нато алијанса Archives - Република https://republika.mk/tema/nato-alijansa/ За подобро да се разбереме Wed, 18 May 2022 20:07:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нато алијанса Archives - Република https://republika.mk/tema/nato-alijansa/ 32 32 Позната листата со барања на Турција за да ги „пушти“ Финска и Шведска во Алијансата https://republika.mk/vesti/svet/poznata-listata-so-baranja-na-turcija-za-da-gi-pushti-finska-i-shvedska-vo-alijansata/ Wed, 18 May 2022 20:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=504031

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО, нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша тудеј“ повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“, која наведува дека тројца високи турски функционери и потврдиле дека Турција има список со барања за НАТО, а за возврат, доколку бидат исполнети, ќе ги „пушти“ Финска и Шведска во Алијансата.

Списокот започнува, според „Блумберг“, со барање да се укинат санкциите воведени кон Турција поради купувањето на рускиот систем С-400, а исто така бара повторно вклучување во напредната програма за набавка на авиони Ф-35.

Шведска и Финска се во конфликт со Турција бидејќи даваат политички азил на лица за кои Анкара наведува дека се терористи, односно припадници на Курдите и бараат овие „терористи“ да им бидат екстрадирани, што двете нордиски земји го одбиваат.

Финска и Шведска денеска официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО, а за да се постигне тоа мора да гласаат „за“ сите 30 членки на Алијансата. Сепак, турскиот претседател рече дека Турција нема намера да се согласи на тоа.

The post Позната листата со барања на Турција за да ги „пушти“ Финска и Шведска во Алијансата appeared first on Република.

]]>

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО, нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша тудеј“ повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“, која наведува дека тројца високи турски функционери и потврдиле дека Турција има список со барања за НАТО, а за возврат, доколку бидат исполнети, ќе ги „пушти“ Финска и Шведска во Алијансата. Списокот започнува, според „Блумберг“, со барање да се укинат санкциите воведени кон Турција поради купувањето на рускиот систем С-400, а исто така бара повторно вклучување во напредната програма за набавка на авиони Ф-35. Шведска и Финска се во конфликт со Турција бидејќи даваат политички азил на лица за кои Анкара наведува дека се терористи, односно припадници на Курдите и бараат овие „терористи“ да им бидат екстрадирани, што двете нордиски земји го одбиваат. Финска и Шведска денеска официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО, а за да се постигне тоа мора да гласаат „за“ сите 30 членки на Алијансата. Сепак, турскиот претседател рече дека Турција нема намера да се согласи на тоа.

The post Позната листата со барања на Турција за да ги „пушти“ Финска и Шведска во Алијансата appeared first on Република.

]]>