наставна програма Archives - Република https://republika.mk/tema/nastavna-programa/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 19:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наставна програма Archives - Република https://republika.mk/tema/nastavna-programa/ 32 32 Јаневска: Нема да се спојуваат Историја и Географија, преодот од шесто во седмо нема да предизвика „дупки во знаењето“ https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nema-da-se-spojuvaat-istorija-i-geografija-preodot-od-shesto-vo-sedmo-nema-da-predizvika-dupki-vo-znaeneto/ Mon, 15 Jul 2024 19:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=797168

Во учебната 2024-2025 година седмоодделенците ќе учат по истата наставна програма по која учеа и тие во 2023-2024 затоа што се одложува концепцијата за последната третина од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение). Наместо споени предмети, како што предвидуваше наставната програма по новата концепција, одвоени ќе бидат предметите Историја, Географија, Етика, Граѓанско општество...

Поради огромно незадоволство и жалби на родители и наставници дека не им блиска концепцијата и како се применува, одлучивме дека дел од концепцијата треба да се промени и одлучивме да го задржиме она што наставниците и учениците сметаат дека е добро, а да направиме измени каде што сметаме дека не  е добро, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма.

Ќе останат изборните предмети од кои има задоволство, рече, како што е на пример Медиумска писменост. Рече дека преодот од шесто во седмо нема да предизвика „дупки во знаењето“ и пропуштени резултати во учењето и на состаноци со БРО ја утврдиле целта: „да не направиме штета на децата односно да овозможиме континуитет во учењето“.

Со БРО утврдивме дека нема значителни разлики во наставана програма по која ќе учат. Оваа година ќе ја поминеме така, следната година БРО почнува со нова наставна програма која се базира на забелешки на наставниците  и родителите, за што на сајтот на МОН е отворена јавна расправа за тоа што не им се допаѓа или сметаат дека предизвикува тешкотии, за од септември да можеме да правиме програма што ќе дава резултати, рече Јаневска.

Континуирано ќе има, рече, и програма за осмо одделение со јавна расправа, а потоа и за деветто одделение.

И тоа да го оставиме десет години за да ги видиме резултатите од тоа што се имплементира, додаде Јаневска.

Притоа соопшти дека на денот на преземање на функцијата ниту еден учебник за седмо одделение по новата концепција не бил даден на печатење иако МОН соопштувало дека сите учебници ќе стигнат на 1 септември.

За дигитализацијата на учебниците рече ќе продолжи „но тоа ќе биде добро испланирано“. За дигитални учебници од прво до трето одделение ќе се консултираат стручни лица зашто се работи за мали деца на кои, рече таа, треба да им се развива моториката, нивната концентрација да пишуваат и читаат, а за горните одделенија ќе зависи од буџетските можности.

Во однос на планот за оптимизација на училиштата рече дека се предвидува затворање на подрачни училишта во кои има по неколку ученици и тие да се префрлат во централни училишта.

Има училишта само за седум или 15 деца. Тие деца се изолирани, живеат во своето село. Немаат контакт со другарчињата во градот и за да се социјализираат и имаат компетитивна средина треба да се префрлат во централни училишта каде наставата ќе биде поорганизирана, со подобра опрема и услови... Имаме училишта кои се на два до пет километри до овие училишта, а имаат паралелки со по две деца, во прво, во второ одделение, или мешани паралелки со деца од различни одделенија што не треба да постои и не е во ред ако сакаме подобар квалитет на образование, рече Јаневска.

Анализа на МОН ќе покаже и во кои училишта може да се спроведе планот за работа во една смена. Како што рече, некои имаат услови за едносменска настава, а работат во две смени. Од анализата ќе се знае дали и каде треба да се доградат простории, притоа посочувајќи дека во општина Аеродром има училиште што работи во три смени што, рече, е недозволиво.

Се работи и на нова формула за распределба на средства и соодветно решение на финансирање на општините во образованието коишто блок-дотациите од МОН сега ги  користат само за плати.

