наркобос Archives - Република https://republika.mk/tema/narkobos/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Dec 2023 17:07:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наркобос Archives - Република https://republika.mk/tema/narkobos/ 32 32 Дрога, оружје, проституција, илегална миграција: Кој е наркобаронот Гзим Чеља и каде делувал одметнатиот полицаец https://republika.mk/vesti/balkan/droga-oruzhje-prostitutsija-ilegalna-migratsija-koj-e-narkobaronot-gzim-chela-i-kade-deluval-odmetnatiot-politsaets/ Sat, 09 Dec 2023 17:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=721335

Косовската полиција соопшти дека го уапсила 55-годишниот албански државјанин Гзим Чеља, познат како „нарко-барон“ по кого е распишана потерница од надлежните органи во Албанија, бидејќи е осуден на затворска казна од поранешниот Суд за тешки кривични дела во матичната држава, како и од италијанските правосудни органи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Полицијата денеска информира дека Чеља бил уапсен вчера околу 17:55 часот во селото Дарданиа кај Урошевац, додека бил во стан на државјанин од Косово со иницијали А.И. Косовскиот државјанин е осомничен дека подолго време го засолнувал Чеља во својот стан.

Во соопштението се наведува дека во моментот на апсењето, албанскиот „барон на дрогата“, покрај од косовскиот државјанин, бил придружуван од две девојки од Албанија, кои биле во станот со нив.

При претрес на станот, полицијата пронашла автоматско огнено оружје АК-47 со 15 куршуми.

Според медиумите во Албанија и Косово, Чеља е познат по трговијата со дрога која доаѓала од Турција преку Бугарија, Македонија и Албанија, кон Косово и западноевроските земји.

Во неговата вила во селото Фушекуќе, во околината на градот Лежа во северозападна Албанија, во 2015 година било пронајдено количество од 18 килограми кокаин.

Албански надлежен суд на Чеља му одредил безбедносна мерка затвор за сторени кривични дела „Трговија со наркотици“, извршени во соработка, во рамки на здружена злосторничка група и „Извршување кривични дела од криминална организација и здружена злосторничка група“.

Тој е осуден на казна затвор во траење од 10 години и 8 месеци од поранешниот албански Суд за тешки кривични дела за сторени делата „Трговија со наркотици“ и „Неовластено производство и поседување оружје и воена муниција“. Исто така, во 2012 година италијанските правосудни органи го осудиле на 19 години, 9 месеци и 29 дена затвор, за сторени кривични дела „Организирање на илегална миграција“ и „Криминална организација за експлоатација на проституција“, согласно италијанскиот Кривичен законик.

The post Дрога, оружје, проституција, илегална миграција: Кој е наркобаронот Гзим Чеља и каде делувал одметнатиот полицаец appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека го уапсила 55-годишниот албански државјанин Гзим Чеља, познат како „нарко-барон“ по кого е распишана потерница од надлежните органи во Албанија, бидејќи е осуден на затворска казна од поранешниот Суд за тешки кривични дела во матичната држава, како и од италијанските правосудни органи, јави дописникот на МИА од Приштина. Полицијата денеска информира дека Чеља бил уапсен вчера околу 17:55 часот во селото Дарданиа кај Урошевац, додека бил во стан на државјанин од Косово со иницијали А.И. Косовскиот државјанин е осомничен дека подолго време го засолнувал Чеља во својот стан. Во соопштението се наведува дека во моментот на апсењето, албанскиот „барон на дрогата“, покрај од косовскиот државјанин, бил придружуван од две девојки од Албанија, кои биле во станот со нив. При претрес на станот, полицијата пронашла автоматско огнено оружје АК-47 со 15 куршуми. Според медиумите во Албанија и Косово, Чеља е познат по трговијата со дрога која доаѓала од Турција преку Бугарија, Македонија и Албанија, кон Косово и западноевроските земји. Во неговата вила во селото Фушекуќе, во околината на градот Лежа во северозападна Албанија, во 2015 година било пронајдено количество од 18 килограми кокаин. Албански надлежен суд на Чеља му одредил безбедносна мерка затвор за сторени кривични дела „Трговија со наркотици“, извршени во соработка, во рамки на здружена злосторничка група и „Извршување кривични дела од криминална организација и здружена злосторничка група“. Тој е осуден на казна затвор во траење од 10 години и 8 месеци од поранешниот албански Суд за тешки кривични дела за сторени делата „Трговија со наркотици“ и „Неовластено производство и поседување оружје и воена муниција“. Исто така, во 2012 година италијанските правосудни органи го осудиле на 19 години, 9 месеци и 29 дена затвор, за сторени кривични дела „Организирање на илегална миграција“ и „Криминална организација за експлоатација на проституција“, согласно италијанскиот Кривичен законик.

