наплатна рампа Archives - Република https://republika.mk/tema/naplatna-rampa/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 06:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наплатна рампа Archives - Република https://republika.mk/tema/naplatna-rampa/ 32 32 Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово https://republika.mk/zivot/servisi/pochnuvaat-gradezhnite-raboti-na-naplatnata-stanitsa-glumovo/ Mon, 02 Oct 2023 06:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=686909

Од денеска ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта.

При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.

Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>

Од денеска ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци, соопштија од Јавното претпријатие за државни патишта. При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим. Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Почнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>
Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово https://republika.mk/zivot/servisi/od-ponedelnik-otpochnuvaat-gradezhnite-raboti-na-naplatnata-stanitsa-glumovo/ Fri, 29 Sep 2023 13:49:14 +0000 https://republika.mk/?p=686349

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци.

При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим.

Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта денеска информира дека од понеделник ќе отпочнат градежните и инсталатерски работи на наплатната станица Глумово. Градежните работи и реконструкцијата, предвидено е да звршат во рок од шест месеци. При извршувањето на градежните работи, како што е најавено, наплатната станица Глумово ќе биде во делумна функција и сообраќајот ќе се одвива со времен режим одобрен од МВР и од Министерството за транспорт и врски. Од ЈП за државни патишта апелираат на одговорно учество во сообраќајот и на почитување на времениот режим. Инаку, потсетуваат од Државни патишта, реконструкцијата се инвестира преку заем од ЕБОР во вредност од 948.261,21 EUR. Изведувач на работите е конзорциумот Аселсан Жикол, а надзор е Институтот за патишта, Дооел Велес. Кон крајот на месец октомври ќе отпочне реконструкцијата и на наплатна станица Желино.

The post Од понеделник отпочнуваат градежните работи на наплатната станица Глумово appeared first on Република.

]]>
На патарината кај Градско возач со „волво“ ја скршил рампата и побегнал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-patarinata-kaj-gradsko-vozach-so-volvo-ja-skrshil-rampata-i-pobegnal/ Sun, 30 Jul 2023 14:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=666995

Возач ја скршил металната рампа синоќа по полноќ на делницата од автопатот Градско-Велес.

Како што соопшти МВР, кај наплатна станица Градско, патничко моторно возило „волво“ ја скршило металната рампа од наплатната кабина, по што го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post На патарината кај Градско возач со „волво“ ја скршил рампата и побегнал appeared first on Република.

]]>

Возач ја скршил металната рампа синоќа по полноќ на делницата од автопатот Градско-Велес. Како што соопшти МВР, кај наплатна станица Градско, патничко моторно возило „волво“ ја скршило металната рампа од наплатната кабина, по што го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post На патарината кај Градско возач со „волво“ ја скршил рампата и побегнал appeared first on Република.

]]>
Пукање на наплатна рампа Гостивар-Тетово: Уапсени две лица и запленето поголемо количество марихуана https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-na-naplatna-rampa-gostivar-tetovo-uapseni-dve-litsa-i-zapleneto-pogolemo-kolichestvo-marihuana/ Sat, 17 Jun 2023 08:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=652386

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица – 31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама наркотична дрога марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, соопшти Јавото обвинителство.

The post Пукање на наплатна рампа Гостивар-Тетово: Уапсени две лица и запленето поголемо количество марихуана appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица – 31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама наркотична дрога марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.
Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета. Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, соопшти Јавото обвинителство.    

The post Пукање на наплатна рампа Гостивар-Тетово: Уапсени две лица и запленето поголемо количество марихуана appeared first on Република.

]]>
Повторно искршена наплатната рампа на тетовскиот паркинг https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povtorno-iskrshena-naplatnata-rampa-na-tetovskiot-parking/ Mon, 11 Jul 2022 13:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=527047

Оштетена е една наплатна рампа на паркингот кај зелениот пазар, дел од затворените паркинзи на „Градски паркинг“ Тетово, информираат од претријатието. Втор пат се случува инфраструктурата од паркинзите да биде оштетена за време на празници кога паркингот не е во функција.

Непознати сторители ја оштетиле наплатната рампа на паркингот кај зелениот пазар во Тетово. Ова се случува втор пат за време на празник, после вандализмот на паркингот кај О.У. „Лирија” кој се случи за време на Рамазан Бајрам. Повторно апелираме до граѓаните да се однесуваат пристојно и да ги чуваат јавните објекти и опрема.Ваквото однесување дава грда слика и не му прилега на нашиот град. Да бидеме совесни и одговорни, информираа од ЈП „Градски паркинг“.

Од таму додаваат дека и случајот е пријавен во полиција.

The post Повторно искршена наплатната рампа на тетовскиот паркинг appeared first on Република.

