насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/nasilstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 09:30:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/nasilstvo/ 32 32 СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство https://republika.mk/vesti/svet/szo-tri-od-pet-detsa-sekojdnevno-dozhivuvaat-semejno-nasilstvo/ Thu, 07 Nov 2024 09:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=835040

Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО.

Во повеќето случаи насилството се случува зад затворени врати. Според СЗО, повеќе од половина од децата на возраст од 2 до 17 години – или вкупно повеќе од милијарда малолетници доживуваат насилство секоја година.

Кај три од пет деца и адолесценти тоа е физичко насилство дома, при што секое петто девојче и секое седмо момче доживеале сексуално насилство. Помеѓу четвртина и половина од малолетниците се малтретирани, според дадените информации.

Само половина од децата, наводно, зборуваат за своите искуства на насилство, а помалку од 10 проценти добиваат помош.

Доживотните последици може да вклучуваат депресија и анксиозни нарушувања или употреба на тутун и дрога. Како резултат на тоа, многу деца не го достигнуваат својот потенцијал за учење на училиште.

И покрај тоа што може многу да се спречи, насилството останува ужасна секојдневна реалност за милиони деца ширум светот – оставајќи лузни кои опфаќаат генерации, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.

Првата конференција на ОН за насилство врз децата е отворена денеска во Богота, Колумбија. Повеќе од 100 земји ветија дека ќе најдат начини за подобра поддршка на преоптоварените родители и за воведување училишни програми против малтретирањето и за здраво социјално однесување.

Тие, исто така, ветија дека ќе ја зголемат минималната возраст за брак. Некои земји сакаат генерално да забранат децата да бидат удирани на училиште или дома.

The post СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Стотици милиони деца и адолесценти ширум светот секојдневно се соочуваат со насилство во нивните домови, училишта и на други места, што може да има доживотни последици, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Насилството вклучува удирање од членови на семејството, малтретирање на училиште, како и физичко, емоционално и сексуално насилство, соопшти СЗО. Во повеќето случаи насилството се случува зад затворени врати. Според СЗО, повеќе од половина од децата на возраст од 2 до 17 години – или вкупно повеќе од милијарда малолетници доживуваат насилство секоја година. Кај три од пет деца и адолесценти тоа е физичко насилство дома, при што секое петто девојче и секое седмо момче доживеале сексуално насилство. Помеѓу четвртина и половина од малолетниците се малтретирани, според дадените информации. Само половина од децата, наводно, зборуваат за своите искуства на насилство, а помалку од 10 проценти добиваат помош. Доживотните последици може да вклучуваат депресија и анксиозни нарушувања или употреба на тутун и дрога. Како резултат на тоа, многу деца не го достигнуваат својот потенцијал за учење на училиште. И покрај тоа што може многу да се спречи, насилството останува ужасна секојдневна реалност за милиони деца ширум светот – оставајќи лузни кои опфаќаат генерации, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО. Првата конференција на ОН за насилство врз децата е отворена денеска во Богота, Колумбија. Повеќе од 100 земји ветија дека ќе најдат начини за подобра поддршка на преоптоварените родители и за воведување училишни програми против малтретирањето и за здраво социјално однесување. Тие, исто така, ветија дека ќе ја зголемат минималната возраст за брак. Некои земји сакаат генерално да забранат децата да бидат удирани на училиште или дома.

The post СЗО: Три од пет деца секојдневно доживуваат семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Четвртина од Американците стравуваат од насилство ако има сомнежи за нерегуларности на претседателските избори https://republika.mk/vesti/svet/chetvrtina-od-amerikantsite-stravuvaat-od-nasilstvo-ako-ima-somnezhi-za-neregularnosti-na-pretsedatelskite-izbori/ Sat, 02 Nov 2024 14:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=833510

Повеќе од четвртина од жителите на САД стравуваат дека може да избие граѓанска војна во земјата по претседателските избори на 5 ноември, покажува анкетата на „YouGov“ за весникот Тајмс.

Загриженоста дека појавата на насилство по иаборите е многу или донекаде веројатна ја делат 27% од возрасните Американци, вклучувајќи 30% од жените и 24% од мажите.