The post Дрога, оружје, проституција, илегална миграција: Кој е наркобаронот Гзим Чеља и каде делувал одметнатиот полицаец appeared first on Република.

]]>
Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот https://republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-e-uapsen-poraneshen-politsaets-eden-od-najgolemite-narkobosovi-vo-regionot/ Sat, 09 Dec 2023 14:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=721275

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите нарко босови во регионот. „Индексонлајн“ дознава дека Чела е уапсен во акцијата на Еурофас на Косово. Чела е уапсен по налог издаден од Албанија. Станува збор за поранешен полицаец кој важи за еден од најголемите босови во трговијата со кокаин и хероин во Европа, а против него се распишани неколку потерници.

Во 2015 година Чела беше обвинет за меѓународна трговија со кокаин, кога во неговата вила беа пронајдени 18 килограми кокаин. Имено, откако дрогата пристигнала во Албанија, била испратена во вилата, од каде членовите на неговиот картел ја дистрибуирале во западните земји. Чела ја претворил семејната вила во лабораторија за подготовка на дрога.

Сепак, судот го ослободил Чела со образложение дека боледува од тешка болест. Подоцна повторно е уапсен поради фалсификување здравствена книшка и му е одреден „куќен притвор“. Кога полицијата ја опколила неговата куќа во Мамурас, тој успеал да побегне.

Газетаекспрес наведува дека Челим бил службеник на специјалните полициски сили пред да се занимава со трговија со дрога и дека таа функција ја извршувал до 1997 година. 55-годишникот е обвинет за трговија со дрога и неовластено изработување и држење оружје.

The post Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот appeared first on Република.

]]>

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите нарко босови во регионот. „Индексонлајн“ дознава дека Чела е уапсен во акцијата на Еурофас на Косово. Чела е уапсен по налог издаден од Албанија. Станува збор за поранешен полицаец кој важи за еден од најголемите босови во трговијата со кокаин и хероин во Европа, а против него се распишани неколку потерници. Во 2015 година Чела беше обвинет за меѓународна трговија со кокаин, кога во неговата вила беа пронајдени 18 килограми кокаин. Имено, откако дрогата пристигнала во Албанија, била испратена во вилата, од каде членовите на неговиот картел ја дистрибуирале во западните земји. Чела ја претворил семејната вила во лабораторија за подготовка на дрога. Сепак, судот го ослободил Чела со образложение дека боледува од тешка болест. Подоцна повторно е уапсен поради фалсификување здравствена книшка и му е одреден „куќен притвор“. Кога полицијата ја опколила неговата куќа во Мамурас, тој успеал да побегне. Газетаекспрес наведува дека Челим бил службеник на специјалните полициски сили пред да се занимава со трговија со дрога и дека таа функција ја извршувал до 1997 година. 55-годишникот е обвинет за трговија со дрога и неовластено изработување и држење оружје.

The post Во Косово е уапсен поранешен полицаец, еден од најголемите наркобосови во регионот appeared first on Република.

]]>
Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sluchaj-planina-prodolzhuva-istragata-protiv-narkobosot-od-grchets-gram-kokain-prodavale-i-za-5-000-denari/ Wed, 30 Aug 2023 15:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=677337

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик.

Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство.

Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна.

Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци.

По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена.

За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.

Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.