Јаневска посочи дека „премиерот најави поголема сума за развој на општините“, но и ги пофали директорите на училиштата кои сами се залагаат за подобри услови во училиштата, а „не чекаат се од државата“.

Се осврна и на идејата за документ – стратегија или декларација која ќе ја одреди насоката на образовниот систем и нема да зависи од секој следен министер и за која ќе има консензус од сите политички субјекти.

The post Јаневска: Нема да се спојуваат Историја и Географија, преодот од шесто во седмо нема да предизвика „дупки во знаењето“ appeared first on Република.

]]>

Во учебната 2024-2025 година седмоодделенците ќе учат по истата наставна програма по која учеа и тие во 2023-2024 затоа што се одложува концепцијата за последната третина од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение). Наместо споени предмети, како што предвидуваше наставната програма по новата концепција, одвоени ќе бидат предметите Историја, Географија, Етика, Граѓанско општество...
Поради огромно незадоволство и жалби на родители и наставници дека не им блиска концепцијата и како се применува, одлучивме дека дел од концепцијата треба да се промени и одлучивме да го задржиме она што наставниците и учениците сметаат дека е добро, а да направиме измени каде што сметаме дека не  е добро, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма.
Ќе останат изборните предмети од кои има задоволство, рече, како што е на пример Медиумска писменост. Рече дека преодот од шесто во седмо нема да предизвика „дупки во знаењето“ и пропуштени резултати во учењето и на состаноци со БРО ја утврдиле целта: „да не направиме штета на децата односно да овозможиме континуитет во учењето“.
Со БРО утврдивме дека нема значителни разлики во наставана програма по која ќе учат. Оваа година ќе ја поминеме така, следната година БРО почнува со нова наставна програма која се базира на забелешки на наставниците  и родителите, за што на сајтот на МОН е отворена јавна расправа за тоа што не им се допаѓа или сметаат дека предизвикува тешкотии, за од септември да можеме да правиме програма што ќе дава резултати, рече Јаневска.
Континуирано ќе има, рече, и програма за осмо одделение со јавна расправа, а потоа и за деветто одделение.
И тоа да го оставиме десет години за да ги видиме резултатите од тоа што се имплементира, додаде Јаневска.
Притоа соопшти дека на денот на преземање на функцијата ниту еден учебник за седмо одделение по новата концепција не бил даден на печатење иако МОН соопштувало дека сите учебници ќе стигнат на 1 септември. За дигитализацијата на учебниците рече ќе продолжи „но тоа ќе биде добро испланирано“. За дигитални учебници од прво до трето одделение ќе се консултираат стручни лица зашто се работи за мали деца на кои, рече таа, треба да им се развива моториката, нивната концентрација да пишуваат и читаат, а за горните одделенија ќе зависи од буџетските можности. Во однос на планот за оптимизација на училиштата рече дека се предвидува затворање на подрачни училишта во кои има по неколку ученици и тие да се префрлат во централни училишта.
Има училишта само за седум или 15 деца. Тие деца се изолирани, живеат во своето село. Немаат контакт со другарчињата во градот и за да се социјализираат и имаат компетитивна средина треба да се префрлат во централни училишта каде наставата ќе биде поорганизирана, со подобра опрема и услови... Имаме училишта кои се на два до пет километри до овие училишта, а имаат паралелки со по две деца, во прво, во второ одделение, или мешани паралелки со деца од различни одделенија што не треба да постои и не е во ред ако сакаме подобар квалитет на образование, рече Јаневска.
Анализа на МОН ќе покаже и во кои училишта може да се спроведе планот за работа во една смена. Како што рече, некои имаат услови за едносменска настава, а работат во две смени. Од анализата ќе се знае дали и каде треба да се доградат простории, притоа посочувајќи дека во општина Аеродром има училиште што работи во три смени што, рече, е недозволиво. Се работи и на нова формула за распределба на средства и соодветно решение на финансирање на општините во образованието коишто блок-дотациите од МОН сега ги  користат само за плати. Јаневска посочи дека „премиерот најави поголема сума за развој на општините“, но и ги пофали директорите на училиштата кои сами се залагаат за подобри услови во училиштата, а „не чекаат се од државата“. Се осврна и на идејата за документ – стратегија или декларација која ќе ја одреди насоката на образовниот систем и нема да зависи од секој следен министер и за која ќе има консензус од сите политички субјекти.

