Наташа Поповиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/natasha-popovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 13:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наташа Поповиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/natasha-popovikj/ 32 32 Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/natasha-popovik-podnese-neotpovikliva-ostavka-od-funktsijata-direktor-na-ohridsko-leto/ Thu, 22 Aug 2024 13:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=809108

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков.

Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма.

Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј-60 години од постоењето во време на пандемијата со коронавирусот. Се реализира квалитетна програма со учество на домашни и странски уметници, но и со почитување на мерките и препораките за заштита на публиката и учесниците кога сите културни манифестации беа откажани.

Во 2020 година Поповиќ како директор на „Охридско лето“ ја прими Светиклиментовата награда, повелба со која Фестивалот како наш најголем културен бренд, еден од главните чинители на музичката и театарската култура на земјава беше издвоен за најголем промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската уметност во светот.

Значаен проект во изминативе шест години е и проектот „Годови“ реализиран во соработка со националниот сервис МРТ. Станува збор за колаж од снимени фрагменти од концерти и изјави и личности кои се вградиле во развојот на овој најреномиран фестивал во регионот.

Исто така, под нејзино раководство, архивската документација, културното пишано богатство на манифестацијата, за првпат е предадена на трајно чување во Архивот-Охрид.

Во техничко- сценскиот дел комплетно нов лик доби сцената на Долни Сарај каде се извршија поголеми реконструктивни зафати а се обезбеди и нов објект за продажба и маркетинг, сувенирницата која комплетно се опреми и од оваа година треба да биде пуштена во употреба.

Поповиќ пред оставката кажа дека е горда на сработеното, на квалитетната програма богата со бројни звучни имиња. Заблагодарувајќи се на вработените кажа дека е горда што имала прилика да работи со посветен и професионален тим кој се справува со сите предизвици.

„Посебно сум горда за високиот квалитет на програмата и успешните шест фестивалски изданија кои се позитивно оценети од стручната критика, од делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) кои беа тука на Свечените отварања на Фестивалот, но и од нашата верна публика. Ми беше огромна чест и задоволство да работам на оваа функција со еден прекрасен тим којшто многу ми помогна за да бидам успешен директор и менаџер, тим кој е за пример и почит, не само во Охрид, туку и пошироко во државата, но и со селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот, Бисера Чадловска и Сања Арсовска“, кажа Поповиќ која годинава доби признание-благодарница од Амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Невена Јовановиќ, за големиот придонес во промоцијата на српската култура во земјава. Од Амбасадорката на САД, Анџела Агелер ѝ беше врачено Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија кое беше одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“.

Минатата година Поповиќ, како директорка на „Охридско лето“ беше избрана за жена на годината од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија.

Таа најави дека професионалната кариера ќе ја продолжи во културата, во уметноста која е и нејзина професија.