The post Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода во с. Грчец на првоосомничениот од предметот „Планина“ ќе ја продолжи истражната постапка против него. Тој, како што соопшти денеска ЈО, по наредба на обвинителството се бараше со национална и меѓународна потерница од 2021 година заради постоење на основано сомнение дека како главен организатор сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 вв став 1 од Кривичниот Законик.
Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица, од кои и против едно дете во судир со законот над 16 години. Бидејќи се работеше за две криминални групи што се занимавале со неовластена продажба на наркотична дрога беа донесени две Наредби за спроведување на истражна постапка. Во тогашните спроведените акции на територијата на село Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина меѓу кои и првоосомничениот беа во бегство. Во меѓувреме, односно во септември 2021 година и во текот на изминатата година три од осомничените лица недостапни на органите на прогонот, се лишени од слобода каде што продолжи против нив истражната постапка, соопштуваат од Јавното Обвинителство.
Оттаму, посочија дека предметните обвинители постигнаа спогодба со 14 обвинети лица за кои судот ги прифати предлог спогодбите и донесе пресуди со кои на осум лица им определи казна затвор во траење од по 3 години, на две лица во траење од по 3 години и 6 месеци, три лица се осудени на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци и едно лице на 5 годишна затворска казна. Врз основа на признание на вина на главна расправа петмина обвинети се осудени на казна затвор и тоа: едно лице на казна затвор од 3 години и 5 месеци, две лица на казна затвор од 4 години, едно лице на казна затвор од 5 години и едно лице на казна затвор од 6 години. По поднесени жалби на санкции на две лица казните се преиначени и намалени од 6 години на 5 години и од 4 години на 3 години и 6 месеци. По одржана главна расправа донесени се пресуди за три лица од кои две во постапка пред второстепениот суд се преиначени и тоа од 4 години на 5 години затворска казна и од 3 години и 6 месеци на 6 години, додека пресудата за едно лице осудено на казна затвор во трење од 6 години е потврдена. За едно лице истрагата останува прекината до негово пронаоѓање, за три лица е донесена Наредба за запирање на истрага од кои за две предметот е препратен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, додека на детето во судир со законот му се изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години.
Членовите на двете организирани криминални мрежи, продавале наркотична дрога преку препродавачи во Скопје, Гостивар, Тетово, Струмица и други градови по цена која се движела во износ од 4000 до 5000 денари за 1 (еден) грам кокаин и во распон од 12.000 до 15.000 денари за 100 грама марихуана, стои во соопштението.

The post Случај „Планина“: Продолжува истрагата против наркобосот од Грчец, грам кокаин продавале и за 5.000 денари appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 2.000 полицајци во потрага по уругвајски нарко бос https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-2-000-politsajtsi-vo-potraga-po-urugvajski-narko-bos/ Mon, 31 Jul 2023 07:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=667128

Боливиската полиција започна голема операција за фаќање на Уругваецот Себастијан Марсет, осомничен за шверц на дрога, кој се бара во неговата татковина, во Парагвај и Бразил, како и од Интерпол и американската ДЕА, изјави во неделата официјален извор.

Неговото име се поврзува со атентатот на парагвајскиот антимафијашки обвинител Марсело Печи во Колумбија во мај 2022 година, како еден од организаторите на злосторството.

Министерот за внатрешни работи во боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, рече дека во департманот Санта Круз, на истокот на земјата, на границата со Бразил и Парагвај, од саботата се во тек „серија претреси“ дел од потрагата по Себастијан Марсет, „озлогласениот наркобос“.

„Него го бараат Интерпол, ДЕА (Американската агенција за борба против дрогата) и земјите во регионот, како Уругвај, Бразил и Парагвај“, додаде министерот.

„Мобилизиравме повеќе од 2.250 полицајци, повеќе од 144 возила, извршивме повеќе од 23 претреси и уапсивме 12 лица“, рече Дел Кастиљо.

Себастијан Марсет Кабрера, кој има „неколку пасоши“, сè уште е во одделот Санта Круз со неговата сопруга Перуанка и нивните три деца, рече тој.

