напад Archives - Република https://republika.mk/tema/napad/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 14:43:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png напад Archives - Република https://republika.mk/tema/napad/ 32 32 Почна: Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS – погодено складиште во Карачев https://republika.mk/vesti/svet/pochna-ukraina-ja-napadna-rusija-so-amerikanski-raketi-atacms-pogodeno-skladishte-vo-karachev/ Tue, 19 Nov 2024 11:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=839573

Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници.

Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион.

Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдија за РБЦ Украина дека нападот бил извршен со ракетите АТАКМС.

Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија.

Извештаите за нападот се појавија само неколку минути откако Кремљ се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел.

„Руската Федерација го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа со конвенционално оружје“, изјави утринава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава дојде откако Владимир Путин ја одобри ажурираната нуклеарна доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје доколку територијата на Русија е загрозена од ненуклеарна нација поддржана од нуклеарна сила.

Според оваа доктрина, заканите кои би го поттикнале руското раководство да размисли за нуклеарен напад вклучуваат напади со конвенционални ракети, беспилотни летала или други авиони.

The post Почна: Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS – погодено складиште во Карачев appeared first on Република.

]]>

Украинските сили го одбележаа 1.000-от ден од војната во Украина, со изведување на првиот напад на руска територија со американските ракети со долг дострел, соопштија утрово украинските воени претставници. Голема експлозија го осветли ноќеска небото на околу 124 километри од најблиската украинска граница, во складиште за муниција во Карачев, во рускиот Брјански регион. Очевидци и руски воени блогери објавија дека складиштето било погодено со проектили, а украинските воени претставници подоцна потврдија за РБЦ Украина дека нападот бил извршен со ракетите АТАКМС. Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и даде зелено светло на Украина да користи западно оружје на руска територија. Извештаите за нападот се појавија само неколку минути откако Кремљ се закани со „нуклеарен одговор“ доколку Украина нападне цели на руска територија користејќи западно оружје со долг дострел. „Руската Федерација го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа со конвенционално оружје“, изјави утринава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговата изјава дојде откако Владимир Путин ја одобри ажурираната нуклеарна доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје доколку територијата на Русија е загрозена од ненуклеарна нација поддржана од нуклеарна сила. Според оваа доктрина, заканите кои би го поттикнале руското раководство да размисли за нуклеарен напад вклучуваат напади со конвенционални ракети, беспилотни летала или други авиони.

The post Почна: Украина ја нападна Русија со американски ракети ATACMS – погодено складиште во Карачев appeared first on Република.

]]>
Одмаздата почна: Русија изврши серија жестоки напади врз Украина https://republika.mk/vesti/svet/odmazdata-pochna-rusija-izvrshi-serija-zhestoki-napadi-vrz-ukraina/ Tue, 19 Nov 2024 10:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=839534

Во руски напади низ Украина загинаа најмалку 25 лица, а најмалку 79 беа повредени во текот на изминатиот ден, а меѓу жртвите има деца и полицајци, објавија регионалните власти на 19 ноември, соопшти Киев индепендент.

Руските сили извршија балистички ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на 18 ноември, при што загинаа најмалку 10 лица, а 55 беа повредени.

Меѓу жртвите се седум полицајци, еден лекар и двајца цивили. Меѓу повредените има најмалку 14 полициски службеници и четири деца, од кои две на возраст од 7, 10 и две деца на возраст од 11 години.

Во напад со руски беспилотни летала, во Сумиската област, доцна на 18 ноември, загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца, објави Државната служба за итни случаи на 19 ноември.

Нападот со беспилотно летало погоди зграда на студентски дом на образовна институција во градот Хлухив, околу 23:20 часот по локално време, соопштија властите. Повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините.

Во селото Хоптивка во Харковската област, руски напади повредија 52-годишен маж и 59-годишна жена, објави гувернерот на Харковската област Олех Синиехубов на својот канал на Телеграм.

Во Доњецката област во руски напади загинаа три лица, а седум беа повредени, објави гувернерот Вадим Филашкин на својот канал Телеграм.

Во Керсонската област беа нападнати десетици села и градот Керсон, при што две лица загинаа, а две беа повредени, изјави гувернерот Олександр Прокудин.

Русија лансираше најмалку 87 беспилотни летала во текот на ноќта, од кои украинската воздушна одбрана собори 51 во девет региони, соопшти Военото воздухопловство.