The post Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков. Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма. Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј-60 години од постоењето во време на пандемијата со коронавирусот. Се реализира квалитетна програма со учество на домашни и странски уметници, но и со почитување на мерките и препораките за заштита на публиката и учесниците кога сите културни манифестации беа откажани. Во 2020 година Поповиќ како директор на „Охридско лето“ ја прими Светиклиментовата награда, повелба со која Фестивалот како наш најголем културен бренд, еден од главните чинители на музичката и театарската култура на земјава беше издвоен за најголем промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската уметност во светот. Значаен проект во изминативе шест години е и проектот „Годови“ реализиран во соработка со националниот сервис МРТ. Станува збор за колаж од снимени фрагменти од концерти и изјави и личности кои се вградиле во развојот на овој најреномиран фестивал во регионот. Исто така, под нејзино раководство, архивската документација, културното пишано богатство на манифестацијата, за првпат е предадена на трајно чување во Архивот-Охрид. Во техничко- сценскиот дел комплетно нов лик доби сцената на Долни Сарај каде се извршија поголеми реконструктивни зафати а се обезбеди и нов објект за продажба и маркетинг, сувенирницата која комплетно се опреми и од оваа година треба да биде пуштена во употреба. Поповиќ пред оставката кажа дека е горда на сработеното, на квалитетната програма богата со бројни звучни имиња. Заблагодарувајќи се на вработените кажа дека е горда што имала прилика да работи со посветен и професионален тим кој се справува со сите предизвици. „Посебно сум горда за високиот квалитет на програмата и успешните шест фестивалски изданија кои се позитивно оценети од стручната критика, од делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) кои беа тука на Свечените отварања на Фестивалот, но и од нашата верна публика. Ми беше огромна чест и задоволство да работам на оваа функција со еден прекрасен тим којшто многу ми помогна за да бидам успешен директор и менаџер, тим кој е за пример и почит, не само во Охрид, туку и пошироко во државата, но и со селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот, Бисера Чадловска и Сања Арсовска“, кажа Поповиќ која годинава доби признание-благодарница од Амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Невена Јовановиќ, за големиот придонес во промоцијата на српската култура во земјава. Од Амбасадорката на САД, Анџела Агелер ѝ беше врачено Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија кое беше одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“. Минатата година Поповиќ, како директорка на „Охридско лето“ беше избрана за жена на годината од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија. Таа најави дека професионалната кариера ќе ја продолжи во културата, во уметноста која е и нејзина професија.  

The post Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Наташа Поповиќ: Годинава „Охридско лето“ беше домаќин на над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји https://republika.mk/vesti/kultura/natasha-popovik-godinava-ohridsko-leto-beshe-domakin-na-nad-800-vrvni-umetnitsi-i-dokazhani-teatarski-kuki-od-24-zemji/ Tue, 20 Aug 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=808255

Годинешнава фестивалска програма донесе едно необично и возбудливо издание со кое го задржавме квалитетот кој е препознатлив за Фестивалот изминативе 64 години, рече на денешната завршна прес конференција директорката на Фестивалот „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Со голема одговорност, но и обврска максимално се вложивме да бидеме добри домаќини на над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји.

Гледалиштата на Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура беа исполнети до последно место а тоа ни дава за право да кажеме дека понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен Фестивал. За повеќето настани се бараше карта повеќе, а бележиме и рекордна посетеност на странската публика.

Дозволете да изразам огромна благодарност до сите изведувачи кои преку своите настапи докажаа дека сцената на Охридско лето припаѓа само на најдобрите.

Квалитетната програма зависи и од умешноста на самите селектори. Огромна благодарност за Бисера Чадловска и Сања Арсовска, две истакнати уметници  и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната музичка и театарска јавност, кои зад себе имаат богата професионална кариера. Благодарност и до тимот на „Охридско лето“, тим кој умее и знае како треба да се работи професионално, знае како да се справи со сите предизвици.

Неспорен е фактот дека за вака врвен Фестивал кој е презентер на македонската култура и уметност огромно значење има поддршката од Претседателот на државата кој е и Покровител на Фестивалот, Министерството за култура како институција која финансиски го подржува Фестивалот, Општина Охрид, како и нашите верни спонзори и пријатели. Нивната поддршка претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал.

Големината на Охридско лето е секако заслуга и на поддршката од Амбасадите во Република Македонија. Годинава на мое огромно задоволство имавме 13 дипломатски вечери што секако е доказ дека бележиме успех и во делот на меѓународната размена на уметниците и културата.

Фестивалот „Охридско лето“  како дел од Европската Фестивалска Асоцијација ќе продолжи да ги негува високите културни вредности за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал.

Да се биде на чело на една вака врвна манифестација, која повеќе од половина век е собиралиште на  најпознатите уметници и врвните театарски куќи, да се сочуваат  високите критериуми и богатата традиција, значи макотрпна работа, многу труд, многу откажувања но значи и огромна чест и привилегија. Токму затоа, на крајот од ова 64 фестивалско издание со гордост можам да кажам дека ваквата посветеност донесе изминативе 40 вечери да имаме исклучително квалитетна програма.