Двајца браќа, колумбиски државјани, кои го организираа убиството и му платија на убиецот кој пукаше во обвинителот Печи на колумбиска плажа во 2022 година, беа осудени на 25 и пол години затвор во Колумбија во мај, соопшти колумбиското државно обвинителство.

Марсело Печи (45) бил на меден месец со својата бремена сопруга, парагвајската новинарка Клаудија Аквилера.

The post Повеќе од 2.000 полицајци во потрага по уругвајски нарко бос appeared first on Република.

]]>

Боливиската полиција започна голема операција за фаќање на Уругваецот Себастијан Марсет, осомничен за шверц на дрога, кој се бара во неговата татковина, во Парагвај и Бразил, како и од Интерпол и американската ДЕА, изјави во неделата официјален извор. Неговото име се поврзува со атентатот на парагвајскиот антимафијашки обвинител Марсело Печи во Колумбија во мај 2022 година, како еден од организаторите на злосторството. Министерот за внатрешни работи во боливиската влада, Едуардо дел Кастиљо, рече дека во департманот Санта Круз, на истокот на земјата, на границата со Бразил и Парагвај, од саботата се во тек „серија претреси“ дел од потрагата по Себастијан Марсет, „озлогласениот наркобос“.
„Него го бараат Интерпол, ДЕА (Американската агенција за борба против дрогата) и земјите во регионот, како Уругвај, Бразил и Парагвај“, додаде министерот. „Мобилизиравме повеќе од 2.250 полицајци, повеќе од 144 возила, извршивме повеќе од 23 претреси и уапсивме 12 лица“, рече Дел Кастиљо.
Себастијан Марсет Кабрера, кој има „неколку пасоши“, сè уште е во одделот Санта Круз со неговата сопруга Перуанка и нивните три деца, рече тој. Двајца браќа, колумбиски државјани, кои го организираа убиството и му платија на убиецот кој пукаше во обвинителот Печи на колумбиска плажа во 2022 година, беа осудени на 25 и пол години затвор во Колумбија во мај, соопшти колумбиското државно обвинителство. Марсело Печи (45) бил на меден месец со својата бремена сопруга, парагвајската новинарка Клаудија Аквилера.

The post Повеќе од 2.000 полицајци во потрага по уругвајски нарко бос appeared first on Република.

]]>
Наркобосот чиј двор во Истанбул го прекопува полицијата по дојавата дека има закопано тело немал еден, туку два македонски пасоши https://republika.mk/vesti/svet/narkobosot-chij-dvor-vo-istanbul-go-prekopuva-policijata-po-dojavata-deka-ima-zakopano-telo-nemal-eden-tuku-dva-makedonski-pasoshi/ Wed, 09 Nov 2022 15:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=572014

Турската полиција објави видео од куќата на припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор, под сомнение дека го извршил убиството на Ристо Мијановиќ (33) од Шкаљарскиот клан , а телото го закопал во дворот од неговата вила.

На снимката се гледаат неколку дупки ископани во дворот на вилата, како и целата луксузна населба снимена од птичја перспектива.Но телото не е пронајдено.

Истанбулската населба Саријер е наменета за богати луѓе кои можат да си дозволат луксуз, а меѓу нив беше и Бојаниќ, кој продолжи да се занимава со криминални активности во луксуз, поради што од 2016 година е на листата на барани лица на Интерпол како еден од 45-те најбарани криминалци од Европа.

Како што е утврдено, Бојаниќ влегол во Турција со фалсификуван пасош на име Јордан Анделев Белчев и го користел прекарот Борис. Двата пасоши се на Република Македонија.

Жељко Бојаниќ, Милан Миловац и Петар Чошиќ, најблиските соработници на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот, од 2019 користат македонски пасоши со украден идентитет. Бојаниќ имал дури два македонски пасоши, еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.