12% од испитаниците рекле дека лично познаваат некој кој би можел да земе оружје ако веруваат дека Трамп бил измамен на изборите.

5% од испитаниците рекле дека познаваат некој кој би можел да го направи истото ако веруваат дека Камала Харис била измамена.

Во исто време, 84 отсто од американските гласачи велат дека САД станале поподелени отколку пред 10 години, додека само 5 отсто веруваат дека земјата станала пообединета.

Американците немаат само многу оружје кај нив, туку тоа е точно за многу од нив. Според ФБИ, има повеќе од 120 лиценцирани (регистрирани) парчиња огнено оружје на 100 жители на САД. Во реалноста, граѓаните на САД имаат уште повеќе „огнено оружје“ во своите раце, што автоматски ги претвора потенцијалните „речиси политички пресметки“ во солиден холивудски акционен филм.

The post Четвртина од Американците стравуваат од насилство ако има сомнежи за нерегуларности на претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Повеќе од четвртина од жителите на САД стравуваат дека може да избие граѓанска војна во земјата по претседателските избори на 5 ноември, покажува анкетата на „YouGov“ за весникот Тајмс. Загриженоста дека појавата на насилство по иаборите е многу или донекаде веројатна ја делат 27% од возрасните Американци, вклучувајќи 30% од жените и 24% од мажите. 12% од испитаниците рекле дека лично познаваат некој кој би можел да земе оружје ако веруваат дека Трамп бил измамен на изборите. 5% од испитаниците рекле дека познаваат некој кој би можел да го направи истото ако веруваат дека Камала Харис била измамена. Во исто време, 84 отсто од американските гласачи велат дека САД станале поподелени отколку пред 10 години, додека само 5 отсто веруваат дека земјата станала пообединета. Американците немаат само многу оружје кај нив, туку тоа е точно за многу од нив. Според ФБИ, има повеќе од 120 лиценцирани (регистрирани) парчиња огнено оружје на 100 жители на САД. Во реалноста, граѓаните на САД имаат уште повеќе „огнено оружје“ во своите раце, што автоматски ги претвора потенцијалните „речиси политички пресметки“ во солиден холивудски акционен филм.

The post Четвртина од Американците стравуваат од насилство ако има сомнежи за нерегуларности на претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ѝ ја пукнал левата аркада: Обвинителството поведе постапка против скопјанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-fatil-za-kosa-ja-izvadil-od-taksi-voziloto-ja-udril-so-glava-i-ja-puknal-levata-arkada-obvinitelstvoto-povede-postapka-protiv-skopjanets/ Wed, 16 Oct 2024 07:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=827377

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.

Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

The post Ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ѝ ја пукнал левата аркада: Обвинителството поведе постапка против скопјанец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи. Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

The post Ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ѝ ја пукнал левата аркада: Обвинителството поведе постапка против скопјанец appeared first on Република.

]]>
Две деца нападнати кај Бит Пазар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-detsa-napadnati-kaj-bit-pazar/ Thu, 10 Oct 2024 20:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=825370

На 09.10.2024 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Скопје и И.З.(55) од село Морани, скопско, пријавиле дека на подрачјето на Бит Пазар, нивните две малолетни деца биле физички нападнати од неколку лица.

Според пријавата, насилниците употребиле и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Две деца нападнати кај Бит Пазар appeared first on Република.

]]>

На 09.10.2024 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Скопје и И.З.(55) од село Морани, скопско, пријавиле дека на подрачјето на Бит Пазар, нивните две малолетни деца биле физички нападнати од неколку лица. Според пријавата, насилниците употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Две деца нападнати кај Бит Пазар appeared first on Република.

]]>
Дивеел во домот на поранешната партнерка, го кршел мебелот и ги нападнал неа и сестра ѝ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/diveel-vo-domot-na-poraneshnata-partnerka-go-krshel-mebelot-i-gi-napadnal-nea-i-sestra/ Mon, 30 Sep 2024 15:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=821123

25-годишна жена пријавила насилство во Драчево од нејзиниот поранешен партнер А.Ф.(34) од Скопје. Имено таа пријавила дека на 27.09.2024 околу 13.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од пријавеното лице.