Во духот на богатата меѓународна традиција, реноме и значење на „Охридско лето“ на Свеченото затворање, вечерва на Античкиот театар, ви најавувам грандиозен театарски проект  „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на  Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија а во режија на еден од нашите најдобри режисери кој има светска слава,  Александар Поповски, рече Поповиќ.

The post Наташа Поповиќ: Годинава „Охридско лето“ беше домаќин на над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји appeared first on Република.

Американската амбасада на директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/amerikanskata-ambasada-na-direktorkata-na-ohridsko-leto-natasha-popovik-i-dodeli-priznanie-za-golemi-dostignuvana-i-sorabotka-vo-promoviraneto-na-amerikanskata-umetnost-i-kultura-vo-makedonija/ Tue, 30 Jul 2024 07:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=801501

Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон.

Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Македонија.

Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.

Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание, рече Поповиќ.

The post Американската амбасада на директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Македонија appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Македонија. Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.
Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание, рече Поповиќ.

The post Американската амбасада на директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Македонија appeared first on Република.

]]>
Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“ https://republika.mk/vesti/kultura/direktorkata-na-ohridsko-leto-natasha-popovik-odlikuvana-so-orden-vitez-na-redot-na-zvezda-na-italija/ Sun, 21 Jul 2024 13:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=798936

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез на Редот  Ѕвезда на Италија“.

Одликувањето на Поповиќ ѝ го врачи амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, синоќа во катедралната црква „Света Софија“, при што истакна дека високото признание и се доделува за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура  на сцената на фестивалот „Охридско лето“.

„Од  2019 година таа е успешна директорка на еден од најпрестижните уметнички фестивали во земјава, меѓународниот фестивал 'Охридско лето' и почесен делегат на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Во сите овие години, сигурен сум дека Наташа ја заслужи довербата на властите и почитта на граѓаните, колегите и пријателите, ставајќи ги своите професионални вештини во служба на својата земја, но и на пошироката меѓународна заедница, внимателно избирајќи ги различните уметнички предлози кои доаѓаат од странство. Потврдувам дека таа многу ја заслужи почитта од Италија, бидејќи имав задоволство тесно да соработувам со неа во изминатите години. Таа организираше неколку извонредни италијански вечери, носејќи го пред локалната публика „Кремот на  кремот“ на италијанската музика и музичари, диригенти и оперски пејачи“, кажа амбасадорот Силвестри.

Тој потенцира дека е особено задоволен што претседателот на Италија, Серџо Матарела го прифатил неговиот предлог, да го додели ова признание со кое се стекнуваат личности значајни за унапредување на односите меѓу двете земји.

Директорката Поповиќ, заблагодарувајќи се за ова признание кажа дека е голема честа да се добие ваков значаен Орден како признание за успесите на „Охридско лето“, но и потврда за залагањата и посветеноста на целиот тим кој го подготвува и реализира фестивалот.

„Овој Орден го споделувам со мојот тим без кој не може да се постигнат успесите по кои нѐ препознаваат како дома, така и надвор од нашата држава. Навистина е огромна радост кога ќе ви ги препознаат успесите и во иднина продолжуваме да испишуваме уште многу успешни фестивалски изданија“, рече  Поповиќ.

„Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност

The post Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез на Редот  Ѕвезда на Италија“. Одликувањето на Поповиќ ѝ го врачи амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, синоќа во катедралната црква „Света Софија“, при што истакна дека високото признание и се доделува за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура  на сцената на фестивалот „Охридско лето“.
„Од  2019 година таа е успешна директорка на еден од најпрестижните уметнички фестивали во земјава, меѓународниот фестивал 'Охридско лето' и почесен делегат на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Во сите овие години, сигурен сум дека Наташа ја заслужи довербата на властите и почитта на граѓаните, колегите и пријателите, ставајќи ги своите професионални вештини во служба на својата земја, но и на пошироката меѓународна заедница, внимателно избирајќи ги различните уметнички предлози кои доаѓаат од странство. Потврдувам дека таа многу ја заслужи почитта од Италија, бидејќи имав задоволство тесно да соработувам со неа во изминатите години. Таа организираше неколку извонредни италијански вечери, носејќи го пред локалната публика „Кремот на  кремот“ на италијанската музика и музичари, диригенти и оперски пејачи“, кажа амбасадорот Силвестри.
Тој потенцира дека е особено задоволен што претседателот на Италија, Серџо Матарела го прифатил неговиот предлог, да го додели ова признание со кое се стекнуваат личности значајни за унапредување на односите меѓу двете земји. Директорката Поповиќ, заблагодарувајќи се за ова признание кажа дека е голема честа да се добие ваков значаен Орден како признание за успесите на „Охридско лето“, но и потврда за залагањата и посветеноста на целиот тим кој го подготвува и реализира фестивалот.
„Овој Орден го споделувам со мојот тим без кој не може да се постигнат успесите по кои нѐ препознаваат како дома, така и надвор од нашата држава. Навистина е огромна радост кога ќе ви ги препознаат успесите и во иднина продолжуваме да испишуваме уште многу успешни фестивалски изданија“, рече  Поповиќ.
„Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност

The post Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“ appeared first on Република.

]]>
Поповиќ: 2023 за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура, со значајни настани кои ќе бидат впишани во историјата на Фестивалот https://republika.mk/vesti/kultura/popovik-2023-za-ohridsko-leto-beshe-godina-ispolneta-so-kultura-so-znachajni-nastani-koi-ke-bidat-vpishani-vo-istorijata-na-festivalot/ Wed, 27 Dec 2023 13:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=727129

„Охридско лето“ и во 2023 година го задржа пиедесталот најдобра и најзначајна музичко-сценска манифестација, код на културата, не само на Балканот, туку и во Европа. А уметниците што ни доаѓаа беа светски. Така како што доликува на еден фестивал, вели директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, сумирајќи ги успесите во годината што изминува.

Според неа, 2023 година за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура, со значајни настани кои ќе бидат впишани во историјата на фестивалот.

Со големо задоволство можам да кажам дека годината што е зад нас ќе ја паметиме по исклучително квалитетната музичко-театарска програма, исполнетоста на гледалиштата до последно место, бурните овации како награда за уметниците и солзите радосници за време на концертите. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележевме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имавме рекордна посетеност на странската публика. Околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари... вградија дел од себе за да го направат возвишено и успешно 63-тото издание на „Охридско лето“. Освен стандардната фестивалска програма од 12 јули до 20 август, успешно организиравме и други концерти во текот на годината, како осмомартовскиот, велигденскиот и предновогодишниот концерт кои веќе прераснаа во традиција, се разбира, на огромна радост на публиката и на нас, организаторите, додава Поповиќ.

Според неа, успешноста не доаѓа сама по себе, туку зад неа стои целиот тим на фестивалот којшто несебично се вложува во работењето.

Остануваме на патот којшто го трасиравме. И во Новата 2024 година ќе чекориме кон скалилата на успехот со програмата што ја зацртавме за идното лето господово. Мојата порака до Македонската нација е да ја сакаат и почитуваат културата, да го негуваат фестивалот „Охридско лето“ зашто Охрид е познат не само како град на УНЕСКО, туку и како град на „Охридско лето“, порачува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Заокружувајќи ја годината што изминува директорката Поповиќ изрази огромна благодарност до покровителот на фестивалот „Охридско лето“ , Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за култура на чие чело е министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, до генералниот спонзор на фестивалот, Македонски телеком, како и до бројните спонзори и помагатели кои и изминатата година вложуваа во развојот на културата.

The post Поповиќ: 2023 за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура, со значајни настани кои ќе бидат впишани во историјата на Фестивалот appeared first on Република.

