наташа габер-дамјановска Archives - Република https://republika.mk/tema/natasha-gaber-damjanovska/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 11:29:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наташа габер-дамјановска Archives - Република https://republika.mk/tema/natasha-gaber-damjanovska/ 32 32 По бугарската, ќе „лета“ и Комисијата со Грција https://republika.mk/vesti/makedonija/po-bugarskata-ke-leta-i-komisijata-so-grtsija/ Mon, 16 Sep 2024 11:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=816758

Oткако Владата го разреши составот на историската комисија за преговори со Бугарија, истото ќе се случи и со Комисијата со Грција.

Како што дознаваме од извори од МНР, можно е да остане само еден или два члена да останат од актуелниот состав, додека другите ќе бидат заменети со нови експерти.

За оваа комисија речиси ништо не се знае, ниту колку пати се состанале со нивните грчки колеги, дали нешто е договорено.Затоа пак шест и повеќе години „лапаат“ дебели хонорари.

Овие комисија требаше во рок од три години да се договорат за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот „Македонија“ или придавката македонски.

Според Договорот од Преспа Maкедонија го задржа кодот МК, прашањата за троговските марки допрва треба да се договараат.

https://republika.mk/vesti/balkan/nazad-ni-e-zimata-so-grtsija-staro-novoto-veto-mozhe-povtorno-da-dojde-od-atina-poradi-trgovskite-marki/

The post По бугарската, ќе „лета“ и Комисијата со Грција appeared first on Република.

]]>

Oткако Владата го разреши составот на историската комисија за преговори со Бугарија, истото ќе се случи и со Комисијата со Грција. Како што дознаваме од извори од МНР, можно е да остане само еден или два члена да останат од актуелниот состав, додека другите ќе бидат заменети со нови експерти. За оваа комисија речиси ништо не се знае, ниту колку пати се состанале со нивните грчки колеги, дали нешто е договорено.Затоа пак шест и повеќе години „лапаат“ дебели хонорари. Овие комисија требаше во рок од три години да се договорат за употребата на трговските марки, географските ознаки, брендовите и комерцијалните имиња кои во себе го содржат терминот „Македонија“ или придавката македонски. Според Договорот од Преспа Maкедонија го задржа кодот МК, прашањата за троговските марки допрва треба да се договараат.   https://republika.mk/vesti/balkan/nazad-ni-e-zimata-so-grtsija-staro-novoto-veto-mozhe-povtorno-da-dojde-od-atina-poradi-trgovskite-marki/  

The post По бугарската, ќе „лета“ и Комисијата со Грција appeared first on Република.

]]>
Габер-Дамјановска си поднесе оставка од директорското место во Академијата за судии и јавни обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/gaber-damjanovska-si-podnese-ostavka-od-direktorskoto-mesto-vo-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Sat, 13 Jul 2024 17:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=796476

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, денеска поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата. По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

„Ќе нема тестирања, а јас ќе седам така? Сигурно дека нема“, рече таа за САКАМДАКАЖАМ.МК по информацијата од УО дека попладнево поднела неотповиклива оставка.

Габер-Дамјановска, која на 9 декември 2022 беше реизбрана на функцијата со мандат од 4 години, во обраќањето до членовите на Одборот, многу јасно образложува зошто се повлекува

The post Габер-Дамјановска си поднесе оставка од директорското место во Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

Антикорупциска бара одговорност од Наташа Габер-Дамјановска https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-odgovornost-od-natasha-gaber-damjanovska/ Thu, 23 May 2024 11:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=781147

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.

Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок, велат од Антикорупциска.

The post Антикорупциска бара одговорност од Наташа Габер-Дамјановска appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик. Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.
Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок, велат од Антикорупциска.

The post Антикорупциска бара одговорност од Наташа Габер-Дамјановска appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-akademijata-za-sudii-brza-da-gi-napravi-sudii-rodninite-na-ramiz-merko/ Mon, 18 Mar 2024 07:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=755709

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук ги коментира случувањата во Академијата за судии и изборот на судии .Тој вели дека задачата за „штелување“ испитни бодови има ја имаат доделено на Џелал Бајрами и на директорката Габер-Дамјановска.

