напредок Archives - Република https://republika.mk/tema/napredok/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 09:20:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png напредок Archives - Република https://republika.mk/tema/napredok/ 32 32 Анкара: Годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција е неправеден и пристрасен https://republika.mk/vesti/svet/ankara-godishniot-izveshtaj-na-ek-za-napredokot-na-turtsija-e-nepraveden-i-pristrasen/ Thu, 09 Nov 2023 09:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=699790

Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција кон влезот во Европската унија е „нефер и пристрасен“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права и независноста на судството, пренесува Ројтерс.

Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правда и човекови права, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

ЕК изјави и дека Турција не ги почитува принципите на владеење на правото, човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот.

Турското министерство рече дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „неискреноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ.

Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година започнаа преговорите со ЕУ за членство.

Анкара ги отфрли критиките на ЕК во претходните години и ги нарече пристрасни, пренесува Танјуг.

The post Анкара: Годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција е неправеден и пристрасен appeared first on Република.

]]>

Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција кон влезот во Европската унија е „нефер и пристрасен“, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права и независноста на судството, пренесува Ројтерс. Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правда и човекови права, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. ЕК изјави и дека Турција не ги почитува принципите на владеење на правото, човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот. Турското министерство рече дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „неискреноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ. Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година започнаа преговорите со ЕУ за членство. Анкара ги отфрли критиките на ЕК во претходните години и ги нарече пристрасни, пренесува Танјуг.

The post Анкара: Годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција е неправеден и пристрасен appeared first on Република.

]]>
Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска https://republika.mk/vesti/makedonija/sedi-kets-za-prv-pat-nema-napredok-ostavete-gi-suetite-na-strana-povikuva-deskoska/ Thu, 09 Nov 2023 08:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=699754

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, утринава објави статус на социјалните мрежи во кој оценува дека за прв пат по неколку години извештајот на Европската комисија во делот на судството покажува дека „нема напредок“.

Како што објаснува професорката, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема.

Според Дескоска, за оваа област одговорни се Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година и дека таа оценка е објективна. Ова, според поранешната министерка, треба да го вклучи алармот во овие две институции.

Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас. Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не е случај во делот на судството, коментира Дескоска.

Таа предлага власта да ги мобилизира интелектуалните потенцијали во земјата за што побргу да се излезе од затекнатата ситуација.

И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја.

Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне.

Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!, пишува Дескоска.

The post Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, утринава објави статус на социјалните мрежи во кој оценува дека за прв пат по неколку години извештајот на Европската комисија во делот на судството покажува дека „нема напредок“. Како што објаснува професорката, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема. Според Дескоска, за оваа област одговорни се Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година и дека таа оценка е објективна. Ова, според поранешната министерка, треба да го вклучи алармот во овие две институции. Taa најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас. Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не е случај во делот на судството, коментира Дескоска. Таа предлага власта да ги мобилизира интелектуалните потенцијали во земјата за што побргу да се излезе од затекнатата ситуација. И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја. Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне. Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!, пишува Дескоска.

The post Седи кец: За прв пат нема напредок, оставете ги суетите на страна, повикува Дескоска appeared first on Република.

]]>