Црногорските медиуми го прогласија за најбараниот криминалец во Европа. Една од меѓународните потерници по него беше издадена од Интерпол на Словенија за трговија со дрога. Сепак, на 8 јули 2019 година Бојаниќ добива македонски пасош со украден идентитет на Спиро Аговски, а два месеци подоцна, на 25 септември, му бил издаден уште еден македонски пасош со украден идентитет на име Јордан Белчев. На два пати, Бојаниќ во некоја од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи се фотографирал, оставал отпечаток на прст и добил два пасоши со две различни имиња. Дури на 2 март 2021 година е откриен неговиот вистински идентитет.

Жељко Бојаниќ беше еден од најдоверливите луѓе на Дарко Шариќ, познатиот балкански наркобос. Бојаниќ беше задолжен за транспорт на кокаин од Јужна Америка кон Европа со користење мегакрузери и перење пари од трговијата со кокаинот со вложување во недвижнини.

The post Наркобосот чиј двор во Истанбул го прекопува полицијата по дојавата дека има закопано тело немал еден, туку два македонски пасоши appeared first on Република.

]]>

Турската полиција објави видео од куќата на припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор, под сомнение дека го извршил убиството на Ристо Мијановиќ (33) од Шкаљарскиот клан , а телото го закопал во дворот од неговата вила. На снимката се гледаат неколку дупки ископани во дворот на вилата, како и целата луксузна населба снимена од птичја перспектива.Но телото не е пронајдено. Истанбулската населба Саријер е наменета за богати луѓе кои можат да си дозволат луксуз, а меѓу нив беше и Бојаниќ, кој продолжи да се занимава со криминални активности во луксуз, поради што од 2016 година е на листата на барани лица на Интерпол како еден од 45-те најбарани криминалци од Европа. Како што е утврдено, Бојаниќ влегол во Турција со фалсификуван пасош на име Јордан Анделев Белчев и го користел прекарот Борис. Двата пасоши се на Република Македонија. Жељко Бојаниќ, Милан Миловац и Петар Чошиќ, најблиските соработници на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот, од 2019 користат македонски пасоши со украден идентитет. Бојаниќ имал дури два македонски пасоши, еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев. Црногорските медиуми го прогласија за најбараниот криминалец во Европа. Една од меѓународните потерници по него беше издадена од Интерпол на Словенија за трговија со дрога. Сепак, на 8 јули 2019 година Бојаниќ добива македонски пасош со украден идентитет на Спиро Аговски, а два месеци подоцна, на 25 септември, му бил издаден уште еден македонски пасош со украден идентитет на име Јордан Белчев. На два пати, Бојаниќ во некоја од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи се фотографирал, оставал отпечаток на прст и добил два пасоши со две различни имиња. Дури на 2 март 2021 година е откриен неговиот вистински идентитет. Жељко Бојаниќ беше еден од најдоверливите луѓе на Дарко Шариќ, познатиот балкански наркобос. Бојаниќ беше задолжен за транспорт на кокаин од Јужна Америка кон Европа со користење мегакрузери и перење пари од трговијата со кокаинот со вложување во недвижнини.

The post Наркобосот чиј двор во Истанбул го прекопува полицијата по дојавата дека има закопано тело немал еден, туку два македонски пасоши appeared first on Република.

]]>
Еве како падна еден од најголемите светски дилери на дрога https://republika.mk/vesti/svet/eve-kako-padna-eden-od-najgolemite-svetski-dileri-na-droga/ Thu, 21 Apr 2022 17:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=491927

Во Мексико уапсен е колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо, еден од најголемите светски дилери на дрога, информираше доцна синоќа полицискиот директор Хорхе Луис Варгас.

Заедно со мексиканските, британските и со американските власти, колумбиската полиција го лоцираше колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо – „Боликесо“ (Boliqueso) - објави тој на Твитер.

https://twitter.com/DirectorPolicia/status/1516917887952371712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516917887952371712%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Ffoto-video-uapsen-eden-od-najgolemite-svetski-dileri%2F

Жиралдо е однесен во Колумбија и информиран е за барањето за екстрадиција на САД.

„Боликесо“ ја контролирал трговијата на кокаинот кон Централна Америка, Европа, САД и кон Обединетите Арапски Емирати, според колумбиската полиција.

https://www.youtube.com/watch?v=vrzFjDAi4LU

Тој бил уапсен и претходно, во Бразил, во 2016 година, но Жиралдо е пуштен на слобода две години подоцна.