The post Јаневска: Нема да се спојуваат Историја и Географија, преодот од шесто во седмо нема да предизвика „дупки во знаењето“ appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-nastavnite-planovi-i-programi-ke-mora-da-se-promenat-zatoa-shto-ochigledno-ne-davaat-efekt/ Wed, 19 Jun 2024 09:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=788976

Оваа Национална стратегија повеќе пати сум кажала дека сметам дека е многу потребна, тоа би биле принципите на кои ние би го воспоставиле образовниот систем со политички консензус во Македонија. Се разбира тоа би било со консултација на стручните тела и стручната фела“, истакна Весна Јаневска, предлог министер за образование и наука во утринска емисија на „Слободен печат“.

Проф. д-р Јаневска, истакна дека смета оти е многу потребно сите политички релевантни субјекти да се согласат на тие принципи за да може да се обезбеди континуитет во образованието на младите.

Јаневска потсети дека во минатото многу често се менуваа министрите и многу често се доаѓаше во ситуација да се почнува постојано од почеток со некакви неефикасни промени.

Па, така ќе го предложиме ова и јас се надевам дека ќе дојдеме до тој консензус. Наставните планови и програми навистина ќе мора да се променат затоа што очигледно дека не даваат ефект. Јас велам дека според принципот кој јас го посакувам да има континуитет сега во моментов се прават анализи и се правеа и претходно, она што наставниците, родителите и повозрасните ученици ги сметаат дека е добро во тие програми, ние ќе го задржиме како Влада“, појасни Јаневска.

Таа посочи дека критиките од ЕУ и меѓународните тестирања покажуваат дека нашите деца со своето знаење се на некое незавидно ниво и тоа мора да се промени.

Ќе се водиме по принципот - добро образование, добра држава“, нагласи таа.

The post Проф. д-р Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект appeared first on Република.

]]>

Оваа Национална стратегија повеќе пати сум кажала дека сметам дека е многу потребна, тоа би биле принципите на кои ние би го воспоставиле образовниот систем со политички консензус во Македонија. Се разбира тоа би било со консултација на стручните тела и стручната фела“, истакна Весна Јаневска, предлог министер за образование и наука во утринска емисија на „Слободен печат“.
Проф. д-р Јаневска, истакна дека смета оти е многу потребно сите политички релевантни субјекти да се согласат на тие принципи за да може да се обезбеди континуитет во образованието на младите. Јаневска потсети дека во минатото многу често се менуваа министрите и многу често се доаѓаше во ситуација да се почнува постојано од почеток со некакви неефикасни промени.
Па, така ќе го предложиме ова и јас се надевам дека ќе дојдеме до тој консензус. Наставните планови и програми навистина ќе мора да се променат затоа што очигледно дека не даваат ефект. Јас велам дека според принципот кој јас го посакувам да има континуитет сега во моментов се прават анализи и се правеа и претходно, она што наставниците, родителите и повозрасните ученици ги сметаат дека е добро во тие програми, ние ќе го задржиме како Влада“, појасни Јаневска.
Таа посочи дека критиките од ЕУ и меѓународните тестирања покажуваат дека нашите деца со своето знаење се на некое незавидно ниво и тоа мора да се промени.
Ќе се водиме по принципот - добро образование, добра држава“, нагласи таа.