The post Одмаздата почна: Русија изврши серија жестоки напади врз Украина appeared first on Република.

]]>

Во руски напади низ Украина загинаа најмалку 25 лица, а најмалку 79 беа повредени во текот на изминатиот ден, а меѓу жртвите има деца и полицајци, објавија регионалните власти на 19 ноември, соопшти Киев индепендент. Руските сили извршија балистички ракетен напад врз пристанишниот град Одеса на 18 ноември, при што загинаа најмалку 10 лица, а 55 беа повредени. Меѓу жртвите се седум полицајци, еден лекар и двајца цивили. Меѓу повредените има најмалку 14 полициски службеници и четири деца, од кои две на возраст од 7, 10 и две деца на возраст од 11 години. Во напад со руски беспилотни летала, во Сумиската област, доцна на 18 ноември, загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, а беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца, објави Државната служба за итни случаи на 19 ноември. Нападот со беспилотно летало погоди зграда на студентски дом на образовна институција во градот Хлухив, околу 23:20 часот по локално време, соопштија властите. Повеќе луѓе може да останат заробени под урнатините. Во селото Хоптивка во Харковската област, руски напади повредија 52-годишен маж и 59-годишна жена, објави гувернерот на Харковската област Олех Синиехубов на својот канал на Телеграм. Во Доњецката област во руски напади загинаа три лица, а седум беа повредени, објави гувернерот Вадим Филашкин на својот канал Телеграм. Во Керсонската област беа нападнати десетици села и градот Керсон, при што две лица загинаа, а две беа повредени, изјави гувернерот Олександр Прокудин. Русија лансираше најмалку 87 беспилотни летала во текот на ноќта, од кои украинската воздушна одбрана собори 51 во девет региони, соопшти Военото воздухопловство.

The post Одмаздата почна: Русија изврши серија жестоки напади врз Украина appeared first on Република.

]]>
Жесток напад на Русија врз Одеса, има мртви и повредени https://republika.mk/vesti/svet/zhestok-napad-na-rusija-vrz-odesa-ima-mrtvi-i-povredeni/ Mon, 18 Nov 2024 14:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=839256

Нападот во Одеса покажува дека Русија е заинтересирана само за војна и дека земјите-членки на Г20 – кои моментално се состануваат на самитот во Рио треба да го земат предвид тоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ракетниот напад оштети неколку згради во станбениот дел на југозападниот град, при што загинаа најмалку осум лица, а најмалку 18 беа повредени, рече Зеленски.

Реагирајќи на Телеграм, тој изрази сочувство до погодените, а потоа рече: „Ова не се случајни удари – тоа се целни напади“. „Русија покажува кој е нејзиниот вистински интерес: само војна.

The post Жесток напад на Русија врз Одеса, има мртви и повредени appeared first on Република.

]]>

Нападот во Одеса покажува дека Русија е заинтересирана само за војна и дека земјите-членки на Г20 – кои моментално се состануваат на самитот во Рио треба да го земат предвид тоа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ракетниот напад оштети неколку згради во станбениот дел на југозападниот град, при што загинаа најмалку осум лица, а најмалку 18 беа повредени, рече Зеленски. Реагирајќи на Телеграм, тој изрази сочувство до погодените, а потоа рече: „Ова не се случајни удари – тоа се целни напади“. „Русија покажува кој е нејзиниот вистински интерес: само војна.

The post Жесток напад на Русија врз Одеса, има мртви и повредени appeared first on Република.

]]>
Скопјанец пријавил дека наставник го нападнал син му на час https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-prijavil-deka-nastavnik-go-napadnal-sin-mu-na-chas/ Tue, 12 Nov 2024 15:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=836896

На 11.11.2024 во 09:50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Скопјанец пријавил дека наставник го нападнал син му на час appeared first on Република.

]]>

На 11.11.2024 во 09:50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Скопјанец пријавил дека наставник го нападнал син му на час appeared first on Република.

]]>
Човек незадоволен од разводот влетал со џип во толпа луѓе – најмалку 35 мртви https://republika.mk/vesti/svet/chovek-nezadovolen-od-razvodot-vletal-so-dhip-vo-tolpa-luge-najmalku-35-mrtvi/ Tue, 12 Nov 2024 13:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=836793

Маж (62) намерно го насочи својот автомобил кон толпа луѓе, усмртувајќи 35 и повредувајќи дополнителни 43 лица, соопштија денеска безбедносните служби во јужниот кинески град Џухаи.