Брзајќи да ги направаат судии роднините и соработниците на Рамиз Мерко (од ДУИ), раководството на Академијата за судии и обвинители (АСЈО) денес ќе одржи седница за да ги одреди датумите за полагање на квалификацискиот тест и на практичниот испит.

The post Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко appeared first on Република.

Габер-Дамјановска: Да сум на местото на синот на Џафери, би се потрудила да покажам дека работам професионално https://republika.mk/vesti/makedonija/gaber-damjanovska-da-sum-na-mestoto-na-sinot-na-dhaferi-bi-se-potrudila-da-pokazham-deka-rabotam-profesionalno/ Fri, 03 Mar 2023 21:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=615746

Мислам дека треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“, вели директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, откако вчера Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител на кој може да конкурира и синот на претседателот на Собранието

Дали во држава во која довербата во судството и во обвинителството е исклучително ниска, кога ќе слушнете дека синот на претседателот на Собранието ќе биде јавен обвинител, тоа придонесува за зголемување на довербата или не – беше едно од прашањата до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, при интервјуто во „360 степени“ на ТВ „Алсат“.

Кога би била на негово место, а верувам дека таа е логиката на самиот кандидат, би се потрудила максимално, кога ќе стапам на должност, да покажам дека навистина работам професионално. Од таа причина, мислам дека навистина треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“,

The post Габер-Дамјановска: Да сум на местото на синот на Џафери, би се потрудила да покажам дека работам професионално appeared first on Република.

]]>

Мислам дека треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“, вели директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, откако вчера Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител на кој може да конкурира и синот на претседателот на Собранието Дали во држава во која довербата во судството и во обвинителството е исклучително ниска, кога ќе слушнете дека синот на претседателот на Собранието ќе биде јавен обвинител, тоа придонесува за зголемување на довербата или не – беше едно од прашањата до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, при интервјуто во „360 степени“ на ТВ „Алсат“.
Кога би била на негово место, а верувам дека таа е логиката на самиот кандидат, би се потрудила максимално, кога ќе стапам на должност, да покажам дека навистина работам професионално. Од таа причина, мислам дека навистина треба на сите овие млади луѓе кои се среќни што завршиле и се среќни што сега ќе стапат на должност, да им дадеме шанса, да видиме дали тие ќе работат професионално. Зошто однапред да сметаме дека некој поради родителот или поради некоја друга причина нема да ја врши својата работа совесно“,

The post Габер-Дамјановска: Да сум на местото на синот на Џафери, би се потрудила да покажам дека работам професионално appeared first on Република.

]]>
Габер-Дамјановска: За кандидатите за судии и обвинители не е најважно кој им е роднина, туку како ќе ја вршат својата професија https://republika.mk/vesti/makedonija/gaber-damjanovska-za-kandidatite-za-sudii-i-obviniteli-ne-e-najvazhno-koj-im-e-rodnina-tuku-kako-ke-ja-vrshat-svojata-profesija/ Sat, 25 Feb 2023 07:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=612993

Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее да се дискриминира, зачудува логиката на жигосување на некои лица само заради нивното звучно име и семејна припадност бидејќи се пријавиле, поминале низ процесот на тестирање, се запишале и потоа ја завршиле почетната обука.

Ова во интервју за МИА го истакнува директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска по реакциите во медиумите откако беа објавени имињата со конечните резултати од завршниот испит на седмата генерација во која има презимиња кои се исти со личности носители на јавни функции. Според неа, не треба да се критикува семејната традиција по однос на некои професии, бидејќи, како што вели, тоа не е случај само со правната професија, туку и со други како што се медицина, инженерство, па и новинарството.