]]>

„Охридско лето“ и во 2023 година го задржа пиедесталот најдобра и најзначајна музичко-сценска манифестација, код на културата, не само на Балканот, туку и во Европа. А уметниците што ни доаѓаа беа светски. Така како што доликува на еден фестивал, вели директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, сумирајќи ги успесите во годината што изминува. Според неа, 2023 година за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура, со значајни настани кои ќе бидат впишани во историјата на фестивалот.
Со големо задоволство можам да кажам дека годината што е зад нас ќе ја паметиме по исклучително квалитетната музичко-театарска програма, исполнетоста на гледалиштата до последно место, бурните овации како награда за уметниците и солзите радосници за време на концертите. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележевме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имавме рекордна посетеност на странската публика. Околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари... вградија дел од себе за да го направат возвишено и успешно 63-тото издание на „Охридско лето“. Освен стандардната фестивалска програма од 12 јули до 20 август, успешно организиравме и други концерти во текот на годината, како осмомартовскиот, велигденскиот и предновогодишниот концерт кои веќе прераснаа во традиција, се разбира, на огромна радост на публиката и на нас, организаторите, додава Поповиќ.
Според неа, успешноста не доаѓа сама по себе, туку зад неа стои целиот тим на фестивалот којшто несебично се вложува во работењето.
Остануваме на патот којшто го трасиравме. И во Новата 2024 година ќе чекориме кон скалилата на успехот со програмата што ја зацртавме за идното лето господово. Мојата порака до Македонската нација е да ја сакаат и почитуваат културата, да го негуваат фестивалот „Охридско лето“ зашто Охрид е познат не само како град на УНЕСКО, туку и како град на „Охридско лето“, порачува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.
Заокружувајќи ја годината што изминува директорката Поповиќ изрази огромна благодарност до покровителот на фестивалот „Охридско лето“ , Претседателот Стево Пендаровски, до Министерството за култура на чие чело е министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, до генералниот спонзор на фестивалот, Македонски телеком, како и до бројните спонзори и помагатели кои и изминатата година вложуваа во развојот на културата.  

The post Поповиќ: 2023 за „Охридско лето“ беше година исполнета со култура, со значајни настани кои ќе бидат впишани во историјата на Фестивалот appeared first on Република.

]]>
Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ избрана за жена на годината во областа на културата https://republika.mk/vesti/kultura/direktorkata-na-ohridsko-leto-natasha-popovik-izbrana-za-zhena-na-godinata-vo-oblasta-na-kulturata/ Wed, 13 Dec 2023 15:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=722621

Наташа Поповиќ, директорка на  „Охридско лето“ е избрана за жена на годината за 2023 година од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија а на која по четврти пат се направи и избор за „Жена на годината“ во повеќе категории.

Во Музејот на Македонската борба во Скопје гости – презентери, претприемачки од земјата и странство со конкретни примери го претставија нивниот пат во претприемништвото а за најдобрите беа доделени плакети.

Под мотото „Духот на претприемништвото доловено преку искуства и успеси“, жените сопственички на свој бизнис, жените со неограничени претприемачки идеи, жените менаџери, лидери во својата професија, споделија примери како да се биде сè поуспешен во својата работа.

Во својата презентација за патот до нејзиниот успех, Поповиќ кажа дека претприемничкиот дух е резултат на многу труд, љубов и мотивираност.

Мојот работен век почна од мојата 16-та година во Чикаго каде што учев средно училиште, и каде останав на факултет и на моите мастер студии. Америка е земја којашто дава многу можности, а како што знаеме сите, младите таму работат од 16 години како што им дозволува тамошниот закон. За да биде еден човек успешен во која било професија, тоа може да го стекне само со работа и никако поинаку. Да прима информации и совети од поискусни и повозрасни, да ги спроведува, а не да мисли оти е сезнаени да си тера по свое. Терајќи по свое без да се прифаќаат добронамерни сугестии не се станува успешен човек. Ако веќе имаш свој став, треба треба да го споделиш со другите во тимот и тој да биде прифатен.Америка е земја која мене навистина ми овозможи големо знаење и искуство, образование кое го спроведувам откако се вратив во мојата земја Македонија каде што започнав да работам како професор по пијано во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и каде што работев 22 години, кажа Поповиќ.

Како прв човек на НУ „Охридско лето“ веќе пет години, Поповиќ рече дека не е ни малку лесно да се раководи со ваква престижна музичко-сценска манифестација, но истовремено е голем предизвик кога се нижат успеси.

