настани посветени на образованието Archives - Република https://republika.mk/tema/nastani-posveteni-na-obrazovanieto/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 13:17:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png настани посветени на образованието Archives - Република https://republika.mk/tema/nastani-posveteni-na-obrazovanieto/ 32 32 Јаневска: Добро е кога на настани посветени на образованието се присутни голем број чинители на општеството https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-dobro-e-koga-na-nastani-posveteni-na-obrazovanieto-se-prisutni-golem-broj-chiniteli-na-opshtestvoto/ Wed, 18 Sep 2024 13:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=817490

Добро е кога на настани посветени на состојбите во образованието и на креирање идни политики, присутни се голем број чинители на општеството. Тоа покажува колку сите ние силно веруваме дека образованието е основниот постулат на кој треба да ја развиваме државата и гарантира утврдување на добар правец на делување за остварување на целта.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на конференцијата „Осигурување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, во организација на Проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, кој е финансиран од ЕУ.

Благодарност до сите присутни на оваа конференција и што ќе дадеме еден заеднички придонес кон градењето на поквалитетен образовен систем. Затоа што, ова не е обврска само на еден човек или само на една институција. Обврската е заедничка на сите нас, кои живееме, работиме и ја гледаме својата иднина тука во Македонија, а чест е што имаме партнери како Европската унија и повеќе други што постојано ни обезбедуваат поддршка, ефективна и видлива, потенцираше Јаневска.

Се надевам, рече министерката, дека таа поддршка ќе продолжи за приоритетите на новата Влада во делот на образованието.

Важни ни се сите сегменти на образованието и одеднаш и подеднакво ќе делуваме и во основното и во средното образование, но и во високото и науката. Нови наставни програми и учебници за седмо, осмо и деветто одделение, а потоа навраќање и на подолните одделенија. Нови наставни програми и учебници во средното гимназиско образование. Во стручното останува проширувањето на концептот на дуално образование од кој верувам сите сме исклучително задоволни, но и продолжување на развојот на регионалните центри за стручно образование и обука, додаде Јаневска.

За сите промени, потребна е квалитетна законска регулатива, односно започната е јавна дебата за менување на повеќе законски решенија – за основно и средно образование, за средно стручно образование, за образование на возрасните и за националната рамка на квалификации.

Чекорите кои ги преземаме ќе бидат посмели и порешителни, знаејќи дека имаме партнери на кои можеме да се потпреме во секое време. Нема лесни промени, но и нема откажување од иднината на нашите деца, истакна Јаневска во обраќањето пред присутните на Конференцијата.

The post Јаневска: Добро е кога на настани посветени на образованието се присутни голем број чинители на општеството appeared first on Република.

]]>

Добро е кога на настани посветени на состојбите во образованието и на креирање идни политики, присутни се голем број чинители на општеството. Тоа покажува колку сите ние силно веруваме дека образованието е основниот постулат на кој треба да ја развиваме државата и гарантира утврдување на добар правец на делување за остварување на целта. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на конференцијата „Осигурување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, во организација на Проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, кој е финансиран од ЕУ.