The post Проф. д-р Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Ќе побарам одговорност ако наставните програми за седмо одделение не бидат готови до крајот на ноември https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-ke-pobaram-odgovornost-ako-nastavnite-programi-za-sedmo-oddelenie-ne-bidat-gotovi-do-krajot-na-noemvri/ Mon, 30 Oct 2023 12:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=696319

Откако пред неколку дена соопшти дека крајот на ноември е рокот до кога Бирото за развој на образованието (БРО) треба да ги подготви наставните програми за седмо одделение согласно новата Концепција, за да нема доцнење со изработката на учебници за седмоодделенците во наредната учебна година, министерот Јетон Шаќири денеска изјави дека ако не се почитува рокот, ќе бара одговорност.

Оваа учебна година дадов краен рок – крајот на ноември. Ако програмите не стигнат дотогаш, ќе побарам одговорност - изјави Шаќири, додавајќи дека со овој рок ќе има осум месеци период за изработка и печатење, за корекција и ревизија на сите учебници.

Во врска со испораката на учебниците за шесто одделение, која доцнеше поради тоа што доцна биле готови наставните програми (март оваа година), Шаќири изјави дека таа деновиве е завршена во поголемиот дел од основните училишта во Скопје и во другите градови.

-Ако во одредено училиште нема сѐ уште, ќе побарам од моите служби и од Педагошката служба денеска да анализираат каде нема, иако не зборуваме за поголем дел училишта. Сите учебници одобрени од Националната комисија за учебници се испечатени и се во достава, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Саемот на студии во Франција.

Очекува дека процесите што зависат од БРО ќе бидат навремени затоа што Бирото има и нов директор.

Во Бирото имаме нов директор, не е тој што беше претходната учебна година. За разлика од лани, оваа учебна година немаше доцнење на свидетелствата, а и наставните програми за трето беа доставени навреме и учебниците не доцнеа, додаде министерот за образование и наука.

The post Шаќири: Ќе побарам одговорност ако наставните програми за седмо одделение не бидат готови до крајот на ноември appeared first on Република.

]]>

Откако пред неколку дена соопшти дека крајот на ноември е рокот до кога Бирото за развој на образованието (БРО) треба да ги подготви наставните програми за седмо одделение согласно новата Концепција, за да нема доцнење со изработката на учебници за седмоодделенците во наредната учебна година, министерот Јетон Шаќири денеска изјави дека ако не се почитува рокот, ќе бара одговорност. Оваа учебна година дадов краен рок – крајот на ноември. Ако програмите не стигнат дотогаш, ќе побарам одговорност - изјави Шаќири, додавајќи дека со овој рок ќе има осум месеци период за изработка и печатење, за корекција и ревизија на сите учебници. Во врска со испораката на учебниците за шесто одделение, која доцнеше поради тоа што доцна биле готови наставните програми (март оваа година), Шаќири изјави дека таа деновиве е завршена во поголемиот дел од основните училишта во Скопје и во другите градови. -Ако во одредено училиште нема сѐ уште, ќе побарам од моите служби и од Педагошката служба денеска да анализираат каде нема, иако не зборуваме за поголем дел училишта. Сите учебници одобрени од Националната комисија за учебници се испечатени и се во достава, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Саемот на студии во Франција. Очекува дека процесите што зависат од БРО ќе бидат навремени затоа што Бирото има и нов директор. Во Бирото имаме нов директор, не е тој што беше претходната учебна година. За разлика од лани, оваа учебна година немаше доцнење на свидетелствата, а и наставните програми за трето беа доставени навреме и учебниците не доцнеа, додаде министерот за образование и наука.

The post Шаќири: Ќе побарам одговорност ако наставните програми за седмо одделение не бидат готови до крајот на ноември appeared first on Република.