Голема материјална штета на патарината во изградба Кадрифаково, се пролонгира пуштањето во употреба https://republika.mk/zivot/servisi/golema-materijalna-shteta-na-patarinata-vo-izgradba-kadrifakovo-se-prolongira-pushtanjeto-vo-upotreba/ Fri, 04 Mar 2022 11:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=467724

Една наплатна кабина е целосно оштетена, две соседни делумно, а уништена е и опрема на наплатната станица Кадрифаково во изградба на автопатот Штип-Миладиновци во сообраќајната несреќа што се случи изутрината откако во патарината удри и се преврте камион.

Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета. Во моментов, информираат за МИА од ЈПДП, стручни екипи на изведувачот вршат проценка на предизвиканата штета, а засега не може да се предвиди за колку време ќе биде пролонгирано нејзиното пуштање во употреба предвидено претходно за почетокот на април годинава.

Во незгодата во целост е оштетена една наплатна кабина и има делумно оштетување на две соседни кабини. Од ударот во кабината предизвикано е оштетување и на опремата на Наплатната станица, односно на самите ленти на кои се поставени наплатните ленти. Конкретно, целосно се оштетени две автоматски бариери – задни рампи, а исто така целосно се оштетени два линиски контролери. Има и оштетувања на друга поставена опрема, како држачи, столпчиња и слично, информира ЈПДП.

Засега не можат да предвидат за колку време ќе се пролонгира пуштањето во употреба на патарината, која беше во завршна фаза на изведување и требаше да биде пуштена во април.

Изградбата на Наплатна станица Кадрифаково беше во завршна фаза на изведување и требаше да се пушти во употреба во април. Со причинетата штета ќе се направи непланирано одложување на пуштањето во употреба од причина што целосно оштетените делови ќе мора да се заменат со нови. За колкав временски период ќе се пролонгира отворањето на наплатната станица во овој момент не можеме со сигурност да предвивиме се додека не добиеме целосна информација за предизвиканата штета, наведуваат од ЈПДП.

Оттаму апелираат до учесниците во сообраќајот да се придржуваат до посебниот режим на сообраќај на патниот правец Миладиновци-Штип воведен поради градежните работи, да ги почитуваат знаците со предупредување, поставените пластични бариери за пренасочување на сообраќајот, како и поставените сообраќајни знаци со ограничување на дозволена брзина на движење од 20 километри на час.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, претходно информираше дека возачот не е повреден, како и дека нивна екипа ќе изврши увид.

На автопатот Миладиновци-Штип во тек е изградба се две нови патарини, покрај Кадрифаково и таа кај Преод, а требаше да бидат готови до крајот на месецов.

The post Голема материјална штета на патарината во изградба Кадрифаково, се пролонгира пуштањето во употреба appeared first on Република.

]]>

Една наплатна кабина е целосно оштетена, две соседни делумно, а уништена е и опрема на наплатната станица Кадрифаково во изградба на автопатот Штип-Миладиновци во сообраќајната несреќа што се случи изутрината откако во патарината удри и се преврте камион. Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета. Во моментов, информираат за МИА од ЈПДП, стручни екипи на изведувачот вршат проценка на предизвиканата штета, а засега не може да се предвиди за колку време ќе биде пролонгирано нејзиното пуштање во употреба предвидено претходно за почетокот на април годинава. Во незгодата во целост е оштетена една наплатна кабина и има делумно оштетување на две соседни кабини. Од ударот во кабината предизвикано е оштетување и на опремата на Наплатната станица, односно на самите ленти на кои се поставени наплатните ленти. Конкретно, целосно се оштетени две автоматски бариери – задни рампи, а исто така целосно се оштетени два линиски контролери. Има и оштетувања на друга поставена опрема, како држачи, столпчиња и слично, информира ЈПДП. Засега не можат да предвидат за колку време ќе се пролонгира пуштањето во употреба на патарината, која беше во завршна фаза на изведување и требаше да биде пуштена во април. Изградбата на Наплатна станица Кадрифаково беше во завршна фаза на изведување и требаше да се пушти во употреба во април. Со причинетата штета ќе се направи непланирано одложување на пуштањето во употреба од причина што целосно оштетените делови ќе мора да се заменат со нови. За колкав временски период ќе се пролонгира отворањето на наплатната станица во овој момент не можеме со сигурност да предвивиме се додека не добиеме целосна информација за предизвиканата штета, наведуваат од ЈПДП. Оттаму апелираат до учесниците во сообраќајот да се придржуваат до посебниот режим на сообраќај на патниот правец Миладиновци-Штип воведен поради градежните работи, да ги почитуваат знаците со предупредување, поставените пластични бариери за пренасочување на сообраќајот, како и поставените сообраќајни знаци со ограничување на дозволена брзина на движење од 20 километри на час. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, претходно информираше дека возачот не е повреден, како и дека нивна екипа ќе изврши увид. На автопатот Миладиновци-Штип во тек е изградба се две нови патарини, покрај Кадрифаково и таа кај Преод, а требаше да бидат готови до крајот на месецов.

The post Голема материјална штета на патарината во изградба Кадрифаково, се пролонгира пуштањето во употреба appeared first on Република.

]]>