Народна банка на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/narodna-banka-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 09:07:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Народна банка на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/narodna-banka-na-makedonija/ 32 32 Ангеловска Бежоска – Аранитаси: НБ посветена на макроекономската стабилност, продолжува поддршката од ЕБОР https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-aranitasi-nb-posvetena-na-makroekonomskata-stabilnost-prodolzuva-poddrshkata-od-ebor/ Thu, 03 Nov 2022 09:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=569083

Во услови на енергетска криза и раст на глобалните цени на енергентите, коишто влијаат и врз девизниот пазар, домашните цени и животниот стандард, Народната банка целосно е посветена на остварувањето на својата основна цел, одржувањето на макроекономската стабилност. Ова, како што соопшти Народна бана, е истакнато на средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Фадил Бајрами со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Анди Аранитаси.

Пандемијата, воениот конфликт во Украина и енергетската криза наметнаа нови предизвици што предизвикаа раст на цените на примарните производи, пред сè на цените на енергентите и на храната, кои секојдневно имаат променливи движења на светските берзи и предизвикуваат нагорни ценовни притисоци. Овие движења имаат големо влијание врз домашната економија, која е високо зависна од увоз. Во вакви услови, носителите на политиките имаат задача одговорно и навремено да одговорат преку мерки коишто ќе го ублажат растот на инфлацијата, водејќи сметка истовремено и за економскиот раст. Одговорот на овие случувања од страна на Народната банка, како и на најголемиот дел од централните банки ширум светот, е постепеното монетарно затегнување. Воедно, Народната банка успешно ја одржува стабилноста на девизниот курс, што претставува главното сидро на вкупната стабилност на економијата, се наведува во соопштението.

Аранитаси истакна дека ЕБОР ќе продолжи со поддржувањето на македонската економија преку финансирање проекти од јавниот или приватниот сектор. Тој рече дека покрај проектите за поддршка на конкурентноста на македонската економија, посебно се поддржуваат проектите за преминување на македонската економија кон модел којшто овозможува позитивни ефекти врз животната средина.

Беа посочени и активностите на централната банка со кои се придонесува за ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата. Покрај низа активности за поддршка на „зелените финансии“, една од најновите мерки на централната банка е промената кај задолжителната резерва заради поттикнување на кредитирањето проекти поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, соопшти НБ.

The post Ангеловска Бежоска – Аранитаси: НБ посветена на макроекономската стабилност, продолжува поддршката од ЕБОР appeared first on Република.

]]>

Во услови на енергетска криза и раст на глобалните цени на енергентите, коишто влијаат и врз девизниот пазар, домашните цени и животниот стандард, Народната банка целосно е посветена на остварувањето на својата основна цел, одржувањето на макроекономската стабилност. Ова, како што соопшти Народна бана, е истакнато на средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Фадил Бајрами со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Анди Аранитаси. Пандемијата, воениот конфликт во Украина и енергетската криза наметнаа нови предизвици што предизвикаа раст на цените на примарните производи, пред сè на цените на енергентите и на храната, кои секојдневно имаат променливи движења на светските берзи и предизвикуваат нагорни ценовни притисоци. Овие движења имаат големо влијание врз домашната економија, која е високо зависна од увоз. Во вакви услови, носителите на политиките имаат задача одговорно и навремено да одговорат преку мерки коишто ќе го ублажат растот на инфлацијата, водејќи сметка истовремено и за економскиот раст. Одговорот на овие случувања од страна на Народната банка, како и на најголемиот дел од централните банки ширум светот, е постепеното монетарно затегнување. Воедно, Народната банка успешно ја одржува стабилноста на девизниот курс, што претставува главното сидро на вкупната стабилност на економијата, се наведува во соопштението. Аранитаси истакна дека ЕБОР ќе продолжи со поддржувањето на македонската економија преку финансирање проекти од јавниот или приватниот сектор. Тој рече дека покрај проектите за поддршка на конкурентноста на македонската економија, посебно се поддржуваат проектите за преминување на македонската економија кон модел којшто овозможува позитивни ефекти врз животната средина. Беа посочени и активностите на централната банка со кои се придонесува за ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата. Покрај низа активности за поддршка на „зелените финансии“, една од најновите мерки на централната банка е промената кај задолжителната резерва заради поттикнување на кредитирањето проекти поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, соопшти НБ.

The post Ангеловска Бежоска – Аранитаси: НБ посветена на макроекономската стабилност, продолжува поддршката од ЕБОР appeared first on Република.

]]>
Реакција на НБ по пресот на Костовски: Ваквото неодговорно однесување може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета  https://republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-na-nb-po-presot-na-kostovski-vakvoto-neodgovorno-odnesuvanje-moze-da-vnese-nemir-i-nepotrebno-i-neosnovano-da-predizvika-shteta/ Mon, 22 Aug 2022 14:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=542892

Во однос на приватно нарачаниот извештај од поранешниот акционер, а воедно и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, над којашто поради несолвентност во август 2020 година беше отворена стечајна постапка, изразуваме сериозна загриженост за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем и Народната банка, се вели во реакцијата на Советот на Народната банка на прес-конференцијата по повод нарачаниот извештај од страна на Трифун Костовски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kostovski-firmi-bliski-do-sdsm-a-osobno-do-zaev-zemale-pari-od-eurostandard-banka/

Ваквото неодговорно однесување, велат од НБ, поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета на финансиските институции во земјата, а со тоа и на економските субјекти и граѓаните.

