напуштена фабрика Archives - Република https://republika.mk/tema/napushtena-fabrika/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 13:49:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png напуштена фабрика Archives - Република https://republika.mk/tema/napushtena-fabrika/ 32 32 Сопственик го врзал кучето во напуштена фабрика во Скопје и го оставил без вода и храна https://republika.mk/vesti/skopje/sopstvenik-go-vrzal-kucheto-vo-napushtena-fabrika-vo-skopje-i-go-ostavil-bez-voda-i-hrana/ Tue, 31 Oct 2023 13:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=696714

Јавното претпријатие „Лајка“ објави свирепа и страшна приказна за животот на едно куче од раста германски овчар за кое сопственикот повеќе не сакал да се грижи, па во дванаврати го оставил на различни локации.

„Лајка“ по пријава на граѓани првично налетала на кучето на 18 октомври во општината Аеродром затекнувајќи го напуштено и без сопственик. По стандарната проверка се воспоставило дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19 октомври кучето било превземено од неговиот сопственик, кој си платил за заловувањето, во согласност со правилникот за работа на ЈП Лајка.

Сепак сагата на ова куче не завршува тука. Минатата недела, по пријава од граѓани дека има заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, екипите веднаш постапиле по пријавата. Кога пристигнале на посочената локација, го нашле истиот германски овчар, напуштен и врзан во фабриката.

Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе“, велат од „Лајка“.

Овојпат кучето останува со нив до негово вдомување, а случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

Од „Лајка“ велат дека состојбата на кучето не е најдобра, но се надеваат дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување.

The post Сопственик го врзал кучето во напуштена фабрика во Скопје и го оставил без вода и храна appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие „Лајка“ објави свирепа и страшна приказна за животот на едно куче од раста германски овчар за кое сопственикот повеќе не сакал да се грижи, па во дванаврати го оставил на различни локации. „Лајка“ по пријава на граѓани првично налетала на кучето на 18 октомври во општината Аеродром затекнувајќи го напуштено и без сопственик. По стандарната проверка се воспоставило дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19 октомври кучето било превземено од неговиот сопственик, кој си платил за заловувањето, во согласност со правилникот за работа на ЈП Лајка. Сепак сагата на ова куче не завршува тука. Минатата недела, по пријава од граѓани дека има заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, екипите веднаш постапиле по пријавата. Кога пристигнале на посочената локација, го нашле истиот германски овчар, напуштен и врзан во фабриката.
Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе“, велат од „Лајка“.
Овојпат кучето останува со нив до негово вдомување, а случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче. Од „Лајка“ велат дека состојбата на кучето не е најдобра, но се надеваат дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување.

The post Сопственик го врзал кучето во напуштена фабрика во Скопје и го оставил без вода и храна appeared first on Република.

]]>