Тој освен што ги нападнал двете, го кршел и мебелот во куќата каде што тие престојувале.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Дивеел во домот на поранешната партнерка, го кршел мебелот и ги нападнал неа и сестра ѝ appeared first on Република.

]]>

25-годишна жена пријавила насилство во Драчево од нејзиниот поранешен партнер А.Ф.(34) од Скопје. Имено таа пријавила дека на 27.09.2024 околу 13.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од пријавеното лице. Тој освен што ги нападнал двете, го кршел и мебелот во куќата каде што тие престојувале. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Дивеел во домот на поранешната партнерка, го кршел мебелот и ги нападнал неа и сестра ѝ appeared first on Република.

]]>
Насилство во Радишани: 34-годишник го нападнал семејството https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nasilstvo-vo-radishani-34-godishnik-go-napadnal-semejstvoto/ Fri, 06 Sep 2024 15:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=813891

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје 58-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Радишани тој, неговата сопруга и ќерка биле физички нападнати од неговиот син 34-годишниот Ј.К. од Скопје кој употребил и тврди предмети, извести МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

The post Насилство во Радишани: 34-годишник го нападнал семејството appeared first on Република.

]]>

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје 58-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 19.30 часот во домот на подрачјето на Радишани тој, неговата сопруга и ќерка биле физички нападнати од неговиот син 34-годишниот Ј.К. од Скопје кој употребил и тврди предмети, извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Насилство во Радишани: 34-годишник го нападнал семејството appeared first on Република.

]]>
Семејна драма во Чаир, си ја нападнал вереницата, таа го пријавила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/semejna-drama-vo-chair-si-ja-napadnal-verenitsata-taa-go-prijavila/ Sat, 17 Aug 2024 16:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=807537

На 16.08.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, 19 – годишна жена пријавила дека во дворот на семејната куќа на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вереник Л.Џ.(20).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Семејна драма во Чаир, си ја нападнал вереницата, таа го пријавила appeared first on Република.

]]>

На 16.08.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, 19 – годишна жена пријавила дека во дворот на семејната куќа на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вереник Л.Џ.(20). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Семејна драма во Чаир, си ја нападнал вереницата, таа го пријавила appeared first on Република.

]]>
Струмичко семејство физички нападнато од група насилници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichko-semejstvo-fizichki-napadnato-od-grupa-nasilnitsi/ Sat, 17 Aug 2024 16:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=807532

Денеска (17.08.2024) во 03.30 часот во СВР Струмица, Ц.И.(31) од с.Василево, струмичко, пријавил дека на 16.08.2024 околу 22.30 часот во дворот од семејната куќа, по претходна расправија тој, неговата мајка и неговата сопруга биле физички нападнати од С.„Н“, Е.„Н“ и Н.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Струмичко семејство физички нападнато од група насилници appeared first on Република.

]]>

Денеска (17.08.2024) во 03.30 часот во СВР Струмица, Ц.И.(31) од с.Василево, струмичко, пријавил дека на 16.08.2024 околу 22.30 часот во дворот од семејната куќа, по претходна расправија тој, неговата мајка и неговата сопруга биле физички нападнати од С.„Н“, Е.„Н“ и Н.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Струмичко семејство физички нападнато од група насилници appeared first on Република.

]]>
По расправија син ја нападнал мајката https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-raspravija-sin-ja-napadnal-majkata/ Fri, 16 Aug 2024 14:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=807278

На 15.08.2024 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, 68-годишна жена од Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот син В.Е.(44).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post По расправија син ја нападнал мајката appeared first on Република.

]]>

На 15.08.2024 во 20:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 14.08.2024 во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, 68-годишна жена од Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот син В.Е.(44). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post По расправија син ја нападнал мајката appeared first on Република.

]]>
Жена среде улица во Прилеп нападната од татка си и бившиот сопруг https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-srede-ulitsa-vo-prilep-napadnata-od-tatka-si-i-bivshiot-soprug/ Sat, 27 Jul 2024 18:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=800873

МВР информира за семејно насилство во Прилеп.