За Народната банка, оценките и мислењата, особено во делот на состојбите во банкарскиот и финансискиот систем на нашата земја и начинот на работата на Народната Банка, искажани од страна на нарачателот на овој извештај, како и лицата кои се најмени од негова страна за да го изработат и промовираат во јавноста, се нерелевантни и неточни. Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и практики, што е потврдено и со оценките на меѓународните финансиски организации и кредитни агенции. Последна во низата вакви оценки е одлуката на Европската комисија на крајот од минатата година дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е според стандардите на Европската Унија, со што Европската Комисија ја вклучи нашата земја на листата на само 26 земји во светот кои ги спроведуваат овие стандарди, се вели во рекацијата од Народна банка.

Согласно со овие стандарди, додаваат во реакцијата, Народната банка на редовна основа врши супервизија на работењето на банките и штедилниците и ја оценува нивната сигурност, стабилност, како и усогласеноста на работењето со Законот за банките и со други прописи кои го регулираат банкарското работење. Во рамки на своите надлежности презема соодветни мерки во насока на задржување на стабилноста на банкарскиот систем.

Додаваат дека доколку со супервизорска контрола се констатира сомнеж или индиции за други дела во банка, Народната банка којашто е супервизорски, а не истражен орган, ги известува и соработува со надлежните истражни органи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-akciite-na-amerikanskata-dea-prichina-spasovski-i-zaevi-da-se-mnogu-luti-na-ruskoska/

И во случајот поврзан со Кубус, велат од НБ, кој се однесува за период од 2004 до 2011 година, на којшто всушност се темелат и најголем дел од наводите, Народната банка оствари соработка со надлежните институции, при што ги достави сите расположиви информации.

Во однос на работењето на Еуростандард банка, пак, од Народна банка велат дека вршејќи ја својата надлежност како супервизорски орган, утврдиле значајни слабости и пропусти во работењето.

Започнувајќи од 2013 година па се до 2020 година, Народната банка во врска со констатираното, на Еуростандард Банка АД Скопје и изрече вкупно 30 правни акти, во кои беа содржани околу 120 различни мерки за подобрување на состојбата на банката. Народната банка нема да дозволи ниту една банка да продолжи да работи без исполнување на минималните законски услови, со што ја штити стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Оттука, во услови на непостапување по дадените мерки, а имајќи ја предвид стапката на адекватност на капиталот и состојбата во Банката, Народната банка согласно Законот за банките ја одзеде дозволата за работа на банката.

Воедно, по констатираните состојби, Народната банка до Јавното обвинителство на натамошно надлежно постапување, поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто беа во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Професионалноста и независноста на Народната банка придонесува за континуирана стабилност и здравост на банкарскиот систем, вклучително и во пандемискиот период. Потврда за добрата поставеност и функционирањето на банкарскиот сектор се повеќето извештаи на најрелевантни институции, како на пример последниот извештај на кредитната агенција S&P, каде се наведува дека банкарскиот систем е добро капитализиран и стабилен, како и дека е потпора на стопанството за надминување на предизвиците кои ги донесе пандемијата.

Народната банка останува посветена на примената на највисоките меѓународни барања и стандарди во вршењето на банкарската супервизија и будно ги следиме движењата во банкарскиот систем, при што во рамки на вршењето на својата функција соработуваме со надлежните државни институции, велат од НБ.

The post Реакција на НБ по пресот на Костовски: Ваквото неодговорно однесување може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета  appeared first on Република.