За разлика од познатиот наркобос Пабло Ескобар, кој сакаше да се пофали со своето богатство, Жиралдо припаѓа на генерација наркобосови, кои преферираат да останат незабележани, што е можно подолго време - пишува германската новинска агенција ДПА.

The post Еве како падна еден од најголемите светски дилери на дрога appeared first on Република.

]]>

Во Мексико уапсен е колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо, еден од најголемите светски дилери на дрога, информираше доцна синоќа полицискиот директор Хорхе Луис Варгас.
Заедно со мексиканските, британските и со американските власти, колумбиската полиција го лоцираше колумбискиот наркобос Едуард Жиралдо – „Боликесо“ (Boliqueso) - објави тој на Твитер.
https://twitter.com/DirectorPolicia/status/1516917887952371712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516917887952371712%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Ffoto-video-uapsen-eden-od-najgolemite-svetski-dileri%2F Жиралдо е однесен во Колумбија и информиран е за барањето за екстрадиција на САД. „Боликесо“ ја контролирал трговијата на кокаинот кон Централна Америка, Европа, САД и кон Обединетите Арапски Емирати, според колумбиската полиција. https://www.youtube.com/watch?v=vrzFjDAi4LU Тој бил уапсен и претходно, во Бразил, во 2016 година, но Жиралдо е пуштен на слобода две години подоцна.
За разлика од познатиот наркобос Пабло Ескобар, кој сакаше да се пофали со своето богатство, Жиралдо припаѓа на генерација наркобосови, кои преферираат да останат незабележани, што е можно подолго време - пишува германската новинска агенција ДПА.

The post Еве како падна еден од најголемите светски дилери на дрога appeared first on Република.

]]>
Полицаец и наркобос од Грчец, кој бил во куќен притвор, уапсени за оружениот грабеж на банката во Капиштец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policaec-i-narkobos-od-grchec-koj-bil-vo-kukjen-pritvor-uapseni-za-oruzeniot-grabez-na-bankata-vo-kapishtec/ Tue, 08 Mar 2022 17:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=469755

Еден полицаец од Сарај и еден неодамна фатен наркобос од Грчец со иницијали С.Б., кој требало да биде во куќен притвор, се приведени во полициска станица во Скопје во врска со вооружениот грабеж во „Уни банка“ во Капиштец, дознава „СДК.мк“. Двајцата осомничени се приведени од интервентната полиција на МВР.

Додека тие се во полициска станица, се проверуваат безбедносните камери во банката, за да се проверат сомневањата дека двете приведени лица имаат врска со грабежот.

Сомневањата произлегле од тоа што при контрола на нивното возило, во задниот дел биле најдени панцири, ракавици, дуксери со длабоки качулки и други предмети кои асоцирале на опрема за грабеж и насилство.

Како што пишува „сдк.мк“, С.Б. долго време бил недостапен на органите на прогонот, а кога бил фатен, тој од судија на претходна постапка од Основниот Кривичен суд, добил само куќен притвор. На барани криминалци со потерница, особено за дела од организиран криминал (шверц на дрога), досега во полициско-обвинителската пракса немало случај да им се дава поблага мерка – куќен притвор, туку право оделе во Шутка.

Грабежот се случи денеска во 12.35 часот. Во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало куршум. Повредени лица нема. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во врска со приведените наркобос и полицаец кој го возел, МВР нема коментар. Нема коментар за идентитети на приведените лица, а од МВР информираат само дека „има приведено две лица“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-pretresuvaat-site-vozila-megju-kapishtec-i-vodno-po-vooruzen-grabez-na-banka-vo-centar/

The post Полицаец и наркобос од Грчец, кој бил во куќен притвор, уапсени за оружениот грабеж на банката во Капиштец appeared first on Република.