-На 26.07.2024 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода О.З.(34) и М.Ѓ.(67), двајцата од Прилеп. О.З. се сомничи дека физички ја нападнал својата 41-годишна поранешна сопруга, додека М.Ѓ. се обидел фиизчки да ја нападне својата 41- годишна ќерка, но бил спречен од нејзиниот поранешен девер. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци, се вели во информацијата од МВР.

The post Жена среде улица во Прилеп нападната од татка си и бившиот сопруг appeared first on Република.

]]>

МВР информира за семејно насилство во Прилеп. -На 26.07.2024 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода О.З.(34) и М.Ѓ.(67), двајцата од Прилеп. О.З. се сомничи дека физички ја нападнал својата 41-годишна поранешна сопруга, додека М.Ѓ. се обидел фиизчки да ја нападне својата 41- годишна ќерка, но бил спречен од нејзиниот поранешен девер. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци, се вели во информацијата од МВР.

The post Жена среде улица во Прилеп нападната од татка си и бившиот сопруг appeared first on Република.

]]>
За една седмица над 500 случаи на семејно насилство во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/za-edna-sedmitsa-nad-500-sluchai-na-semejno-nasilstvo-vo-grtsija/ Tue, 23 Jul 2024 09:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=799451

Во периодот од 15 до 21 јули во Грција биле регистрирани 534 случаи на семејно насилство и уапсени 338 лица, додека пак на 184 жени жртви на насилство им била инсталирана специјалната тајна апликација на грчката полиција „Panic Button“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од грчката полиција девет жени биле згрижени во соодветни центри, кои функционираат во сите региони во рамките на полицијата, односно т. н. „безбедни куќи“ („safe houses“) за краткорочно безбедно сместување на жените жртви на семејно насилство, како и членови на нивното семејство, како што се нивните малолетни деца, на кои им е потребна заштита.

На крајот на март минатата година, грчката полиција ја воведе апликацијата „Panic Button“ за помош на жени жртви на семејно насилство и од неодамна е достапна во цела Грција, а станува збор специјална, тајна апликација за мобилните телефони што не дозволува трети лица кои можеби имаат пристап до уредот на жртвата да ја откријат и апликацијата.

Жените жртви на семејно насилство, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, можат итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност.

Апликацијата мора претходно да биде инсталирана и активирана во полициска станица и ги содржи сите податоци на жртвата на семејно насилство.

The post За една седмица над 500 случаи на семејно насилство во Грција appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 15 до 21 јули во Грција биле регистрирани 534 случаи на семејно насилство и уапсени 338 лица, додека пак на 184 жени жртви на насилство им била инсталирана специјалната тајна апликација на грчката полиција „Panic Button“, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од грчката полиција девет жени биле згрижени во соодветни центри, кои функционираат во сите региони во рамките на полицијата, односно т. н. „безбедни куќи“ („safe houses“) за краткорочно безбедно сместување на жените жртви на семејно насилство, како и членови на нивното семејство, како што се нивните малолетни деца, на кои им е потребна заштита. На крајот на март минатата година, грчката полиција ја воведе апликацијата „Panic Button“ за помош на жени жртви на семејно насилство и од неодамна е достапна во цела Грција, а станува збор специјална, тајна апликација за мобилните телефони што не дозволува трети лица кои можеби имаат пристап до уредот на жртвата да ја откријат и апликацијата. Жените жртви на семејно насилство, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, можат итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност. Апликацијата мора претходно да биде инсталирана и активирана во полициска станица и ги содржи сите податоци на жртвата на семејно насилство.

The post За една седмица над 500 случаи на семејно насилство во Грција appeared first on Република.

]]>
Поранешниот партнер ја нападнал и ограбил на работното место https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-partner-ja-napadnal-i-ograbil-na-rabotnoto-mesto/ Sat, 13 Jul 2024 18:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=796482

На 12.07.2024 во 20:45 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека околу 13:00 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, каде работела, дошол нејзиниот поранешен партнер В.М.(32) и и одзел пари.