Во нападот, кој се случил синоќа, мажот користел мал теренски автомобил за да пробие низ вратите на спортскиот центар и да влета меѓу луѓето кои вежбале таму.

Возачот бил приведен од полицијата додека се обидувал да побегне, се наведува во извештаите. Тој себеси се повредил сериозно со нож и паднал во кома, соопштија безбедносните власти.

Прелиминарните истраги покажале дека возачот бил незадоволен од поделбата на имотот по разводот, што го натерало на нападот.

Претседателот Си Џинпинг изрази шок.

Мораме строго да го казниме убиецот во согласност со законот, изјави тој, пренесува државната новинска агенција Синхуа.

Веднаш по инцидентот, државните медиуми известија дека има повеќе повредени. Првично немаше понатамошни извештаи. Медиумските написи и објавите на социјалните мрежи подоцна беа избришани од државните цензори. Смртните случаи и повредите се потврдени повеќе од еден ден подоцна.

https://youtu.be/Q-DCBW6X_Ps?si=BdCwEpnVcKjwKXuZ

Во Џухаи моментално се одржува меѓународен саем за авијација и аеронаутика. Кинеските цензори често се на повисоко ниво на внимателност за време на вакви големи настани.

The post Човек незадоволен од разводот влетал со џип во толпа луѓе – најмалку 35 мртви appeared first on Република.

]]>

Маж (62) намерно го насочи својот автомобил кон толпа луѓе, усмртувајќи 35 и повредувајќи дополнителни 43 лица, соопштија денеска безбедносните служби во јужниот кинески град Џухаи. Во нападот, кој се случил синоќа, мажот користел мал теренски автомобил за да пробие низ вратите на спортскиот центар и да влета меѓу луѓето кои вежбале таму. Возачот бил приведен од полицијата додека се обидувал да побегне, се наведува во извештаите. Тој себеси се повредил сериозно со нож и паднал во кома, соопштија безбедносните власти. Прелиминарните истраги покажале дека возачот бил незадоволен од поделбата на имотот по разводот, што го натерало на нападот. Претседателот Си Џинпинг изрази шок.
Мораме строго да го казниме убиецот во согласност со законот, изјави тој, пренесува државната новинска агенција Синхуа.
Веднаш по инцидентот, државните медиуми известија дека има повеќе повредени. Првично немаше понатамошни извештаи. Медиумските написи и објавите на социјалните мрежи подоцна беа избришани од државните цензори. Смртните случаи и повредите се потврдени повеќе од еден ден подоцна. https://youtu.be/Q-DCBW6X_Ps?si=BdCwEpnVcKjwKXuZ Во Џухаи моментално се одржува меѓународен саем за авијација и аеронаутика. Кинеските цензори често се на повисоко ниво на внимателност за време на вакви големи настани.

The post Човек незадоволен од разводот влетал со џип во толпа луѓе – најмалку 35 мртви appeared first on Република.

]]>
Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-sinoka-beshe-napadnata-so-rekordni-145-ruski-dronovi-soopshti-zelenski/ Sun, 10 Nov 2024 18:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=836162

Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата.

Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови на 18 октомври. Тие прецизираа дека 67 дронови исчезнале од радарите, а други влегле во воздушниот простор на соседите на Украина, Белорусија и Молдавија, јави ДПА.

Најпогоден е црноморскиот град Одеса, каде се оштетени домови, продавници, автомобили и гаражи, соопштија украинските власти. Пријавени се и повредени, без да се наведат детали.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека рано утрово одбило 70 напади со украински дронови, од кои 34 биле пресретнати во московскиот регион. Една жена се здобила со изгореници откако остатоци од соборен дрон паднале врз нејзината куќа По неколку часа прекин, главните аеродроми во Москва повторно работат.

The post Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски appeared first on Република.

]]>

Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х. Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата. Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови на 18 октомври. Тие прецизираа дека 67 дронови исчезнале од радарите, а други влегле во воздушниот простор на соседите на Украина, Белорусија и Молдавија, јави ДПА. Најпогоден е црноморскиот град Одеса, каде се оштетени домови, продавници, автомобили и гаражи, соопштија украинските власти. Пријавени се и повредени, без да се наведат детали. Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека рано утрово одбило 70 напади со украински дронови, од кои 34 биле пресретнати во московскиот регион. Една жена се здобила со изгореници откако остатоци од соборен дрон паднале врз нејзината куќа По неколку часа прекин, главните аеродроми во Москва повторно работат.