]]>
Додека не се сменат овие квинслинзи од власт должност е на секој наставник да го одбие ова предавство, а на секој родител да го подучува своето дете https://republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-ne-se-smenat-ovie-kvinslinzi-od-vlast-dolzhnost-e-na-sekoj-nastavnik-da-go-odbie-ova-predavstvo-a-na-sekoj-roditel-da-go-poduchuva-svoeto-dete/ Fri, 30 Jun 2023 11:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=656833

На овој начин владата ја менува и историјата и идентитетот и јазикот, алармира активистот и писател Божидар Божиновски по веста дека во новата програма за наставата по предметот Македонски јазик за шесто одделение изоставен делот за историјата на македонскиот јазик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-programa-za-makedonski-jazik-za-shesto-oddelenie-izostaven-delot-za-istorijata-na-makedonskiot-jazik/

Ова е според тековните обуки, а по концепцијата на Мила Царовска. Должност е на секој наставник да го одбие ова предавство, а на секој родител да го подучува своето дете додека не се сменат овие квинслинзи од власт, вели Божиновски.

The post Додека не се сменат овие квинслинзи од власт должност е на секој наставник да го одбие ова предавство, а на секој родител да го подучува своето дете appeared first on Република.

]]>

На овој начин владата ја менува и историјата и идентитетот и јазикот, алармира активистот и писател Божидар Божиновски по веста дека во новата програма за наставата по предметот Македонски јазик за шесто одделение изоставен делот за историјата на македонскиот јазик. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-programa-za-makedonski-jazik-za-shesto-oddelenie-izostaven-delot-za-istorijata-na-makedonskiot-jazik/
Ова е според тековните обуки, а по концепцијата на Мила Царовска. Должност е на секој наставник да го одбие ова предавство, а на секој родител да го подучува своето дете додека не се сменат овие квинслинзи од власт, вели Божиновски.

The post Додека не се сменат овие квинслинзи од власт должност е на секој наставник да го одбие ова предавство, а на секој родител да го подучува своето дете appeared first on Република.

]]>
Во новата програма за Македонски јазик за шесто одделение изоставен делот за историјата на македонскиот јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-novata-programa-za-makedonski-jazik-za-shesto-oddelenie-izostaven-delot-za-istorijata-na-makedonskiot-jazik/ Fri, 30 Jun 2023 11:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=656828

Обуката за новата програма во наставата по предметот Македонски јазик за шесто одделение предизвика изненадување и збунетост кај наставниците, кои забележале дека во неа е изоставен делот односно подрачјето за историјата на македонскиот јазик, пренесува „Нова Македонија“. Според досегашната наставна програма, основните сознанија за историскиот развој на македонскиот јазик, како создавањето на азбуките (глаголица и кирилица) и улогата на Кирил и Методиј, наедно и значењето на македонскиот јазик за основите на словенската писменост, биле застапени токму во шесто одделение.

Од наредната учебна година за првпат во предметната настава ќе биде применета новата реформирана програма, а од презентацијата, односно од онлајн обуката на Бирото за развој на образованието увидовме дека досегашните пет образовни подрачја за наставата по Македонски јазик за шесто одделение се фузирани во три подрачја, но и дека е изоставено подрачјето за историскиот развој на македонскиот јазик, односно почетоците на писменоста и улогата на Кирил и Методиј. Тие содржини досега на учениците им ги предававме во шесто одделение. На прашање од наставниците зошто е изоставено ова подрачје, ни беше кажано од претставниците на Бирото за развој на образованието дека тој дел ќе биде преместен во програмата за седмо одделение, наводно поради возраста на учениците, за кои е проценето дека во шесто одделение се уште млади за усвојување такви содржини, но и за усогласување со програмата за предметот Историја и општество, каде што овој историски период од средниот век и дејноста на Кирил и Методиј ќе се изучува во седмо одделение. Но сепак останаа многу непознати од ваквата промена, бидејќи не знаеме што се планира, кои содржини ќе бидат внесени во програмите до деветто одделение. Освен тоа, сѐ уште нема ни учебник по Македонски јазик за шесто одделение, а според новата програма треба да подготвуваме дневни планови за настава, вели за весникот наставничка по македонски јазик за дилемите со кои се соочуваат во ситуација кога мора да ја применат во практика новата наставна програма.

Целата сторија на „Нова Македонија

The post Во новата програма за Македонски јазик за шесто одделение изоставен делот за историјата на македонскиот јазик appeared first on Република.