Потоа пред објектот физички ја нападнал, а употребил и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Поранешниот партнер ја нападнал и ограбил на работното место appeared first on Република.

]]>

На 12.07.2024 во 20:45 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека околу 13:00 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, каде работела, дошол нејзиниот поранешен партнер В.М.(32) и и одзел пари. Потоа пред објектот физички ја нападнал, а употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Поранешниот партнер ја нападнал и ограбил на работното место appeared first on Република.

]]>
Насилство во Битола, поведена постапка против три лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nasilstvo-vo-bitola-povedena-postapka-protiv-tri-litsa/ Sat, 08 Jun 2024 13:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=785747

Битолското Основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица кои се сомничат дека извршил грубо насилство врз две лица на улицата „Широк Сокак“ во Битола.

- Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело - Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата „Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи, се вели во денешното соопштение од Републичкото јавно обвинителство.

Оттаму појаснуваат дека двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од осум дена.

The post Насилство во Битола, поведена постапка против три лица appeared first on Република.

]]>

Битолското Основно јавно обвинителство поведе постапка против три лица кои се сомничат дека извршил грубо насилство врз две лица на улицата „Широк Сокак“ во Битола.
- Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело - Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата „Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи, се вели во денешното соопштение од Републичкото јавно обвинителство.
Оттаму појаснуваат дека двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од осум дена.

The post Насилство во Битола, поведена постапка против три лица appeared first on Република.

]]>
Мајка со нож си го избодела детето: Ужасно насилство во Ниш https://republika.mk/vesti/balkan/majka-so-nozh-si-go-izbodela-deteto-uzhasno-nasilstvo-vo-nish/ Sat, 25 May 2024 13:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=781644

Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено во болница со убодни рани, откако нејзината 20-годишна мајка со нож ја избодела во грбот, пренесува српските медиуми.

Во стравичното насилство, 20-годишна мајка на три деца од околината на Ниш вчера трипати со нож си ја исекла својата 6-годишна ќерка откако надлежниот Центар за социјална работа наводно се обидел привремено да и ги одземе преостанатите две деца, бидејќи третото дете е веќе во згрижувачко семејство.

Службениците од надлежниот Центар за социјална работа дојдоа да преземат две деца кои требаше да бидат однесени во згрижувачко семејство. Со оглед на тоа дека нивната мајка, која инаку е долгогодишен зависник, и покрај сите предупредувања и шанси што наводно ги добивала од надлежните, не го поправила однесувањето, се решиле на таков чекор. Имено, кога ги здогледала вработените работници во Центар, жената целосно го изгубила умот, со закани, пцовки и агресивно однесување, грабнала нож и го расекла своето 6-годишно дете по грбот – велат очевидци на стравичниот инцидент.

Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за ова кривично дело семејно насилство. Мајката монструм по инцидентот била приведена и задржана во притвор, а девојчето итно било пренесено во болница.

The post Мајка со нож си го избодела детето: Ужасно насилство во Ниш appeared first on Република.

]]>

Шестгодишно девојче од Ниш, итно е пренесено во болница со убодни рани, откако нејзината 20-годишна мајка со нож ја избодела во грбот, пренесува српските медиуми. Во стравичното насилство, 20-годишна мајка на три деца од околината на Ниш вчера трипати со нож си ја исекла својата 6-годишна ќерка откако надлежниот Центар за социјална работа наводно се обидел привремено да и ги одземе преостанатите две деца, бидејќи третото дете е веќе во згрижувачко семејство. Службениците од надлежниот Центар за социјална работа дојдоа да преземат две деца кои требаше да бидат однесени во згрижувачко семејство. Со оглед на тоа дека нивната мајка, која инаку е долгогодишен зависник, и покрај сите предупредувања и шанси што наводно ги добивала од надлежните, не го поправила однесувањето, се решиле на таков чекор. Имено, кога ги здогледала вработените работници во Центар, жената целосно го изгубила умот, со закани, пцовки и агресивно однесување, грабнала нож и го расекла своето 6-годишно дете по грбот – велат очевидци на стравичниот инцидент. Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за ова кривично дело семејно насилство. Мајката монструм по инцидентот била приведена и задржана во притвор, а девојчето итно било пренесено во болница.