]]>

Во однос на приватно нарачаниот извештај од поранешниот акционер, а воедно и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, над којашто поради несолвентност во август 2020 година беше отворена стечајна постапка, изразуваме сериозна загриженост за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем и Народната банка, се вели во реакцијата на Советот на Народната банка на прес-конференцијата по повод нарачаниот извештај од страна на Трифун Костовски. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kostovski-firmi-bliski-do-sdsm-a-osobno-do-zaev-zemale-pari-od-eurostandard-banka/ Ваквото неодговорно однесување, велат од НБ, поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета на финансиските институции во земјата, а со тоа и на економските субјекти и граѓаните.
За Народната банка, оценките и мислењата, особено во делот на состојбите во банкарскиот и финансискиот систем на нашата земја и начинот на работата на Народната Банка, искажани од страна на нарачателот на овој извештај, како и лицата кои се најмени од негова страна за да го изработат и промовираат во јавноста, се нерелевантни и неточни. Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и практики, што е потврдено и со оценките на меѓународните финансиски организации и кредитни агенции. Последна во низата вакви оценки е одлуката на Европската комисија на крајот од минатата година дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е според стандардите на Европската Унија, со што Европската Комисија ја вклучи нашата земја на листата на само 26 земји во светот кои ги спроведуваат овие стандарди, се вели во рекацијата од Народна банка.
Согласно со овие стандарди, додаваат во реакцијата, Народната банка на редовна основа врши супервизија на работењето на банките и штедилниците и ја оценува нивната сигурност, стабилност, како и усогласеноста на работењето со Законот за банките и со други прописи кои го регулираат банкарското работење. Во рамки на своите надлежности презема соодветни мерки во насока на задржување на стабилноста на банкарскиот систем. Додаваат дека доколку со супервизорска контрола се констатира сомнеж или индиции за други дела во банка, Народната банка којашто е супервизорски, а не истражен орган, ги известува и соработува со надлежните истражни органи. https://republika.mk/vesti/makedonija/i-akciite-na-amerikanskata-dea-prichina-spasovski-i-zaevi-da-se-mnogu-luti-na-ruskoska/ И во случајот поврзан со Кубус, велат од НБ, кој се однесува за период од 2004 до 2011 година, на којшто всушност се темелат и најголем дел од наводите, Народната банка оствари соработка со надлежните институции, при што ги достави сите расположиви информации. Во однос на работењето на Еуростандард банка, пак, од Народна банка велат дека вршејќи ја својата надлежност како супервизорски орган, утврдиле значајни слабости и пропусти во работењето.
Започнувајќи од 2013 година па се до 2020 година, Народната банка во врска со констатираното, на Еуростандард Банка АД Скопје и изрече вкупно 30 правни акти, во кои беа содржани околу 120 различни мерки за подобрување на состојбата на банката. Народната банка нема да дозволи ниту една банка да продолжи да работи без исполнување на минималните законски услови, со што ја штити стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Оттука, во услови на непостапување по дадените мерки, а имајќи ја предвид стапката на адекватност на капиталот и состојбата во Банката, Народната банка согласно Законот за банките ја одзеде дозволата за работа на банката. Воедно, по констатираните состојби, Народната банка до Јавното обвинителство на натамошно надлежно постапување, поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто беа во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите. Професионалноста и независноста на Народната банка придонесува за континуирана стабилност и здравост на банкарскиот систем, вклучително и во пандемискиот период. Потврда за добрата поставеност и функционирањето на банкарскиот сектор се повеќето извештаи на најрелевантни институции, како на пример последниот извештај на кредитната агенција S&P, каде се наведува дека банкарскиот систем е добро капитализиран и стабилен, како и дека е потпора на стопанството за надминување на предизвиците кои ги донесе пандемијата. Народната банка останува посветена на примената на највисоките меѓународни барања и стандарди во вршењето на банкарската супервизија и будно ги следиме движењата во банкарскиот систем, при што во рамки на вршењето на својата функција соработуваме со надлежните државни институции, велат од НБ.

The post Реакција на НБ по пресот на Костовски: Ваквото неодговорно однесување може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета  appeared first on Република.

]]>
Еве како да ги препознаете фалсификуваните банкноти од 2.000 денари кои вртат низ Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/eve-kako-da-gi-prepoznaete-falsifikuvanite-banknoti-od-2-000-denari-koi-vrtat-niz-makedonija/ Thu, 03 Feb 2022 22:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=453835

Народната банка денеска соопшти дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи. Со цел да се заштитат граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на којшто може да се провери дали станува збор за фалсификат. Доколку се забележи фалсификувана банкнота, граѓаните треба да се обратат до банките или до Министерството за внатрешни работи.

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност, велат од Народна банка.

Фалсификуваната банкнота може да се препознае по основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средишен дел на предната страна на банкнотата. Кај фалсификуваната банкнота, овој елемент воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување под одреден агол, може да се забележи како се менува неговата боја од зелена во сина и се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на сликата:

Втор елемент по кој може да се разликува оргиналот од фалсификатот е заштитниот конец којшто е вметнат меѓу двата слоја хартија со видливи засеци. Со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите, но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно може да се воочи дека е имитиран:

 

Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат и по водениот печат. Кај фалсификатот е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку се постави банкнотата под извор на светлина.

The post Еве како да ги препознаете фалсификуваните банкноти од 2.000 денари кои вртат низ Македонија appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска соопшти дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи. Со цел да се заштитат граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на којшто може да се провери дали станува збор за фалсификат. Доколку се забележи фалсификувана банкнота, граѓаните треба да се обратат до банките или до Министерството за внатрешни работи.
Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност, велат од Народна банка.
Фалсификуваната банкнота може да се препознае по основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средишен дел на предната страна на банкнотата. Кај фалсификуваната банкнота, овој елемент воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување под одреден агол, може да се забележи како се менува неговата боја од зелена во сина и се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на сликата: Втор елемент по кој може да се разликува оргиналот од фалсификатот е заштитниот конец којшто е вметнат меѓу двата слоја хартија со видливи засеци. Со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите, но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно може да се воочи дека е имитиран:   Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат и по водениот печат. Кај фалсификатот е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку се постави банкнотата под извор на светлина.

The post Еве како да ги препознаете фалсификуваните банкноти од 2.000 денари кои вртат низ Македонија appeared first on Република.

]]>