народни обичаи Archives - Република https://republika.mk/tema/narodni-obichai/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 08:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народни обичаи Archives - Република https://republika.mk/tema/narodni-obichai/ 32 32 Верувања за Свети Трифун: Еве што нѐ чека ако денеска врне https://republika.mk/zivot/servisi/veruvana-za-sveti-trifun-eve-shto-n-cheka-ako-deneska-vrne/ Wed, 14 Feb 2024 08:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=743870

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат и под името „воден“. Со водата сѐ брзо заминува. И понатаму е ладно. Кај народот постојат бројни верувања поврзани за овој месец.

Кој се родил во февруари знае дека тоа е воедни о најсреќниот месец во годината. Февруари е значаен и за оние кои планираат да се венчаат.

Нашите предци имале смислувале своја временска прогноза врз основа на случувањата во природата. Кога е февруари во прашање, народниот календар за прогнозата за времето и денес е прилично точен. Проверете и уверете се:

-Ако февруарското убаво време измами муви, март ќе ги уништи

-Старите луѓе велат дека ако мачка се сонча на евруарско сонце, тогаш во март ќе биде склопчена крај печката

-Ако на Свети Трифун врне, тогаш сливата ќе има добар род

-Ако грее често сонце, тогаш ќе има снег во март

The post Верувања за Свети Трифун: Еве што нѐ чека ако денеска врне appeared first on Република.

]]>

Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат и под името „воден“. Со водата сѐ брзо заминува. И понатаму е ладно. Кај народот постојат бројни верувања поврзани за овој месец. Кој се родил во февруари знае дека тоа е воедни о најсреќниот месец во годината. Февруари е значаен и за оние кои планираат да се венчаат. Нашите предци имале смислувале своја временска прогноза врз основа на случувањата во природата. Кога е февруари во прашање, народниот календар за прогнозата за времето и денес е прилично точен. Проверете и уверете се: -Ако февруарското убаво време измами муви, март ќе ги уништи -Старите луѓе велат дека ако мачка се сонча на евруарско сонце, тогаш во март ќе биде склопчена крај печката -Ако на Свети Трифун врне, тогаш сливата ќе има добар род -Ако грее често сонце, тогаш ќе има снег во март

The post Верувања за Свети Трифун: Еве што нѐ чека ако денеска врне appeared first on Република.

]]>
Од соседите тајно слушнете го името на идниот сопруг, вели стар православен обичај за Божик https://republika.mk/zivot/servisi/od-sosedite-tajno-slushnete-go-imeto-na-idniot-soprug-veli-star-pravoslaven-obichaj-za-bozhik/ Wed, 03 Jan 2024 20:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=729424

На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав. Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и сувите смокви, урми и ако го видите списокот на овие работи што уште нашите прабаби го имале ќе видите дека на списокот се сите најздрави плодови кои ги има на овие простори.

Паричка

Ако паричката се паднала во лепчето за Господ или куќата, годината ќе биде многу добра за целото семејство. Тоа се првото и второто парче, кои се остават настрана кога се дели лебот.

Јаглен

Според јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде годината. Потребно е настрана да одделите 12 парчиња јаглен за секој еден од месеците. Колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и плодна ќе биде следната година.

Бршлен

Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен. По неговите листови човек може да погодува за здравје. Навечер се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Прислушување на соседите

Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг. Невенчаните треба тајно да станат од масата и да ги прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво име, какво што прво ќе го слушнат од соседите. И најважно е дека според пророштвото, ќе го сретнат уште на празниците.

The post Од соседите тајно слушнете го името на идниот сопруг, вели стар православен обичај за Божик appeared first on Република.

]]>

На масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна. За Бадник на посната трпеза треба да има јаткасти плодови, калинка за здравје, костен, орев, обавезно се каснува лук за да се биде здрав. Адетот вели треба да се касне од се по малку. На масата се и сувите смокви, урми и ако го видите списокот на овие работи што уште нашите прабаби го имале ќе видите дека на списокот се сите најздрави плодови кои ги има на овие простори.

Паричка

Ако паричката се паднала во лепчето за Господ или куќата, годината ќе биде многу добра за целото семејство. Тоа се првото и второто парче, кои се остават настрана кога се дели лебот.

Јаглен

Според јагленот исто така може да се разбере каква ќе биде годината. Потребно е настрана да одделите 12 парчиња јаглен за секој еден од месеците. Колку повеќе пепел останал од нив, толку подобра и плодна ќе биде следната година.

Бршлен

Малку луѓе знаат дека на Бадник на масата се става бршлен. По неговите листови човек може да погодува за здравје. Навечер се ставаат под перница, па ако наутро се свежи, тоа значи човекот ќе биде здрав.

Прислушување на соседите

Имате неомажени во семејството? Сега е време да се разбере името на идната сопруга/сопруг. Невенчаните треба тајно да станат од масата и да ги прислушуваат соседите. Тие ќе се омажат за човек со онакво име, какво што прво ќе го слушнат од соседите. И најважно е дека според пророштвото, ќе го сретнат уште на празниците.

The post Од соседите тајно слушнете го името на идниот сопруг, вели стар православен обичај за Божик appeared first on Република.

]]>
Обичаи што секој верник треба да ги знае за Велики четврток, покрај вапцањето јајца https://republika.mk/zivot/servisi/obichai-shto-sekoj-vernik-treba-da-gi-znae-za-veliki-chetvrtok-pokraj-vaptsaneto-jajtsa/ Thu, 13 Apr 2023 07:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=630377

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април денеска е Велики Четврток.

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова.

Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб.

На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл.

На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град.
Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапцуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапцување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите. Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија. За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапцуваат црвено. Во поново време јајцата се вапцуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др. До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените. Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скоро време во градот.

Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грех да се омрсат пред Велигден. Обичај е на Вели четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечета. Девојчињата и невестите си ги мијат косите сус црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.

The post Обичаи што секој верник треба да ги знае за Велики четврток, покрај вапцањето јајца appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април денеска е Велики Четврток. Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок. Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата. Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб. На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл. На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град. Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапцуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапцување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите. Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија. За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапцуваат црвено. Во поново време јајцата се вапцуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др. До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените. Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скоро време во градот. Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грех да се омрсат пред Велигден. Обичај е на Вели четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечета. Девојчињата и невестите си ги мијат косите сус црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.

The post Обичаи што секој верник треба да ги знае за Велики четврток, покрај вапцањето јајца appeared first on Република.

]]>