The post Мајка со нож си го избодела детето: Ужасно насилство во Ниш appeared first on Република.

]]>
Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега: Раперот Дeди призна дека ја тепал својата девојка https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mi-se-gadeshe-koga-go-napraviv-toa-mi-se-gadi-sega-raperot-dedi-prizna-deka-ja-tepal-svojata-devojka/ Mon, 20 May 2024 09:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=780047

Откако пред неколку дена се појавија вознемирувачки снимки од надзорни камери кaдe што хип-хоп ѕвездата Паф Дeди, со вистинско име Шон Комбс, како физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси Вентура во 2016 година, раперот проговори за настанот.

Комбс сподели видео и, меѓу другото, ја презеде одговорноста за своите постапки.

Толку е тешко да размислуваш за најмрачните мигови во својот живот. А, понекогаш мораш. Бев зафркнат. Мислам дека тогаш го допрев дното, но не барам изговори. Моето однесување во тоа видео не се оправдува. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки на тоа видео. Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега, пишува Диди, додавајќи дека потоа побарал стручна помош и оти „бара прошка од Бога“.

Но, Окружното обвинителство на Лос Анџелес не може да поднесе обвинение против него, велат оттаму, поради застареноста на случајот.

Свесни сме за видеоснимката што кружи на интернет, на којашто наводно се гледа како Шон Комбс напаѓа млада жена во Лос Анџелес. Сметаме дека сликите се крајно вознемирувачки и тешки за гледање. За жал не можат да се поднесат обвиненија бидејќи однесувањето се случило надвор од временската рамка во којашто лицето може да се гони за кривичното дело напад, се вели во соопштението.

На снимката, раперот без кошула, со крпа околу половината трча по Кеси низ ходникот од хотелот, додека таа се обидува да влезе во лифтот. Во тој миг, ја фаќа за глава и ја удира од подот, па ја удира и со нога додека девојката лежи на земја, пред да ја одвлече во нивната соба.

Инаку, Комбс и Вентура претходно постигнаа судска спогодба еден ден откако пејачката поднесе тужба против раперот и музички продуцент за физички напади и сексуално искористување. Девојката тврдеше дека Диди бил склон кон „неконтролирани бесови“ и честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сѐ се одвивало пред неговите вработени, а и често ја терал да го носи неговото огнено оружје во нејзината чанта „за да ја потсеќа дека тој е способен“ тешко да ја повреди.

The post Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега: Раперот Дeди призна дека ја тепал својата девојка appeared first on Република.

]]>

Откако пред неколку дена се појавија вознемирувачки снимки од надзорни камери кaдe што хип-хоп ѕвездата Паф Дeди, со вистинско име Шон Комбс, како физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси Вентура во 2016 година, раперот проговори за настанот. Комбс сподели видео и, меѓу другото, ја презеде одговорноста за своите постапки. Толку е тешко да размислуваш за најмрачните мигови во својот живот. А, понекогаш мораш. Бев зафркнат. Мислам дека тогаш го допрев дното, но не барам изговори. Моето однесување во тоа видео не се оправдува. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки на тоа видео. Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега, пишува Диди, додавајќи дека потоа побарал стручна помош и оти „бара прошка од Бога“. Но, Окружното обвинителство на Лос Анџелес не може да поднесе обвинение против него, велат оттаму, поради застареноста на случајот. Свесни сме за видеоснимката што кружи на интернет, на којашто наводно се гледа како Шон Комбс напаѓа млада жена во Лос Анџелес. Сметаме дека сликите се крајно вознемирувачки и тешки за гледање. За жал не можат да се поднесат обвиненија бидејќи однесувањето се случило надвор од временската рамка во којашто лицето може да се гони за кривичното дело напад, се вели во соопштението. На снимката, раперот без кошула, со крпа околу половината трча по Кеси низ ходникот од хотелот, додека таа се обидува да влезе во лифтот. Во тој миг, ја фаќа за глава и ја удира од подот, па ја удира и со нога додека девојката лежи на земја, пред да ја одвлече во нивната соба. Инаку, Комбс и Вентура претходно постигнаа судска спогодба еден ден откако пејачката поднесе тужба против раперот и музички продуцент за физички напади и сексуално искористување. Девојката тврдеше дека Диди бил склон кон „неконтролирани бесови“ и честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сѐ се одвивало пред неговите вработени, а и често ја терал да го носи неговото огнено оружје во нејзината чанта „за да ја потсеќа дека тој е способен“ тешко да ја повреди.