]]>

Еден полицаец од Сарај и еден неодамна фатен наркобос од Грчец со иницијали С.Б., кој требало да биде во куќен притвор, се приведени во полициска станица во Скопје во врска со вооружениот грабеж во „Уни банка“ во Капиштец, дознава „СДК.мк“. Двајцата осомничени се приведени од интервентната полиција на МВР. Додека тие се во полициска станица, се проверуваат безбедносните камери во банката, за да се проверат сомневањата дека двете приведени лица имаат врска со грабежот. Сомневањата произлегле од тоа што при контрола на нивното возило, во задниот дел биле најдени панцири, ракавици, дуксери со длабоки качулки и други предмети кои асоцирале на опрема за грабеж и насилство.
Како што пишува „сдк.мк“, С.Б. долго време бил недостапен на органите на прогонот, а кога бил фатен, тој од судија на претходна постапка од Основниот Кривичен суд, добил само куќен притвор. На барани криминалци со потерница, особено за дела од организиран криминал (шверц на дрога), досега во полициско-обвинителската пракса немало случај да им се дава поблага мерка – куќен притвор, туку право оделе во Шутка.
Грабежот се случи денеска во 12.35 часот. Во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало куршум. Повредени лица нема. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во врска со приведените наркобос и полицаец кој го возел, МВР нема коментар. Нема коментар за идентитети на приведените лица, а од МВР информираат само дека „има приведено две лица“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-pretresuvaat-site-vozila-megju-kapishtec-i-vodno-po-vooruzen-grabez-na-banka-vo-centar/

The post Полицаец и наркобос од Грчец, кој бил во куќен притвор, уапсени за оружениот грабеж на банката во Капиштец appeared first on Република.

]]>
Мексиканскиот нарко крал „Ел Маро“ осуден на 60 години затвор за кражба на гориво https://republika.mk/vesti/svet/meksikanskiot-narko-kral-el-maro-osuden-na-60-godini-zatvor-za-krazba-na-gorivo/ Sat, 15 Jan 2022 17:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=445053

Еден од најбараните криминалци во Мексико и шеф на озлогласениот нарко картел, Хозе Антонио Јепез, попознат како „Ел Маро“, е осуден на 60 години затвор, соопшти синоќа Државното обвинителство.

„Ел Маро“ беше обвинет за организирана кражба на гориво и поттикнување на драстичното зголемување на насилството во централната држава Гванахуато, пренесува весникот „Торонто Сан“.

Државното обвинителство во Гуанахуато преку Твитер соопшти дека регионалниот суд „’Ел Маро’ и неговите соучесници и сторителите ги прогласи за виновни за киднапирања“.

Тој беше уапсен во 2020 година во голем напад врз мафијата и мексиканските картели, организиран од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Ел Маро“ беше на чело на картелот „Санта Роса де Лима“, со седиште во Гванахуато, кој во последните години интензивно води крвава војна со картелот „Нова генерација на Халиско“, еден од најмоќните и најкрвавите мексикански криминални кланови.

The post Мексиканскиот нарко крал „Ел Маро“ осуден на 60 години затвор за кражба на гориво appeared first on Република.

]]>

Еден од најбараните криминалци во Мексико и шеф на озлогласениот нарко картел, Хозе Антонио Јепез, попознат како „Ел Маро“, е осуден на 60 години затвор, соопшти синоќа Државното обвинителство. „Ел Маро“ беше обвинет за организирана кражба на гориво и поттикнување на драстичното зголемување на насилството во централната држава Гванахуато, пренесува весникот „Торонто Сан“. Државното обвинителство во Гуанахуато преку Твитер соопшти дека регионалниот суд „’Ел Маро’ и неговите соучесници и сторителите ги прогласи за виновни за киднапирања“. Тој беше уапсен во 2020 година во голем напад врз мафијата и мексиканските картели, организиран од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор. „Ел Маро“ беше на чело на картелот „Санта Роса де Лима“, со седиште во Гванахуато, кој во последните години интензивно води крвава војна со картелот „Нова генерација на Халиско“, еден од најмоќните и најкрвавите мексикански криминални кланови.

The post Мексиканскиот нарко крал „Ел Маро“ осуден на 60 години затвор за кражба на гориво appeared first on Република.

]]>