Наполеон торта Archives - Република https://republika.mk/tema/napoleon-torta/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Nov 2023 17:05:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наполеон торта Archives - Република https://republika.mk/tema/napoleon-torta/ 32 32 Брза и вкусна: Оваа торта беше најпопуларна меѓу нашите мајки и баби во Југославија https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/brza-i-vkusna-ovaa-torta-beshe-najpopularna-megu-nashite-majki-i-babi-vo-jugoslavija/ Wed, 08 Nov 2023 17:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=699620

Наполеон тортата може да се направи на повеќе начини, а има и солена варијанта. Полесната подготовка е онаа без печење, но штом ќе ја пробате оваа, едноставно нема да можете да и одолеете. Се редат слоеви крцкава кора, а одозгора се става кремаст фил кој наликува на кремпитите. Оваа торта е толку едноставна и најпопуларна во поранешна Југославија меѓу нашите мајки и баби.

Состојки

450 гр брашно
100 гр шеќер
25 гр путер
3 јајца
1 лажичка прашок за пециво
прстофат сол
700 мл млеко
2 јајца
100 гр шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
3 лажици брашно
100 гр путер

Подготовка:

Што влегува во кората за пита?

Во јајцата додадете шеќер и сол и изматете. Додадете го путерот и продолжете со матење, а потоа истурете го прашокот за пециво. Промешајте и постепено додавајте брашно и замесете тесто. Покријте и оставете да одмори 20 минути. Тестото посипете го со брашно, па исечете го на 9 дела. Секој од нив расукајте го колку што е можно потенко Печете во сува тава по 2 минути од секоја страна. Извадете го, па врз него ставете кружен сад и исечете го вишокот тесто за да добиете правилен круг. Остатокот од тестото изблендирајте го.

Како се подготвува филот?

Во јајцата додадете шеќер, ванилин шеќер, брашно и 3 лажици млеко. Изматете. Кога смесата ќе стане мазна, истурете го преостанатото млеко и измешајте. Гответе додека смесата не стане густа со постојано мешање. Покријте и оставете да се излади на собна температура. Изматете го путерот додека не се пени, па додадете го во филот и убаво измешајте со миксер.

https://www.youtube.com/watch?v=QwUDNU-V_M8

Еве како да ги распоредите слоевите за Наполеонова торта:

На чинијата намачкајте малку фил и ставете ја првата кора. Намачкајте го филот, па повторно кората и така додека не ги искористите сите состојки. На крајот, целата торта покријте ја со филот и посипете ги со издробеното тесто одозгора и рабовите. Ставете во фрижидер 6-7 часа.

Добар апетит

The post Брза и вкусна: Оваа торта беше најпопуларна меѓу нашите мајки и баби во Југославија appeared first on Република.

]]>

Наполеон тортата може да се направи на повеќе начини, а има и солена варијанта. Полесната подготовка е онаа без печење, но штом ќе ја пробате оваа, едноставно нема да можете да и одолеете. Се редат слоеви крцкава кора, а одозгора се става кремаст фил кој наликува на кремпитите. Оваа торта е толку едноставна и најпопуларна во поранешна Југославија меѓу нашите мајки и баби. Состојки 450 гр брашно 100 гр шеќер 25 гр путер 3 јајца 1 лажичка прашок за пециво прстофат сол 700 мл млеко 2 јајца 100 гр шеќер 1 лажичка ванилин шеќер 3 лажици брашно 100 гр путер Подготовка: Што влегува во кората за пита? Во јајцата додадете шеќер и сол и изматете. Додадете го путерот и продолжете со матење, а потоа истурете го прашокот за пециво. Промешајте и постепено додавајте брашно и замесете тесто. Покријте и оставете да одмори 20 минути. Тестото посипете го со брашно, па исечете го на 9 дела. Секој од нив расукајте го колку што е можно потенко Печете во сува тава по 2 минути од секоја страна. Извадете го, па врз него ставете кружен сад и исечете го вишокот тесто за да добиете правилен круг. Остатокот од тестото изблендирајте го. Како се подготвува филот? Во јајцата додадете шеќер, ванилин шеќер, брашно и 3 лажици млеко. Изматете. Кога смесата ќе стане мазна, истурете го преостанатото млеко и измешајте. Гответе додека смесата не стане густа со постојано мешање. Покријте и оставете да се излади на собна температура. Изматете го путерот додека не се пени, па додадете го во филот и убаво измешајте со миксер. https://www.youtube.com/watch?v=QwUDNU-V_M8 Еве како да ги распоредите слоевите за Наполеонова торта: На чинијата намачкајте малку фил и ставете ја првата кора. Намачкајте го филот, па повторно кората и така додека не ги искористите сите состојки. На крајот, целата торта покријте ја со филот и посипете ги со издробеното тесто одозгора и рабовите. Ставете во фрижидер 6-7 часа. Добар апетит

The post Брза и вкусна: Оваа торта беше најпопуларна меѓу нашите мајки и баби во Југославија appeared first on Република.

]]>