The post Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега: Раперот Дeди призна дека ја тепал својата девојка appeared first on Република.

]]>
Го намамила до Водно, таму го чекала со банда која го претепала https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-namamila-do-vodno-tamu-go-chekala-so-banda-koja-go-pretepala/ Wed, 15 May 2024 08:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=778113

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(25), В.К.(22), Н.С.(21) и С.Б.(23), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопшти МВР, пријавената В.К. договорила средба со Д.Ч.(30) на Водно, кој откако пристигнал бил пресретнат од првопријавениот А.С., кој со огнено оружје му упатил закани, по што трето и четвртопријавениот физички го нападнале и му нанеле повреди.

 

The post Го намамила до Водно, таму го чекала со банда која го претепала appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(25), В.К.(22), Н.С.(21) и С.Б.(23), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што соопшти МВР, пријавената В.К. договорила средба со Д.Ч.(30) на Водно, кој откако пристигнал бил пресретнат од првопријавениот А.С., кој со огнено оружје му упатил закани, по што трето и четвртопријавениот физички го нападнале и му нанеле повреди.  

The post Го намамила до Водно, таму го чекала со банда која го претепала appeared first on Република.

]]>
Изборите го погодиле: Делчевец дивеел низ градот, нападнал и двајца пожарникари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izborite-go-pogodile-delchevets-diveel-niz-gradot-napadnal-i-dvajtsa-pozharnikari/ Fri, 10 May 2024 16:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=776880

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени, соопшти МВР.

 

The post Изборите го погодиле: Делчевец дивеел низ градот, нападнал и двајца пожарникари appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени, соопшти МВР.
 

The post Изборите го погодиле: Делчевец дивеел низ градот, нападнал и двајца пожарникари appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ https://republika.mk/vesti/svet/premierot-na-avstralija-semejnoto-nasilstvo-po-protestite-go-nareche-natsionalna-kriza/ Mon, 29 Apr 2024 06:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=772051

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите.

The post Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените. Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство. „Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез. „Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network). Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“. Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе. Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите.

The post Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“ appeared first on Република.

]]>
Четворица мажи насила го внеле во возило и го однеле во Грчец каде што го тепале и му барале да врати долг https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-mazhi-nasila-go-vnele-vo-vozilo-i-go-odnele-vo-grchets-kade-shto-go-tepale-i-mu-barale-da-vrati-dolg/ Wed, 10 Apr 2024 13:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=764589

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје.

Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра.

Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Четворица мажи насила го внеле во возило и го однеле во Грчец каде што го тепале и му барале да врати долг appeared first on Република.

]]>

На 09.04.2024 во 23.50 часот М.М.(46) од с.Шемшово пријавил дека околу 13.45 часот четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје. Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Четворица мажи насила го внеле во возило и го однеле во Грчец каде што го тепале и му барале да врати долг appeared first on Република.

]]>
Скопјанка претепана во викендичка од својот партнер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-pretepana-vo-vikendichka-od-svojot-partner/ Tue, 02 Jan 2024 21:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=729119

На 01.01.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, 53- годишна жена пријавила дека околу 19.30 часот во викенд куќа во скопско село била физички нападната од својот партнер М.Д.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка претепана во викендичка од својот партнер appeared first on Република.

]]>

На 01.01.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, 53- годишна жена пријавила дека околу 19.30 часот во викенд куќа во скопско село била физички нападната од својот партнер М.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанка претепана во викендичка од својот партнер appeared first on Република.

]]>