The post Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски appeared first on Република.

]]>
Украина удри на Москва со дронови: По најголемиот напад врз руската престолнина, затворени аеродромите https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-udri-na-moskva-so-dronovi-po-najgolemiot-napad-vrz-ruskata-prestolnina-zatvoreni-aerodromite/ Sun, 10 Nov 2024 08:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=835994

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега ваков најголем украински напад врз руската престолнина.

Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во рускиот главен град.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 22 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.

– Во тек е масовен напад – рече тој.

Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители.

– Според првичните информации, нема штета или жртви на местата каде паднале остатоците. Итната помош се на местото на настанот – додаде тој.

Русите тврдат дека уништиле поголем дел од беспилотните летала.


Областа Раменское, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 дронови.

Руската федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“, на каналот Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“.

Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалиле неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија утринава регионалните гувернери.


Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брјанск.

Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало.

Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктура клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот руски напад на украинска територија.

The post Украина удри на Москва со дронови: По најголемиот напад врз руската престолнина, затворени аеродромите appeared first on Република.

]]>

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега ваков најголем украински напад врз руската престолнина. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во рускиот главен град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 22 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва. – Во тек е масовен напад – рече тој. Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители. – Според првичните информации, нема штета или жртви на местата каде паднале остатоците. Итната помош се на местото на настанот – додаде тој. Русите тврдат дека уништиле поголем дел од беспилотните летала. Областа Раменское, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 дронови. Руската федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“, на каналот Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“. Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалиле неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија утринава регионалните гувернери. Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брјанск. Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало. Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктура клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот руски напад на украинска територија.

The post Украина удри на Москва со дронови: По најголемиот напад врз руската престолнина, затворени аеродромите appeared first on Република.

]]>
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса https://republika.mk/vesti/svet/edno-litse-zagina-13-se-povredeni-vo-napad-na-ruski-dron-vrz-odesa/ Sat, 09 Nov 2024 11:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=835837

Едно лице загина, а 13 се повредени, меѓу кои и две деца, во напад на руски дронови во текот на ноќта во Одеса, јужна Украина, соопшти регионалното обвинителство.

Обвинителството на каналот Телеграм соопшти дека руските сили во текот на ноќта извршиле масовен напад со беспилотни летала врз Одеса и нејзините предградија.

Нагласено е дека во нападот биле оштетени згради во два станбени комплекса, приватни куќи, магацини на приватна фирма и автомобили на граѓани, пренесе Укринформ

The post Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а 13 се повредени, меѓу кои и две деца, во напад на руски дронови во текот на ноќта во Одеса, јужна Украина, соопшти регионалното обвинителство. Обвинителството на каналот Телеграм соопшти дека руските сили во текот на ноќта извршиле масовен напад со беспилотни летала врз Одеса и нејзините предградија. Нагласено е дека во нападот биле оштетени згради во два станбени комплекса, приватни куќи, магацини на приватна фирма и автомобили на граѓани, пренесе Укринформ

The post Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса appeared first on Република.

]]>
Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-29-palestintsi-zaginaa-vo-izraelski-napadi-niz-pojasot-gaza/ Tue, 05 Nov 2024 09:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=834265

Најмалку 29 Палестинци беа убиени рано утринава во израелски воздушни напади врз кампови во кои се сместени раселените лица во неколку области во Појасот Газа, вклучувајќи ги Беит Лахија, Деир ал Балах и градот Ал-Заваида, објавија палестинските медиуми.

Се прецизира дека 20 лица се убиени во напад на куќа во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа, а две лица се убиени во напад на бегалски камп во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата.

Во нападот на кампот во Ал-Заваида загинаа четири лица, додека неколку други се повредени.

The post Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Најмалку 29 Палестинци беа убиени рано утринава во израелски воздушни напади врз кампови во кои се сместени раселените лица во неколку области во Појасот Газа, вклучувајќи ги Беит Лахија, Деир ал Балах и градот Ал-Заваида, објавија палестинските медиуми. Се прецизира дека 20 лица се убиени во напад на куќа во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа, а две лица се убиени во напад на бегалски камп во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата. Во нападот на кампот во Ал-Заваида загинаа четири лица, додека неколку други се повредени.