За мене тоа е нормално, бидејќи потомството расте во средина во која нивните родители зборуваат за својата работа, поседуваат соодветна литература и информации, негуваат одреден афинитет кој влијае врз нив. Погледнато подлабоко, мислам дека најголемиот број на академци од оваа генерација имаат такви допирни точки со правната професија, смета Габер Дамјановска.

Директорката на АСЈО во интервјуто за МИА вели дека најважно е како овие млади луѓе ќе ја вршат својата професија во иднина, дали ќе покажат ефикасност, резултати и интегритет во нивното работење, без разлика на нивното презиме, бидејќи истиот тест ги чека сите завршени слушатели.

Габер Дамјановска апелира да им се даде шанса на сите да се докажат и нагласува дека и успехот и одговорноста во оваа професија се неизбежно лични. Таа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители им порача да внимаваат на работните позиции на кои овие идни судии и обвинители ќе се постават да не бидат во спротивност со Законот за судир на интереси.

По стапувањето на должност, бездруго нивното работење еднакво како и на другите колеги, ќе се прилагоди на стандардните правила за изземање од определени случаи кога постои судир на интереси. Впрочем, двата совета на годишно ниво ја следат и оценуваат работата на сите судии и обвинители, а тоа е битен чинител при унапредувањето, вели Габер Дамјановска.

Директорката на АСЈО во интервјуто појаснува и за нејзиниот реизбор на раководната функција во Академијата по вториот оглас, бидејќи првиот беше неуспешен поради, како што вели, определени експлицитни нелогичности од правно-процедурален карактер.

Јас верувам дека работев совесно и одговорно во текот на изминатиот мандат, сметам дека мојата досегашна четиригодишна работа покажа резултати и дека треба определени важни процеси во Академијата кои се започнати, а се во склад со крупните реформски процеси на правосудниот сектор во државата, да добијат свое заокружување во наредните неколку години, истакна Габер Дамјановска.

На конкурсот за 130 слушатели за деветтата генерација во почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители документи поднеле 527 кандидати. Директорката појаснува дека процесот на полагање е прилично долг заради законските рокови и не е лесен. Сите фази се полагаат со полно присуство на десетчлена Комисија за приемен испит, а кандидатите имаат право на увид во стручните (правни) делови од нивниот тест, по што можат да поднесат приговор до Комисијата за приемен испит и жалба до Управниот одбор.

Според Габер Дамјановска, нема да се дозволат никакви бајпасирања, скратени обуки или одредени привилегирани категории на правници за полесен влез во правосудните тела.

Европската Унија инсистира на овој правец и будно го следи, вклучително и преку опсервација на новиот закон за Академијата кој е во собраниска процедура. Во принцип, мора да постои во нашата држава системско решение од овој вид, преку Академија, за влез на кадрите во правосудството, а тоа е остварливо единствено преку институција од ваков тип, децидна е Габер Дамјановска.

The post Габер-Дамјановска: За кандидатите за судии и обвинители не е најважно кој им е роднина, туку како ќе ја вршат својата професија appeared first on Република.