Успешноста, според неа, доаѓа со неуморното работење, но и со прифаќањето на добронамерните критики и сугестии.

Поповиќ е актуелна директорка на Н.У. „Охридско лето“. Таа е професор по пијано и пред да дојде на функцијата директор на „Охридско лето“ од 1998 година работеше во Средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Родена е во Битола, растела во Охрид, учела во Скопје и САД. Студирала на престижниот „Валпарезо јуниверзити “ во Чикаго на отсекот за пијано. Таму дипломирала и се стекнала со звање Пијанист.

Во нејзината биографија стои запишано дека во 1991 година била во десетте најдобри студенти во Америка и ја добила „Претседателската награда за вонсериски достигнувања“ која и’ била врачена од тогашниот Претседател на САД, Џорџ Буш Постариот.
Поповиќ е Генерален менаџер на невладината организација „Линеа“ за меѓународна соработка со уметноста и музиката. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија.

The post Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ избрана за жена на годината во областа на културата appeared first on Република.

]]>

Наташа Поповиќ, директорка на  „Охридско лето“ е избрана за жена на годината за 2023 година од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија а на која по четврти пат се направи и избор за „Жена на годината“ во повеќе категории. Во Музејот на Македонската борба во Скопје гости – презентери, претприемачки од земјата и странство со конкретни примери го претставија нивниот пат во претприемништвото а за најдобрите беа доделени плакети. Под мотото „Духот на претприемништвото доловено преку искуства и успеси“, жените сопственички на свој бизнис, жените со неограничени претприемачки идеи, жените менаџери, лидери во својата професија, споделија примери како да се биде сè поуспешен во својата работа. Во својата презентација за патот до нејзиниот успех, Поповиќ кажа дека претприемничкиот дух е резултат на многу труд, љубов и мотивираност.
Мојот работен век почна од мојата 16-та година во Чикаго каде што учев средно училиште, и каде останав на факултет и на моите мастер студии. Америка е земја којашто дава многу можности, а како што знаеме сите, младите таму работат од 16 години како што им дозволува тамошниот закон. За да биде еден човек успешен во која било професија, тоа може да го стекне само со работа и никако поинаку. Да прима информации и совети од поискусни и повозрасни, да ги спроведува, а не да мисли оти е сезнаени да си тера по свое. Терајќи по свое без да се прифаќаат добронамерни сугестии не се станува успешен човек. Ако веќе имаш свој став, треба треба да го споделиш со другите во тимот и тој да биде прифатен.Америка е земја која мене навистина ми овозможи големо знаење и искуство, образование кое го спроведувам откако се вратив во мојата земја Македонија каде што започнав да работам како професор по пијано во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и каде што работев 22 години, кажа Поповиќ.
Како прв човек на НУ „Охридско лето“ веќе пет години, Поповиќ рече дека не е ни малку лесно да се раководи со ваква престижна музичко-сценска манифестација, но истовремено е голем предизвик кога се нижат успеси. Успешноста, според неа, доаѓа со неуморното работење, но и со прифаќањето на добронамерните критики и сугестии. Поповиќ е актуелна директорка на Н.У. „Охридско лето“. Таа е професор по пијано и пред да дојде на функцијата директор на „Охридско лето“ од 1998 година работеше во Средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Родена е во Битола, растела во Охрид, учела во Скопје и САД. Студирала на престижниот „Валпарезо јуниверзити “ во Чикаго на отсекот за пијано. Таму дипломирала и се стекнала со звање Пијанист. Во нејзината биографија стои запишано дека во 1991 година била во десетте најдобри студенти во Америка и ја добила „Претседателската награда за вонсериски достигнувања“ која и’ била врачена од тогашниот Претседател на САД, Џорџ Буш Постариот. Поповиќ е Генерален менаџер на невладината организација „Линеа“ за меѓународна соработка со уметноста и музиката. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија.

The post Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ избрана за жена на годината во областа на културата appeared first on Република.

]]>