The post Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Случајно пукал во себе: Ловџија загина бранејќи го синот од дива свиња https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sluchajno-pukal-vo-sebe-lovdhija-zagina-branejki-go-sinot-od-diva-svina/ Tue, 05 Nov 2024 08:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=834236

Ловџијата Иван Камчев починал во несреќен случај, објави локалната штипска телевизија ТВ Стар. Во паника, за да го одбрани детето од напад од дива свиња дива свиња, си пукал во себе.

31-годишникот во атарот на селата Лесковица и Пиперово, според неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112 , несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите.

При пукањето тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната мрдицинска помош е констатирана смрт. Оваа верзија на настанот ја утврдуваат полицијата и обвинитеството.

The post Случајно пукал во себе: Ловџија загина бранејќи го синот од дива свиња appeared first on Република.

]]>

Ловџијата Иван Камчев починал во несреќен случај, објави локалната штипска телевизија ТВ Стар. Во паника, за да го одбрани детето од напад од дива свиња дива свиња, си пукал во себе. 31-годишникот во атарот на селата Лесковица и Пиперово, според неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112 , несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите. При пукањето тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната мрдицинска помош е констатирана смрт. Оваа верзија на настанот ја утврдуваат полицијата и обвинитеството.

The post Случајно пукал во себе: Ловџија загина бранејќи го синот од дива свиња appeared first on Република.

]]>
Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста, тврдат дека ги нападнало обезбедувањето https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-pred-diskoteka-vo-skopje-momche-zavrshi-so-dupnata-glava-a-negovata-devojka-so-rastsepena-usta-tvrdat-deka-gi-napadnalo-obezbeduvaneto/ Fri, 01 Nov 2024 18:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=833271

Инцидент се случил синоќа пред дискотека во Скопје, кога 20-годишно момче завршило со дупната глава, а на неговата девојка, исто така 20 години, и била расцепена устата. Тие тврдат дека ги нападнало обезбедувањето на дискотеката која се наоѓа во центарот на градот.

Вечерта биле во болница, каде што им биле третирани раните, а случајот е пријавен во полиција.

Нападнатата девојка за „Фактор“ вели дека на ниту еден начин не придонеле за да бидат нападнати. Вели дека само затоа што нејзното момче зборувало со хостесата, човекот од обезбедувањето ги нападнал.

Сите тројца беа на возраст од околу 25/26 години, едниот од нив прво го удри момчето, па мене, но јас откако бев удрена не можев да помогнам“, вели таа. Потоа, како што вели, уште двајца од обезбедувањето му се фрлиле на момчето.

Вели дека откако повикале полиција, напаѓачите избегале. Според неа биле вратари во дискотеката.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека „денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

 

The post Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста, тврдат дека ги нападнало обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

Инцидент се случил синоќа пред дискотека во Скопје, кога 20-годишно момче завршило со дупната глава, а на неговата девојка, исто така 20 години, и била расцепена устата. Тие тврдат дека ги нападнало обезбедувањето на дискотеката која се наоѓа во центарот на градот.

Вечерта биле во болница, каде што им биле третирани раните, а случајот е пријавен во полиција.

Нападнатата девојка за „Фактор“ вели дека на ниту еден начин не придонеле за да бидат нападнати. Вели дека само затоа што нејзното момче зборувало со хостесата, човекот од обезбедувањето ги нападнал.

Сите тројца беа на возраст од околу 25/26 години, едниот од нив прво го удри момчето, па мене, но јас откако бев удрена не можев да помогнам“, вели таа. Потоа, како што вели, уште двајца од обезбедувањето му се фрлиле на момчето.

Вели дека откако повикале полиција, напаѓачите избегале. Според неа биле вратари во дискотеката.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека „денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

 

The post Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста, тврдат дека ги нападнало обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Напади врз мировниците на ОН е кршење на меѓународното право https://republika.mk/vesti/svet/eu-napadi-vrz-mirovnitsite-na-on-e-krshene-na-megunarodnoto-pravo/ Wed, 30 Oct 2024 08:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=832305

Европската Унија го осуди вчерашниот ракетен напад врз припадниците на Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ), најверојатно извршен од движењето Хезболах или милитантна група поврзана со него, при кој беа ранети осуммина австриски мировници.

Нападите врз мировниците на ОН претставуваат кршење на меѓународното право и се целосно неприфатливи, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во името на Европската Унија.

Во изјавата се додава дека ЕУ го повторува својот повик до сите страни целосно да ги почитуваат обврските за гарантирање на сигурноста и безбедноста на персоналот на ОН во секое време.