]]>

Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее да се дискриминира, зачудува логиката на жигосување на некои лица само заради нивното звучно име и семејна припадност бидејќи се пријавиле, поминале низ процесот на тестирање, се запишале и потоа ја завршиле почетната обука.
Ова во интервју за МИА го истакнува директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска по реакциите во медиумите откако беа објавени имињата со конечните резултати од завршниот испит на седмата генерација во која има презимиња кои се исти со личности носители на јавни функции. Според неа, не треба да се критикува семејната традиција по однос на некои професии, бидејќи, како што вели, тоа не е случај само со правната професија, туку и со други како што се медицина, инженерство, па и новинарството.
За мене тоа е нормално, бидејќи потомството расте во средина во која нивните родители зборуваат за својата работа, поседуваат соодветна литература и информации, негуваат одреден афинитет кој влијае врз нив. Погледнато подлабоко, мислам дека најголемиот број на академци од оваа генерација имаат такви допирни точки со правната професија, смета Габер Дамјановска.
Директорката на АСЈО во интервјуто за МИА вели дека најважно е како овие млади луѓе ќе ја вршат својата професија во иднина, дали ќе покажат ефикасност, резултати и интегритет во нивното работење, без разлика на нивното презиме, бидејќи истиот тест ги чека сите завршени слушатели. Габер Дамјановска апелира да им се даде шанса на сите да се докажат и нагласува дека и успехот и одговорноста во оваа професија се неизбежно лични. Таа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители им порача да внимаваат на работните позиции на кои овие идни судии и обвинители ќе се постават да не бидат во спротивност со Законот за судир на интереси.
По стапувањето на должност, бездруго нивното работење еднакво како и на другите колеги, ќе се прилагоди на стандардните правила за изземање од определени случаи кога постои судир на интереси. Впрочем, двата совета на годишно ниво ја следат и оценуваат работата на сите судии и обвинители, а тоа е битен чинител при унапредувањето, вели Габер Дамјановска.
Директорката на АСЈО во интервјуто појаснува и за нејзиниот реизбор на раководната функција во Академијата по вториот оглас, бидејќи првиот беше неуспешен поради, како што вели, определени експлицитни нелогичности од правно-процедурален карактер.
Јас верувам дека работев совесно и одговорно во текот на изминатиот мандат, сметам дека мојата досегашна четиригодишна работа покажа резултати и дека треба определени важни процеси во Академијата кои се започнати, а се во склад со крупните реформски процеси на правосудниот сектор во државата, да добијат свое заокружување во наредните неколку години, истакна Габер Дамјановска.
На конкурсот за 130 слушатели за деветтата генерација во почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители документи поднеле 527 кандидати. Директорката појаснува дека процесот на полагање е прилично долг заради законските рокови и не е лесен. Сите фази се полагаат со полно присуство на десетчлена Комисија за приемен испит, а кандидатите имаат право на увид во стручните (правни) делови од нивниот тест, по што можат да поднесат приговор до Комисијата за приемен испит и жалба до Управниот одбор. Според Габер Дамјановска, нема да се дозволат никакви бајпасирања, скратени обуки или одредени привилегирани категории на правници за полесен влез во правосудните тела.
Европската Унија инсистира на овој правец и будно го следи, вклучително и преку опсервација на новиот закон за Академијата кој е во собраниска процедура. Во принцип, мора да постои во нашата држава системско решение од овој вид, преку Академија, за влез на кадрите во правосудството, а тоа е остварливо единствено преку институција од ваков тип, децидна е Габер Дамјановска.

The post Габер-Дамјановска: За кандидатите за судии и обвинители не е најважно кој им е роднина, туку како ќе ја вршат својата професија appeared first on Република.

]]>
Наташа Габер-Демјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/natasha-gaber-demjanovska-reizbrana-za-direktor-na-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli/ Fri, 09 Dec 2022 14:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=583770

Наташа Габер-Демјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Демјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата.

Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа против. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради не исполнување на условите.

Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.

Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители директорката Наташа Габер својата функција ја извршуваше до 30 ноември 2022 година, а Управниот одбор на Академијата, кој ден претходно ја одржа конститутивната седница го назначи Зоран Герасимовски член на УО за вршител на должноста директор на АСЈО, кој пак пет дена подоцна си даде неотповиклива оставката од лични причини.

Управниот одбор на 188 седница на 5 декември донесе одлука со која за в.д. директор на Академијата го именува Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

The post Наташа Габер-Демјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Наташа Габер-Демјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Демјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата. Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа против. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради не исполнување на условите. Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година. Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители директорката Наташа Габер својата функција ја извршуваше до 30 ноември 2022 година, а Управниот одбор на Академијата, кој ден претходно ја одржа конститутивната седница го назначи Зоран Герасимовски член на УО за вршител на должноста директор на АСЈО, кој пак пет дена подоцна си даде неотповиклива оставката од лични причини. Управниот одбор на 188 седница на 5 декември донесе одлука со која за в.д. директор на Академијата го именува Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

The post Наташа Габер-Демјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>