народен првобранител. лични документи Archives - Република https://republika.mk/tema/naroden-prvobranitel-lichni-dokumenti/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 13:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народен првобранител. лични документи Archives - Република https://republika.mk/tema/naroden-prvobranitel-lichni-dokumenti/ 32 32 Владата да го реши проблемот со граѓаните кои имаат 18 години, а немаат ни пасош ни лична карта за да може да гласаат, укажува народниот првобранител https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-go-reshi-problemot-so-graganite-koi-imaat-18-godini-a-nemaat-ni-pasosh-ni-lichna-karta-za-da-mozhe-da-glasaat-ukazhuva-narodniot-prvobranitel/ Fri, 01 Mar 2024 13:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=750076

Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин.

Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ и „неприродна ситуација“.

Соопшти дека во јануари-февруари примиле 50-ина претставки за лични документи по различна основа – покрај за неможноста да се подигне документот, граѓаните се жалат и на неможност да закажат термин, а има и претставки за надомест на трошок затоа што вадат нови документи иако рокот на важноста на старите не е истечен.

При посета на двата главни пункта во Скопје – во МРТВ и во Кисела Вода, тимови на НП ги потврдиле наводите од претставките дека има „сериозен број исправи“ (лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, но и пасоши) „ставени настрана и нема увид органот за нивно распределување односно издавање иако се завршени“.

Тимови на Народниот правобранител досега им помогнале на граѓани на кои итно им бил потребен пасошот што не успеале да го подигнат, најчесто за некој вид патување (за лекување, спортско, деловно или научно патување) и во соработка со служби на МВР тие ги нашле готовите документи.

Но, ова е неприродна ситуација. Министерството за внатрешни работи тоа треба да го прави по службена должност и да им ги даде документите, а не ние. Укажуваме МВР да направи добра реорганизација на процесот и нормално да тече издавањето готови исправи. Доста чекаат за добивање термин, па за фотографирање, обработка и одобрување, па уште и за издавање да се чека, рече Зибери.

За претставките со кои се бара рефундација на парите за нови документи, бидејќи старите се уште имаат рок, Зибери одговори дека за тоа зборува веќе осум месеци, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев дека таква одлука ќе треба да разгледува новата влада, одгвоори дека тоа прашање „нема врска со изборите“.

Омбудсманот се осврна и на „проблем во најава пред одржување на изборите“ кој се однесува на дел од граѓани кои во меѓувреме наполниле или ќе наполнат 18 години, а немаат ниту лична карта ниту пасош.

Ќе се доведе во прашање нивното право на учество на изборите што е уставно загарантирано. Дел од тие лица имаат патна исправа, но, за жал, со стар образец, што значи согласно постојната регулатива тие исправи се невалидни за учество во изборниот процес, рече народниот правобранител и порача дека „доколку Владата не преземе нешто, може многу граѓани да бидат ставени во ваква деликатна ситуација“.

Затоа побара Владата веднаш да го разгледа проблемот - да ги најде оваа група граѓани и да им обезбеди приоритет во постапката за обезбедување лични карти.

Исто како што тоа им се овозможи на превозниците, иако тоа е многу помал број, но има време до првиот круг на изборите односно до средината на април, додаде правобранителот.

Исто така тој укажа и на непримената на член 7 од Законот за лични карти кој одредува дека на граѓаните над 65 години треба да им се издава лична карта со трајна важност. Наместо тоа, МВР и натаму издава со важност од десет години. Апелираше МВР да го спроведува и тој член законот, со што во иднина ќе се намали притисокот за промена на лични карти од граѓани кои се постари од 65 години.

The post Владата да го реши проблемот со граѓаните кои имаат 18 години, а немаат ни пасош ни лична карта за да може да гласаат, укажува народниот првобранител appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин. Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ и „неприродна ситуација“. Соопшти дека во јануари-февруари примиле 50-ина претставки за лични документи по различна основа – покрај за неможноста да се подигне документот, граѓаните се жалат и на неможност да закажат термин, а има и претставки за надомест на трошок затоа што вадат нови документи иако рокот на важноста на старите не е истечен. При посета на двата главни пункта во Скопје – во МРТВ и во Кисела Вода, тимови на НП ги потврдиле наводите од претставките дека има „сериозен број исправи“ (лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, но и пасоши) „ставени настрана и нема увид органот за нивно распределување односно издавање иако се завршени“. Тимови на Народниот правобранител досега им помогнале на граѓани на кои итно им бил потребен пасошот што не успеале да го подигнат, најчесто за некој вид патување (за лекување, спортско, деловно или научно патување) и во соработка со служби на МВР тие ги нашле готовите документи.
Но, ова е неприродна ситуација. Министерството за внатрешни работи тоа треба да го прави по службена должност и да им ги даде документите, а не ние. Укажуваме МВР да направи добра реорганизација на процесот и нормално да тече издавањето готови исправи. Доста чекаат за добивање термин, па за фотографирање, обработка и одобрување, па уште и за издавање да се чека, рече Зибери.
За претставките со кои се бара рефундација на парите за нови документи, бидејќи старите се уште имаат рок, Зибери одговори дека за тоа зборува веќе осум месеци, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев дека таква одлука ќе треба да разгледува новата влада, одгвоори дека тоа прашање „нема врска со изборите“. Омбудсманот се осврна и на „проблем во најава пред одржување на изборите“ кој се однесува на дел од граѓани кои во меѓувреме наполниле или ќе наполнат 18 години, а немаат ниту лична карта ниту пасош. Ќе се доведе во прашање нивното право на учество на изборите што е уставно загарантирано. Дел од тие лица имаат патна исправа, но, за жал, со стар образец, што значи согласно постојната регулатива тие исправи се невалидни за учество во изборниот процес, рече народниот правобранител и порача дека „доколку Владата не преземе нешто, може многу граѓани да бидат ставени во ваква деликатна ситуација“. Затоа побара Владата веднаш да го разгледа проблемот - да ги најде оваа група граѓани и да им обезбеди приоритет во постапката за обезбедување лични карти. Исто како што тоа им се овозможи на превозниците, иако тоа е многу помал број, но има време до првиот круг на изборите односно до средината на април, додаде правобранителот. Исто така тој укажа и на непримената на член 7 од Законот за лични карти кој одредува дека на граѓаните над 65 години треба да им се издава лична карта со трајна важност. Наместо тоа, МВР и натаму издава со важност од десет години. Апелираше МВР да го спроведува и тој член законот, со што во иднина ќе се намали притисокот за промена на лични карти од граѓани кои се постари од 65 години.

The post Владата да го реши проблемот со граѓаните кои имаат 18 години, а немаат ни пасош ни лична карта за да може да гласаат, укажува народниот првобранител appeared first on Република.

]]>