили, способности и инвестиции за исполнување на амбициозните цели поставени во нашите одбранбени планови - проширен одбранбен индустриски капацитет, поцврсти синџири на снабдување и искористување на новите технологии во сите домени, нагласи Руте.
Според него, иако е постигнат напредок во остварувањето на сите овие цели, сепак треба да се направи повеќе, пред се со производство на нови бродови, борбени возила и авиони, што носи и зголемени трошоци.

Инвестициите во одбранбената индустрија се клучни за одбрана на нашите една милијарда граѓани. Инвестициите ја обезбедуваат опремата што ни е потребна за одвраќање и одбрана, ја зајакнуваат нашата технолошка предност и ја зголемуваат интероперабилноста на нашите сили. Со други зборови, не може да има силна одбрана без силна одбранбена индустрија. За да се постигне ова потребни се зголемени трошоци за одбрана и тие треба да бидат долгорочни, нагласи Руте.

Тој најави дека на министерскиот состанок ќе стане збор и за новата иницијатива на НАТО за подобрување на стандардизацијата, бидејќи како што нагласи стандардите ја зајакнуваат способноста на сојузниците да се борат заедно.
Подоброто спроведување на стандардите може да помогне да се намалат трошоците за набавки за одбрана. Значи, ова е суштинска работа за НАТО, нагласи Руте.
На министерскиот состанок ќе има посебна сесија на посветена на придонесот на НАТО кон Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава (Д-ИСИС), која ја свикува американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Целта на оваа сесија, на која, според дипломатски извори, се очекува учество на министри од над 30 земји, е да се начините за спротивставување на заканата од ИД на Блискиот Исток, но и на глобално ниво. Истите извори посочуваат дека оваа сесија, како и целиот министерски состанок покажува колку многу земји ширум светот се обединети во спротивставувањето на различните закани, како што се хибридните и кибер нападите, тероризмот, насилниот екстремизам и закани по демократските општества и меѓународните правила и норми.
Ваквите типови на партнерства, ни помагаат да формираме сврзното ткиво што треба да го истакнеме против актерите кои се обидуваат да ја поткопаат стабилноста и безбедноста, кои нашите земји ги ценат, посочија дипломатските извори.

The post Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>
Украина бара членство во НАТО пред заминувањето на Бајден од Белата куќа https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-chlenstvo-vo-nato-pred-zaminuvaneto-na-bajden-od-belata-kuka/ Wed, 16 Oct 2024 09:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=827519

Украина бара покана за членство во НАТО пред Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател.

Нашата идеја е дека поканата за Украина во овој момент е политички сигнал, изјави за Ројтерс Наталија Галибаренко, амбасадорка на Киев при НАТО, пренесува Хина. - Искрено веруваме дека ова може да биде дел од наследството на (актуелната) американската администрација, рече таа во интервјуто во украинската мисија во НАТО, спроти седиштето на алијансата во Брисел.

Американските претседателски избори следниот месец создаваат голема неизвесност за Украина, бидејќи Вашингтон е најголемиот снабдувач на воена помош за Киев во војната со Русија. Демократската кандидатка Камала Харис сигнализираше поддршка за Украина, но не ја прецизираше нејзината рамка, додека Доналд Трамп не ја откри својата стратегија.

Членството во НАТО би ја вклучило Украина во договорот за заедничка одбрана на Алијансата, но процесот на пристапување може да трае со години. НАТО најави дека Украина ќе се приклучи, но не даде временска рамка.

The post Украина бара членство во НАТО пред заминувањето на Бајден од Белата куќа appeared first on Република.

]]>

Украина бара покана за членство во НАТО пред Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател. Нашата идеја е дека поканата за Украина во овој момент е политички сигнал, изјави за Ројтерс Наталија Галибаренко, амбасадорка на Киев при НАТО, пренесува Хина. - Искрено веруваме дека ова може да биде дел од наследството на (актуелната) американската администрација, рече таа во интервјуто во украинската мисија во НАТО, спроти седиштето на алијансата во Брисел. Американските претседателски избори следниот месец создаваат голема неизвесност за Украина, бидејќи Вашингтон е најголемиот снабдувач на воена помош за Киев во војната со Русија. Демократската кандидатка Камала Харис сигнализираше поддршка за Украина, но не ја прецизираше нејзината рамка, додека Доналд Трамп не ја откри својата стратегија. Членството во НАТО би ја вклучило Украина во договорот за заедничка одбрана на Алијансата, но процесот на пристапување може да трае со години. НАТО најави дека Украина ќе се приклучи, но не даде временска рамка.

The post Украина бара членство во НАТО пред заминувањето на Бајден од Белата куќа appeared first on Република.

]]>
Американски адмирал: Огромен ризик од конфликт меѓу Албанците и Србите на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/amerikanski-admiral-ogromen-rizik-od-konflikt-megu-albantsite-i-srbite-na-kosovo/ Tue, 15 Oct 2024 08:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=826892

Aдмиралот на американската морнарица, Стјуарт Б. Мунш, командантантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, која ги надгледува силите на НАТО во Косово, изјави дека алијансата и понатаму е загрижена за ризикот од обновување на насилството во нестабилниот север на Косово.

Жешката политичка реторика на Приштина може да инспирира некои невладини сили да извршат насилство како она што се случи минатата година“, им рече Мунш на новинарите во Приштина.

Коментирајќи го недостатокот на напредок во преговорите, со посредство на ЕУ, меѓу косовската влада и Србија, адмиралот Мунш додаде дека таквата ситуација предизвикува напнатост/

Не би рекол дека дефинитивно ќе има конфликт, но мислам дека постои постојан ризик“, рече тој.

The post Американски адмирал: Огромен ризик од конфликт меѓу Албанците и Србите на Косово appeared first on Република.

Руте: НАТО треба и ќе направи повеќе за да ѝ помогне на Украина https://republika.mk/vesti/svet/rute-nato-treba-i-ke-napravi-poveke-za-da-pomogne-na-ukraina/ Tue, 08 Oct 2024 19:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=824332

Сојузниците на НАТО мора да направат повеќе за да и помогнат на Украина да се спротивстави на руската агресија. Претстојниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн ќе биде добра можност за координирање на поддршката, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на заедничка прес-конференција со претседателот на Финска, Александар Стуб.

Разговаравме за агресивната војна на Русија против Украина, која ја посетив како генерален секретар минатата недела. НАТО мора и ќе направи повеќе за да и помогне на Украина. Русија продолжува да изведува масовни напади против критичната енергетска инфраструктура на Украина, која може да се соочи со најтешката зима од почетокот на инвазијата, рече Руте и додаде дека им оддава почит на украинскиот народ и нивните вооружени сили за издржливоста и храброста.

Според него, сојузниците на НАТО ја обезбедуваат „речиси целата воена помош“ на Украина, а тоа е важно „за стабилноста на земјата и нејзината способност да ја издржи битката“.

The post Руте: НАТО треба и ќе направи повеќе за да ѝ помогне на Украина appeared first on Република.