ЕУ ја реафирмира својата непоколеблива поддршка на улогата на УНИФИЛ, додава Борел во изјавата.

The post ЕУ: Напади врз мировниците на ОН е кршење на меѓународното право appeared first on Република.

]]>

Европската Унија го осуди вчерашниот ракетен напад врз припадниците на Мисијата на ОН во Либан (УНИФИЛ), најверојатно извршен од движењето Хезболах или милитантна група поврзана со него, при кој беа ранети осуммина австриски мировници. Нападите врз мировниците на ОН претставуваат кршење на меѓународното право и се целосно неприфатливи, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел упатена во името на Европската Унија. Во изјавата се додава дека ЕУ го повторува својот повик до сите страни целосно да ги почитуваат обврските за гарантирање на сигурноста и безбедноста на персоналот на ОН во секое време. ЕУ ја реафирмира својата непоколеблива поддршка на улогата на УНИФИЛ, додава Борел во изјавата.

The post ЕУ: Напади врз мировниците на ОН е кршење на меѓународното право appeared first on Република.

]]>
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/momche-prijavilo-napad-i-povreda-so-ostar-predmet-vo-karposh-priveden-maloletnik/ Sat, 26 Oct 2024 15:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=831286

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т., на возраст од 19 години од скопско. Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица – Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

The post Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т., на возраст од 19 години од скопско. Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица – Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, појаснуваат од МВР.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

The post Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник appeared first on Република.

]]>
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив https://republika.mk/vesti/svet/hezbolah-ja-prezede-odgovornosta-za-napadot-so-dron-vrz-bazata-na-izraelskite-vozduhoplovni-sili-vo-blizina-na-tel-aviv/ Sat, 26 Oct 2024 13:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=831266

Либанското движење „Хезболах“ денеска соопшти дека извршило напад со дрон врз израелската воздушна база „Тел Ноф“ јужно од Тел Авив.

Движењето тврди дека секојдневно напаѓа воени бази во Израел, а денеска групата објави дека извршила „воздушен напад со беспилотни летала“ врз базата Тел Ноф.

Хезболах, исто така, соопшти дека ја гранатирал израелска разузнавачка база во близина на северниот израелски град Сафед. Во соопштението, исламистичкото движење соопшти дека истрелало ракети врз базата Меишар, која ја опиша како „разузнавачки штаб за северниот регион“.

Групата, исто така, соопшти дека истрелала ракети врз израелските војници во јужен Либан, во близина на пограничното село Аита ал-Шааб - еден од насоките од кои израелската армија се обидува да продолжи со своите копнени упади во соседната земја.

The post Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Либанското движење „Хезболах“ денеска соопшти дека извршило напад со дрон врз израелската воздушна база „Тел Ноф“ јужно од Тел Авив. Движењето тврди дека секојдневно напаѓа воени бази во Израел, а денеска групата објави дека извршила „воздушен напад со беспилотни летала“ врз базата Тел Ноф. Хезболах, исто така, соопшти дека ја гранатирал израелска разузнавачка база во близина на северниот израелски град Сафед. Во соопштението, исламистичкото движење соопшти дека истрелало ракети врз базата Меишар, која ја опиша како „разузнавачки штаб за северниот регион“. Групата, исто така, соопшти дека истрелала ракети врз израелските војници во јужен Либан, во близина на пограничното село Аита ал-Шааб - еден од насоките од кои израелската армија се обидува да продолжи со своите копнени упади во соседната земја.

The post Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со дрон врз базата на израелските воздухопловни сили во близина на Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија https://republika.mk/vesti/svet/turtsija-gi-napadna-pozitsiite-na-pkk-vo-irak-i-sirija/ Thu, 24 Oct 2024 06:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=830369

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.

ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

The post Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.
Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.
Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.
ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација. ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

The post Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија appeared first on Република.

]]>
Израел ја нападна и Сирија https://republika.mk/vesti/svet/izrael-ja-napadna-i-sirija/ Thu, 24 Oct 2024 06:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=830361

Израел рано утринава изврши напади врз сирискиот главен град Дамаск, јавија сириските државни медиуми.

Експлозии се слушнаа над градот откако Израел нападна станбена зграда во областа Кафр Соуса, во центарот на Дамаск, објави државната новинска агенција САНА.

Засега нема извештаи за жртви, а Израел вобичаено не ги коментира конкретните извештаи за напади во Сирија.

Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но ги засили нападите по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас минатата година.

The post Израел ја нападна и Сирија appeared first on Република.

]]>

Израел рано утринава изврши напади врз сирискиот главен град Дамаск, јавија сириските државни медиуми. Експлозии се слушнаа над градот откако Израел нападна станбена зграда во областа Кафр Соуса, во центарот на Дамаск, објави државната новинска агенција САНА. Засега нема извештаи за жртви, а Израел вобичаено не ги коментира конкретните извештаи за напади во Сирија. Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но ги засили нападите по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас минатата година.

The post Израел ја нападна и Сирија appeared first on Република.

]]>
80-годишен татко нападнат од својата ќерка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/80-godishen-tatko-napadnat-od-svojata-kerka/ Mon, 21 Oct 2024 16:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=829537

На 20.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом во скопско, 80 – годишен маж бил нападнат од својата ќерка М.М.(48), информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post 80-годишен татко нападнат од својата ќерка appeared first on Република.

]]>

На 20.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом во скопско, 80 – годишен маж бил нападнат од својата ќерка М.М.(48), информира МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post 80-годишен татко нападнат од својата ќерка appeared first on Република.

]]>
Млади скопјани нападнати од обезбедувањето во угостителски објект во Аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mladi-skopjani-napadnati-od-obezbeduvaneto-vo-ugostitelski-objekt-vo-aerodrom/ Mon, 21 Oct 2024 15:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=829524

К.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 1 часот по полноќ претходната вечер, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот другар Н.С. биле физички нападнати од неколку лица вработени како обезбедување во објектот, кои му одзеле и лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

The post Млади скопјани нападнати од обезбедувањето во угостителски објект во Аеродром appeared first on Република.

]]>

К.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 1 часот по полноќ претходната вечер, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот другар Н.С. биле физички нападнати од неколку лица вработени како обезбедување во објектот, кои му одзеле и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

The post Млади скопјани нападнати од обезбедувањето во угостителски објект во Аеродром appeared first on Република.

]]>
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран https://republika.mk/vesti/svet/sad-go-istrazhuvaat-protekuvaneto-na-strogo-tajni-dokumenti-so-detali-za-izraelskite-planovi-za-napad-na-iran/ Sun, 20 Oct 2024 17:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=829215

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

 

The post САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран appeared first on Република.

]]>

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон. Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела. Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци. Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој. „Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник. Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран. Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.  

The post САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран appeared first on Република.

]]>
Маскирани украински националисти со пиштоли и палки упаднаа во православна црква во Черкаси и ги нападнаа верниците https://republika.mk/vesti/svet/maskirani-ukrainski-natsionalisti-so-pishtoli-i-palki-upadnaa-vo-pravoslavna-tsrkva-vo-cherkasi-i-gi-napadnaa-vernitsite/ Sat, 19 Oct 2024 09:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=828245

Група украински националисти, маскирани и вооруѓени со пиштоли и палки, упаднаа во православна црква во централниот украински регион Черкаси, при што ги нападнаа луѓето коишто беа собрани во храмот на служба.

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како разулавената толпа влегува во црквата и со погрдни зборови ги напаѓа верниците, меѓу кои има голем број жени и повозрасни лица, на што тие се обидуваат да се одбранат како што можат, додека во позадина се слушаат лелекања на повредени луѓе.

На крајот, луѓето од црквата успеваат да се одбранат од нападот и да ги истуркаат напаѓачите надвор од црквата.

The post Маскирани украински националисти со пиштоли и палки упаднаа во православна црква во Черкаси и ги нападнаа верниците appeared first on Република.

]]>

Група украински националисти, маскирани и вооруѓени со пиштоли и палки, упаднаа во православна црква во централниот украински регион Черкаси, при што ги нападнаа луѓето коишто беа собрани во храмот на служба. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како разулавената толпа влегува во црквата и со погрдни зборови ги напаѓа верниците, меѓу кои има голем број жени и повозрасни лица, на што тие се обидуваат да се одбранат како што можат, додека во позадина се слушаат лелекања на повредени луѓе. На крајот, луѓето од црквата успеваат да се одбранат од нападот и да ги истуркаат напаѓачите надвор од црквата.

The post Маскирани украински националисти со пиштоли и палки упаднаа во православна црква во Черкаси и ги нападнаа верниците appeared first on Република.

]]>